Фудбалската репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од квалификациите за Светското првенство 2026 што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Во октомври не очекуваат два клучни натпревари, најпрво гостувањето кај Белгија во Гент, а потоа и дуелот со Казахстан во Скопје, во пресрет на ноемвриската завршница на циклусот за пласман на Мундијалот. Селекторот Благоја Милевски го објави списокот без поголеми изненадувања. Од комбинација ...

Кевин Де Брујне е најголемото засилување што пристигна во Наполи ова лето. Поранешниот капитен на Манчестер Сити блескаше на натпреварот од Лигата на шампионите против Спортинг. Наполитанците победија со 2:1, а Белгиецот му асистираше на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд за двата гола. „Тимски одигравме одличен натпревар. Спортинг е сериозен тим. Не беше лесно кога израмнија, но успеавме да го постигнеме вториот гол и да ја ...

Милорад Мажиќ, раководител на одделот за судење и инспекција на Руската фудбалска федерација, откри кого го смета за најдобар судија во историјата на фудбалот. Србинот е вработен во најголемата земја во светот од 2023 година, а во интервју за Спорт-експрес, го издвои судијата број 1. „Без сомнение, Пјерлуиџи Колина е најдобар. Поади него јавноста и навивачите го сменија мислењето за судиите, системот, воведе конзистентност. Работел во многу ...

Кариерата на Томас Милер во Ванкувер Вајткепс доби нова димензија во ноќта помеѓу среда и четврток, а Милер го освои 35-от трофеј во својата кариера. Ванкувер Вајткепс го победија својот градски ривал Ванкувер со 4:2 и го освоија Купот на Канада четврти пат по ред. За да биде сè уште поинтересно, двата тима од Ванкувер го одиграа својот прв дуел, со оглед на тоа што не се натпреваруваат во исти лиги. Вајткепс играат во МЛС, додека Ванкувер се ...

Македонскиот првак Шкендија, вечерва го игра дебитантскиот натпревар во главната фаза на Конференциската лига. Шкендија во Мадрид му гостува на Рајо Ваљекано. Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири зборуваше пред дуелот на „Ваљехас“ стадионот. „Ова е важен натпревар за сите нас, за клубот. Историски е ова е нашето деби во Конференциската лига. Исто така, е исклучително што ќе играме против екипа од еден многу респектиран шампионат“, рече Беќири ...

Десниот бек на Њукасл и Англија, Тино Ливраменто, ќе отсуствува од терените помеѓу шест и осум недели поради повреда на коленото. Ливраменто се повреди на натпреварот од Премиер лигата со Арсенал, кој неговиот тим го загуби со 2:1. Најголемиот квалитет на Ливременто е неговата способност да игра подеднакво успешно на левата и десната бековска позиција, дури и во средниот ред. Ова го прави еден од најперспективните англиски фудбалери во моментов. ...

Раководството на Милан прави список на желби на фудбалери што ќе се обидат да ги доведат веќе во јануарскиот или евентуално летниот преоден рок, на врвот на листат е името на Роберт Левандовски. Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, веќе го контактирал менаџерот на Левандовски, Пини Захави, и започнал преговори. Фактот дека договорот на искусниот напаѓач со Барселона истекува на крајот од сезоната, значи дека тој во јануари може да преговара ...

Стеф и Сет станаа соиграчи во Голден Стејт, откако франшизата од Сан Франциско одлучи да го ангажира „помалку популарниот“ Кари пред почетокот на сезоната, кој на тој начин доби можност да игра со својот брат. Сет кој во текот на кариерата бележи респектабилни 43,3 проценти во шутот за три поени, ќе го потпише таканаречениот договор „ Exhibit 9 “ што му овозможува да го помине тренинг кампот со Голден Стејт, а потоа ќе биде отпуштен и повторно ...

Манчестер сити не ја започна сезоната онака како што посакуваа во клубот. Доживеаја два порази во Премиер лигата и на табелата имаат пет поени помалку од лидерот Ливерпл. Она што може да го радува Пеп Гвардиола се офанзивните перформанси на неговиот тим. По шест кола се најдобри во англиското првенство, но ако целосно се погледне статистиката забележлива е една бизарност. Имено, втор најдобар стрелец на „Граѓаните“ е стоперот на Барнли. Максим ...

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја победија Барселона со 2:1 (1:1) во дербито на втората рунда во Лигата на шампионите. ПСЖ победи и покрај тоа што против Барселона Луис Енрике играше без петмина од првиот тим. На стадионот „Монжуик“ видовме „само“ три гола, иако двата тима имаа неколку изгледни шанси, да постигнат уште некој гол. Натпреварот отвори Ламин Јамал кога со убав потег се ослободи од двајца играчи, подготви шанса за Феран Торес во ...

Јувентус и Манчестер сити во 90-та минута испуштија победи на гостувањата во Виљареал, односно Монако. Благодарение на „врската од Манчестер“ и голманот Вања Милинковиќ Савиќ, Наполи славеше против Спортинг. Арсенал се мачеше против Олимпијакос, но забележа сигурна победа. Борусија Дортмунд беше убедлива, додека на Баерл Леверкузен и ПСВ одиграа без победник. Вечерашните натпревари во Лигата на шампионите, покрај победата на ПСЖ во Барселона ...

Њукасл ја забележа првата, а Карабаг втората победа во Лигата на шампионите. Њукасл во Брисел го победи, Унион Сен Жилоа со 4:0, а Каранаг на домапен терен славеше во дуелот со Копенхаген 2:0. Во Брисел, црно-белите победија со 4:0, со головите на Волтемаде, Барнс и Гордон двапати од пенал. Фудбалерите на белгискиот првак Унион одиграа добар натпревар. Само во првото полувреме беа поагресивни од Њукасл и создадоа повеќе шанси во споредба со ...

Фудбалерите на Наполи ќе го пречекаат тимот на Спортинг во 21:00 часот, а на дуелот од второто коло од Лигата на шампионите му претходеа тепачки низ улиците на Неапол. Хулиганите на италијанскиот клуб нападнаа група навивачи на португалскиот тим во елитното натпреварување, меѓутоа, како да не очекуваа жесток отпор од другата страна. Тепачката на улиците на италијанскиот град траеше неколку минути, а кога навивачите на Наполи проценија дека се ...

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) и навивачите го дадоа својот глас и заеднички одлучија дека Џуд Белингам е најдобриот англиски фудбалер за сезоната 2024/2025. Веднаш зад него беа Деклан Рајс и Хари Кејн, што покажува дека конкуренцијата за оваа награда беше навистина голема. Тој одигра осум натпревари за националниот тим, а Англија избори промоција во А дивизијата на Лигата на нации. Покрај тоа, тој учествуваше и во квалификациските ...

Во полуфиналето Магдебург ќе игра против Веспрем, откако унгарскиот гигант исто така беше најдобар во својата група по триумфот над Ал Ахли со 31-22. Барса беше убедлива и го победи Замалек со 47-25 и без мака обезбеди место во полуфиналето, каде ќе се соочи со Ал Ахли, кој беше најдобар второпласиран тим. Денес е слободен ден во Каиро, додека полуфиналните битки ќе бидат во вторник, а финалето и мечот за третото место се на програмата в ...

Култниот стадион „Ла Ромареда“ во Сарагоса, дом на истоимениот фудбалски клуб, е срушен за да се направи место за модерна арена пред Светското првенство во 2030 година. На овој начин во историјата замина стадионот изграден пред 68 години. Капацитетот на „Ла Ромаледа“ изесуваше 33.000 седишта. Сите четири трибини се срамнети со земја, а изградбата на новиот објект се очекува да започне во наредните месеци. Планирано е реновираниот стадион да има ...

Пари Сен Жермен претрпе уште еден удар по повредата откако бранителот на титулата во Лигата на шампионите објави дека крилниот напаѓач Хвича Кварацхелиа ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите в среда против Барселона поради сомнителен проблем со бутната коска. Грузискиот репрезентативец Кварацхелиа беше принуден да го напушти натпреварот од Лигата на шампионите во среда против Барселона поради сомнителен проблем со бутот. Мораше да ...

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, триумфираше во спринт трката на Големата награда на Јапонија, 17. рунда од овогодинешниот Мото ГП шампионат. Акцијата во Мотеги продолжува во недела од 4 часот, а главната трка во „кралската класа“ ќе започне во 7 часот. Бањаја на патеката „Твин Ринг Мотеги“ стигна до својата прва спринт-победа оваа сезона и прво саботно искачување на подиумот по Муџело, во јуни. Италијанецот водеше од старт до цел и задржа ...

Првиот светски рекет, Карлос Алкараз, го победи петтиот играч во светот, Американецот Тејлор Фриц, со 6:4, 6:4 во финалето на АТП 500 турнирот во Токио и со тоа ја освои својата осма титула оваа година, а вкупно 24-та во кариерата. Ова беше нивниот петти дуел и четврта победа за Шпанецот. За време на паузата помеѓу првиот и вториот сет, Фриц побара помош од физиотерапевт поради болка во бутниот мускул и се чинеше дека ќе претрпи поубедлив пораз ...

Хулијан Алварез е голема желба на Барселона, но Аргентинецот воопшто не размислува за гласините за неговиот трансфер. Додека цела Европа зборува за него откако блесна против Реал Мадрид и во Лигата на шампионите против Ајнтрахт, Аргентинецот е смирен и фокусиран само на својот тим и теренот. „Јас сум целосно смирен. Секогаш ќе има шпекулации, имаше и минатата сезона. Сепак, сезоната штотуку започна и јас сум фокусиран само на мојот напредок, да ...

Екипата на хрватски Нексе го претрпе клучниот пораз поради што наместо на првото групата од Европската лига ја заврши на третото место, откако загуби на гостувањето кај шведски Савехоф (28-34). Тоа беше возбудлив меч кој поради големиот влог се играше буквално „на нож“, за што говори и големиот инцидент на крајот кога еден од гостинските ракометари тргна да се тепа со домашните навивачи. Станува збор за 39-годишниот Фахрудин Мелиќ, кој во еден ...

Со убедливи победи на дебитантите Дубаи и Хапоел започна новата сезона во Евролигата. Дубаи го победи Партизан со 89:76, а Хапоел славеше во дуелот со Барселона 103:87. Поранешниот кошаркар на Партизан, Дејвис Бертанс, го предводеше Дубаи до историската прва победа во Евролигата. Летонецот го заврши натпреварот со 20 поени (11 во првата четвртина) , 3 скока и 4 асистенции. Џанан Муса заврши со 19 поени, 4 скока и 5 асистенции, Мфионду Кабенгеле ...

Борис Бекер е една од најголемите легенди на Вимблдон, тој е и негов најмлад шампион во историјата, а тоа искуство можеше да му го пренесе на Новак Ѓоковиќ на најдобар начин. Кога Германецот стана тренер на Ѓоковиќ, кон крајот од 2013 година, Србинот имаше една титула на Вимблдон (2011), но и два болни порази. Првиот беше во полуфиналето во 2012 година против Роџер Федерер, во кој Швајцарецот речиси рутински победи со 6:3, 3:6, 6:4, 6:3, а ...

Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот, но неговата соблекувална никогаш не била и никогаш нема да биде најлесната за управување во професионалниот елитен фудбал. „Ас“ пишува за неочекуваната драма во Реал. Посетата на Алмати ги ублажи раните по градското дерби против Атлетико, но тренерот Чаби Алонсо се врати од Казахстан со два големи проблеми: Винисиус, кој повторно протестираше кога беше заменет, и Валверде, кој не играше ниту една минута и ...

Атлетико Мадрид, во интервал од три дена „пукна“ уште една петарда во мрежата на противникот. Откако, во саботата со 5:2 го победија Реал во градското дерби, одиграно во седмото коло во Ла Лига, со пет гола во мрежата „Метрополитано“ стадинот го напуштија и фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт. Атлетико, во второто коло во Лигата на шампионите, го победи Ајнтрахт со 5:1. Натпреварот никогаш нема да го заборави Антоан Гризман. Францускиот ас, во ...

Бернардо Силва, еден од клучните играчи на Манчестер Сити, отворено проговори за својот договор, кој истекува во јуни. Иако иднината на португалскиот играч од средниот ред е тема на бројни шпекулации, тој вели дека не е време за јавни соопштенија. „Знам точно што ќе правам, но сега не е време да зборувам за тоа“, изјави Бернардо, јасно ставајќи до знаење дека одлуката ќе ја зачува кога ќедојде вистинскиот момент. Во моментов, фокусот на ...

Српскиот тренер Душан Алимпијевиќ е новиот селектор на Србија, потврди Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС). Алимпијевиќ се договори со КСС за тригодишна соработка и ќе го замени Светислав Пешиќ на функцијата. „Во тој период, Алимпијевиќ ќе ги преземе сите одговорности поврзани со подготовките на националниот тим за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство („прозорци“ на ФИБА), како и меѓународните натпреварувања. Алимпијевиќ ...

Ливерпул со пораз се врати од Истанбул. В второто коло во Лигата на шампионите „црвените“ загубија од Галатасарај со 1:0. Голот за победа го постигна Виктор Осимен во 16-та минута од пенал. Ливерпул, во Истанбул не само што доживеа пораз, туку остана и без првиот голман Алисон Бекер. Бразилскиот голман го напушти натпреварот во 56-та минута. Менаџерот на тимот, Арне Слот потврди дека повредата е од посериозна природа и дека сигурно нема да игра ...

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека нема да дозволи нови изливи на незадоволство од страна на Кевин Де Брујне или некој друг играч. „Не станува збор за ситуации во кои е вклучен одреден играч. Оние кои ме познаваат добро го познаваат мојот начин на управување, за одредено однесување кое мора да се примени. Затоа, еднаш е дозволено, но не дозволувам истото да се случи двапати“, изјави Конте за италијанските медиуми. Де Брујне се ...

Реал Мадрид убедливо славеше во Алмати (5:0), а Аталанта по пресврт го победи Бриж (2:1), во воведните натпревари од второто коло во Лигата на шампионите. Килијан Мбапе во 6.000 километри оддалечениот Алмати на Каират му испорача хет-трик и дојде до бројката од пет гола во првите два натпревари. Во последните 10 минути по гол постигнаа Камавинга и Бахим Дијаз. За разлика од дуелот во Казахстан. во Бергамо Аталанта и Бриж одиграа неизвесен дуел. ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
70%
1014
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
74%
1014
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
6.19
88%
1015
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
1.79
89%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1005
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
100%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
10.8
87%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
1.34
94%
1014
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
71%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
93%
1008
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Злато

135056.24

Платина

52952.77

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Бакар

10.95

Иридиум

145787.60

Никел

473339.37

Алуминиум

2.91

Цинк

3.23

Сребро

1878.05

Родиум

255598.44

Паладиум

46425.68