Легендарниот англиски напаѓач, Питер Крауч, беше специјален гостин на НФЛ натпреварот во Лондон, каде што на полувремето доби една едноставна задача: да постигне гол од поле (филд-гол). Човекот кој постигна над 100 гола во Премиер лигата, излезе на теренот, се намести и… спектакуларно промаши. Изговорите: Од “бучавата” до “шпиц-чевлите” Она што следуваше беше уште посмешно. Коментаторот на настанот се обиде да го оправда, велејќи дека ...

Словенечкиот алпинист Домен Шкофич постави нова граница во историјата на спортското искачување. Тој ја искачи првата рута во светот на крилјата на едрилица, на надморска височина од 2.500 метри и со брзина од 100 километри на час! Под крилјата на австрискиот “Red Bull Blanix” тим, високо над облаците над австрискиот град Ајген, Шкофич се соочи со предизвик кој ги надминува сите закони на гравитацијата. Облечен во појас, со падобран на грбот и ...

Фудбалскиот свет вчера беше сведок на уште една бајка, на уште еден доказ дека во фудбалот, историјата и традицијата не значат ништо кога срцето е на теренот. Данди, тим кој на почетокот на денот беше израмнет по бодови со последнопласираниот, го направи невозможното, на домашен терен го победи големиот Селтик со 2:0, за прва победа над “зелено-белите” по неверојатни 37 години! Натпреварот, кој започна со протест на навивачите на Селтик кои ...

“SEGA” и “Sports Interactive” потпишаа повеќегодишен договор со светската фудбалска федерација ФИФА, со што Светското првенство, Светското првенство за жени и Клупското светско првенство ќе станат дел од претстојната менаџерска симулација “Football Manager 2026”. Во играта ќе бидат вклучени сите натпреварувања со официјални дресови, визуелен идентитет и ТВ-графика идентична со вистинските турнири. Ова претставува првата соработка помеѓу ФИФА ...

За време на гостувањето во емисијата “(Не)успех на шампионите” кај Славен Билиќ, најтрофејната хрватска скијачка, Јаница Костелиќ, ја откри досега нечуената тајна за своето повлекување од професионалното скијање. Одлуката ја донела сама, без знаење на најблиските. Легендарната Јаница Костелиќ, која со своите спортски успеси се запиша во историјата, ја шокираше јавноста со своето признание кај Славен Билиќ. Иако нејзиното пензионирање во 2007 ...

Младата репрезентација на Македонија до 16 години го одигра вториот контролен меч против репрезентацијата на Црна Гора, а откако во првиот меч победија со 3:0, втората победа денес во Охрид беше уште поубедлива. Македонските млади надежи успеаја да дојдат до победа од 5:0, а дури четири погодоци беа дело на Медин Емини. Првиот погодок го постигна уште во 22-та минута, по асистенција од Адеми, а на пет минути пред крајот на полувремето ...

Полека, но сигурно, стигнавме до втората половина од нашиот серијал за “Историјата на сите клубови од Премиер лигата”, а овој пат приказната ја продолжуваме со онаа на Лидс Јунајтед. Фениксот на англискиот фудбал: Од скандали и пропаѓање до раѓање на нов обединет клуб Во градот Лидс, крајот на 19-от век бил обележан со љубовта кон рагбито, а не фудбалот. Иако спортот со топка веќе цветал во соседниот Шефилд, обидите да се создаде фудбалска ...

Ливерпул, клубот кој со генерации го обликува англискиот фудбал и чие име денес е симбол на страст, историја и успех, настанал од една кавга за кирија. Парадоксално, најтрофејниот и најромантизираниот клуб во Англија не бил роден од спортска визија или голема амбиција, туку од обично финансиско несогласување. Во доцните 1880-ти, Евертон бил еден од основачите на англиската лига и играл на стадионот Енфилд. Газдата на тој терен бил Џон ...

Дукати и официјално потврди дека Марк Маркез ќе го пропушти остатокот од МотоГП сезоната 2025. Причината е повреда на рамото здобиена на трката во Индонезија, која бара подолго опоравување, од што првично се претпоставуваше. Одлуката е донесена во Мадрид по дополнителните прегледи, при што медицинскиот тим потврди дека враќањето на патеките пред крајот на годината не е можно. Иако неговото закрепнување е во добар тек, Маркез мора да го ...

Јаник Синер втора година по ред го освојува ревијалниот турнир во Ријад, каде примарната мотивација за тенисерите е огромната парична награда, која е најмалку два пати поголема од било кој Гренд Слем турнир. Тој во финалето го совлада својот најголем ривал Карлос Алкараз со 6-2, 6-4 во сетови, со што ја освои победничката премија од 4,5 милиони долари. Овој турнир не влегува во официјалната статистика за дуелите меѓу нив, но секако на Синер ...

Шегата на страна, додека сите денес зборуваат за излезноста на изборите, ние сакавме да зборуваме за “влезноста” на нашата Спортска Станица. Откако две години интензивно се подготвувавме, ова лето излеговме во етерот на спортските новости, сосема скромно без големи очекувања. Она што особено нè радува е што “влезноста” оттогаш на нашата страна надмина 1 милион прегледи и над 2 милиони интеракции, нешто што и самите нам нè изненади, но и ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ после настапот на турнирот во Шангај, каде изгуби во полуфиналето од сензацијата Вашеро, изјави дека не планира во блиска иднина да се пензионира, но сепак сè почесто откажува настапи на Мастерс турнирите со цел да ја зачува својата форма. Сега Новак го откажа и настапот во Париз, каде досега ја има освоено титулата дури седум пати. “Драг Париз, за жал нема да можам да се натпреварувам оваа година. Таму имам ...

Новак Ѓоковиќ престојуваше во Саудиска Арабија, каде играше на ревијалниот турнир “Слемот на шестте кралеви”, во рамките на сезоната на Ријад, настан кој служи за промоција на спортот и зголемување на туризмот во земјата. Па, додека беше таму тој се сретна со веќе “одомаќинетиот” фудбалер Кристијано Роналдо, кој веќе две години игра за саудискиот фудбалски клуб Ал-Наср. За време на ревијалниот турнир, Новак во едно интервју изјави дека токму ...

Еден од поатрактивните Мастерс 1000 турнири на затворени терени е оној во Париз, а тенисерите се подготвуваат полека за финиширање на сезоната. Ролекс Париз Мастерс турнирот традиционално се одржува во Нантере, западно преградие на “Градот на светлината”. Оваа година скоро сите големи имиња во тенисот ќе учествуваат во официјалното натпреварување, а неодамна само Новак Ѓоковиќ го откажа настапот на турнирот поради рехабилитација. Од турнирот ...

Светскиот рекет број еден, Карлос Алкараз, пред настапот на турнирот во Париз, зборуваше со новинарите за новите терени и разликата во однос на минатата година. “Скроз е поразлично од претходната година. Теренот е многу поспор, но мене ми се допаѓа што е така. Можеме да видиме вистински тенис, со долга игра. Не само сервиси и кратки поени”, изјави тој. На прашањето дали лично нему повеќе би му одговарале ваквите терени, тој рече: “За мене, ...

Младиот бразилски тенисер, кој има само 19 години, стигна до својот прв трофеј на Мастерс 500 турнир, откако вчера на турнирот во Швајцарија го совлада Шпанецот Алехандро Давидовиќ со 6-3, 6-4 во сетови. Овој резултат го вивна младиот тенисер на АТП листата, каде стигна до својот најдобар пласман на 28-то место, откако пред овој турнир беше рангиран на 46-та позиција. Тој исто така стана и најдобриот бразилски тенисер во моментов, со што го ...

Светскиот тенисер број еден, Карлос Алкараз, доживеа пораз на Мастерс турниот во Париз, што за него е прв пораз што не е во финале уште од март. Шпанецот се бореше за влез во осминафиналето со Камерон Нори, но иако го доби првиот сет, сепак на крајот изгуби со 4-6, 6-3, 6-4 во сетови. Британецот пак, кој изгуби во првата рунда од квалификациите минатата година, сега го доби првиот меч против светски рекет број еден. Алкараз кој претходно во ...

Двајцата тенисери кои направија сензација стигнувајќи до финалето на Мастерс турнирот во Шангај, тогаш ги освоија симпатиите на спортската јавност со својата искрена радост и меѓусебна почит. Тогаш тоа беше прво финале и за двајцата братучеди, а сега во Париз тие ќе се сретнат многу порано. Откако Артур Риндеркнеч вчера го совлада Мароцан во првото коло во тежок меч кој заврши со 7(7)-6(5), 7(7)-6(4) во сетови, тој ја помина првата рунда на ...

Возбудлив ден на “Ролекс Париз Мастерс”. Валентин Вашеро ја продолжи својата фантастична форма од Шангај и по речиси три часа игра го совлада својот братучед и финалист од истиот турнир, Артур Риндеркнеч, со 7-6(9), 6-3, 6-4. Во следното коло, Вашеро ќе се соочи со Камерон Нори, кој приреди големо изненадување со триумфот над првиот носител Карлос Алкарас. Шпанецот до сега беше финалист на секој турнир од Мастерсот во Монте Карло па наваму. ...

Второпласираниот тенисер на АТП листата, Јаник Синер, започна убедливо на Мастерс турнирот во Париз, со 6-4, 6-2 триумф над Зизу Бергс, продолжувајќи ја својата серија од 22 победи на турнирско ниво на затворени тврди терени. Ова доаѓа само четири дена по освојувањето на титулата од АТП 500 во Виена, потврдувајќи ја одличната форма на Италијанецот. Синер доминираше од самиот старт, освојувајќи го првиот гем на сервисот на Бергс и ...

Валентин Вашеро продолжува да ја живее својата тениска бајка, победувајќи во десетти последователен меч на Мастерс турнирите, ако не ги земеме во предвид квалификациите со кои се пласираше на турнирот во Шангај. Тој денес на Ролекс Мастерс турнирот во Париз го совлада Камерон Нори во меч кој уште еднаш покажа свежина на теренот и внимание кое за момент не е насочено кон врвот на АТП листата, туку на тенисери кои испишуваат нови сензации во ...

Откако моменталниот носител на првата позиција на АТП ранг листата, Карлос Алкараз, испадна од Мастерс турнирот во Париз уште на првиот настап, се отвори можност за Јаник Синер да си ја врати повторно позицијата на врвот. Турнирот во Париз е последен од АТП Мастерс турнирите за сезоната, па иако сите очекуваа Алкараз со сигурност да ја заврши годината на првото место, сега работите не изгледаат толку едноставни. Италијанецот вечерва во ...

Вардар се враќа од Франција со нова победа и полн плен. Македонскиот шампион го совлада Тулуз со 28-26 и ја потврди својата европска амбиција со втор триумф во групната фаза од Лигата на Европа. “Црвено-црните” одиграа блескави први 30 минути во кои одбраната беше извонредна, нападот прецизен, а домашниот тренер беше принуден двапати да бара тајмаут уште пред паузата. Вардар поведе со 6-1 уште во стартот, во 20-та минута беше 12-6, а на ...

Матијас Гидсел, ракометната сензација која се појави на Светското првенство во 2021 година, денес е неприкосновен крал на теренот. амислете вакво нешто: некој да биде најдобар играч и стрелец на Олимписки игри, на Светско првенство, да го освои германското првенство како МВП, па дури и да игра финале во Лигата на шампионите, сѐ тоа во иста година! Гидсел го направи невозможното, надминувајќи ги и легендите како Балиќ, Карабатиќ и Хансен. Тој ...

Еурофарм Пелистер не успеа да приреди изненадување во Германија. Европскиот шампион Магдебург го потврди статусот на најмоќен тим во групата и славеше со 36–26 (19–13) во рамките на шесттото коло од Лигата на шампионите. Македонскиот првак одлично го отвори натпреварот и првите дваесет минути храбро парираше, но германската “машина” потоа ја притисна гаста и безмилосно ја казни секоја грешка. Капитенот Филип Кузмановски повторно беше најдобар ...

Актуелниот освојувач на Германскиот Куп, ТХВ Кил, ја официјализираше најважната одлука за својата блиска иднина. Главниот тренер Филип Јиха и раководството на „Зебрите“ постигнаа договор за продолжување на соработката, со што договорот на чешкиот стратег е пролонгиран за уште две години, односно до летото 2028 година. Оваа одлука претставува јасен сигнал дека клубот е целосно посветен на визијата за враќање на апсолутниот врв на европскиот ...

Ракометниот великан Никола Карабатиќ (3x олимписки, 4x светски и 4x европски шампион) ги изненади фановите со објавувањето на својата автобиографија “Мојата најубава победа” (Ma plus belle victoire). Наместо само да ги слави епските титули, книгата открива шокантен пад и лична битка која се покажа како негов најголем триумф. Францускиот ас, кој отсекогаш бил синоним за моќ и непоколеблива волја, ги надминал безбројните повреди, но се соочил ...

Само четири дена откако јавноста со воодушевување ја поздрави веста за неговото враќање во националниот тим по две години пауза, искусниот Дејан Манасков ја шокираше Македонија. Со отворено писмо до јавноста, крилото на Еурофарм Пелистер објави дека нема да се појави на претстојниот собир и нема да настапува за репрезентацијата. Како причина, Манасков не наведе ниту повреда, ниту приватни обврски, туку директно посочи дека неговата одлука е ...

Вардар ја задржа перфектната серија во Суперлигата и по 9-то коло, откако со 36-30 го совлада тврд Бутел, во меч што беше далеку потежок отколку што покажува резултатот. “Црвено-црните” настапија без неколку клучни играчи (Кавада, Пинто, Горига, Лазаревски, Кеита и Стаменковиќ) што се почувствува на теренот, особено во првото полувреме кога гостите не само што израмнуваа, туку имаа и шанса да поведат. На пауза Вардар замина со тесна предност ...

Спортска Станица упатува повик до сите спортски фанови во Куманово и околината! На 1 ноември (сабота), со почеток во 16:00 часот, македонската ракометна репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Јапонија во спортската сала во Куманово. Ова е единствена можност да покажеме дека ракометот се сака во секој дел од нашата земја. Ги повикуваме сите навивачи, љубители на спортот и патриоти да ја исполниме спортската сала ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
87%
1018
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
72%
1015
weather icon

Загреб

14ᴼ / 11ᴼ
1.03
80%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
1021
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
0.74
84%
1016
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
0.51
88%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
1.34
58%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
62%
1016
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
3.09
74%
1015
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
89%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
82%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.5532

Currency

71.2993

Currency

37.8621

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.53

Бакар

12.46

Злато

152465.86

Платина

66744.95

Сребро

2534.46

Рутениум

51376.89

Калај

52.70

Паладиум

49351.40

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Родиум

319899.93