Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Валенсија потпиша договор со Столе Димитриевски. Македонецот беше фаворит за голот, објави „Релево“. Всушност, овој медиум откри дека двете страни се договориле уште во месец јануари, но за официјализација чекале детали што ќе се случи со досегашниот голман на Валенсија, Мамардашвили… Според последните информации Мамардашвили ќе се пресели во Њукасл. Наводно Столе имал финансиски далеку подобри понуди од Саудиска Арабија, но ја чекал ...
Легендарниот германски репрезентативец Тони Крос го шокираше спортскиот свет и објави дека става крај на кариерата! 34-годишниот Германец долго размислуваше дали да ја продолжи кариерата откако на 1 јули годинава му истекува договорот со Реал Мадрид, а на крајот реши да се повлече од фудбалот. Својата конечна одлука Крос ја објави на Инстаграм, во која им се заблагодари на сите во Реал за десет прекрасни години поминати во Мадрид. View this ...
Одличниот француски фудбалер Килијан Мбапе синоќа со свечена ечера се прости од Пари Сен Жермен, а по излегувањето од ресторанот, неговата мајка Фајза накратко проговори за неговата иднина. Мбапе минатата недела го официјализираше заминувањето од ПСЖ, а сите очекуваат наскоро да потпише договор со Реал Мадрид, клубот за кој сака да игра уште од раното детство. 🔵 La madre de Mbappé responde a la pregunta del millón: "¿Dónde jugará el próximo ...
Навивачите на Ливерпул се во страв од заминувањето на најдобриот играч на тимот Мохамед Салах ова лето, а сега Египјанецот проговори и ги отстрани сите сомнежи за неговата судбина на „Енфилд“. Египќанецот неодамна имаше жестока расправија со менаџерот на Ливерпул при влегувањето на натпреварот против Вест Хем. Јирген Клоп го внесе во игра дури во 79. минута од натпреварот наместо Луис Дијаз, што очигледно не му се допадна на Салах, па тој и ...
Напаѓачот на „Ал Итихад“ Карим Бензема е разочаран од животот во Саудиска Арабија и сака да го промени тимот, пишува сајтот Релево. Бензема го сподели ова со пријателите при неговото враќање во Франција додека се опоравуваше од повредата. Покрај тоа, напаѓачот неодамна купи палата во Мадрид и нема желба да се врати во Саудиска Арабија. За да го зачува имиџот на земјата, Ал Итихад нема да сака да се раздели со Бензема пред истекот на ...
Легендата на германскиот фудбал Карл-Хајнц Шнелингер почина на 85-годишна возраст, јави новинската агенција ДПА. Ова се случи во болница во Милано, каде што живееше во последните години и се занимаваше со бизнис. Во 1966 година играше во финалето на Светското првенство, но Германија загуби од Англија со 2:4 по продолженијата во еден од најконтроверзните натпревари за титулата. 4 години подоцна, на Светското првенство во Мексико, освои ...
Македонскиот голман Столе Димитриевски следната сезона ќе го носи дресот на Валенсија. Угледниот новинар кој важи за „трансфер гуру“ Фабрицио Романо објави дека се е договорено. Според него, Столе Димитриевски потпишал четиригодишен договор со Валенсија кој ќе биде со важност до 2028-ма година. Финансиските детали засега не се познати. Димитриевски се сели во Валенсија како слободен играч бидејќи договорот со Рајо Валјекано му истекува ова ...
Тројца фудбалери на Олимпик од Марсеј биле мета на криминалци кои се обиделе да ги ограбат, а во таа прилика пукале во нив во раните утрински часови. Локалниот „Ла прованс“ јавува дека нападот бил врз Жан Онана, Фарис Мумбана и Бам Меите, кои биле во колоната возила што тргнала од тренинг центарот на клубот. Се се случи по враќањето од гостувањето кај Авр во претпоследното коло од Лига 1, каде тимот од Марсеј победи со 2:1. Наводно, ...
Италија во следната сезона би можела да има дури девет клуба во европските натпреварувања, што би ја направило рекордер кога е тој параметар во прашање. Рекордот го држат Англичаните. Премиер лигата во сезоната 2005/06. имаше осум претставници во евронатпреварувањата. Ливерпул „скокна“ во Лигата на шампионите како шампион на Европа и покрај тоа што шампионатот го заврши на петтото место, шестопласираниот Болтон и седмопласираниот Мидлсброу ...
Најголемото тренерско ривалство на денешницата меѓу Јирген Клоп и Пеп Гвардиола заврши со заминување на Германецот од клупата на Ливерпул. Конечно, како и досега, покажаа неизмерна почит еден кон друг. "Jurgen has been a very important part of my life" ❤️ Pep Guardiola pays an emotional tribute to Jurgen Klopp after the German's final game in charge of Liverpool. pic.twitter.com/CynZtuaWhQ — Sky Sports News (@SkySportsNews) May 20, 2024 Клоп ...
Вчера Манчестер Сити ја освои четвртата последователна титула на шампионот на Англија, а четворицата играчи кои оваа сезона го носеа дресот на Граѓаните нема да добијат медали за победникот на лигата. Имено, според правилата на Премиер лигата, освојувачот на шампионската титула добива 40 медали, кои се делат меѓу играчите и членовите на стручниот штаб. Медалот по правило го добиваат играчи кои имаат најмалку пет настапи во една сезона, а тој ...
Килијан Мбапе ја откри својата восочна фигура на поп-ап настан на Мадам Тисо во Париз и беше целосно изненаден од сличноста на фигурата со него. Како што пишува L’Equipe, потребни биле четири часа анализа на лицето и воопшто анализа на Мбапе за да се „фатат“ неговите црти на лицето, а кога ја видел фигурата ни самиот не можел да поверува. Ова е повеќе Килијан од мене“, изјави ентузијастичниот Мбапе. Kylian Mbappé’s wax model might be the ...
Третиот голман на Манчестер Сити, Скот Карсон, на шега велат дека ја има најдобрата работа во светот на фудбалот, но ако се погледне се што му донесе преселбата на Етихад во 2021 година, се чини дека таквата изјава не е далеку од вистината. 🏴 Scott Carson for Manchester City: 🏆 4x Premier League 🏆 1x Champions League 🏆 1x FA Cup 🏆 2x League Cup 🏆 1x Community Shield 🏆 1x Super Cup 🏆 1x Club World Cup He's only played 107 ...
Се чини дека Барселона не може без шокантни ситуации, а последната се случи поради она што го кажа тренерот Чави на прес-конференцијата пред првенствениот натпревар со одамна испаднатата Алмерија. Имено, Marca пишува дека клубот е во хаос, додека Ас е далеку поконкретен, наведувајќи дека бесниот претседател Жоан Лапорта му наредил на спортскиот директор Дек да започне потрага по нов тренер. ❗Laporta is angry with Xavi and people close to him ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино најави дека тренерите сега ќе имаат право да бараат проверка на видео надзор двапати по натпревар. „Ќе го развиеме и подобриме ВАР. Овој систем го користат 65 национални асоцијации, но сега ќе го подобриме. Создадовме поосновна технологија со помалку камери и без судии да одлучуваат, така што е достапен за секого и полесен за распоредување. Овој систем сега се тестира. Ќе функционира така што на тренерот ...
Секоја чест за боксот, добивме апсолутен шампион! Олександр Усик од Украина е неприкосновен светски шампион во тешка категорија, а тоа слободно можеме да го кажеме откако Украинецот го совлада Тајсон Фјури во спектакуларен меч одржан во Ријад. Беа потребни 24 години за боксот да добие апсолутен шампион во тешка категорија. Усик го победи Тајсон Фјури со поделена одлука по 12 кола , а ние гледавме незаборавен спектакл во Ријад. Не треба да ...
90-годишна Италијанка докажа дека годините не се важни. Таа постави светски рекорд во спринт. Ема Марија Мазенга истрча 200 метри за нешто повеќе од 51 секунда и стана најбрзата жена во својата возрасна категорија. 🇮🇹 À 90 ans, Emma Maria Mazzenga a battu le record du monde du 200 mètres dans la catégorie plus de 85 ans. Elle a franchi la ligne en seulement 54 secondes et 47 centièmes ! 👏 🎥 Athletics Weeklypic.twitter.com/BTMlUfNW4z — Le ...
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ призна дека од почит кон сите шампиони не сака да го именува играчот што го смета за најголем во историјата. Триесет и шестгодишниот Србин го држи рекордот за најмногу Грен слем титули во сингл кај мажите (24). Вкупно има 99 АТП титули (од кои 98 во сингл). – Многу ми е тешко да имам ваква дискусија. Но, мислам дека кога станува збор за тенисот, се чувствувам добро кога луѓето зборуваат за тоа. На крајот на ...
Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг направија пресврт за Далас во серијата против Оклахома, а сега Маверикс имаат предност од 2-1. Далас синоќа победи на домашен терен со резултат 105:101 и поведе во полуфиналето од плејофот на Западната конференција. Дончиќ мечот го заврши со 22 поени, 15 скока и 5 асистенции, а Ирвинг со 22 поени, 5 скока и 7 асистенции. Интересно, тие не беа најдобри стрелци на Далас бидејќи П.Ј. Вашингтон постигна 27 поени. ...
Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, ги изврши медицинските прегледи во Белград. Првиот рекет на планетата во средата околу десет часот бил во Ургентниот центар во Белград на скенирање на главата, пренесува „ Информер “. Во таа прилика Ѓоковиќ тајно бил внесен во просториите на оваа здравствена установа и му била прегледана главата, но не се знае какви се резултатите од снимката. Споменатиот извор наведува дека Новак бил расположен и ...
Напаѓачот Килијан Мбапе се согласил на значително намалување на платата при неговото преселување од Пари Сен Жермен во Реал Мадрид, според Sky Sports. Се очекува 25-годишниот Французин да потпише петгодишен договор со мадридскиот гигант за плата од 15 милиони евра по оданочување. Брзистерот ќе добие и 150 милиони евра бонус за потпишување. Тоа значи дека Мбапе ќе инкасира вкупно 225 милиони евра плата доколку го исполни договорот од 5 ...
Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во осминафиналето на турнирот во Рим, бидејќи во третото коло загуби од Алехандро Табило (6:2, 6:3). Тој го одигра еден од најлошите натпревари, губејќи за нешто повеќе од еден час игра и беше очигледно дека е далеку од своето ниво. Дали му влијаело ударот со шише во глава? Можеби е, бидејќи и самиот зборуваше за тоа на прес-конференцијата. Дали тоа значи дека може да ги тужи организаторите на турнирот во ...
Имаше солзи, цел стадион плачеше! Хесус Навас, веројатно најомилениот играч кој некогаш го имала Севиља, го напушти теренот „Рамон Санчез Пичуана“ во 84. минута од натпреварот против Кадиз. Тоа беше негов 500. натпревар во дресот на саканиот клуб, а тој плачеше додека го напушташе теренот. Ова е последна сезона за него во дресот на Севиља. 😢 Jesús Navas's final send off for Sevilla was just as emotional as you would ...
Неверојатна ситуација беше видена на прес-конференцијата на која зборуваше Лука Дончиќ по победата на Далас над Оклахома. Словенецот одигра одлично во реваншот од полуфиналето на Западната конференција и го доведе својот тим до брејк и нерешен резултат (1:1 во победи), а по мечот остана во неверување што се случи одговарајќи на новинарски прашања. Зборуваше за играта, а потоа одеднаш се слушна звук на жена која изгледаше како да ужива во ...
Дејан Станковиќ потпиша договор со новиот клуб. Само неколку часа по одлуката да го напушти Ференцварош, кариерата ќе ја продолжи во Спартак Москва! Потврдата стигна од рускиот клуб кој се огласи на официјалната веб-страница. Се шпекулираше дека ќе замине во Италија, но дестинацијата е на другата страна на светот. Наведена е неговата биографија и како играч и како тренер и се споменува дека учел од легендите како Свен Горан-Ериксон, Дино ...
Лука Дончиќ брзо заборави на страшната игра пред два дена, а синоќа блесна и му донесе израмнување во серијата на Далас против Оклахома Сити. Откако шутираше 1/8 од тројки на првиот дуел кој Далас го загуби со 117:95 и постигна „само“ 19 поени, синоќа Дончиќ беше на своето ниво и тоа веднаш се одрази на резултатот. Далас победи на гостински терен со 119:110, а Дончиќ постигна 29 поени со дури пет тројки, а на тој учинок додаде и 10 скока и 7 ...
Актуелниот НБА шампион Денвер Нагетс ја победи Минесота со 112:97 во петтиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција благодарение на неверојатната партија на најдобриот светски кошаркар Никола Јокиќ. Српскиот центар пред овој меч ја доби наградата за најкорисен играч на сезоната, а за 40 минути на теренот постигна 40 поени со 13 асистенции и седум скока, додека Гордон додаде 18 со десет скока и пет асистенции. Колдвел-Поуп го ...
Јувентус може да го раскине договорот со тренерот Масимилијано Алегри и пред крајот на сезоната, тврди новинарот Џанлука Ди Марцио. Според изворот, тренерот би можел да добие отказ во наредните часови, бидејќи раководството на клубот не е задоволно од однесувањето на 56-годишниот стручњак по освојувањето на Купот на Италија. Тимот од Торино во финалето ја совлада Аталанта (1:0). Претходно беше објавено дека Алегри го нападнал директорот на ...
Каков меч, неверојатен меч на македонските ракометари. Се издигнаа од „пепелта“ што би се рекло во спортски жаргон, по оној убедлив пораз на гостувањето кај Фарски Острови, па вечерва пред гласната публика во салата “Борис Трајковски“ одиграа фантастичен меч и славеа со осум голови разлика, односно 34:26 со што го анулираа поразот од 34:27 на гостувањето. Ова значи дека Македонија оди на Светско првенство во 2025 година, кое ќе се игра во ...
Романскиот второлигаш Корвинул Хунедоара избори пласман во европските купови за прв пат по 42 години чекање. Корвинул се пласираше во Европската лига освојувајќи го Купот на Романија со победата во финалето против Оцелул Галати по подоброто изведување пенали со резултат 3:2. Корвинул е основан во 1921 година, а во својата историја четири пати ја освоил втората лига. Неговиот најдобар резултат во романскиот шампионат беше третото место во ...