Охрид, 27. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува Светскиот ден на театарот, 27 март. Возобновувањето на театарскиот живот во Охрид не е од важност само за охриѓани и тимот актери, туку и за сите љубители на театарот. Во оваа форма, како Национална установа во рамки на Центарот за култура „Григор Прличев“, Народниот театар Охрид опстојува од 2011 година, по долгогодишни иницијативи во Охрид да се возобнови професионалниот театар. ...
Театарот е потреба од човечка природа. Не е важно местото, важна е идејата и суштината. Театарот не е филм. Тој е сега и овде, жив и право в очи. Отвора важни разговори и буди теми за кои мора и вреди отворено да се зборува, се вели во македонската порака по повод Светскиот ден на театарот – 27 Март, која за годинашното одбележување ја состави независниот театар „Златен Елец“, основан во 2020 година во Скопје. Како што наведува, театарот е ...
По повод 27 Март – Светскиот ден на театарот, Драмски театар Скопје ќе потпише Договор за покровителство со Дајнерс клуб интернатионал Мак АД Скопје, означувајќи почеток на ново партнерство во рамки на одбележувањето на 80-годишнината на театарот. Настанот се оценува како значаен чекор во унапредувањето на културната соработка и поддршката на театарската уметност, како и поттик за развој на нови проекти и активности во интерес на публиката. ...
Од 1962 година, Светскиот ден на театарот се слави од центрите на ITI, членовите-соработници на ITI, театарските професионалци, театарските организации, театарските универзитети и љубителите на театарот низ целиот свет на 27 март. Овој ден е прослава за оние кои можат да ја видат вредноста и важноста на уметничката форма „театар“ и делува како повик за будење за владите, политичарите и институциите кои сè уште не ја препознале неговата ...
По повод 27 март – Светскиот ден на театарот, во рамки на рубриката „Старо–Нова Македонија“, се навраќаме на формирањето на првиот македонски институционален театар. Македонскиот народен театар претставува еден од темелите на македонската култура, а самиот факт дека е основан со Одлука на Президиумот на АСНОМ од 31 јануари 1945 година, доволно говори за важноста што ја имал во однос на новата држава. Во своите рани години, Театарот играл ...
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, го посети Албанскиот театар по повод Меѓународниот ден на театарот, во рамки на активностите организирани за „Денови на отворен театар“. За време на посетата, тој имаше можност да се сретне и со повеќе деца, кај кои јасно се забележуваше желбата и љубовта што оваа генерација ја негува кон културата и театарската уметност. Заедно со директорот на Албанскиот театар, Исмет Рамадани, ги посетија ...
По повод Светскиот ден на театарот, Општина Кисела Вода денеска организираше театарска претстава наменета за првачиња од основните училишта од овој дел на градот. Настанот се одржа во Домот на културата „Билјана Беличанец“, каде пред најмладите ученици беше изведена претставата „Авантурите на Рудолф и Елф“ во изведба на актерската екипа од „Театар за тебе“. Целта на овој настан е да се доближи театарската уметност до децата и да се придонесе ...

