Фудбалерите на Јувентус и Милан одиграа без голови во натпреварот од 6-то коло на Серија А. Ова беше 245-та средба меѓу двата тима, која на крајот заврши со најнепопуларниот резултат. Милан петти меч по ред не успеа да постигне гол против Јувентус, последен пат росонерите, постигнаа гол против екипата од Торино во мај 2023 година. Кристијан Пулишиќ не ја искористи најдобрата шанса на натпреварот, промаши пенал во 53-та минута. Неколку минути ...

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се надева дека повредата на играчот од средниот ред Родри, здобиена против Брентфорд во неделата, „не е премногу сериозна“. Родри, освојувач на Златната топка во 2024 година, ја пропушти речиси целата сезона 2024/2025, поради сериозна повреда на коленото. Овој пат, тој го повреди задниот дел од десната нога и го напушти натпреварот во 22-та минута. Шпанскиот репрезентативец (29) подоцна се врати на ...

Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, не мкже да фати континуитет поради повредите од почетокот на сезоната. Норвежанецот беше заменет во првото полувреме, во победата на Арсенал над Вест Хем со 2:0. Мартин Одегард нема да биде со својата репрезентација, во квалификациите за пласман на Светското првенство. „Мартин Одегор се повлече од норвешката репрезентација откако претрпе повреда на медијалниот колатерален лигамент на левото колено“, се вели ...

Расел Мартин (39), повеќе не е тренер на шкотскиот великан Глазгов Ренџерс, чии дрес од оваа сезона го носи македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски. Во седмото коло, „Полицајците“ одиграа 1:1 против слабиот Фалкирк. Ренџерс останаа на само една победа во сезоната. По седум рунди имаат 11 бода помалку од лидерот Хартс, додека нивниот најголем ривал Селтик е девет бода пред нив. На Ренџерс лошо му оди и во европските купови. Откако доживеа ...

Барселона, вчера доживеа дебакл на гостувањето во Севиља (4:1). Навивачите го најдоа виновникот за поразот во Роберт Левандовски. Освен поразот, уште позагрижувачки е слабиот настап на тимот на Ханси Флик, кој на крајот може да биде среќен што примил само четири гола. Левандовски, имаше шанса да го сврти моментумот,но промаши пенал во 76-та минута за 2:2. Полјакот ужасно шутираше, ја испрати топката крај голот. Lewandowski’s penalty, imagine ...

Управата на македонскиот суперлигаш МРК Куманово ја информира јавноста дека Аце Станковски повеќе не е тренер на првиот тим. Стратегот реши да поднесе оставка, а неговото место ќе го преземе Љубиша Димковски, кој минатата сезона го обезбеди опстанокот во најсилната ракометна конкуренција. Од МРК Куманово му се заблагодаруваат на Аце Станковски на досегашната соработка и неговиот ангажман, со желби за среќа и успех во неговата понатамошна ...

Славниот шпански тенисер Рафаел Надал ја доби титулата почесен доктор од Универзитетот во Саламанка, еден од најстарите и најпочитуваните универзитети во Шпанија и Европа. По овој повод, Надал влезе во историјата на оваа институција како прв спортист на кого му е доделена титулата „доктор хонорис кауса“, што уште еднаш го потврди неговиот придонес во спортот и општеството. По церемонијата, Надал се огласи на социјалните мрежи и ги сподели своите ...

Дербито меѓу Вардар и Струга, во деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига заврши без победник. Натпреварот на „Арена Тодор Проески“, заврши 2:2. Вардар од пораз се спаси со гол во судиското надополнување на времето. Гостите од Струга два пати водеа, но не успеаја да победат. Шабани во 19. минута, го постигна првиот гол. Во второто полувреме Мато промаши пенал, гостинскиот голман Ангелети го одбрани неговиот удар. Мато набрзо успеа да ...

Во првиот меч од денешната програма во Серија А, во рамките на 6.коло, Удинезе и Каљари одиграа без победник, 1:1. Меч кој се одигра во ран термин, меч кој не донесе нешто специјално. Гостите поведоа со голот на Борели во 25.минута и тој резултат од 0:1 важеше се до 58.минута кога домашните со голот на Кабасели успеаја да израмнат. Во тој момент ретко кој очекуваше дека тие 1:1 ќе бидат конечен резултат, но така и беше на крајот. Со овој бод ...

Фудбалерите на Рома ја победија Фиорентина на стадионот „Артемио Франки“ со 2:1, во натпреварот од шестото коло на Серија А. Екипата на Џанпјеро Гасперини оствари победа по пресвртот во првото полувреме, а некако успеа да ја одбрани победата во вториот дел. Кен им донесе водство на „виолетовите“ во 14-та минута, но „волчицата“ набрзо возврати и, како што се покажа, го обезбеди триумфот. Изедначи Суле во 22-та минута и Кристанте во 30-та минута. ...

Новак Ѓоковиќ успешно стартуваше на Мастерс турнирот во Шангај. Србинот во второто коло го победи Марин Чилиќ со 7:6, 6:4. Мечот траеше еден час и 54 минути. Првиот сет Ѓоковиќ го реши во тај-брејк, откако ниту еднаш не успеа да дојде до брејк топка, додека Чилиќ пропушти две во 11-от гем. Чилиќ, кој играше можне добро во тај-брекот се распадна. Го освои првиот поен, на крајот 13-от гем му припадна на Ѓоковиќ со 7:2. Добрата игра од финишот на ...

Новиот шампион во кралската класа, Марк Маркез, се здоб со повреда на рамото во инцидент за време на Големата награда на Индонезија. Возачот на Дукати ја заврши првата трка откако ја освои титулата веќе во првиот круг, по инцидентот со осовјувачот на пол-позицијата и победникот во вчерашниот спринт, Марко Бецеки (Аперилја). Италијанецот влезе во дуелот со возачот на Дукати премногу амбициозно и се удри во него, по што двајцата завршија на ...

Кошаркарот на Монако, Никола Миротиќ, е прогласен за најкорисен играч (МВП) на второто коло во Евролигата, објави официјалниот сајт на натпреварувањето. Миротиќ одигра одличен натпревар во убедливата победа на Монако над Дубаи со резултат 103-81. За 20 минути поминати на теренот, тој постигна 19 поени, запиша седум скокови и четири асистенции, со шут од игра 6/9. Со индекс на корисност 32, Миротиќ по единаесетти пат во својата кариера ја добива ...

Хари Кејн блеска од почетокот на новата сезона. Два пати постигна хет-трик во Бундеслигата, а во првиѕе осум натпревари во сезоната постигна 17 голови. Неговиот договор со Баерн важи до 2027 година, а со оглед на тоа што има 32 години, никој во Баерн и не помислува на негово заминување. „Билд“ повикувајќи се на свои извори, тврди нешто друго. Ал Хилал изразија желба да го доведат Хари Кејн, а во текстот се зборува за неверојатната сума што се ...

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје со победа над Маџари од 77-70 ја отвори новата сезона во Првата кошаркарска лига каде и оваа сезона е главен фаворит за освојување на круната. Дебитантот се покажа во одлично светло, иако цело време беше во негатива, не дозволуваше МЗТ да се одлепи посериозно, со исклучок на третиот квартал кога аеродромци имаа единаесет поени позитива (53-42). Гил со 22 поени беше најдобар кај МЗТ Скопје кај поентерите, ...

Фудбалерите на Партизан ја победија Војводина во дербито од 11-то коло од српската Суперлига и со тоа го прославија својот 80-ти роденден. Натпреварот мина во дивеењето на навивачите на црно-белите. Партизан сигурно ќе биде жестоко казнет. Партизан ја победи Војводина со 1:0, со голот на Милошевиќ од пенал во 18-та минута. Гостите од 30-та минута играа со фудбалер помалку, кога директен црвен картон доби Тањга. Верувале или не натпреварот траеше ...

Возачот на Гресини, Фермин Алдегер, ја однесе првата победа во кариерата во кралската класа, славејќи на Големата награда на Индонезија, 18-та трка од сезоната на шампионатот во Мото ГП. Шпанецот стана втор најмлад победник во најсилната категорија, бидејќи убедливо победи во својата 18-та трка, во својата четврта сезона во Светското првенство. Алдегер триумфираше на патеката „Мандалика“ со седум секунди предност пред Педро Акоста од КТМ ...

Реал Мадрид ја забележа седмата победа во сезоната во Примера. Во осмото коло, Реа со 3:1 го победи Виљареал. Коненчниот резултат на „Сантијаго Бернабеу“ не го прикажува она што се случуваше на теренот. Виљареал „скапо ја продаде кожата“. Виљареал имаше свои шанси, чисти зицери. При 0:0 во 40-та минута, Олувасеџи го претрча Хаусен, излезе сам пред Куртоа, малку се двоумеше, а Куртоа покажа класа и излезе како победник од тој дуел еден на еден. ...

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, славеше на спринт трката што се возеше во рамките на Големата награда на Индонезија, 18-та рунда од овогодинешното првенство во Мото ГП. Италијанецот триумфираше на патеката „Мандалика“ по сензационалниот пробив, кој следеше по лошиот старт од пол-позицијата, и го спречи Фермин Алдегер да стане најмладиот победник во спринт. На финишот, Алдегер заостана157 илјадити делови од секундата, а нему и на Бецеки им се ...

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Индонезија. Бецеки го извозе кругот во рекордно време од 1:28.832 минути. Веднаш зад него завршија Фермин Алдегер и Раул Фернандез. Новокрунисаниот шампион Марк Маркез имаше лош настап – заврши дури на деветтото место, што му се најслаби квалификации оваа сезона. Меѓу топ 10 се и: Алекс Ринс, Педро Акоста, Лука Марини, Алекс Маркез, Фабио Квартараро, ...

Интер забележа убедлива победа против Кремонезе во шестто коло, во Серија А. Во победата 4:1 блескаше поранешниот напаѓач на Парма, Бони. Интер ја забележа четвртата победа во сезоната и полека фаќа приклучок со водечките тимови. Кремонезе по одличниот старт, две победи во првите две кола, во наредните три одигра нерешено, а вечерва го забележа првиот пораз во Серија А. Првиот гол на натпреварот го постигна капитенот Лаутаро Мартинез, по ...

Фудбалерите на Баерн Минхен го победија Ајнтрахт во Франкфурт со 3:0 (2:0) во натпреварот од 6-то коло на германската Бундес лига. Натпреварот го одбележа Колумбиецот Луис Дијас, кој постигна два гола за Баварците, од кои првиот по само 15 секунди игра. Штом трагнаа од центарот домашните фудбалери, Серж Гнабри одзеде една топка го проигра Дијаз на втората статива за рано водство. Ова е најбрзиот гол дпостигнат сезонава во Бундес лигата. Дека ...

Челси го доби Ливерпул со 2:1 во дербито одиграно во 7.коло, во Премиер лигата. Херој на Челзи е 17-годишниот Бразилец, Естевао, кој погоди за победа во 95.минута. Актуелниот шампион е во криза, потрошените речиси 500 милиони евра во преодниот рок, засега не даваат резултат. На почетокот на сезоната, Ливерпул се вадеше со голови во финишот на натпреварите, а сега бележи порази на идентичен начин. Во минатото коло, во Премиер лигата,Ливерпул ...

Фудбалерите на Тотенхем со победа на „Еланд Роуд“, ја отворија денешната програма од седмото коло во Премиер лигата. Спарс славеа против домаќинот Лидс со 2:1. Тотенхем со четвртата победа во сезоната, привремено скокна на второто место со 14 поени. Тотенхем поведе на „Еланд Роуд“ со прекрасниот гол на Матис Тел во 23-та минута. За младиот напаѓач ова е прв гол сезонава во Премиер лигата. До паузата, Ноа Окафор, по шутот на Бренден Аронсон во ...

Фудбалерите на Лацио и Торино одиграа спектакуларен натпревар (3:3) на „Олимпико“ во рамките на 6. коло од Серија А. Два гола беа постигнати во судиското надополнување на времето. Прво, Саул Коко постигна гол во 90+2 за Торино и се чинеше во тој момент, обезбеди победа за „биковите“, бидејќи натпреварот беше продолжен четири минути. Сепак, следеше трилер завршница – дефанзивецот на Торино, Марипан го собори Тијани Нослин во шеснаесетникот, ...

Вистинска драма се одвива во Дортмунд поради недоразбирањата меѓу семејството Белингам и тренерот Нико Ковач. Таткото на фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, и помалку познатиот помлад фудбалер на Борусија Дортмунд, Џоб, Марко Белингам, му се заканил на тренерот на германскиот тим. Причината е што тој не е задоволен колку неговиот син минува на теренот. Џоб ова лето пристигна во Дортмунд од Сандерленд, со кого успеа да избори промоција од ...

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Арсенал забележаа идентични победи (2:0) во натпреварите од 7. коло од Премиер лигата. Тимот од „Олд Трафорд“ го победи Сандерленд со 2:0 и, барем до следната недела, го симна огромниот товар на притисок што го трпат од навивачите, јавноста, аналитичарите… Втор натпревар по ред, гол за Јунајтед постигна репрезентативецот на Словенија Бенјамин Шешко. Во 31. минута, Шешко ја дуплираше предноста на тимот на Рубен ...

Златан Ибрахимовиќ вчера го прослави 44-ти роденден, и како и секоја година, ја продолжи традицијата. Се почести со нов луксузен автомобил, а се пофали со својот избор на социјалните мрежи со пораката: „Среќен роденден Златан“, пишува „Aftonbladet“. Неговата гаража е побогата за „Ferrari F80“, најновиот хиперавтомобил од Маранело. Автомобилскиот експерт Матес Нилсон објаснува како ова бил логичен потег за познатиот фудбалер. „Тој е апсолутно во ...

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморм, ќе добие отказ доколку попладнево неговиот тим не забележи победа над Сандерленд.ѓ Позицијата на Аморим во клубот не е сигурна, а дополнително се влоши по поразот од Бренфторд минатата недела. Поради тоа медиумите во Англија тврдат дека денешниот меч може да биде последен за Аморим на клупата на Јунајтед. „Лошата игра и неуспехот против Брентфорд минатиот викенд го вклучија алармот кај клупските ...

Тимот на Мекларен може да ја освои шампионската титула на трката во недела за Големата награда на Сингапур. Мекларен можеше да ја освои шампионската титула кај конструкторите во 2025 година во Азербејџан, на градската патека во Баку, но го имаа најлошиот викенд во сезоната со освоени само шест бода. Тие победија на 12 трки во сезоната, седум пати возачите на папаја тимот беа на првите две позиции и со причина се први фаворити за освојување на ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
9.77
68%
1013
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
75%
1013
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
7.47
88%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
1.79
89%
1003
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1004
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1006
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
10.29
91%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
94%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
67%
1009
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1008
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Бакар

10.95

Родиум

255598.44

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Злато

135056.24

Сребро

1878.05

Цинк

3.23

Паладиум

46425.68

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.91

Никел

473339.37

Платина

52952.77