Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар го оперираше левото колено, соопшти денеска неговиот клуб Сантос. Нејмар беше подложен на артроскопија за лекување на скинат медијален менискус. „Операцијата беше успешна и играчот се опоравува добро“, се наведува во клупското соопштение. Операцијата ја изврши лекарот на бразилската репрезентација Родриго Ласмар, кој и претходно го оперираше Нејмар. Бразилецот наскоро ќе биде пуштен од болница и ќе почне со ...
Она што беше најавено, предмалку од таборот на тимот на Црвена Звезда и официјално е потврдено. Дејан Станковиќ е нов тренер на тимот, откако досегашниот стратег, Владан Милојевиќ си замина. За Станковиќ ова е втор мандат на клупата на неговиот некогашен клуб, а и во првиот имаше одреден успех. Тој е икона на Црвена Звезда своевремено капитен на тимот, и омилен кај милионската публика на овој клуб. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: ...
Поранешниот бразилски фудбалер Дани Алвеш ги договори сите детали за купување на португалскиот третолигаш Сао Жоао де Вер, јави денеска ЕСПН. Според истиот извор, Алвеш, воедно, ја разгледува можноста да потпише шестмесечен договор и да настапува за португалскиот нисколигаш. За клубот во моментов настапуваат тројца бразилски фудбалери. Алвеш последен пат се најде на теренот во јануари 2023 година, кога беше уапсен во Барселона откако жена го ...
Напаѓачот на фудбалската репрезентација на Италија, Џакомо Распадори (25) би можел да се врати во Серија А во зимскиот преоден рок, откако за неговите услуги голем интерес покажува калчолигашот Рома, јавија денеска италијанските медиуми. Распадори ова лето се пресели од Наполи во Атлетико Мадрид, во трансфер вреден 22 милиони евра за него. Сепак, италијанскиот репрезентативец само еднаш оваа сезона се најде во почетниот соста на мадридскиот ...
Германскиот централен напаѓач Никлас Фулкруг (32), кој сезонава сè уште нема постигнато гол за Вест Хем, ќе му се приклучи на Милан на шестмесечна позајмица во јануарскиот преоден рок, јавија денеска италијанските медиуми, додавајќи оти двата клуба веќе ги договориле сите детали од договор. Фулкруг треба да ги мине медицинските прегледи во Милано пред Божиќ. Според медиумите, германскиот фудбалер се согласил на намалување на платата со цел да ...
Екипите на Атланта и Чикаго ноќеска одиграа ефикасен натпревар на кој беа постигнати 302 поена. Победа од 152:150 остварија гостите Чикаго. Атланта пропушти да се избори за продолжение откако Треј Јанг промаши. Ова беше четврта победа за „биковите“ на последните пет натпревари. Матас Бузелис со 28 поени беше најефикасен кај победникот, а вкупно 10 играчи имаа двоцифрен број поени. Воедно Бузелис погоди седум тројки од осум обиди. Резултати на ...
Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички ќе ги почне подготовките за пролетниот дел од сезоната во домашното првенство со нов тренер, откако денеска спогодбено ја раскина соработката со шефот на стручниот штаб Ален Тупајиќ. Српскиот стратег го водеше Работнички на трите последни натпревари од есенскиот дел од првенството, во кои тимот забележа порази. „Би сакал да се заблагодарам на ФК Работнички за дадената можност за соработка. Искажувам ...
Македонската фудбалска репрезентација е на 66. место на најновата ранг-листа на ФИФА, последна за 2025 година. Македонските фудбалери на декемвриската ранг-листа, објавена денеска, назадуваа едно место со идентичен број бодови (1378.57) како и на претходното рангирање. Шпанија остана на првото место, пред Аргентина, Франција и Англија. Од последното рангирање објавено на 19 ноември, одиграни се само 42 меѓународни натпревари, па затоа имаше ...
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото тело на ФФМ, одлуката за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација ја донесоа по предлог на Комисијата за избор на селектор, составена од Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ, Горан Пандев – директор на ...
Младите ракометари на Еурофарм Пелистер повторно ќе учествуваат во европската Лига на шампиони и ќе се натпреваруваат со своите врсници од Хрватска, Данска и Германија. Битолчани, по завршениот жреб од страна на ЕХФ, се во втората група која напреварите ќе ги одигра следната година, на 30 и 31 март во хрватскиот град Пореч и силите ќе ги одмерат со домашниот младински шампион Загреб, со данскиот младински шампион Алборг и германскиот ...
Првакот на Англија Ливерпул се соочува се сериозен проблем откако новото засилување Александер Исак е повреден. Типот на повредата не е познат, но првичните прогнози се дека играчот ќе отсуствува неколку месеци и дека има скршеница. Се очекува во текот на денешниот ден биде објавена информацијата за степенот на повредата. Исак, кој на дуелот со Тотенхем влезе како резерва и постигна гол. При постигнувањето на голот врз него стартуваше ...
Главниот настан на Ол старот, односно „Собирот на сите ѕвезди“ на македонската кошарка, вечерва во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, го крунисаа селекциите на „Македонија“ и на „Светот“. Главните актери на теренот презентираа вистинска, пред сè атрактивна кошарка, во која присутните фанови на македонската кошарка можеа да уживаат во потезите на најдобрите играчи кои оваа сезона се дел од „МТЕЛ“ Супер лигата. Победник беше тимот на ...
Репрезентацијата на Мароко настапот на АФКОН (Африкански куп на нациите) го стартуваше во победа од 2:0 против Комори. Домаќинот на африканскиот фудбалски континетален шампионат првиот натпревар го одигра пред 60.000 гледачи. Двата гола Мароканците ги постигнаа во вториот дел. Водство од 1:0 донесе Брахим Диаз во 55. минута, а конечните 2:0 ги постави Ајуб Ел Кааби во 74. минута. Домашната репрезентација пропушти да дојде во водство во 10. ...
Машката македонска ракометна репрезентација денеска има собир за претстојните подготовки и настапот на Европското првенство 2026. Селекторот Кирил Лазаров повика 21 играч, а уште седум ракометари се на листата на резерви. Македонскиот национален тим првите денови од подготовките ќе ми мине во Скопје до 26. декември, кога се сели во Хрватска. Таму ќе престојува до 30. декември, а ќе биде одигран и еден контролен дуел со Хрватска. По кусиот ...
Египќанецот Хасан Мустафа е повторно избран за претседател на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ). Точно 73% од гласачите ја поддржаа кандидатурата на 81-годишниот Мустафа. Противкандидати на Мустафа му беа Словенецот Бобинац, Германецот Буцек и Холанѓанецот Де Ланге. Реизборот на Мустафа го поздрави и РФМ „Ракометната федерација на Македонија упатува искрени честитки и посакува успешна соработка и уште поголем развој на македонскиот и ...
Астон вила вечерва го победи Манчестер јунајтед со 2:1 на свој терен во 17. коло од Премиер лигата. Морган Роџерс постигна два гола за домаќините, додека Матеус Куња го постигна единствениот гол за гостите. Астон Вила ја обезбеди својата шеста победа по ред во англиската Премиер лига 2025/26 и својата десетта победа по ред во сите натпреварувања. Тимот е трет на табелата во Премиер лигата со 36 бода. Манчестер Јунајтед е седми со 26 бода. Во ...
Во женскиот сегмент од „Собирот на сите ѕвезди“ кој денеска се одржува во СРЦ „Кале“ во Скопје, свој настап имаа најдобрите кошаркарки во сениорска конкуренција. Поделени во два тима, „Македонија“ и „Свет“, одиграа доста динамичен натпревар во кој на крајот, победата им припадна, на условно кажано, гостинските кошаркарки. Со конечен резултат (91:79). Ја имаа во својата екипа и најкорисната кошаркарка, Алексис Пул. Една од носителите на играта ...
На денешниот,седми конгрес на Медитеранската ракометна конфедерација, Македонија беше примена во медитеранското семејство како полноправна членка, објави Македонската ракометна федерација. Конгресот на Медитеранската конфедерација се одржа во рамките на изборниот конгрес на Меѓународната ракометна федерација во главниот град на Египет, Каиро. Нашата земја досега имаше статус на придружна членка. Наредната година во февруари, на Медитерански ...
Поранешниот главен тренер на Борусија Дортмунд, Лусиен Фавр, објави дека се пензионира. Последната работа на швајцарскиот тренер беше во Ница, каде што го водеше тимот во текот на сезоната 2022/23. – Сега имам 68 години, а времето лета толку брзо. Речиси ги заборавив моите години бидејќи секогаш бев зафатен, секогаш во движење. Со текот на времето, забележав дека тренери стануваат сè помлади и помлади, па на 58 години, речиси се сметате за ...
Ветеранот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, одби да коментира за суспензијата на плејмејкерот на Клиперси, Крис Пол. -Не сум разговарал со него. Искрено, не е моја работа да коментирам. Не е моја работа, рече Џејмс, близок пријател на плејмејкерот. Клиперси го испратија Крис Пол на 3 декември дома откако се појави во 16 натпревари оваа сезона, со просек од 2,9 поени и 3,3 асистенции за 14,3 минути по натпревар. Пол претходно објави дека ...
Нејмар вети дека ќе постигне гол во финалето на Светското првенство 2026. -Ќе направиме сè што е можно и невозможно за да го донесеме трофејот во Бразил. Ако стигнеме до финалето, ветувам дека ќе постигнам гол, рече Нејмар. Фудбалерот на Сантос не играл за репрезентацијата на Бразил од 2023 година. Со цел да го освојат Мундијалот, Бразилците за селектор го донесоа искусниот италијански фудбалски стручњак Карло Анчелоти. „Кариоките“ ќе играат ...
47-годишниот Дејан Станковиќ, кој ја напушти функцијата главен тренер на руски Спартак од Москва, утре треба и официјално да биде претставен како нов тренер на белградска Црвена Звезда. Според „Моцарт Спорт“, Станковиќ ќе пристигне во српскиот клуб во понеделник и ќе потпише договор на две и пол години. Актуелниот тренер на клубот Владан Милојевиќ не се појави на прес-конференцијата ниту во петокот пред натпреварот против Младост лучани, ниту ...
Поранешниот возач на Формула 1, Хуан Пабло Монтоја, не се согласува со оценките дека возачот на Ред Бул е најдобар за сезоната 2025. – Верстапен имаше силни неодамнешни трки, но не беше најдобар во целина. Ландо Норис беше најдобар во средината на сезоната, а Оскар Пјастри беше најдобар на почетокот. Проблемот е што луѓето се сеќаваат само на неодамнешните резултати. Макс се покажа многу добро во последните неколку трки, но луѓето имаат ...
Лос Анџелес клиперс утрово ги победија Лос Анџелес лејкерс во домашен натпревар од НБА-лигата со 103:88. Кавај Ленард го предводеше својот тим до победата со 32 поени и 12 скока. Џејмс Харден исто така имаше дабл-дабл со 21 поен и 10 асистенции. Кај Лејкерс најефикасен беше Леброн Џејмс со 36 поени. Клиперси ја прекинаа серијата од пет порази. Тимот победи во седум од 28 натпревари и се наоѓа на 14. место во Западната конференција. Лејкерси, ...
Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави денеска списокот на ракометари кои ќе им укаже шанса во подготовките за Европското првенство кое во јануари идната година ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Лазаров повика вкупно 21 ракометари, меѓу кои членот на Еурофарм Пелистер, Самоил Ристевски, е единствениот дебитант, додека голманот на германски Битигхајм, Мартин Томовски, е единствениот кој ...
Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја победија Џирона со 3-0 на гостински терен во 17-то коло од шпанската Примера. „Јорганџиите“стигнаа до третото место на табелата со 37 бода, додека Џирона остана во зоната за испаѓање со 15 бода. Два гола гостите од Мадрид постигнаа во првото полувреме. Тимот на Симеоне поведе во 13-тата минута кога играчот од средниот ред Коке ја „скина“ мрежата на Џирона со силен удар од далечина. Водството го удвои ...
Реал Мадрид продолжува да му нуди целосна поддршка на својот фудбалер Винисиус Жуниор кој беше исвиркан од навивачите во победата од 2:0 над Севиља во 17. коло од Ла Лига, објавува „Ас“. Овој инцидент предизвикал загриженост кај раководството на клубот. Тие ја ценат напорната работа и посветеноста на Винисиус на теренот, но забележуваат дека Бразилецот не е во најдобра форма во последно време. Клубот наводно размислува за кратка пауза за ...
Дефанзивецот на Барселона, Андреас Кристенсен, претрпе делумна руптура на предниот вкрстен лигамент на левото колено, објави прес-службата на клубот. Дваесет и деветгодишниот фудбалер ја претрпел повредата како резултат на дислокација на коленото за време на вчерашниот тренинг. По прегледите, му е препишана конзервативна програма за лекување. Според медиумските извештаи, дефанзивецот ќе отсуствува најмалку четири месеци. Кристенсен одигра 17 ...
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, објасни дека го посветил својот гол на Кристијано Роналдо во победата од 2:0 над Севиља во 17. коло од Ла Лига. Французинот славеше во традиционалниот стил на Португалецот. Во натпреварот од шпанското првенство, Мбапе го постигна својот 59. гол за Реал Мадрид во 2025 година, израмнувајќи го рекордот на Роналдо за постигнати погодоци во една календарска година. -Кристијано е мој пријател и мој идол. ...
По пораз од Феникс со само еден поен разлика 98:99 вчера на гостински терен, лидерот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, призна дека неговиот тим не е доволно силен. – Ако сакате да бидете добар тим, мора да бидете способни да ги надминете ваквите работи. Ние очигледно не сме добар тим во моментов, а тоа се гледа по нашите резултати и фактот дека постојано се наоѓаме во вакви ситуации одново и одново, рече Кари по натпреварот во кој шутираше ...