Институтот Pantone како најголем авторитет во областа на боите, пред неколку дена го објави изборот за боја на годината. Поточно, за 2021 година избра две бои, како колективна боја, тоа се Pantone 17-5104 Ultimate Grey, смирувачки тон на сива и Pantone 13-0647 Illuminating, интензивно жолта боја. Изборот на боја на Pantone се рефлектира во разни делови од нашиот живот – декор, уметност, продукт дизајн, шминка, тема на венчавки, мебел, дизајн ...
The Holiday Issue е новата кампања на модниот бренд Страдивариус фокусирана на новогодишниот изглед и на облеката која во овие празнични денови ќе биде во знакот на удобност и лежерност. Годинава ќе празнуваме дома и во кругот на најблиските, веројатно облечени во пижами, но и во светкава облека за забава ако сме расположени за дотерување. Празничните модни варијации на Страдивариус се движат од пижами, карирани или со новогодишни мотиви, во ...
Јакни, кошули, дуксери, тренерки, панталони и широки фустани се само едни од најпопуларните парчиња за оваа зима, а сите тие неодоливо асоцираат на удобност, топлина и вистинско уживање, особено за оние кои работат од дома. Во согласност со глобалната ситуација предизвикана од пандемијата, се чини, годинава што минува им се вративме на сите оние супер удобни парчиња што секогаш ги заобиколувавме во плакарот. Уживаме и го следиме овој тренд и ...
На модната сцена се врати еден стил од минатото кој понекогаш нè потсетува на детството, но и на изгледот на дедовците – плетен елек со плетенки, со линии во разни бои и ромбви, со скандинавска шара во плетката или сосема клот. Но, новата интерпретација и начините на кои сега се носи плетениот елек е далеку од старински и дедовски изглед, варијациите на кои периодов го носиме елекот се доста модно напредни. И крајно трендовски. Нема ресрикции ...
Кадифето е ткаенина што изгледа луксузно, иако има далеку поскапи материјали, нè потсетува на декаденција и вечерно славење, во исто време нуди нежност и топлина, но секако е безвременски материјал и добра опција за празничен изглед. Фустанот од кадифе со својата впечатливост лесно се вклопува во новогодишна атмосфера, а за празничната сезона ваквите модели ќе ги комбинираме со високи чизми, елегантни чевли или војнички модел на обувки, со ...
Модниот бренд Angie M. на Ангела Младеноска ја претставува новата колекција наречена 2020 going 80’s, преку која во ова неизвесно што го донесе 2020-та, годината во која се обидуваме да останеме позитивни, нè навраќа на 80-тите години, како своевиден поглед во минатото за да собереме инспирација и оптимизам за иднината и подобро утро. -Новата колекција 2020 going 80’s настана со цел да се навратиме кон 80-тите години, во едни поедноставни ...
Препознатливи по својот робусен изглед, масивниот ѓон и шавот од жолт конец, чизмите со потпис Dr Martens имаат богата историја и значење во супкултурата на скинхедските во 70-тите години од минатиот век, потоа како симбол на панк културата, а и денес важат за посакувани обувки. Сезонава со трендот на носење чизми со војнички и груб изглед, „Мартинсот“ се повторно актуелни. Првиот најпознат модел „1460“ настанал на 1.4.60 односно на 1 април ...

