Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо го зазеде првото место во рејтингот на најплатените спортисти во светот според истражувањето на популарниот магазин „Форбс“, кое е направено за тековната 2024 година. Рангирањето може да се види на официјалната страница на магазинот и се заснова на пријавени приходи од договори, како во клубовите, така и од имиџ правата и од реклами. Напаѓачот на саудиски Ал Наср за една година има заработено ...
Меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА ќе мора да плати необјавена сума за обештетување на Бразилецот Хајне Алемањ, човекот кој го измислил спрејот што го користат судиите ширум светот при изведувањето слободни удари. Врховниот суд на Бразил во вторникот ја отфрли жалбата на ФИФА и им наложи да платат отштета на Алемања и неговата компанија Спуни Комерцио де Продутос Еспортивос за неправилна употреба на неговиот изум. ⚠️Justiça nega pedido ...
Вториот на светската ранг-листа во тенис Јаник Синер речиси сигурно ќе го пропушти турнирот Ролан Гарос, пренесува печатот во Италија. Според Гаџета дело Спорт, 22-годишниот Синер сè уште не се опоравил од повредата на колкот и нема да добие медицински одобрение за учество. Иако повредата не е сериозна, советот на медицинскиот штаб на Италијанецот е тој да ја пропушти трката во Париз бидејќи ризикува да ја искомплицира. Синер моментално се ...
– Мојата приказна со Милан завршува, но Милан засекогаш ќе остане во моето срце. Со тие емотивни зборови Оливие Жиру се прости од навивачите на Росонерите. Тој е нов играч на Лос Анџелес, тим од МЛС лигата, со кој потпиша до зимото 2025-та, со можност да се продолжи соработката. Olivier Giroud is officially an LAFC player 🤩 (via @LAFC) pic.twitter.com/7B9OnxSOls — B/R Football (@brfootball) May 14, 2024 Тој дојде во Милан во летото 2021 ...
Преставници на клубовите од англиската Премиер лига следниот месец ќе гласаат за укинување на ВАР, пишува The Athletic. За да се укине ВАР потребно е најмалку две третини од клубовите да гласаат за таа опција. Во случајот со Премиер лигата, тоа значи 14 од 20 клубови. ВАР (Видео помошник судија) беше воведен во Премиер лигата во 2019 година, но беше предмет на бројни контроверзии. Во кои случаи може да се вклучи и какви одлуки се носат со ...
Новак Ѓоковиќ денеска доживеа сосема неочекуван пораз на Мастерсот во Рим каде во осминафиналето на турнирот беше елиминиран од Алехандро Табило! Чилеанскиот тенисер победи со 2:0 во сетови и продолжи понатаму, а со тоа најдобриот светски играч е елиминиран од 32. на АТП листата. Табило навистина брзо ја заврши работата, бидејќи мечот траеше само еден час и седум минути. Беше 6:2 и 6:3 во негова корист против апсолутниот фаворит Ѓоковиќ. ...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров се одлучи за две промени за вечерашниот реванш натпревар со Фарски Острови во баражот за пласман на Светското првенство 2025. Лазаров ги повика бековите Мартин Карапалевски од Вардар и Иван Џонов од Алкалоид. Од репрезентацијата за вечерашниот дуел отпаѓаат Дамјан Митев и Цветан Кузманоски. Натпреварот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 19 часот. На ...
Серхио Рамос (38) сигурно по втор пат во кариерата ќе ја напушти Севиља. Неговиот договор е со важност до крајот на сезоната, а се уште не му е понуден нов. А според вестите од Шпанија, нема. Сепак, легендарниот дефанзивец не е без опции. Според шпанските медиуми, Рамос би можел да замине во САД, а преговорите со Сан Диего наводно се далеку напредни. Сепак, договорот се уште не е постигнат, а за конечниот исход од преговорите е заинтересирана ...
Фудбалскиот конзорциум Сити Груп, кој е сопственик на Манчестер Сити, ќе мора да го намали својот удел во шпанскиот прволигаш Жирона со цел каталонскиот клуб следната сезона да се натпреварува во Лигата на шампионите за прв пат во својата историја, објави УЕФА. Жирона, 47 отсто во сопственост на Сити Груп од 2017 година, на две кола пред крајот, обезбеди пласман во групната фаза во ЛШ следната сезона. На почетокот на сезоната, беше уверено ...
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе е изоставен од тимот на Луис Енрике за натпреварот од 33-тото коло во Лига 1 поради непријатност во тетивата. Вечерва е натпреварот на Азурниот брег. Француската ѕвезда пред два дена и официјално објави дека на крајот од оваа сезона го напушта ПСЖ. До крајот на првенството, шампионите имаат уште еден натпревар – како гостин на „Мец“ на 19 мај, кој најверојатно ќе го пропушти и новото засилување на ...
Некогаш еден од најдобрите фудбалери Еден Азар пред седум месеци ја заврши својата играчка кариера, но британски Телеграф денес носи интересна вест. Имено, иако Азар одамна не се занимава со фудбал, Белгиецот му донесе профит од 5 милиони евра на Челзи, лондонскиот клуб во чиј дрес некогаш брилираше. Азар најави повлекување од фудбалот во октомври 2023 година, но договорот за трансфер на играчот помеѓу Челзи и Реал Мадрид остана валиден за ...
ФИФА може да дозволи натпревари во одредени лиги да се играат на територијата на други земји. Се очекува на претстојниот конгрес на светската федерација во Бангкок (Тајланд) овие правила, кои досега ги блокираа ваквите акции, да бидат ревидирани, пренесува агенцијата АП. Форумот на високо ниво моментално е во тек во Тајланд и ќе заврши на 17 мај, а ќе се состанат претежно комисии од 13-ти до денес. Навивачите веројатно ќе приговараат нивните ...
Часовниците на големиот Формула 1 Михаел Шумахер се продадени во вторникот за нешто повеќе од 4 милиони евра на аукцијата на Кристи во Женева. Продадени се вкупно осум часовници, вклучувајќи примери на Rolex, F.P. Часовниците Journea и Audemars Piguet, а на аукција ги стави семејството на познатиот возач кој не е во јавноста откако во 2013 година се здоби со тешка повреда на главата при пад на скијање. Меѓу продадените часовници е и оној што ...
Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ минатото лето се прости од активниот фудбал, но се уште е во феноменална форма. Тоа го покажа и на Инстаграм каде објави спектакуларен гол со ножички кој го постигна на Сан Сиро. Неговата нова објава собра голем број „лајкови“ и коментари, а многумина се на мислење дека Швеѓанецот сепак би можел да игра на професионално ниво. View this post on Instagram A post shared by Zlatan Ibrahimović ...
Фудбалерите на Манчестер Сити синоќа во Лондон најверојатно остварија клучна победа во битката за титулата англиски првак со Арсенал, кои го совладаа Тотенхем со 2:0. Тотенхем промаши два гола кои можеа да им ја ускратат на Граѓаните оваа победа, а сцената од 86. минута од натпреварот уште долго ќе се памети. Хеунг Мин Сон, напаѓачот на „петлите“ изби пред голманот Стефан Ортега, но резервниот голман на Сити направи чудесна одбрана. А, ...
Поранешниот голман на лондонски Челзи, Рикардо Прасел (33), кој во последните години гради ММА кариера, по подолга пауза се врати во октагонот и настапи на синоќешниот настан KSW 94 во Гдањск, Полска. Прасел се пресмета со Словакот Стефан Војчак, што му беше прва борба по двегодишна пауза, а заврши лошо за поранешниот член на двократниот европски шампион во фудбал. Ricardo Prasel, nosso Alemão, acabou se lesionando durante o combate contra ...
Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров ги повика навивачите „како никогаш досега“ да го поддржат националниот тим в недела на реваншот во мундијалскиот бараж во кој неговите избраници ќе се обидат да ја надоместат негативата од седум голови разлика од вчерашното гостување во Фарски острови. Македонската репрезентација загуби на првиот натпревар во Торшавн со 27-34 и ќе има тешка задача да ја анулира предноста ...
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години има нов селектор. Ерхан Селими е новиот предводник на оваа млада селекција, каде доаѓа на местото на прерано починатиот Дашмир Беари. Селими веднаш по назначувањето, започна со работа, бидејќи младата репрезентација на Македонија ја очекуваат два контролни натпревари. Селекцијата до 17 години предводена од Ерхан Селими се наоѓа моментално во Црна Гора, каде што ќе одигра два контролни ...
Францускиот напаѓач Килијан Мбапе од претстојната сезона ќе игра во Реал Мадрид, најави денеска претседателот на шпанската фудбалска лига Хавиер Тебас во интервју за аргентинскиот весник Оле. „Мбапе следната сезона ќе игра за Реал Мадрид. Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот, но Реал Мадрид ги има и Џуд Белингам и Винисиус. Ќе имаат одличен тим, но тоа не гарантира шампионска титула“, рече Тебас. Мбапе пред неколку денови официјално ...
Шпанскиот весник Релево денеска објави ексклузивна вест за Лука Модриќ и Реал Мадрид, бидејќи тврдат дека Кралскиот клуб донел конечна одлука да не му понуди нов договор на Хрватот. Актуелниот договор на Модриќ истекува на крајот од сезоната и веќе подолго време се зборува за негово заминување, што беше најавено уште есента, но во последните неколку дена приказната за евентуален престој стана се поактуелна. 🚨 BREAKING: Real Madrid are NOT ...
Францускиот фудбалер Преснел Кимпембе (28) на своите следбеници на Инстаграм им откри како изгледа лузната по големата операција на Ахиловата тетива што ја имаше во јануари 2024 година, откако се обиде пребрзо да се врати на теренот и ја обнови повредата по само четири натпревари. 🇫🇷🤕 Presnel Kimpembe shows the reality of his most recent injury… He suffered an achilles tendon rupture which has kept him out of action for 400+ days. The ...
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, шпанскиот мајстор за земјена подлога, Рафаел Надал, се мачеше во првото коло во Рим против Зизу Бергс, но некако преживеа и стигна до второто коло каде го чекаше Хуберт Хуркач. Таму немаше шанси, беше 6:1, 6:3… Своевремено рекордерот по бројот на грен слем трофеи беше победен на турнир кој во кариерата го освојуваше 10 пати! За час и половина полскиот тенисер загуби само четири гема од Рафаел ...
Струга Трим Лум на гостински терен ја совлада Шкендија со 2:0 во дербито на 32. коло во Првата македонска фудбалска лига и го одбрани шампионскиот трофеј. Бесарт Ибраими во 43. минута им донесе водство на стружани, победата ја потврди Марјан Радески со гол во 48. минута. Резултати на денешните натпревари од претпоследното коло во ПМФЛ: Гостивар – Работнички 0:0 Македонија ЃП – Брегалница 2:1 Шкендија – Струга ТЛ 0:2 Шкупи – АП Брера 0:0 ...
Бојан Миовски продолжува да ги тресе противничките мрежи и покажа дека не случајно е номиниран за фудбалер на годината во Шкотска. Тој на мечот против Хибернијан попладнево го постигна својот 16-ти гол во оваа сезона, со што се најде на третото место на листата на најдобри стрелци. Абердин победи со 4:0, а Миовски беше стрелец на третиот гол. BM9 Bojan Miovski goal 3-0 Hibs are falling apart again pic.twitter.com/SUAVSsVaiM — Rop Ted ...
Интер Мајами синоќа по голем пресврт го победи Монтреал со резултат 3:2, а во центарот на вниманието беше Лионел Меси иако не забележа гол или асистенција. Имено, Меси се повреди во 43. минута и мораше привремено да го напушти теренот, а кога се обиде да се врати по дваесетина секунди, судијата не му дозволи да го стори тоа. Имено, од оваа сезона МЛС има правило кое не постои никаде во светот, според кое фудбалер кој го напушта теренот за да ...
Реал низ улиците на Мадрид слави титула, која ја обезбедија уште во минатото коло. Во фокусот тренерот на Реал, Карло Анчелоти кој се опушти по долгата и напорна сезона, која се уште не е завршена бидејќи можат да освојат пехар и во ЛШ. Но, ова се моменти за прослава, па Анчелоти се погрижи за шоу. Carlo Ancelotti dances with Eduardo Camavinga and the Real Madrid squad during their title parade 🕺 🎥 @marca pic.twitter.com/oLN7xYngNA — ...
Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир пред бараж двомечот со Фарските острови за Светското првенство 2025 година кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка. Нашите ракометари ќе се обидат да стигнат до нова мундијалска виза и да го задржат континуитетот од настапи на големите натпреварувања. Селекторот Кирил Лазаров пред двомечот вели дека го почитува противникот, но дека се почитуваат и самите ...
Тренерот на Барселона, Чави ги сподели своите очекувања за утрешниот меч со Реал Сосиедад. По ремито на Жирона против Алавес, Барселона може да се врати на второто место во лигата доколку утре го победи Реал Сосиедад. Второто место во Ла Лига обезбедува учество во шпанскиот Суперкуп следната сезона, што може да му обезбеди на клубот дополнителен приход. – Имаме шанса повторно да го заземеме второто место. По ремито на Жирона, се зависи од ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја очекува нов настап на еден од четирите Грен слем турнири. Таа од 20 мај ќе биде дел од квалификациите на Грен слемот Ролан Гарос. Ова за најуспешната македонска тенисерка ќе биде второ учество на престижниот турнир во Париз. Првпат настапи во 2017 година. Ѓорческа која се наоѓа во одлична форма покажа и со добрите игри изминативе недели и настапите на Челинџер турнирот во Леида (Шпанија) и на ...
Milan го декласираше Каљари со 5:1 на Сан Сиро во 36. коло од Серија А. Двоен стрелец за избраниците на тренерот Стефано Пиоли беше Кристијан Пулишиќ, кој погоди во 59. и 86. минута, додека Исмаел Бенасер во 35. Тијани додаде по еден Рајндерс во 74 и Рафаел Леао во 83 минута. На две кола пред крајот на италијанското првенство, Милан има 74 бодови и го обезбеди второто место, со оглед на тоа што третопласираната Болоња заостанува седум бода. ...