Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Иако има 28 години, многумина мислат дека неговата кариера е завршена, но Деле Али не се откажува! Поранешно чудо од дете на англискиот фудбал, поранешниот редовен репрезентативец едвај играше во последните неколку сезони, но сега вели дека сака да оди на Светско првенство! Поранешниот играч на МК Донс и Тотенхем падна во форма во 2020 година кога почна да работи со Жозе Мурињо и оттогаш играше многу малку и нема одиграно ниту една минута ...
Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ е разочаран од поразот од Норвежанецот Каспер Руд во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло. Вчерашниот нивни меч заврши со 2:1 за 25-годишниот Руд по 2 часа и 18 минути. – Се разбира, разочаран сум што загубив таков натпревар. Беше тесно. Честитки Каспер. Одигра многу добро, особено на почетокот на првиот и третиот сет. Имав свои шанси, но направив неизнудени грешки, а Каспер беше стабилен до ...
Фудбалерите на Баерн синоќа во Минхен го совладаа Арсенал со минимални 1:0 и со тоа се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампионите со вкупни 3:2, а се чини дека навивачите на Арсенал си го најдоа оправдувањето за поразот. За време и по натпреварот, на социјалните мрежи се појавија интересни фотографии од Алијанц Арената во Минхен, а навивачите на лондонскиот клуб тврдат дека Баварците на паузата меѓу двете полувремиња употребиле ...
Шпанските медиуми пишуваат дека во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, во кој ПСЖ победи во полуфиналето на гостувањето кај Барселона, имало гужва во тунелот кој води кон соблекувалните. Наводно виновен е Килијан Мбапе. 🚨 Ce geste de Kylian Mbappé aurait rendu furieux certains joueurs du Barça après le match. Le Français aurait déclaré : « c’est le football et c’est sur le terrain qu’il faut parler. » (@mundodeportivo) ...
Кристијано Роналдо ја доби повеќемесечната правна битка против неговиот поранешен клуб Јувентус, кој може да го уништи торинскиот гигант, бидејќи мора да му плати цело богатство. Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека Јувентус ќе му плати на Роналдо близу 10 милиони евра, што е половина од сумата за која Португалецот го тужеше клубот врз основа на заостанатите плати. Станува збор за плати од времето кога во Европа беснееше пандемијата ...
Фудбалерите на Манчестер Сити се простија од титулата европски првак со поразот на пенали од Реал Мадрид на својот стадион со резултат 4:3. По фантастичната прва средба во Мадрид која заврши 3:3, Сити и Реал одиграа 1:1 во Манчестер, а по мирните продолженија се решија на пенали. На крајот поуспешни беа Шпанците со промашените пенали на Лука Модриќ и Матео Ковачиќ. Џуд Белингем, Васкез, Начо и Ридигер погодија при „лотаријата“ на пенали за ...
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим пропуштил голем број шанси на натпреварот против Реал и истакна дека англискиот фудбалски клуб незаслужено е елиминиран од Лигата на шампионите, пренесуваат британските медиуми. Фудбалерите на Реал синоќа се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА, бидејќи во реваншот од четвртфиналето на гостински терен по подобро изведување пенали го победија Манчестер Сити ...
Фудбалерите на Баерн и Реал Мадрид ќе играат меѓусебе во полуфиналето од Лигата на шампионите, бидејќи вечерва го елиминираа Арсенал со победа од 1:0, а Манчестер Сити со пенали – 4:3 (1:1 во регуларното време) . По 3:3 на првиот меч во Мадрид, реваншот во Манчестер не беше толку спектакуларен, а на крајот беше решен по изведување пенали. За прв пат од сезоната 2004/05, единаесетмината го решија исходот од четврт-финалето на Лигата на ...
Германскиот дефанзивец Антонио Рудигер синоќа стана херој на победата на Реал Мадрид над Манчестер Сити и тоа не само поради пеналот кој го постигна во последната серија. Имено, се појави видео на кое се гледа дека Рудигер му помогнал на Андреј Луњин да го запре она што се покажа како клучен удар на Матео Ковачиќ. Претходно Реал се врати во игра откако Луњин го запре Бернардо Силва и со тоа го анулираше промашувањето на Лука Модриќ. Oh my ...
Во Западната конференција на НБА-лигата се создаде досега невидена ситуација. Оклахома, Минесота и Денвер по 81 натпревар имаат ист биланс – 56 победи и 25 порази. За прв пат во историјата на НБА, три екипи се во конкуренција за лидерската позиција во конференцијата на еден натпревар до крајот на регуларниот дел од сезоната. Оклахома ќе го затвори регуларниот дел од сезоната со средба со Далас, Минесота ќе игра со Феникс, а Денвер со Мемфис. ...
Месец и пол откако му беше изречена суспензија од еден натпревар, Кристијано Роналдо заработи нова суспензија. Cristiano Ronaldo podría recibir dos fecha de suspensión y una multa económica. pic.twitter.com/cktEZwp7V0 — Minuto Videos (@minutovideos) April 14, 2024 Португалецот овојпат нема да може да настапи на следните два натпревари на Ал Наср поради црвениот картон што го доби во полуфиналето од Суперкупот против Ал Хилал. Да потсетиме ...
Вечерашните реванш дуели меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, а Баерн и Арсенал ќе го комплетираат четвртфиналето од Лигата на шампионите. ПСЖ синоќа ги елиминираше Барселона и Борусија Атлетико, а првите полуфинални дуели од Лигата на шампионите оваа сезона ќе ги одиграат во Париз и Дортмунд. Вториот полуфинален меч ќе го добиеме вечерва по одигрувањето на дуелите Манчестер Сити – Реал Мадрид и Баерн – Арсенал, а интересно е што и двата дуели ...
Барселона синоќа беше поразена од ПСЖ во реваншот од четврт-финалето на Лигата на шампионите со 4:1 и беше елиминирана од натпреварувањето со вкупни 6:4. Во првиот меч Барса победи со 3:2, а за возврат поведе во 12. минута со голот на Рафиња и се чинеше дека рутински ќе се пласира во полуфиналето. Сепак, во 29. минута, напаѓачот на ПСЖ, Бредли Баркола сам тргна кон Марк-Андре Тер Штеген, а Роналд Араухо го собори одзади и судијата Иштван ...
Фудбалерите на ПСЖ и на Борусија Дортмунд обезбедија пласман во полуфиналето во Лигата на шампиони, откако вечерва во возбудливи реванш четвртфинални натпревари триумфираа над Барселона со 4-1 и над Атлетико Мадрид со 4-2 и со тоа ги анулираа поразите од 2-3 и 1-2 од првите пресметки пред една недела. ПСЖ на гостувањето во Барселона ја анулираше негативата од 3-2 од првиот натпревар во Париз и го совлада каталонскиот клуб со 4-1 со головите ...
Вечерва на програмата се два реванш натпревари од четвртфиналето на ЛШ. Барселона на домашен терен го пречекува ПСЖ, додека Борусија Дортмунд е домаќин на Атлетико Мадрид. На првиот меч во Париз видовме фантастична игра пред се на Барса, која славеше со 3:2. Секако дека вечерва уште од прва минута ПСЖ ќе мора да нападне ако сака пласман понатаму, што ќе отвори простор за брзите играчи на Барса. Ова е секако предуслов да гледаме уште една ...
Тренерот на бразилскиот женски фудбалски клуб Сантос, Клејтон Лима (49) поднесе оставка по обвинувањата за сексуално и психичко малтретирање фудбалерки. Лима го напушти Сантос во септември лани откако бразилскиот весник „Глобо Ге“ објави писма во кои 19 фудбалерки анонимно го обвинуваат за малтретирање. Тренерот, кој за цело време тврди дека е невин, се врати на клупата овој месец откако клупската истрага не најде докази за тврдењата на ...
Интер може да ја освои шампионската титула веќе во следното коло од Серија А. „Нероаѕурите“ синоќа одиграа нерешено 2:2 со Каљари и се лидери на табелата. На шест кола пред крајот на првенството избраниците на Симоне Инзаги имаат 83 бодови, додека Милан кој вчера ремизираше со Сасуоло (3:3) заостанува 14 бода. Јувентус е на 3. место со 63 бодови, на 4. место е Болоња со 59 бодови. Така, во случај на победа над Милан во следното коло, Интер ...
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е елиминиран во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло од Каспер Руд (10. АТП) со резултат 2:1 во сетови. Ѓоковиќ лошо го отвори мечот и му дозволи на Норвежанецот два брејка, а Руд го доби првиот сет во своја корист со резултат 6:4. Во вториот сет го видовме ослободувањето со потписот на Ѓоковиќ на теренот. Беше доминантен, направи два брејка и израмни во сетови на 6:1. Руд направи брејк на ...
Драма во Удине! Натпреварот меѓу Удинезе и Рома беше прекинат на 20 минути пред крајот кога 24-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Еван Ендика колабираше на теренот. Ендика претходно двапати се фати за гради, а судијата Парието веднаш реагираше и го повика лекарскиот тим да дејствува веднаш штом го виде поранешниот играч на Ајнтрахт на тревата. Дефанзивецот на Рома беше изнесен од теренот на носилки, сликите не се воопшто ...
Колку брзо се се врти во фудбалот. Манчестер Сити пред неколку дена гледаше во грбот и на Арсенал и на Ливерпул, четири дена подоцна води во шампионската трка! Сè по едно попладне што само Премиер лигата може да го испорача во моментов! Неполни три часа откако Кристал Палас го сопна Ливерпул на „Енфилд“, Астон Вила го исфрли вчерашниот лидер Арсенал во едно од дерби мечевите од 33. коло на „Емирати“ и му го отвори патот на актуелниот бранител ...
Со претепување фудбалски судија во Плевенско заврши натпревар од аматерската фудбалска лига. Главниот судија беше нападнат од публика и фудбалери во селото Брест. Во 65. минута натпреварот беше прекинат кога домаќините од Брест водеа со 2:1. „Немам објаснување за ситуацијата. Во 65. минута одиграв фаул во центарот. Фудбалер на „Брест“ помина покрај мене и ме удри во колкот. Излегов и му покажав црвен картон. Следниот момент целиот тим беше на ...
Тажната животна приказна на легендарниот кошаркар на Југопластика Михајло Мановиќ. Низ познатиот клуб Југопластика минаа тренери како Божидар Маљковиќ и Крешимир Ќосиќ, играчи како Дино Раѓа, Тони Кукоч, Душко Ивановиќ и Петер Вилфан, а премногу често се заборава Михајло Мановиќ Црвац (76). Познатиот кошаркар од Белград, кој кариерата ја започна во Раднички од Црвениот крст, мина цела деценија во Југопластица (од 1967 до 1977 година) и беше ...
Македонската женска ракометна репрезентација обезбеди пласман на Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи во декември, откако попладнево го совлада Азербејџан во Баку со 37-22 (19-12) во претпоследниот натпревар во квалификациската група 5. За избраничките на селекторот Кристијан Грчевски ова е трета победа во петтиот квалификациски дуел со која се зацврстија на второто место на кое и ќе го завршат квалификацискиот циклус доколку Литванија ...
Баер Леверкузен предводен од Чаби Алонсо го обезбеди трофејот во германското фудбалско првенство – прв во клупската историја. Избраниците на 42-годишниот тренер си го загарантираа конечното 1 место на табелата на пет недели пред крајот на сезоната во Бундеслигата, совладувајќи го денес Вердер Бремен (5:0) во 29. коло. Конкурентите на Баер ги загубија и теоретските шанси да го стигнат лидерот. Тимот на Алонсо има 16 бодови пред двата ...
Милан попладнево не успеа да забележи победа на гостувањето кај Сасуоло, со што му овозможи на Интер со евентуална победа вечерва против Каљари да се придвижи уште еден чекор поблиску до шампионската титула. Сасуоло преку Пинамонти и Лауренте за 10 минути имаше водство од 2:0. Сепак, во 21-та минута Леао намалува на 2:1. Голеадата продолжи и во вториот дел. Сасуоло со нов гол во мрежата на гостите во 53-та, повторно Лауренте. Милан се ...
Фудбалерите на Интер од Мајами забележаа победа над Спортинг Канзас Сити (3:2), а натпреварот го одбележа и еден детал во самиот финиш. Во центарот на вниманието беа Лионел Меси и неговиот телохранител Јасин Чеуку, кој мораше да истрча неколку десетици метри со полна брзина за да го заштити својот клиент. Се играше првата од деветте минути продолжение кога еден од навивачите ја прескокна оградата и истрча на теренот, со намера да му се ...
Со изведување на стартниот удар од Дарко Панчев беше означен почетокот на првиот натпревар во шутбал – фудбал со одење, во Македонија, одржан под покровителство на Клиника Жан Митрев. Новиот вид спорт беше промовиран на ревијален турнир каде учествуваа повеќе екипи со мешан машко-женски состав. Иницијативата за популаризирање на новиот спорт е поттикната од големите здравствени предности што произлегуваат од овој вид спортска активност. Токму ...
Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас е уверен во трансфер на фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе во Реал Мадрид. Тој истакна дека во шпанското првенство секогаш играат најдобрите фудбалери. – Јас сум 99,99 отсто сигурен дека Мбапе ќе биде во Реал Мадрид. Што се однесува до доаѓањето на Халанд во Шпанија во скоро време, тоа ќе биде потешко. Тој не беше во Сити доволно долго за да размислува за заминување, изјави Тебас за „Marca“. ...
Работнички го совлада Вардар, Струга одигра нерешено со Брегалница, додека Шкендија беше убедлива против Силекс на трите неделни средби од 27.коло во Првата македонска фудбалска лига. Резултати: Работнички – Вардар 2:0 Шкендија – Силекс 6:1 Струга Трим Лум – Брегалница 2:2. Одиграно вчера: АП Брера Струмица – Воска Спорт 1:0 Гостивар – Тиквеш 2:1 Шкупи – Македонија ЃП 3:1 Табела: Струга ТЛ 55 бода, Шкупи 54, Шкендија 52, Силекс 37, Тиквеш ...
Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг не ги зачува нервите по синоќешното реми 2:2 со Борнмут. Тој предвреме ја напушти прес-конференцијата по натпреварот, одбивајќи да одговори на прашањето дали „црвените ѓаволи“ ќе го забележат својот најнизок пласман од почетокот на Премиер лигата. Erik Ten Hag walks out of his press conference. 👀 👋 🎥 @BeanymanSports pic.twitter.com/Fv92Bj1JUw — Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) April 13, 2024 ...