Во новогодишното интервју генералниот менаџер на болницата Неуромедика, д-р Емил Угриновски, вели дека ковид кризата ќе ја победиме и ќе излеземе посилни Неуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 29 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита на пациентите. Како и сите останати здравствени институции кои беа засегнати и се бореа изминатата година, така и Неуромедика успешно се бори со ...

Хармонија во домот, успех во професијата, грижа за најблиските, детско штедење и учење животни лекции со најмалите, ловење нови модни, бјути и фитнес трендови… ова нека бидат некои од новите тенденции во вашиот животен стил за следната 2021 година Годината ни помина во голема несигурност и неизвесност, што нè поттикна помудро да ги креираме животните одлуки и да прифатиме лајфстајл тенденции за новата реалност што ќе ја живееме во 2021 година. ...

Не премногу свечени, ниту многу лежерни, празничните фустани оваа година се нешто помеѓу во однос на стилот и се погодни за малите домашни журки со најблиските. Еве еден избор од колекцијата на брендот Манго – има модели од меко кадифе, долги и плисирани, од деликатни светкави материјали, сатенски креации со нагласени раменици, повеќе верзии на црн фустан. А добрата страна е што овие фустани ќе можете да ги носите на сите следни журки во 2021 ...

Суперхрана на менито во зима Мандарини Само мирисот на масло од агруми во лушпата има корисен ефект врз нервниот систем, делува како природна ароматерапија. Мандарините содржат витамин А, кој одлично функционира за одржување на убавината на кожата и ноктите, како и витамини од групата Б (особено Б6), кои се одговорни за доброто расположение. А фолна киселина ќе се погрижи за правилна хормонална рамнотежа. Консумирајте најмалку 400 грама на ден. ...

„Автобиографијата“ на Марко Цепенков, која првпат е адаптирана на современ македонски јазик, ќе биде промовирана на 29 декември (вторник) во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Токму на 29 декември се одбележуваат 100 години од смртта на Цепенков, нашиот најистакнат собирач на народни умотворби и еден од првите прозаисти и раскажувачи во македонската книжевна историја. Својата „Автобиографија“ Цепенков ја пишува во 1896 година за ...

Слоеви на облека стилски наредени е моднаиот трик за овие последни декемвриски денови со кои ќе заврши 2020 година. Ако имате потреба да излезете од домот, студеното време ќе го победите со овие зимски стилски комбинации, некои лежерни, а некои поелегантни. Заедничко им е што се состојат од своеви на ролки, дебели сакоа, зимски палта, дуксери… ...

Е-продавницата „Митра” и реномираниот бренд за кошули „Casa Gracian” здружуваат сили во заедничка колекција под името „Casa Gracian White Collection” која ќе биде достапна ексклузивно на онлајн продавницата.Брендот „Casa Gracian”, во сопствеништво на Мимоза Ван Дер Стеене, постои веќе 24 години и за прв пат соработува на колекција со македонска онлајн продавница. За „Митра”, оваа соработка значи зголемување на портфолиото на заеднички проекти ...

Нашата коса старее како што старееме и ние. Во зрелоста се јавуваат предизвици како белата коса или „обелувањето“ што е еден од првите знаци на стареење на косата. Истенчено влакно е, исто така, чест проблем кај зрелата коса. Често се намалува густината на косата и косата почнува да расте потенка понекогаш дури и невидлива. Ова може да биде проследено со опаѓање. Како што старееме нашата коса го губи природниот сјај поради што изгледа како ...

Сите правила во модата се основаат на неколку основни парчиња во гардероберот и како истите треба да ги користиме. Кога говориме за есенцијалните парчиња што треба да ги поседувате, првото правило е кожената јакна. Јакната останува безвременски класик што секој маж мора да го поседува. Последното правило кое се однесува на класиците се костимите. Секој маж во својот плакар треба да поседува барем еден костим што добро му прилега, комплетиран ...

Концерт на „Фанк шуи“ и најава на новиот албум на Влатко Стефановски на денешниот новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ Со цел да се одбележи завршувањето на оваа необична година, издавачката куќа „Арс Ламина“, заедно со книжарниците „Литература.мк“, на 25 декември ќе организираат онлајн новогодишен настан. Новогодишната забава што двете компании, традиционално секоја година, ја организираат за своите вработени, автори, ...

Секоја измината секунда, минута, секој изминат час носи спомен. Броевите постојат за да имаме јасна ориентација како го поминуваме денот, годината. Но, тие се релативни кога некој ни недостасува, кога некој што го негуваме со љубов не е до нас. Посебна е секоја година, па дури и оваа, досега најчудната, посебно чудна. Ние славиме 100 години постоење, тукму во оваа година, а вам ви подаруваме 100 подароци. Да ги видиме броевите на часовникот, ...

Новoгодишните и божиќните празнични денови се повод за собирање околу домашната трпеза, кога во весела атмосфера и вкусни оброци се дружиме со семејството, пријателите, најблиските… Не заборавајте да го декорирате и овој дел од просторот и изберете стил кој најмногу ви се допаѓа и е во координација со остатокот од домот. Еве неколку идеи како да декорирате… Сребрена или златна боја Спој на класичен и модерен стил, потсетува на традиционалното ...

Со правилниот избор на храна можеме и тоа многу да влијаеме врз функцијата и воопшто работата на имунитетот. Стекнатиот имунитет, оној што ја има водечката улога во одбраната на организмот од вируси, настинки и воопшто заболувања, може да се зајакнува и неговата одбранбена функција да се поттикнува на природен начин. Начинот на исхрана, изборот на хранливи имуностимулирачки состојки, активен живот и избегнување штетни состојки, е природен и ...

Облечени во кожена облека од глава до петици, комбинации со панталони, сакоа и мантили од кожа, трендот на носење кожа во оваа мера не сме го виделе веројатно уште од 80-тите години. Дека кожата ќе ја носиме не само како чевли и чанти, туку и како облека, потврдија дизајнерски колекции за есен-зима 2020/21, но и фотографиите од улична мода уловени периодов. Интересно е што преовладува кожа во есенски бои како беж, бордо, драп, окер, зелена, ...

Агенцијата за странски инвестции и промоција на извозот оддржа работена средба на тема „Брендирање на текстилни компании во Република Северна Македонија“ со г-а Наташа Сивевска, извршен директор на Текстилен кластер со повеќе претставници од реномирани текстилни компании кои развиваат сопствени брендови. Целта на средбата беше да се разменат мислења како да се додаде нова поголема вредност во текстилната индустрија и како да се освојуваат нови ...

Затворени и топли ролките се зимска класика на која секогаш ѝ се враќаме во студените месеци. Дебела и плетена, или пак тенка и елегантна погодна за слоевито облекување, ролката сезонава ќе ја носиме на современ начин и во непредвидливи комбинации. Знаеме дека ролката е сестрано модно парче и лесно се комбинира со остатокот од облеката, но ние предлагаме да ги избегнете класичните стајлинзи и да изберете поеклектични комбинации. За оваа зима се ...

Топлите земјен тонови како беж, кафена и окер се моден избор на некои од најпознатите инфлуенсерки како Каро Даур, Жанет Мадсен, Ксенија Адонс, Пернил Тејсбек и Леони Хана од кои ги позајмуваме новите стилски идеи за оваа зима. Беж капутот одамна е модна класика, секогаш во тренд. Како актуелна тенденција на ова модно парче им се придружуваат зимски креации како плетени фустани, но и јакни, бунди, панталони, џемппери, во беж, кафени и окер ...

Новогодишното украсување вообичаено подразбира елка со лампиони и светкави сијалички, но тенденциите во празничното декорирање охрабруваат поинаков и неконвенционален начин – наместо елка украсете скала. Испробајте нешто друго, земете дрвена скала во големина што ви се допаѓа и одговара на димензијата на домот, таа може да биде во рустикален или полуксузен изглед, и на неа наредете го новогодишниот декор. Украсете ја со лампиони или други ...

Знаеме дека светките и пулејките се толку очигледен избор за новогодишен стајлинг, секоја година ги има во празничните колекции, но одбројувањето на последните моменти на оваа комплексна и мачна 2020 година кое ќе го поминеме во поинтимна атмосфера, не значи дека нема да прославиме облечени во сјајни свечени креации. Светкава облека која обезбедува доза на свеченост најдовме во празничната колекција на брендот Манго, поточно разни модели на ...

Во пресрет на новогодишното славење сите сакаме да го украсиме домот, повеќето сакаат да постигнат раскошна новогодишна бајка со елка, многу лампиони, сијалички, светкави ленти, дедо мразовци, разни божиќни орнаменти… Но, постојат и такви кои што сакаат суптилно украсување и наместо елка во домот ќе постават гранка накитена со новогодишни мотиви или дрвени прачки на кои ќе наредат украси (лампиони, шишарки, хартиени орнаменти, па дури и исушени ...

Во пресрет на новогодишните празници, Музејот на современата уметност – Скопје и фабриката за чоколади – АД Европа Скопје имаат заедничка мисија да ги инспирираат и задоволат сите трагачи по убавото. Од денеска, 21 декември во сите поголеми маркети низ земјава, во најновото премиум чоколадо „1882“ произведено во фабриката со најдолга традиција на Балканот и со потврден квалитет од 1882 година – АД Европа Скопје, скриени се 100 „Златни ...

Крајот на оваа сосема поразлична година помината во глобална пандемија ни дава на сите чувство на ново поглавје, ново „нормално“, а тоа секако се пресликува преку нашиот стил. Oваа година главни мотиви во модата и стилот беа удобно и лежерно, но тоа воопшто не значи дека плакарот ни станува здодевен, туку напротив – ни дава можност за експериментирање. Тимот на Fashion Group ги охрабрува сите да го обноват плакарот и да ја дочекаат новата година ...

Во годината во која пандемијата предизвика одредено стагнирање во светот на модата, некои од македонските креатори не престанаа да творат, креираа колекции и виртуелни претставувања, а некои пронаоѓаа нови креативни предизвици, во случајот на Олгица Ѓоргиева, тоа е дизајнирање на мини колекција на чанти. За да ги престави таа реализира неколку фотографии на кои самата позира, а фотосесијата ја потпишуваат Ани и Дими. Со Олгица зборувавме за ...

Во Битола свечено се отвори просторот во кој ќе работи Битола Старт-ап Центарот кој е првото локално партнерство за вработување кое се спроведува во рамките на проектот на Меѓународната организација на трудот, Зајакнување на социјалниот дијалог, со финансиска поддршка од Европска унија. Општина Битола е единствена општина, избрана помеѓу 12 апликации од различни општини, која го имплементира овој пилот проект во нашата земја. - Битола старт-ап ...

Дизајнерот Мите Занов ја претставува својата нова колекција наречена FEMME и наменета за есен-зима 2020/21, во која тој создава симбиоза на јавето и сонот, фантазијата и реалноста, суреализмот и реализмот. Колекцијата е инспирирана од совршеноста и строгоста на кројот на машкиот костум, прикажан на женска силуета и во форма на женска облека. FEMME е деветта колекција по ред на неговиот бренд ZANOV и затоа симболично соддржи 9 изгледи составени ...

Слип-здолништето карактеристично за стилот на 90-тите години, доживеа враќање минатите сезони и возобновена популарност кај вљубеничките во модата. Особено барани беа оние свиленкастите со точки, леопардова шара или во некоја неутрална нијанса. Навидум тенки и соодветни за пролетно-летните месеци, брендовите и трендсетерките најдоа начин како да го носат и кога е судено – со дебел плетен џемпер и зимски чизми. View this post on Instagram ...

Од утре, 17 декември во 12 часот, па се до 28 февруари 2021 година, во Музејот на современата уметност Скопје ќе биде отворена ретроспективна изложба на Јован Шумковски насловена „Вода/Ѕид“. Куратор на поставката е Зоран Петровски, а проектот е поддржан од Министерството за култура на РСМ. Музејот е отворен од 10 до 20 часот за посетители секој ден, освен понеделник, а во недела музејот работи до 13 часот. Поставката ќе се одвива според ...

Зимските модни додатоци како шалот, плетената капа, ракавиците и шубарите се неопходни доколку сакаме да се загрееме во студените месеци, но најелегантниот детаљ секако е шапката. Можеби не грее толку многу како плетената капа, ама ја возвишува секоја модна комбинација. Без разлика на трендовите, шапката како моден евергрин се вклопува скоро во секој стил. Иако е разнолик моден детаљ, поради впечатливоста и екстравагантноста, повеќето жени не ...

Како поддршка на иницијативата на „Златен глобус“ да се носи црна боја на доделувањето на овие филмски награди, и во спој со актуелните намаление, избравме пет црни фустани од модниот бренд „Манго“ кои сега може да ги купите на попуст. Од моделот со широки ракави кој чини 790 денари до креациите од кожа и тантела кои се пригодни за вечерни излегувања, овие фустани можете да ги носите во следниве месеци и во идните пролетни денови. 1.390 денари ...

Навидум строг и деловен костимот со ситно каро на сива основа претстојната сезона ќе биде дел од гардеробата на девојките и жените што ја следат модата. Неколку сезони модните брендови си играат со овој изглед, a сивиот кариран костим ќе биде тренд и за есен 2017. Сакото може одделно да се носи во разни комбнации, но целата слика се создава кога е во комплет со панталони. И двете парчиња треба да се совршено скроени, а може да се комбинираат на ...

weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
4.63
82%
1016
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
0.51
91%
1017
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
71%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.11
90%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.0
96%
1017
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.14
90%
1009
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1011
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
1012
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.24
83%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.34
95%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
100%
1006
weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1014
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Бакар

10.96

Калај

40.49

Родиум

255598.44

Никел

473258.99

Алуминиум

2.91

Паладиум

46361.38

Сребро

1876.20

Злато

134976.58

Иридиум

145787.60

Цинк

3.22