Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Претставници на ракометните федерации на Србија, Македонија и Црна Гора денес во Белград одржаа заеднички состанок на кој главна тема беше формирањето на регионални лиги во машка и женска конкуренција, информираат од РФМ. – За време на состанокот беа разгледани различни модели на организација на натпреварувањето, вклучувајќи повеќе варијанти на лигашки систем, со цел унапредување на квалитетот на ракометот, зголемување на конкурентноста и ...
Египетскиот фудбалер Мохамед Салах ќе ги напушти редовите на Ливерпул по завршувањето на оваа сезона, објави вечерва актуелниот англиски шампион. „Салах ја изрази својата желба што поскоро да им обезбеди транспарентност на своите фанови за неговата иднина од почит и благодарност кон нив, се наведува во клупското соопштение. Триесетитригодишниот египетски напаѓач ја потврди информацијата во видеопорака на социјалните мрежи. „За жал, дојде ...
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ги сумираше впечатоците од првите две трки од сезоната 2026 и ги процени изгледите на тимот пред Големата награда на Јапонија. Австралијанецот призна дека Мекларен е зад водечките во шампионатот во однос на перформансите не болидите. – Очигледно, ние сме зад Мерцедес во однос на брзината. Се надевам дека ќе можеме малку да ја намалиме разликата во Сузука, но би бил изненаден ако можеме сè да надоместиме. ...
Најдобриот стрелец на Белгија, Ромелу Лукаку (32), ќе ги пропушти претстојните пријателски натпревари против САД и Мексико. Белгија ќе игра против САД во Атланта в сабота, а три денови подоцна против Мексико во Чикаго. Лукаку има проблеми со повреди оваа сезона и ретко настапуваше за својот клуб Наполи, одлучувајќи да ја пропушти американската турнеја за подобро да се подготви за крајот на сезоната и претстојното Светско првенство. – Ромелу ...
Формирани се четвртфиналните двојки во женска конкуренција на ВТА 1000 турнирот во Мајами, САД. Актуелната шампионка Арина Сабаленка синоќа ја победи Кинезинката Женг Кинвен (6:3, 6:4) во четвртото коло. Во четвртфиналето, светската тенисерка број еден ќе се соочи со Американката Хејли Баптист. Четвртфинални парови на турнирот во Мајами: Арина Сабаленка (Белорусија) – Хејли Баптист (САД) Елена Рибакина (Казахстан) – Џесика Пегула (САД) ...
Детроит пистонс ги победи Лос Анџелес лејкерс со 113:110 ноќеска на домашен терен во натпревар од регуларната сезона на НБА-лигата. Најефикасен кошаркар на натпреварот беше Лука Дончиќ со 32 поена, но и тоа не беше доволно гостите да го избегнат поразот. Детроит е во серија од четири победи и е прв во Источната конференција со 52 и 19 порази. Лејкерси се трети во Западната конференција со ефект 46-26. Тимот од Лос Анџелес ја прекина својата ...
Американскиот тенисер Себастијан Корда синоќа го победи Шпанецот Карлос Алкараз во третото коло на Мастерсот во Мајами. Мечот траеше 2 часа и 19 минути и заврши со резултат 6:3, 5:7 и 6-4 во корист на Американецот. Светскиот број 36, Корда, сервираше 12 аса, не направи двојни грешки и реализираше три од своите пет брејк топки. Алкараз, светскиот број еден, имаше два аса, две двојни грешки и реализираше две од своите пет брејк топки. Во 2025 ...
Дончиќ втор играч во НБА со просек од 40 поени во серија од девет победи Лос Анџелес, 23 март 2026 (МИА) – Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, постигна 33 поени во вчерашната победа од 105:104 над Орландо меџик. Оваа победа беше деветта последователна за Лејкерси во основниот дел од НБА-лигата сезона 2025/26. Во овој период, Дончиќ има просек од 40 поени по натпревар, 8,4 скока и 7,4 асистенции. Дваесет и седумгодишниот Словенец ...
Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, издвои 118.000 евра за најскапата норвешка книга на сите времиња, јавија денеска локалните медиуми. Станува збор за уникатно издание од 1594 година на „Кралските саги“ од Снори Стурлусон. Експертите го опишуваат делото како „икона меѓу иконите“ на норвешката литература и единствената зачувана копија во приватна сопственост, што ја прави најскапата продадена книга во Норвешка на сите времиња. ...
Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, ги нарече бесмислени наводите дека наводно ова лето ќе седне на клупата на Реал Мадрид, но додаде оти во иднина би можел да се врати на тренерската работа во друг клуб. Бројни медиуми изминатите денови шпекулираа дека 58-годишниот германски тренер би можел да го замени Алваро Арбелоа на клупата на Реал ова лето. „Доколку Реал Мадрид се јавеше, досега ќе слушнавте за тоа. Но, тоа е бесмислица. Не се ...
Во Белград денес ќе се одржи состанок на Ракометната федерација на Србија, Ракометната федерација на Македонија и Ракометната федерација на Црна Гора. Трите држави се потписнички на меѓународен договор за соработка во спортот. Доколку се постигне договор, заедничко натпреварување во ракометна лига би започнало во септември. Планирано е лигата да има10 клубови – четири српски, четири македонски и два од Црна Гора. Србија би ја претставувале ...
Францускиот 35-годишен напаѓач Антоан Гризман ќе го напушти Атлетико Мадрид во летниот преоден рок и ќе се пресели во американскиот МЛС лигаш Орландо Сити, објави денеска новиот клуб на поранешниот француски репрезентативец. Гризман ќе му се приклучи на својот нов клуб во јули, а потпиша двегодишен договор, со опција за продолжување на соработката до крајот на сезоната 2028/2029, се наведува во соопштението на Орландо. Гризман беше ...
Второпласираниот тим во француското фудбалско првенство Ленс одби да го одложи натпреварот од домашното првенство против водечкиот ПСЖ закажан за идниот месец, Актуелниот француски и европски првак побара одложување на натпреварот против Ленс, закажан за 11 април, термин помеѓу двата дуели кои клубот од Париз ќе ги игра против Ливерпул во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Во клупското соопштение, Ленс наведе дека се противи дуелот со ПСЖ ...
Македонската фудбалска репрезентација попладнево со чартер лет отпатува за Копенхаген каде в четврток од 20:45 часот ќе се соочи со домаќинот Данска во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство 2026. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски во текот на утрешниот ден ќе го одржат официјалниот тренинг на стадионот „Паркен“, чиј капацитет, според извештаите, е целосно распродаден за натпреварот в четврток. Победникот од дуелот во ...
Македонската фудбалска репрезентација денес ги завршува подготовките во Скопје за првиот плејоф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство. Фудбалерот од средниот ред, Решат Рамадани, истакнува дека тимот е целосно фокусиран на предизвикот што следи. – Свесни сме за значењето на овој натпревар за нас. Ја знаеме вредноста што ја има овој дуел за Македонија и затоа ќе влеземе на теренот подготвени да го дадеме максимумот. Каков и ...
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, коментираше за неговото враќање на теренот по закрепнувањето од повреда на тетивата. – Заздравувањето беше многу долго. Седум недели. Долго и тешко. Долго време бев многу тажен, но сега сум среќен бидејќи се вратив на теренот со моите соиграчи. Тимот игра неверојатно добро во моментов, се брани и напаѓа добро, особено во последните два или три натпревари. Навивачите во вакви ноќи ...
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години максимално подготвено го очекува утрешниот почеток на квалификациите од елитната фаза за пласман на Европското првенство во кои противниците на избраниците на селекторот Влатко Колев на турнирот во Словенија ќе бидат домашната селекција, заедно со Германија и Франција. „Со самиот пласман во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство, оваа генерација постигна голем успех. И покрај ...
Раководството на Тотенхем размислува да го назначи поранешниот тренер на Монако, Ади Хутер, доколку привремениот менаџер Игор Тудур биде отпуштен, објави „Дејли Телеграф“. На 22 март, Спарс загубија од Нотингем Форест, што дополнително ја комплицира нивната борба за останување во Премиер лигата. Тудор отсуствуваше од прес-конференцијата по натпреварот поради смртен случај во семејството. Тотенхем има време да донесе одлука. Нивниот следен ...
Европските организации на потрошувачи „Еуропотрошувачи“ и „Фудбалски поддржувачи Европа“ поднесоа жалба до Европската комисија, обвинувајќи ја Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за злоупотреба на својата монополска позиција во продажбата на билети за Светското првенство 2026, објавува „Политико“. Во жалбата се тврди дека ФИФА, со својата ексклузивна контрола врз продажбата на билети, поставува надувани цени и нуди нетранспарентни услови ...
Фудбалерите на Манчестер јунајтед, Брајан Мбемо и Бенџамин Шешко, ќе ги пропуштат натпреварите за репрезентацијата во март 2026 година. Дваесет и шестгодишниот Камерунец Мбемо беше заменет во 71. минута од ремито 2:2 на Јунајтед против Борнмут на 20 март. Според официјалната веб-страница на тимот, тој ја напушти репрезентацијата на Камерун „од претпазливост“. Затоа ќе ги пропушти пријателските натпревари против Кина и Австралија. Дваесет и ...
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го отфрли барањето на клубовите од англиската Премиер лига за проширување на составите на Лигата на шампионите. Според „Гардијан“, прашањето било дискутирано на состанокот на надлежниот комитет на УЕФА во февруари, но не било вклучено на дневен ред на следниот состанок на Извршниот комитет, кој ќе се одржи на 20 мај во Истанбул пред финалето на Лигата на Европа. Сегашните правила за составите на екипите ...
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) откажа илјадници хотелски резервации во Филаделфија, првично резервирани за Мундијалот 2026 година, без објаснување, објавува „The Independent“. Според Здружението на хотелиери на Голема Филаделфија, ФИФА откажа приближно 2.000 хотелски резервации во градот. Претседателот на Здружението на хотелиери на Филаделфија, Ед Гроуз, изјави за „ABC 6“ дека поголемиот дел од откажувањата се во четири хотели во ...
Кошаркарите на Хјустон извојуваа минимална победа над Мајами со 123-122 пред домашните навивачи во натпревар од НБА лигата што го одбележа ветеранот Кевин Дурант. Триесетиседумгодишниот Кеј-Ди придонесе во победата со 27 поени, кои беа доволни да се искачи на петтото место на листата најдобри стрелци на сите времиња (32.294). Дурант го надмина на вечната листа легендарниот и за многумина најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан ...
Фудбалерот на Ливерпул, Федерико Киеза, нема да може да ѝ помогне на Италија во претстојниот плејоф за место на Светското првенство во 2026 година, објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Според федерацијата, состојбата на играчот била оценета по неговото пристигнување во тренинг-кампот на репрезентацијата. Киеза е прогласен за недостапен за претстојните натпревари и, по договор со клубот, го напуштил тренинг-кампот. Николо ...
Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, е прогласен за тренер на месец март во Ла Лига, објавено е на официјалната веб-страница на Ла Лига. Каталонците ги добија сите три натпревари во март – против Атлетик Билбао (1:0), Севилја (5:2) и Рајо Ваљекано (1:0). Во конечното гласање, 61-годишниот Германец ги победи Диего Симеоне (Атлетико, две победи и еден пораз) и Луис Кастро (Леванте, две нерешени и една победа). Ова е третата таква награда за ...
Најдобрата светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка со победа стартуваше на ВТА турнирот од серијата 1000 во Мајами на кој ја брани титулата. Сабаленка го почна настапот во Мајами со триумф денеска над Американката Еми Ли со 2-0 во сетови 7-6(5), 6-4 за 1 час и 42 минути игра. Противничка на Сабаленка во следното коло ќе биде уште една домашна тенисерка, Кејти Мекнали, која со 2-1 во сетови ја совлада Ксинју Ванг од Кина. Сабаленка ...
Фудбалерот на Галатасарај, Виктор Осимен, денес е успешно опериран, објави прес-службата на турскиот клуб на социјалните мрежи. Нигериецот се повреди во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул (0:4) при еден дуел со дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конате. Тој се здоби со скршеница на десната рака. Претходно беше објавено дека по натпреварот, Конате почнал да добива расистички навреди на социјалните мрежи од ...
Фудбалерот на Сантос, Нејмар, можеби нема да биде вклучен во составот на Бразил за Светското првенство, објави CNN Бразил, повикувајќи се на извор близок до Бразилската фудбалска федерација. Во федерацијата не се сигурни дали напаѓачот ќе може да ја врати потребната физичка подготвеност поради продолжено отсуство од тренинзите на натпреварите и проблеми со физичката подготвеност. Понатаму, забележани се тензии во односите меѓу играчот и ...
Напаѓачот Антоан Гризман ќе потпише двегодишен договор со Орландо, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Според Романо, американскиот тим ќе му го понуди на 35-годишниот Французин дресот со број седум, а договорот би можел да биде потпишан уште оваа недела. Се очекува самиот трансфер да се случи во јули 2026 година. Гризман е во Атлетико Мадрид од јули 2023 година. Неговиот договор важи до 30 јуни 2027 година. Во сезоната 2025/26, фудбалерот ...
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), на својата веб-страницата објави дека натпреварот од Суперкупот во 2026 година ќе се одржи на 16 август во Кардиф. Велшкиот стадион има капацитет од над 73.000 гледачи. Стадионот беше домаќин на Суперкупот од 2001 до 2006 година, по што трофејот се пресели во Лондон на реновираниот стадион „Вембли“, со исклучок на 2012 и 2022 година. Причина за промена на локацијата годинава се концертите закажани на ...