Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски е нов светски професионален првак во кикбокс на ВАКО ПРО во дисциплината К1, до 88,6 кг, откако синоќа во борба за титулата го совлада Берк Дузенли од Турција. Бодрен во СЦ „Јане Сандански“ од домашната публика и навивачката група „Комити“, Илиоски го совлада актуелниот аматерски светски првак со судиска одлука од 2-1. Илиоски во ноември лани го освои златниот медал на Светското ВАКО првенство во ...
Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг може да ја продолжи кариерата во Баерн, објави на социјалните мрежи новинарот Флоријан Плетенберг. Според Плетенбург, во последните недели се воделе преговори меѓу клубот и застапници на холандскиот фудбалски стручњак. Иднината на тренерот во Манчестер јунајтед сè уште не е одредена. Тен Хег би сакал да го одработи договорот до 2025 година. Но, доколку мора да ја напушти функцијата на крајот од ...
Фудбалерите на Челзи убедливо го победија Вест Хем со резултат 5:0 (3:0) во натпреварот од 35. коло на Премиер лигата. Еден од подобрите настапи на Челзи оваа сезона. Еден од покомплетните. Осоколени по триумфот над Тотенхем, избраниците на Маурисио Покетино го разнесоа Вест Хем во првото полувреме и тоа за 20-тина минути. По првите 15 минути не се виде преголема возбуда, а потоа и рапсодија и налет на Челзи од кои Вест Хем не можеше да се ...
Фудбалерите на Милан ремизираа 3:3 на домашен терен со Џенова во 35. коло од италијанската Серија А. Публиката на Сан Сиро можеше да биде сведок на многу ефикасна игра, но не можеше да биде задоволна од конечниот исход бидејќи избраниците на Стефано Пиоли го загубија водството на крајот од мечот. Се започна со шок за домашните навивачи бидејќи судијата Пронтера досуди пенал за Џенова по прекршокот на Томори. Новопечениот италијански ...
Најмалку 155 полицајци се повредени во навивачките нереди во натпреварот меѓу Динамо Берлин и Енерџи Котбус во четвртата германска фудбалска лига. 04.05.2024🇩🇪BFC Dynamo – Energie Cottbus https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/qttfbFwZXk — Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) May 4, 2024 Четириесет и тројца од повредените се локални полициски службеници, а 73-ца се федерални, како последица на вдишување на солзавец што го испалила ...
Напаѓачот на Саудиска Арабија на Ал Наср, Кристијано Роналдо ја бележи својата најефикасна сезона во последните осум години. Португалецот сега има 45 гола по натпреварот од 30. коло на фудбалскиот шампионат на Саудиска Арабија. Тој во саботата постигна хет-трик против Ал-Вахда (6:0). Триесет и деветгодишниот Роналдо Имаше повеќе голови во сезоната 2015/16. Тогаш Португалецот, кој настапуваше за Реал Мадрид, постигна 51 гол. Кристијано ...
Селекторот на репрезентацијата на Уругвај, Марсело Биелса, кој го носи прекарот „Лудакот“ во репрезентацијата го повика 24-годишниот фудбалер Валтер Домингез кој настапува во аматерската лига, објави „TNT Sports“. Уругвајците на крајот на овој месец ќе одржат подготвителен тренинг камп за Купот на Америка во 2024 година. Домингез настапува за клубот Хувентуд Соријано, каде сезонава на 39 натпревари постигна 57 гола. Биелса е во ...
Фудбалерите на Ливерпул го победија Тотенхем со 4:2 во 36. коло од англиската Премиер лига, а натпреварот го одбележа домашниот напаѓач Мохамед Салах. Mohamed Salah is the first player in Premier League history to score 10+ goals AND provide 10+ assists in three consecutive seasons. Triple Double-Double. ⚽️🅰️ pic.twitter.com/Py6WAni2QZ — Squawka (@Squawka) May 5, 2024 Имено, Египјанецот стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој ...
Еден месец по запленувањето на документација од ФФМ, полицијата нема епилог од истрагата поврзана со местење натпревари. Од меѓународните организации УЕФА и „Спортрадар“ не откриваат детали. Фудбалските фанови чекаат одговор дали има опасност за првенството? Синдикатот бара крај за сомнежите, пишува Радио Слободна Европа. Кои се наместените фудбалски натпревари кои ги истражува Министерството за внатрешни работи (МВР) и после еден месец од ...
Фудбалерите на Реал по домашната победа над Кадиз и поразот од Барселона од Жирона, на четири кола пред крајот на Ла Лига, славеа одземање на титулата од најголемиот ривал, а целото време на Бернабеу беше исклучително интересно. Имено, играчите и навивачите на Реал по победата останаа на стадионот, чекајќи го резултатот од играта во подоцнежен период од Жирона, со надеж дека домашната екипа ќе ја победи Барселона. Надежите се остварија, па ...
Дефанзивецот на Баерн Минхен, Рафаел Гереиро ќе го пропушти полуфиналниот реванш со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, соопштија од клубот. Тој заработи повреда при поразот од Штутгарт со 3:1. Португалскиот дефанзивец беше подложен на лекарски преглед, по што му беше констатирано повреда на коленото и вкрстените лигаменти. Реваншот помеѓу Реал Мадрид и Баерн ќе се одигра во среда на 8 мај на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Првиот натпревар ...
Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Лос Анџелес Лејкерс (101:99) во вториот меч од плејоф серијата со кошот на Џамал Мареј со звукот на сирената. Сепак, натпреварот не помина без драма. Гостите се жалеа на судењето на овој меч, а сега од НБА потврдија дека Леброн и тимот се оштетени. Судиите направија две големи грешки кои се одразија на крајниот исход на натпреварот, велат челниците на НБА. Дополнителните анализи утврдија дека Лејкерси ...
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ (38) ја освои својата четврта шампионска титула во Шпанија со Реал Мадрид, откако претходно ја освои во сезоните 2016/17, 2019/20. и 2021/22 година и уште еднаш влезе во историските книги на Кралскиот клуб. Имено, Модриќ како играч на Реал го освои 25. трофеј и стана најтрофејниот фудбалер во клупската историја заедно со Марсело, Карим Бензема и активниот соиграч Начо Фернандез. По тој повод Марка го преименува ...
Мајами веројатно беше разочаран од НБА тимот кој беше елиминиран на стартот од плеј-офот, но затоа уживаат во фудбалскиот тим и вештините на Лионел Меси. Интер ја задржа лидерската позиција во Источната конференција и по 12. коло декласирајќи го Њујорк Ред Бул со 6:2 во дербито, со гол и пет асистенции на Меси и „хет-трик“ на Луис Суарез. Водството на гостите од Њујорк на полувремето (Ванциер 30), го инспирираше Лео Меси да испише историја на ...
Лука Модриќ и Начо се изедначија за најмногу трофеи во историјата на Реал Мадрид со клупските легенди Карим Бензема и Марсело. Хрватскиот играч за врска и шпанскиот дефанзивец синоќа го освоија 25-от триумф во Примера. Даниел Карвахал веќе има 24 награди со тимот на „кралевите“, а тој, Модриќ и Начо имаат шанса да додадат уште еден вреден трофеј пред крајот на сезоната. Во среда на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ претстои полуфиналниот реванш ...
Фудбалерите на Жирона ја совладаа Барселона со резултат 4:2 (1:2) на „Монтилви“ во 34. коло од Ла Лига. Барселона имаше можност да го одложи славјето на Реал Мадрид. Беа на добар пат да го исполнат тоа, но Жирона направи чудо, а заслуга има Порту. Затоа, Реал Мадрид ја враќа титулата на Бернабеу. Барселона два пати водеше, прво 0:1, па потоа 1:2, но во вториот дел фантастични десетина минути на Жирона, во кои постигна три голови и ја потопи ...
Велибор Џаровски, познатиот „крал“ на обложувалниците, почина на 75-годишна возраст. Џаровски беше еден од најголемите шемаџии во поранешна Југославија, а во текот на својата „кариера“ намести стотина натпревари во сите спортови. Во 1987 година Џаровски три месеци беше во сплитскиот затвор бидејќи договорил најмалку 22 натпревари од југословенското фудбалско првенство, а и денес се раскажуваат некои негови легендарни аранжмани. Во 1979 ...
Трабзонспорт загуби на гостувањето кај Самсунспор со 3:1. При 2:0 капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди погоди од слободен удар, но сепак тој и неговите соиграчи немаа причини за голема радост бидејќи останаа без бодови. Трабзон е на третото место на табелата и доколку успее да ја сочува позицијата ќе обезбеди пласман во Лига Европа. 👌🏻👌🏻👌🏻 Trabzonspor 🔥Enis Bardhi pic.twitter.com/hnuPvPkxks — 61post (@61post) ...
Лука Модриќ добива се поголема доверба од Карло Анчелоти во Реал и сите фанови на кралскиот клуб чекаат вести дали хрватскиот магионичар ќе остане во главниот град на Шпанија. 38-годишниот Модриќ на почетокот на сезоната не добиваше голема минутажа и неговата улога во Реал беше спорадична. Сепак, како што сезоната се приближува кон крајот и како што доаѓаат се поважни натпревари, Модриќ игра се поважна улога во тимот, а тоа може да значи само ...
Навивачите на Ливерпул стравуваат дека нивната најголема ѕвезда Мохамед Салах ќе го напушти клубот на крајот на сезоната поради неговата расправија со Јирген Клоп против Вест Хем. Египќанецот имаше жестока расправија со менаџерот на Ливерпул при влегувањето во игра за време на натпреварот против Вест Хем Клоп го внесе Египјанецот во игра дури во 79. минута од натпреварот наместо Луис Дијаз, што очигледно не му се допадна на Салах, па тој и ...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров денес го објави списокот на повикани ракометари за собир за претстојниот бараж натпревар против репрезентацијата на Фарски Острови за пласман на Светското првенство 2025. На списокот на Лазаров се наоѓаат 20 играчи: Голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски и Марко Кизиќ Леви крила: Цветан Кузмановски и Петар Атанасијевиќ. Десно крила: Никола Костески. Десни бекови: Томислав ...
Италијанскиот фудбалер Сандро Тонали повторно е казнет со два месеци условна забрана за настап и 23.000 евра поради прекршување на правилата поврзани со забраната за обложување во Англија. Англиските медиуми потоа дознаа на кои натпревари се обложил поранешниот играч од средниот ред на италијански Милан. Откриено е дека тој се обложил на пет од натпреварите на Њукасл и секој пат ги избирал „Страчките“ за победа против Брајтон, Барнли, ...
Стрелец на единствениот гол во победата на Борусија Дортмунд против Пари Сен Жермен беше Никлас Фулкруг, а овој германски напаѓач зад себе имаше навистина интересно фудбалско патување. Иако веќе има 32 години, дури сега излезе на големата сцена и го игра најдобриот фудбал во кариерата. До 30-годишна возраст главно беше второлигаш, а потоа неговите одлични настапи во Вердер Бремен му донесоа повик во германската репрезентација каде сега е прв ...
Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум денес информира за раскинување на соработката со шефот на стручниот штаб, Шпетим Дуро. – Со меѓусебен договор е прекината соработката со тренерот Дуро. Во оваа прилика, ФК Струга му се заблагодарува на Дуро за неговиот придонес во периодот додека го водеше нашиот тим во државното првенство и европските натпреварувања, а исто така му посакуваме многу успеси во иднина, стои во соопштението на ...
Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите со победата од 30-22 (11-14) на гости кај ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар. Дика Мем ја предводеше Барселона со седум голови, додека Камил Сипржак постигна седум за ПСЖ. Во вториот натпревар одигран во четвртокот, Веспрем оствари минимална победа од 32-31 (12-17) против Алборг со шест голови на Недим Ремили, додека четворица играчи на ...
Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино беше воодушевен по успехот од 2-0 во дербито со Тотенхем. Тој призна дека за прв пат од почетокот на сезоната се чувствува среќен, а причината е што неговиот тим конечно сфатил дека мора да се бори со сите сили на своите натпревари. -Имам доверба во играчите, дури и во овие моменти (14 повредени). Тоа беше одлична шанса да покажеме дека веруваме во нашата филозофија. Честитки за тимот, начинот на кој ...
Селекторот на австриската репрезентација Ралф Рангник одби да ја напушти репрезентацијата за да го преземе Баерн Минхен. – Со цело срце сум посветен да работам за австриската репрезентација. Неизмерно уживам во мојата работа и планирам да продолжам по патот што го избравме. Сакам да истакнам дека ова не е одбивање на Баерн, туку одлука во корист на мојот тим и нашите заеднички цели. Целосно сме фокусирани на Европското првенство и ќе дадеме ...
Екипата на Баер Леверкузен направи сериозен чекор кон финалето на Лига Европа. „Фармацевтите“ ја совлада Рома со 2:0 како гостин во првиот полуфинален натпревар меѓу двата тима. Флоријан Вирц ги доведе „фармацевтите“ во водство со гол во 28. минута, а конечниот резултат го оформи Роберт Андрич со прекрасен гол во вториот дел. Така избраниците на Чаби Алонсо имаат солидно водство пред реваншот во Германија на 9 мај. Екипите на Марсеј и ...
„Се смееме во лице на Златан“, „Цел град се радува, насмевни се Златан“, „Прати му порака на Златан“, ова се само дел од транспарентите кои можеа да се видат на трибините на стадионот во Милано кога Интер го совлада Торино 2:0 со головите на Хакан Чалханоглу и ја освои 20-та шампионска титула на Италија. Mandate un messaggio a Zlatan🤣🤣#Inter pic.twitter.com/vzO5Md332k — LAUTARISMO⭐️⭐️ (@Ilmotard25) April 28, 2024 Навивачите на „неразура“ ...
Фудбалерите на Борусија Дортмунд синоќа на домашен терен на Сигнал Идуна Парк го совладаа Пари Сен Жермен со минимални 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. На натпреварот како стручен коментатор за CBS Sports присуствуваше и легендарниот фудбалер на Ливерпул Џејми Карагер, кој дел од натпреварот го мина и на познатиот „Жолт ѕид“, трибината со најжестоките навивачи на Милионерите. Карагер по натпреварот ги ...