Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Екипата на Лос Анџелес Лејкерс доживеа нов пораз откако ноќеска загуби на гостувањето кај Портланд и ова беше петти пораз на последните шест натпревари за „езерџиите“. Тие дуелот го одиграат без најефикасниот играч Лука Дончиќ, кој превентивно по направените лекарски прегледи остана без минути на натпреварот. Најзаслужен за победата на Портланд беше Шејдон Шарп, кој постигна 25 поени и во клучните момент ја презеде одговорноста. Портланд ...
Првиот човек на македонскиот ракометар Александар Стефанов им честиташе на избраниците на селекторот Кирил Лазаров за прикажаната игра на натпреварот против Португалија (29-29), порачувајќи им без притисок да влезат во утрешниот дуел против Романија. „Ова реми е еднакво на победа. Да знаете, ги израдувавте сите Македонци во оваа сала, а и целата нација. Храбро, машки и борбено. За жал, немавме среќа на крајот, но покажавме дека имаме ...
Искусното лево крило на ГРК Охрид, Гоце Ојлески, доби дополнителен повик од селекторот Кирил Лазаров и денеска ќе му се приклучи на тимот во базата во Хернинг. Триесетишестгодишниот Ојлески беше на поширокиот список ракометари за настап на Европското првенство, а ѝ се приклучува на репрезентацијата откако во двата воведни натпревари, против Данска, во петок, се повреди Петар Атанасијевиќ, додека Иван Џонов предвреме го заврши вчерашниот дуел ...
Ракометарите на Данска ја остварија втората победа на Европското првенство откако вечерва ја надиграа Романија и ја совладаа со 39:24. До втор триумф стигна и селекцијата на Словенија, која и покрај негативата од девет разлика на почетокот на вториот дел ја совлада Швајцарија со 38:35. Резултати на денешените натпревари: Македонија – Португалија 29:29; Данска – Романија 39:24 (Б група); Швајцарија – Словенија 35:38; Фарски острови – Црна Гора ...
Англискиот фудбалски прволигаш Тотенхем е заинтересиран да го назначи Чаби Алонсо на тренерското место, објави денеска лондонски „Индипендент“. Во меѓувреме, Тотенхем почна интерни разговори за евентуално отпуштање на Томас Франк. Ајнтрахт Франкфурт, исто така, покажува интерес за Алонсо. Шпанскиот стратег е без ангажман, откако беше отпуштен од тренерската должност во Реал Мадрид на 12 јануари. ФОТО: ЕПА МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани ...
Водечкиот тим во германската втора лига Шалке сака во зимскиот преоден рок да го доведе во своите редови 39-годишниот босански централен напаѓач Един Џеко, кој има скромна минутажа во Фиорентина, јавија денеска германските медиуми. По испаѓањето од Бундеслигата во 2023 година, Шалке имаше две разочарувачки сезони во втората лига, завршувајќи на 10. и 14. место. Сепак, оваа сезона клубот од Гелзенкирхен би можел да се врати во елитното ...
Во Германија се повеќе се шират гласини за можно враќање на Чаби Алонсо во Бундеслигата, овој пат како тренер на Ајнтрахт Франкфурт. Позицијата остана празна по отпуштањето на Дино Топмелер. Според германското издание „Билд“, раководството на клубот го гледа шпанскиот тренер како престижна опција, а спортскиот директор Маркус Кроше инсистира на средба со него за да се истражи можноста за негово привлекување. Веста доаѓа само неколку дена ...
Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо ја доби правната битка против својот поранешен клуб Јувентус и ќе може да ги задржи 9,8 милиони евра што клубот од Торино му ги исплати за заостанати плати, јавија денеска италијанските медиуми. Роналдо се пресели од Јувентус во Манчестер Јунајтед во летото 2021 година, а во 2023 година поведе арбитражна постапка против италијанскиот клуб, тврдејќи дека му должи 19,6 милиони евра за ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино го осуди однесувањето на репрезентативците на Сенегал, кои во неделата во финалето на Африканскиот куп на нации против домаќинот Мароко привремено го напуштија теренот во Рабат, незадоволни од судиските одлуки. Мароко доби пенал во судиското продолжение на второто полувреме по сугестија од ВАР собата, кратко време откако на Сенегал му беше поништен гол. Потоа, сенегалскиот тим го напушти теренот во знак ...
Најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз со победа од 3:0 во сетови против Адам Волтон (Австралија) го стартуваше настапот на Австралија опен. Шпанскиот тенисер единствено во вториот сет имаше проблеми со домашниот тенисер кога сетот го доби во тај брејк, а Волтон имаше брејк предност, но Алкараз веднаш го врати загубениот гем на свој сервис. Од фаворитите пласман во следната рунда изборија Александар Зверев и Александар Бублик. Утре на ...
Премиерлигашот Кристал Палас ја отфрли понудата на Јувентус за трансфер на францускиот напаѓач Жан-Филип Матета (28), јавија денеска италијанските медиуми. Јувентус понуди два милиони евра за шестмесечна позајмица и 28 милиони за откуп на договорот на крајот од сезоната, при што откупот е задолжителен доколку италијанскиот клуб обезбеди најмалку пласман во Лига Европа. Медиумите наведуваат дека Кристал Палас е повеќе заинтересиран за продажба ...
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше разочаран по поразот во неделата од Реал Сосиедад (2:1) на „Реале арена“, истакнувајќи дека резултатот не ја одразува играта на неговиот тим, кој создаде многу шанси. Тој, исто така, се согласи со изјавите на капитенот Френки де Јонг за судијата Хесус Хил Манзано, наведувајќи дека комуникацијата со него била невозможна. Тимот од Сан Себастијан славеше со головите на Микел Ојарзабал и Гонзало Гуедес, ...
Сенегалскиот фудбалски репрезентативец Ламин Камара изјави дека неговиот соиграч Садио Мане е најзаслужниот за вчерашната победа над Мароко во драматичното финале на Африканскиот куп на нации. Во финалето во Рабат, Сенегал го победи Мароко по продолженијата со 1:0, а, иако не постигна гол, Мане стана херој на Сенегал. Финалето беше на работ на прекин, откако гневните сенегалски навивачи се обидоа да влезат на теренот по одлуката на судијата ...
Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Руд ван Нистелрој, од 1 февруари ќе му се приклучи на стручниот штаб на холандската репрезентација, пред Светското првенство оваа година, објави Холандската фудбалска асоцијација. Ван Нистелрој ќе биде помошник тренер на селекторот Роналд Куман. За Ван Нистелрој (49) ова ќе биде трет мандат како помошник тренер во холандската репрезентација, по претходните мандати од 2014 до 2016 година и за време на ...
Тимот на Рома стигна до нови три бода во годинешниот Серија А шампионат, откако обезбеди триумф од 0:2, против тимот на Торино на гостински терен. Стрелци на головите за „Волчицата“ беа Мален во 26. минута, и Дибала во продлжението односно во 72. минута. Со оваа победа Рома и натаму е четврта со 42. бода додека пак, Торино е трунаесетти со 23 поени. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Тимот на Рома стигна до нови три бода во ...
Португалската репрезентација беше изненадена попладнево, иако важеше за фаворит и водеше во неколку наврати и со пет разлика на крајот одигра нерешено. По дуелот португалскиот селектор истакна: – Имавме водство од пет разлика, но не го зачувавме до крајот. Малку го загубивме и ритамот на играта. Но, тоа е животот. Сега ќе чекаме до последен момент, а ќе се бориме како и обично. За следниот противник, репрезентацијата на Данска вели: – Ќе биде ...
Екипата на Милан во последниот денешен дуел до новото Серија А коло успеа да слави минимално на домашен терен против тимот на Лече со 1:0. Единствениот гол на овој меч го постигна новитетот во таборот на „Росонерите“, Никлас Фулкруг кој што погоди 76. минута од мечот. Германецот реализираше само три минути откако влезе во игра на местото на Кристијан Пулишиќ. Со оваа победа Милан и натаму ги задржува шансите за највисок пласман обезбедувајќи ...
НБА лигата секој петок ја објавува новата листа за МВП наградата, а по неколку месеци доминација на Никола Јокиќ од Денвер, на лидерската позиција се појави името на Шеј Гилџус-Александер од Оклахома Сити. Актуелниот лидер во моментов е меѓу водечките стрелци на лигата, а добри карактеристики има и во дефанзивните статистички податоци. Има просек од 31,9 поени по натпревар; 4,5 скокови и 6,4 асистенции. Без проблеми постигнува по 30 поени, а ...
Големо изненадување приредија фудбалерите на Реал Сосиедад кои ја победија Барселона со 2-1 на домашен терен во последниот натпревар од 20. коло на шпанската Ла Лига, во неделата. За Барселона ова беше прв пораз по серијата победи на последните единаесет дуели, во сите натпреварувања. Реал Сосиедад поведе во 32. минута со голот на Ојарзабал постигна гол за 1-0. Пред водечкиот гол, Барселона постигнаа два гола, преку Фермин Лопез и Ламин ...
Фудбалерите на Сенегал го освоија 35. издание на Африканскиот куп на нации откако го победија домаќинот Мароко со 1-0 по продолжение во Рабат. Финалето на Африканското првенство во неделата вечер понуди вистинска драма и хаос, а во еден момент се чинеше дека натпреварот за титулата нема да се доигра. Речиси е неверојатно што се случуваше во судиското продолжение во второто полувреме. Најпрво, на Сенегал му беше поништен гол, а неколку минути ...
Еден од мечевите на стартот на Австралија опен кој привлече внимание беше дуелот на 45-годишната Венус Вилијамс против Олга Даниловиќ, кој заврши со победа на српската тенисерка од 2:1 во сетови. Во третиот сет Венус водеше со 4:0 во гемови, но го загуби сетот со 6:4. – Беше феноменален меч, со многу енергија од публиката, која беше неверојатна и тоа едноставно ми даде сила. Таа играше одлично, имаше и малку среќа, но таков е спортот, изјави ...
Фудбалерите на Фиорентина победија во Болоња со 2:1 како гости во 21-то коло од Серија А. Ова играчите му ја посветија на Роко Комисо. Претседателот на Фиорентина почина вчера на 76-годишна возраст. За потсетување, тимот од Тоскана не победи во ниту еден натпревар во првенството до 21 декември, беше закован за дното, но оттогаш е во голем налет. Триумфот на стадионот „Ренато Далара“ беше трет во последните 27 дена и прв на гостински терен ...
Во натпреварот со Португалија сите македонски ракометари одиграа на високо ниво, но во последниот напад на противникот се истакна голманот Мартин Томовски со двете извонредни интервенции. – Среќни сме, но исто така и жалиме што можеби пропуштивме шанса и да победиме, ама мора да се признае дека покажавме добра психолошка состојба во второто полувреме, во кое иако губевме не се предадовме и резултатски се вративме. Сите функциониравме како ...
Денеска од 20 часот, две од најсилните фудбалски репрезентации во Африка, Сенегал и Мароко, ќе се сретнат во финалето во Рабат за да го одлучат името на новиот шампион на Африка. Сенегал стигна до своето четврто финале благодарение на драматичната победа во полуфиналето против Египет на Мохамед Салах. Патувањето на Мароко до финалето беше исто толку возбудливо. На домаќинот му беа потребни пенали за да ја победи Нигерија во полуфиналето и да ...
Македонскиот ракометен тим успеа да освои голем бод во дуелот со Португалија играјќи нерешено 29:29. Левото крило Павле Атанасијевиќ дуелот го заврши со четири постигнати голови. – Имавме осцилации во текот на натпреварот но се вративме од минус пет. Верувавме дека можевме да го добиеме натпреварот, но на крај немавме среќа да победиме. Како и да е освоениот бод многу значи за нас. Ќе видиме што ќе се случи во последното коло, изјави Павле ...
Невидена драма во Хернинг во последната минута од мечот на нашата репрезентација со Португалија. Португалија го имаше последниот напад при резултат 29:29. Нам ни треба победа, а резултатот е нерешен и топката е во рацтете на противникот. Португалците шутираа од левата страна, Томовски одбрани, но топката повторно дојде во рацете на Португалците. Немавме среќа. Има уште половина минута, а босанските судии толерираат долги напад на Португалија. ...
Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт му врачи отказ на досегашниот тренер на тимот Дино Топмелер. Клубот објави дека двете страни го прекинаа работниот однос со непосреден договор. Дино Топмелер ја презеде функцијата главен тренер пред почетокот на сезоната 2023/24, и по период на транзиција со неколку кадровски промени во тимот и спортскиот менаџмент, успешно го одведе клубот во Европа. – Дино Топмелер отсекогаш целосно се ...
По голема борба македонските ракометари стигнаа до нерешен резултат (29:29) против селекцијата на Португалија, која на последниот светски шампионат во 2025 година беше полуфиналист. Противникот во вториот дел имаше и предност од пет разлика, но одлично водени од клупата македонските ракометари стигнаа до голем резултат против квалитетен противник. – Не е лесно да играш против светска велесила како што е Португалија. Ремизиравме со ...
Најдобар на вечерашниот дуел против Португалија беше капитенот на македонската репрезентација Филип Кузмановски, кој постигна 15 голови, а притоа ги реализираше и сите седмерци. – По Данска верувавме во себе, знаевме дека имаме квалитет да играме со Португалија. Добро ги анализиравме, напорно работевме и фокусот беше на Португалија и Романија. Дуелот со Данска беше за уживање. Среќен сум и горд на целата екипа што 60 минути се бореше за ...
Нерешени 29:29 на дуелот на македонските ракометари против Португалија во дуелот од второто коло. Ова е првиот бод за нашите ракометари во групата. Македонските ракометари имаат два гола негатива по првиот дел од вториот натпревар на Европското првенство против Португалија – 13:15. Натпреварот во првиот дел беше дури 11 пати со нерешен резултат, а кон средината на полувремето македонските ракометари поради три исклучувања имаа шест минути ...