Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром в среда ќе го игра првиот дуел од четвртфиналната пресметка со Широки во регионалната АБА 2 лига. Раководството на тимот од Аеродром одлучи на овој натпревар влезот да биде слободен. „Сино-белите“ ги повикуваат своите навивачи и воопшто љубителите на кошарката во што поголем број да дојдат на средбата и да дадат поддршка во обидот да с епобеди со што поголема разлика. – Исклучително е ...
Албанскиот фудбалер Ељсеид Хисај (30) избегнал трагедија откако успеал да излезе од своето Ферари кое целосно изгорело. Засега не се знае што се случило и што и претходело на несреќата, познато е само дека Хисај се возел во Ферари со таткото на неговата сопруга, а потоа се запалил автомобилот вреден 160.000 евра. Работата да биде уште полоша, вратата од автомобилот била блокирана и најпрвин двајцата не можеле да излезат од возилото! Според ...
Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа три средби од 27. коло. Домашните екипи забележаа победи, најтешко до бодовите стигна Брера со гол во судиското надополнување. Резултати: АП Брера Струмица – Воска Спорт 1:0 Гостивар – Тиквеш 2:1 Шкупи – Македонија ЃП 3:1 Утре се играат преостанатите три средби од ова коло: Работнички – Вардар Шкендија – Силекс Струга Трим Лум – Брегалница. Почетокот е во 15 часот. По половичното 27. ...
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот од серијата „Мастерс 1000“ во Монте Карло, победувајќи го Илијан Лоренцо Мусети со резултат 2:0 во сетови (7:5, 6:3. ). Во првиот сет Ѓоковиќ имаше конфронтација со публиката која брзо беше решена, а потоа се врати од брејк и направи пресврт за да поведе во сетовите. Во вториот сет Новак продолжи во добар ритам и му се реваншираше на Музети од кого загуби ...
Фудбалерот на Барселона Иниго Мартинез предизвика голем скандал бидејќи со приватен авион отишол на прославата на трофејот на ривалскиот клуб. 32-годишниот стопер на Барселона во минатото правеше потези кои во најмала рака се дискутабилни, но овојпат навистина претера и ја покажа својата непрофесионалност. Image: Iñigo Martinez celebrated Athletic Club's Copa del Rey win with the rest of their squad. pic.twitter.com/aaPc3ps4pD — Barça ...
Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман е главен кандидат за тренерското место во Баерн, пренесува „Билд“. Според германскиот весник, спортскиот директор на тимот од Минхен, Макс Еберл, го гледа 36-годишниот Германец како главна замена за Томас Тухел, кој ќе го напушти клубот на крајот на сезоната. Нагелсман го водеше Баерн од 2021 до 2023 година. По неговото заминување тој стана селектор на германската репрезентација. Претходно во ...
Селекторот на сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров со коментар по ждрепката за квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година. Македонија ќе игра во групата 1 против Словенија, Литванија и Естонија. „Задоволен сум од ждрепката. Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното Европско првенство. Не смееме во ниту еден случај да ги потцениме селекциите на Естонија и на Литванија. ...
Македонската репрезентација во традиционално таеквондо (МТТФ) од 15 до 22 април ќе учествува на Европското таеквондо ИТФ првенство што ќе се одржува во словенечкиот град Копер. Боите на нашата земја во Словенија ќе ја бранат шестмина натпреварувачи, и тоа актуелната европска шампионка Христијана Парулеска, Давид Крстески, европски вицешампион од 2022 година, Елена Јанеска исто европска вицешампионка од 2022 година, потоа Марио Крстески, ...
Во првиот натпревар од четвртфиналето на Конференциската лига, Фенербахче загуби со 3:2 на гостувањето кај Олимпијакос, а една од најзабележителните теми во грчкиот печат, каде што мечот беше нашироко покриен, беше Един Џеко, кој на навивачите им го покажа турското знаме на неговиот дрес. Во 34. минута од играта Џеко падна во противничкиот шеснаесетник и побара пенал, но швајцарскиот судија Сандро Шарер не реагираше. Џеко беше многу лут ...
Новак Ѓоковиќ е на добар пат да забележи победа против Италијанецот Мусети на турнирот во Монте Карло бидејќи го доби првиот сет со 7:5, а во вториот води со 3:1. Сепак, еден момент остана забележан на овој меч. Публиката го провоцираше српскиот тенисер, а тој на неверојатен начин одговори: Погледнете како: He did this in Turin He does it in Monte Carlo Djokovic beefing with 🇮🇹 crowd pic.twitter.com/KcRIyHm6M2 — Tipster TM (@tennismasterr) ...
Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Турција одлучи да го казни клубот Фенербахче поради напуштањето на играчите на тимот за време на финалето на Суперкупот на земјата на 7 април (недела). Казната е вредна 4 милиони турски лири, што е еднакво на нешто повеќе од 114 илјади евра. Постапките на гигантот беа испровоцирани поради казната што ја претрпеа двајца играчи на тимот по ексцесите на натпреварот против екипата на Трабзонспор, ...
Светскиот рекет број еден Ига Швјонтек ја пофали Русинката Екатерина Александрова од која вчера загуби во четвртото коло на ВТА 1000 турнирот во Мајами. Александрова победи со 2:0, по сетови 6:4 и 6:2. – Се разбира, разочарана сум бидејќи мислев дека ќе играм подобро овде во Мајами. Но, таа одигра неверојатен натпревар и секако ја заслужи победата. Тешко ми беше да го прифатам нејзиниот стил. Бев малку напната кога не можев добро да го ...
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал поради проблеми со грбот ќе отсуствува околу шест недели, пренесува денеска весникот Диарио Спорт. Според изворот, голема е веројатноста Надал да ги пропушти турнирите во Монте Карло, Барселона и Мадрид. Оваа сезона, 37-годишниот Шпанец настапи на турнирот во Бризбејн, каде во четвртфиналето загуби одавстралискиот тенисер Џордан Томпсон. Надал притоа го повреди колкот поради што го пропушти Австралија Опен и се ...
Крис Мидлтон беше погоден во уста на средината на втората четвртина и ја напушти играта во поразот на Милвоки Бакс од Њујорк Никс со 109-122. Мидлтон падна на подот откако њујорчанецот Донте ДиВинченцо ненамерно го удри со тупаница по лицето. Додека Мидлтон лежеше на стомак, центарот на Никс, Исаја Хартенштајн слета на грбот на напаѓачот на Бакс. Мидлтон се упати кон соблекувалната со крв што му течеше од устата. Подоцна во текот на ...
Рома славеше како гостин против Милан со 0:1 во првиот четвртфинален меч помеѓу овие две екипи во ЛЕ. Единствениот гол го постигна Манчини во 17-та минута. Милан беше подобар на теренот, имаше повеќе шанси, Жиру погоди пречка, но сепак „Росонерите“ загубија. Рома одигра стабилно и зрело и очигледно е дека Де Роси го подигнал нивото на играта на тимот по отказот на Мурињо. Ова е прва победа на Рома на гостување кај Милан од 2017-та година. ...
Ждрепката за квалификациите за ЕП во ракомет 2026 година беше прекината, а потоа повторена поради репрезентациите на Србија и Косово. Причина за прекинот на ждрепката и новото извлекување е тоа што двете земји се најдоа во иста група. Бидејќи е утврдено, според правилата, дека Србија и Косово не можат да играат меѓусебно, ждрепката беше повторена. „Орлите“ беа сместени во групата четири, со Летонија, Италија и Шпанија, но дури откако се ...
Италијанскиот тим Аталанта се враќа со голема, би рекле огромна победа од гостувањето кај Ливерпул во четвртфиналето во ЛЕ откако славеа со убедливи 3:0. Резултатот секако е шокирачки бидејќи Ливерпул важеше за голем фаворит. Скамака два пати и еднаш Пашалиќ погодија за победа на Аталанта. Знаејќи го Ливерпул се уште ништо не е готово иако е голема предноста на Аталанта, но англискиот тим навистина ќе има супер тешка задача на реваншот ...
Бразилскиот суд ја укина казната од околу три милиони долари изречена на фудбалската ѕвезда Нејмар за изградба на вештачко езеро на неговиот имот на 130 километри од Рио без дозвола. Пресудата, која во која имал увид Франс прес, во понеделникот ја донесе судијката Адријана Рамос де Мело, која го цитираше извештајот на државната агенција за заштита на животната средина ИНЕА, во која се наведува дека за проектот не е потребна еколошка дозвола. ...
Многу европски медиуми објавија дека Рубен Аморим постигнал вербален договор со Ливерпул и дека следната сезона ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на „црвените“. Сепак, според португалскиот тренер, тоа не е точно. Германецот на крајот од сезоната сигурно ќе го напушти Ливерпул, а раководството на клубот од „Енфилд“ бара негова замена. Откако Чаби Алонсо објави дека останува во Баер од Леверкузен, англискиот клуб го насочи вниманието кон ...
Интер ја анализира ситуацијата околу нивниот напаѓач Маркус Турам и е подготвен да му одреди цена од 80 милиони евра, тврдат италијанските медиуми. Причина за ова е силната сезона на офанзивниот фудбалер, што стана причина поради која го привлече вниманието на Пари Сен Жермен. Парижаните речиси сигурно ќе ја загубат својата голема ѕвезда Килијан Мбапе и ќе сакаат да го заменат со друг играч на високо ниво. Турам одлично се вклопува во новата ...
Многу фудбалери по завршувањето на играчките денови се посветија на покерот, а меѓу оние кои имаат најмногу успех на стартот на новата кариера е легендарниот аргентински напаѓач Серхио Агуеро. Иконата на англиската Премиер лига последната година ја минува на покер масата и ако треба да веруваме во она што го пружи на почетокот на кариерата, го очекуваат големи работи, како кога беше „жежок и запален“ во дресот на Манчестер Сити. SERGIO AGUERO ...
Барселона синоќа го победи ПСЖ во Париз во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите со резултат 3:2, а голема заслуга за овој успех има тренерот на Каталонците, Чави. Првото полувреме беше одлично за Барселона, која тактички одигра зрело. Таа ги неутрализираше нападите на ПСЖ, а на крајот ги искористи своите шанси со голот на Рафиња. Сепак, за само шест минути игра во продолжението на мечот, ПСЖ направи голем пресврт со ...
Младиот шпански стручњак Чаби Алонсо конечно проговори за одбивањето на понудите од Ливерпул и Баерн Минхен и ги објасни своите причини. Чаби Алонсо сезонава ги руши сите рекорди со Леверкузен и е на прагот на првата шампионска титула во историјата. Сепак, иако се очекуваше да го напушти клубот по историскиот успех, тој реши да остане барем уште една сезона во клубот. Понуди за најбараниот тренер на денешницата пристигнаа од сите страни, а ...
Тото Волф, првиот човек на Мерцедес, проговори за потенцијална замена за Луис Хамилтон, кој од следната сезона ќе вози за Ферари. Австрискиот милионер истакнува дека многу ќе зависи од односот на актуелниот светски шампион Макс Верстапен со Ред Бул. „Прво, да видиме што сака Макс и дали ќе остане во Ред Бул. Тој секако е прв на листата на желби“, изјави Волф. Доколку Верстапен остане во австрискиот тим, Волф размислува за три опции. „Има ...
Петте клучни играчи на Баерн Минхен ги продолжија тренинзите пред четвртфиналето на Лигата на шампионите кај Арсенал. На денешниот тренинг учествуваа Мануел Нојер, Нусаир Мазрауи, Александар Павловиќ, Лерој Сане и Кингсли Коман. Капитенот Нојер заработи повреда на левиот адуктор за време на репрезентативната пауза. Тој ги пропушти последните два натпревари на Баерн на чело на Свен Улрајх. Мазраови, Павловиќ, Сане и Коман не играа во поразот ...
Фудбалерот на Арсенал, Олександр Зинченко е еден од најгласните критичари на војната во Украина. Тој беше еден од првите што ја осуди руската инвазија и застана на страната на претседателот Володимир Зеленски, чиј гостин беше во неколку наврати, а неодамна предизвика бура во интервју за Би-Би-Си кога рече дека „ќе оди во војна ако треба. „Мислам дека одговорот е јасен. Би одел во војна. Би одговорил. Тешко е да се разбере дека не толку одамна ...
Според „Марка“, организацијата „Ал Азаим“ објави графика на која се претставени Емиратите, Паркот на принцовите, Цивитас Метрополитано и Сантијаго Бернабеу. Во вторник од 21 часот се играат првите натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и Баерн Минхен или Реал Мадрид и Манчестер Сити. View this post on Instagram A post shared by Real Madrid C.F. (@realmadrid) Пред овие натпревари, состојбата на подготвеност беше ...
Поранешниот младински фудбалски репрезентативец на Јужна Африка, Лук Флерс е смртно застрелан од вооружени напаѓачи при грабеж на бензинска пумпа во Јоханесбург, соопшти денеска локалната полиција. Флерс (24), кој минатата есен потпиша договор на две сезони со најпопуларниот јужноафрикански клуб, Кајзер Чифс, бил застрелан во градите од вооружени напаѓачи кои потоа му го украле автомобилот. „Додека чекаше да биде послужен на бензинска пумпа, ...
Напаѓачот на Рома, Ромелу Лукаку би сакал да остане во тимот од Рим, а и управата на клубот сака да го задржи, но за оваа цел мора да се исполнат два услови за да се постигне договор со Челзи, прогнозира италијанскиот весник Газета дело спорт. 30-годишниот белгиски напаѓач постигна само три гола на натпреварите во Серија А и Лига Европа откако се пресели во Рома, но и покрај падот во формата, Лукаку сè уште сака да докаже дека го заслужува ...
Лука Дончиќ е во конкуренција за најголемиот договор во историјата на НБА. Суперѕвездата на Далас ќе има право да потпише петгодишен супермаксимален договор вреден 346 милиони долари во 2025 година. Ова ќе биде најголемиот договор во историјата на НБА. Дончиќ во тековната регуларна сезона ги одигра потребните 65 натпревари, што му дава право да биде прогласен за МВП и да биде вклучен во првата петорка. Откако ќе влезе во една од првите пет, ...