Вардар 1961 го доби големото скопско дерби против Алкалоид со 34-28 (полувреме 17-17) и на најдобар можен начин го заокружи првиот дел од сезоната во македонската Суперлига. Со оваа победа, тимот на Иван Чупиќ го задржа перфектниот скор со 11 победи од 11 натпревари и остана единствениот непоразен тим во шампионатот. Избраниците на Кире Лазаров го доживеаја својот прв пораз сезонава. Тежок прв дел, пресврт преку Гогов и одбрана Дербито во СЦ ...

Ракометот е повеќе од спорт во Македонија – тоа е нашиот национален идентитет. Сега, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ви нуди шанса буквално да го „нацртате“ тој дух. Федерацијата објави Јавен конкурс за избор на официјална маскота. Се бара симбол што ќе ги претставува „нашиот ракометен дух, тимска енергија и национален идентитет“ на сите домашни и меѓународни натпревари. Кој може да се пријави? Буквално секој! Од ученици и ...

Ракометарите на Вардар 1961 го доживеаја првиот европски пораз оваа сезона, и тоа на најболниот можен начин. Во вистинска трилер-драма во Шведска, „црвено-црните“ загубија од Кристијанштад со 32-31, откако имаа напад за победа, промашија чиста шанса, и беа казнети буквално во последниот момент. Избраниците на Иван Чупиќ можат само да жалат, бидејќи одиграа бледо прво полувреме полно со технички грешки, што им овозможи на домаќините да водат ...

Сојузот на спортови на Скопје денеска во СЦ „Јане Сандански“ ги додели традиционалните награди „13 Ноември“, со кои им се оддава признание на најдобрите спортисти, тренери и спортски работници кои ја обележаа изминатата година во главниот град. Ова беше 55-то јубилејно издание на манифестацијата (која има традиција од 1970 година), а беа доделени вкупно 10 награди. Подвигот на Ла Манш му ја донесе титулата на Поп Ацев Главната награда, ...

Градот под Самоиловата тврдина вечерва „гореше“! Ракометарите на ГРК Охрид одиграа маестрално и со 28-24 го совладаа тимот на Кирил Лазаров, покажувајќи дека оваа сезона се борат за врвот! Од првиот свиреж се виде дека „рибарите“ имаат поинаква енергија, брзи во транзицијата, цврсти во одбраната и немилосрдни во нападот. Тилен Стрмљан беше во вистинско „огнено“ расположение со 11 погодоци, а Анте Иванковиќ го следеше со седум, додека ...

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во „мечот на неделата“ на ЕХФ, предводен од „делиричната“ публика во Битола, го сруши унгарскиот гигант ПИК Сегед во епска драма со 25-24. Ова е втора, ОГРОМНА победа за „зелените“ во Лигата на Шампионите оваа сезона, со која сега имаат 4 бода и се на чекор да ги стигнат тимовите кои водат во осминафиналето. Херој на мечот беше Богдан Радивојевиќ, кој погоди пенал во самиот финиш за триумф кој долго ќе ...

Чикаго Булс 113–111 Филаделфија 76ерс Никола Вучевиќ беше херој на вечерта во Чикаго. Со тројка од агол на само 3,2 секунди до крајот, му донесе неверојатна победа на Булс против Филаделфија. Домаќините се вратија од минус 24 поени, за да ја запишат најдраматичната победа досега оваа сезона. Џош Гиди беше феноменален со 29 поени, 15 скока и 12 асистенции, што е и негов втор последователен трипл-дабл и првпат некој играч на Чикаго да го ...

Понеделникот вечер во Портланд требаше да биде кошмар. Студено, дождливо, и со тим кој пристигна во градот во три по полноќ. Лос Анџелес Лејкерс влегоа во салата уморни, без повеќе од 70 поени по натпревар од клупата. Леброн Џејмс остана во ЛА, Лука Дончиќ и Остин Ривс беа надвор од тимот поради повреди. Се чинеше дека немаат шанси. Против една од најсилните дефанзиви во лигата, многумина не веруваа дека воопшто ќе успеат да ја пренесат ...

Средата во НБА донесе апсолутен спектакл. Имавме сè – „монструозни“ индивидуални партии од Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, Расел Вестбрук потсети на МВП деновите, а шампионот Оклахома го доживеа првиот пораз по неверојатен кам-бек! Издвоивме четири натпревари кои ја одбележаа ноќта. (Видео) Лејкерс 118-116 Сан Антонио Каква драма во Лос Анџелес! Лука Дончиќ беше апсолутно насекаде и со монструозен настап од 35 поени, 13 асистенции, 9 скока и 5 ...

Само еден НБА натпревар беше на програмата изминатата ноќ, но беше доволен за да го видиме она што Феникс го чекаше – Џејлен Грин конечно дебитираше во дресот на „Сонцата“. Феникс Санс славеа со 115-102 против ослабените Лос Анџелес Клиперс, кои беа без услугите на Џејмс Харден (лични причини) и Каваи Ленард (повреда на скочниот зглоб). Џејлен Грин, кој ги пропушти првите осум меча поради повреда, веднаш покажа зошто е доведен. За 23 минути ...

Никола Јокиќ не мораше ни да го одигра последниот период, толку убедлив беше Денвер. Со 26 поени, девет скокови и девет асистенции, српскиот центар го предводеше шампионот до победа од 129–104 против Голден Стејт, продолжувајќи ја својата неверојатна серија на почетокот на сезоната. Јокиќ веќе има пет трипл-дабл учиноци, а против Вориорс буквално диригираше со секоја акција. „Џокерот“ повторно изгледаше како човек што ја чита играта неколку ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје покажаа зошто се актуелни шампиони. Во големото дерби на 6. коло, „штрковите“ славеа на најжешкиот терен во лигата, во Битола, против Пелистер со 67-72 и му го нанесоа првиот сезонски пораз (5-1) на тимот што досега беше перфектен. Натпреварот беше вистинско дерби – тврд, нервозен и израмнет во првиот дел, по кој домаќинот водеше со 32-29. Но, МЗТ го „стегна обрачот“ во продолжението. Во последната четвртина, ...

Никола Јокиќ повторно доминираше на паркетот со 32 поени, 14 скока и 14 асистенции, со што ја предводеше својата екипа до победа од 117-100 против Индијана, запишувајќи го шесттиот трипл-дабл оваа сезона. Иако имаше осум загубени топки, перформансот на Србинот беше премногу за Пејсерс, кои не успеаја да најдат одговор за неговата креативност и прецизност во рекетот. „Џокер“ повторно докажа дека е срцето и мозокот на шампионите, дури и без ...

Светот на кошарката тагува. Лени Вилкенс, една од најголемите фигури во историјата на НБА, почина на 88-годишна возраст, потврди лигата во неделата. Името на Вилкенс е впишано во историјата со златни букви. Тој е деветкратен Ол-Стар, еден од најдобрите плејмејкери и дефанзивци на своето време и еден од најуспешните тренери во историјата на НБА. Играч, тренер, ментор… човек кој ги живееше сите улоги во НБА Во својата 15-годишна играчка ...

Хјустон го надмудри Милвоки, Њујорк доминираше во дербито на Големото Јаболко, а Оклахома и понатаму личи како шампион што не заборава да победи. Дјурант го запали Хјустон Кевин Дјурант одигра како во најдобрите денови и со 31 поен, 7 асистенции и клучен кош на минута и пол до крај, беше пресуден за триумфот на Хјустон Рокетс над Милвоки Бакс (122–115). „Ракетите“ се вратија по поразот од Сан Антонио и запишаа шестта победа во последните ...

Лука Дончиќ уште еднаш беше главниот лик во Холивуд. Со 38 поени, 5 тројки и неколку додавања за антологија, словенечкото чудо ги предводеше ЛА Лејкерс до нова победа од 121:111 над Шарлот Хорнетс, за шестти триумф во последните седум натпревари. Домашната публика можеше само да му аплаудира на Дончиќ, кој повторно изгледаше како да игра на своја сцена. Леташе низ рекетот, делеше додавања без да гледа, а во четвртата четвртина, кога мечот ...

Девет месеци по шокантната размена која ја потресе НБА, Нико Харисон е отпуштен од местото генерален менаџер на Далас Маверикс. Човекот кој ја презеде одговорноста за трансферот на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс повеќе не е дел од клубот од Тексас, потврдија американските медиуми. Одлуката ја потпишал сопственикот Патрик Думонт, откако Маверикси влегоа во катастрофален старт на сезоната со само три победи во првите 11 натпревари и пад на ...

Никола Јокиќ уште еднаш потсети зошто е најкомплетниот играч на планетата. Српскиот мајстор постигна 35 поени со неверојатна прецизност (16/19 од игра), додаде 14 скока и 7 асистенции, водејќи ги Денвер Нагетс до победа од 122-108 над очајните Сакраменто Кингс. Даг Кристи можеби се обиде да ја запали искрата кај своите играчи со пораки против „хејтерите“ пред натпреварот, но пламенот траеше кратко, затоа што Јокиќ го изгаси со класична МВП ...

Дали конечно ќе имаме All-Star викенд за кој вреди да се губи сон и да се гледа во доцните утрински часови? После децении „губење време“ гледајќи ги најголемите NBA ѕвезди како имаат „полесен тренинг“ на теренот, без одбрана, без жар и без никаков резултатски императив, Адам Силвер реши да го повлече најрадикалниот потег досега. Вистинските и повозрасните NBA фанови, со насолзени очи и носталгија раскажуваат за времето на 90-тите. Времето ...

Каква ноќ во најсилната кошаркарска лига! Додека Оклахома покажува зошто е најдобра екипа во моментов, Никола Јокиќ и Стеф Кари приредија индивидуални мастеркласи кои долго ќе се паметат. Шоу на Јокиќ во Л.А.: 55 поени за шеста победа по ред! Никола Јокиќ едноставно си играше кошарка со Клиперси. Српскиот центар постигна неверојатни 55 поени (изедначувајќи го рекордот на сезоната), додаде 12 скока и шутираше фантастични 18/23 од игра во ...

Тој е веројатно најдобриот голман во историјата на македонскиот фудбал, човекот што нè однесе на Европско првенство и што ги брани боите на Валенсија во Ла Лига. Но, во најновото издание на „Лазаров поткаст“, Столе Димитриевски се покажа во светло во какво што ретко го гледаме – брутално искрен, опуштен и полн со неверојатни анегдоти. Од препирките со Винисиус Жуниор и документарецот на „Нетфликс“, преку пропаднатиот сон за Барселона, па сè ...

Македонската фудбалска репрезентација во четврток (13 ноември) ќе го одигра последниот домашен натпревар оваа година, а Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реши да го претвори овој дуел во вистински празник на фудбалот – влезот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде слободен за сите навивачи! Нашите „црвено-жолти“ ќе излезат на терен во 18:00 часот за контролен натпревар против Летонија, во кој селекторот Благоја Милевски ќе има ...

Жоан Лапорта и Барселона конечно научија лекција. По трауматичните искуства со Гави и Педри, клубот од Каталонија овојпат одлучи да не ризикува со својот најголем дијамант, Ламин Јамал. Во потег што предизвика бес во Шпанската фудбалска федерација (RFEF), Барселона буквално „во последна секунда“ го подложила 17-годишниот Јамал на медицинска процедура, со што го оневозможила неговиот настап за Шпанија. RFEF во официјално соопштение го изрази ...

По отказот на Иван Јуриќ, кој издржа само 15 натпревари на клупата, Аталанта реагираше експресно. Новиот стратег на тимот од Бергамо е Рафаеле Паладино! Официјалната потврда пристигна денеска. 41-годишниот тренер потпиша договор до јуни 2027 година. Паладино доаѓа во Бергамо со одлично реноме. Тој направи чудо со Монца, а минатата сезона ја предводеше Фиорентина до шестото место во Серија А и до полуфиналето на Конференциската лига. Сега, ...

Статистиката е како бикини, покажува многу, но покрива сè. Меѓутоа, кога бројките се толку брутално доминантни, тие престануваат да бидат само статистика и стануваат факт кој не може да се игнорира. Денеска, платформата „Sofascore“ ја објави листата на највисоко оценети играчи во Топ 5 лигите во светот. На врвот е Хари Кејн (8.17), следен од Ерлинг Халанд (8.01) и Килијан Мбапе (7.98). Но, ако ги прошириме параметрите и погледнеме што прави ...

Роналдо Назарио, познат како „Феноменот“ и еден од најефективните напаѓачи на сите времиња, конечно се огласи за да ги прокоментира контроверзните изјави на својот португалски имењак, Кристијано Роналдо. Бразилската икона покажа голема почит кон импресивната кариера на Кристијано (пет „Златни топки“ и пет трофеи од Лигата на шампионите), и го вброи меѓу најголемите. Сепак, јасно стави до знаење дека не се согласува со тврдењето на Кристијано ...

Пред неколку дена ви напишавме за пристигнувањето на Виљареал Мастерс Академијата во Македонија, нешто што е голем чекор за напредокот на младинскиот фудбал, но и за спортот воопшто. Лесно е оваа вест да се прескокне како „уште една школа за фудбал“. Но, тоа би била огромна грешка. Ова не е само уште една академија, ова е пристигнување на цела филозофија. Ова е доаѓањето на еден од најпаметните, најиновативните и најдобро водените фудбалски ...

Утре, од 18:00 часот, Националната Арена „Тодор Проески“ ќе биде домаќин на последниот домашен натпревар на македонската фудбалска репрезентација за оваа година. Во Скопје гостува Летонија, во дуел кој е многу повеќе од обичен пријателски меч, ова е генерална проба пред „финалето“ во Кардиф. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реши да ги отвори вратите ширум, влезот е БЕСПЛАТЕН за сите навивачи, како благодарност за поддршката низ ...

Турскиот фудбал се соочува со егзистенцијална криза. Она што започна како сомнеж, прерасна во лавина која се заканува да го потрупа интегритетот на најпопуларниот спорт во земјата. Во понеделникот, Турската фудбалска федерација (ТФФ) објави шокантна бројка: 1.024 фудбалери се суспендирани поради поврзаност со обложување. Ова доаѓа само неколку недели откако беа суспендирани и 149 судии од истата причина. Претседателот на ТФФ, Ибрахим ...

Уганда влезе во нова ера на спортската инфраструктура. Новиот Хоима Сити стадион, со капацитет од 20.000 гледачи и вредност од 129 милиони долари, доби совршенa оценка од 5 ѕвезди, за целосно исполнување на стандардите на ФИФА и КАФ. Овој современ фудбалски храм, изграден специјално за потребите на AFCON 2027, го чекаше само официјалното одобрение од инспекциските делегации на двете фудбалски организации, пред да биде предаден на владата на ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
87%
1018
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
3.13
72%
1015
weather icon

Загреб

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
83%
1015
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1018
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
0.96
83%
1016
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
78%
1016
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
3.13
51%
1018
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
67%
1017
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
77%
1017
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
73%
1015
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
87%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
72%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.8755

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Платина

66744.95

Сребро

2534.46

Родиум

319899.93

Паладиум

49351.40

Рутениум

51376.89

Калај

52.70

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Бакар

12.46

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.53

Злато

152465.86