Кандидатите за градоначаници и носителите на советнички листи за локалните избори го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, но џентлменството од нивните партии траеше многу кратко. Уште неисушено мастилото од потписите, во етерот, а особено во интеренет просторот, продолжи црната кампања за локалните избори, која започна уште летото. Па така лидерите на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Христијан Мицкоски, си разменија навреди во стилот ...

УЈП презема мерки по наводите дека нивни инспектори ги предупредувале газдите на дискотеката Пулс во Кочани за можните контроли во замена за подароци, велат оттаму за Телма. Ова следи по сторијата на ИРЛ во која беше објавена комуникација обезбедена од свиркач на инспектори со синот на газдата на дискотеката Дејан Јованов Деко. Инаку, според сторијата, еден од нив е брат на в.д претседателката на скопскиот Кривичен суд Даниела Димовска, каде ќе ...

Почетокот на учебната година го зголеми бројот на пациенти со респираторни заболувања. Матичните лекари исто бележат зголемен број на прегледи, па така во една смена има по 60 прегледи на пациенти со најчести симптоми главоболки, болки во кичма и зголемена температура, со клиничка слика која е речиси идентична со Ковид. Зголемен број на прегледи и хоспитализации бележи и Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“. ...

Едни контејнери се празни и чисти, додека други преполни и одвнатре и однадвор – ова е сликата што утринава ја затекнавме низ главниот град. На некои локации состојбата со сметот е непроменета со недели. Вака изгледаат контејнерите и покрај тоа што медиумите секојдневно алармираат. Наместо да се расчистува, отпадот само се таложи и создава сè поголем проблем. Според претседателот на „Гоу Грин“, проблемот со кабастиот отпад доаѓа од две страни – ...

Уставниот суд се модернизира со нова дигитална опрема ѝ е на чекор од снимање и пренесување на седниците во живо. Опремата не ја набавува државата, таа е е донација на турската агенција за соработка и координација ТИКА и беше тестирана и промовирана денеска во живо, токму од салата каде што се држат седниците. Со оваа опрема Уставен се стреми да стане прв и единствен суд во државата, комплетно дигитализиран. © 2020 Телевизија Телма. Сите права ...

„Многу е задоволувачки да се биде татко на луѓе кои немаат татко,“ изјави Баз Екер, 67-годишен пензиониран професор од Мичиген, кој секое утро поминува часови пишувајќи писма до непознати луѓе. Како што пишува Вашингтон пост, приказната започнала кога ќерката на Екер, Роузи Паулик, објавила видео на „ТикТок“ во кое открила дека нејзиниот татко цел живот ѝ пишувал писма секој ден, уште од нејзиното детство. Таа шеговито прашала дали некој друг би ...

Молдавската владејачка проевропска партија успеа да победи на парламентарните избори, и покрај сериозната кампања за нивно попречување која ја спроведуваа проруски елементи во земјата. По обработени 99,9 проценти од гласовите, владејачката ПИС освои 50,2 проценти од гласовите, задржувајќи ја Молдавија надвор од руската орбита и на патот кон ЕУ. Mолдавските власти ги означија овие избори како клучни за иднината на земјата, а како такви ги оцени и ...

Времето на сезонскиот грип започна, а луѓето секоја година мака мачат да го избегнат. Квалитетна храна, витами и посета на планина, се едни од нештата што граѓаните можат да го преземат за да се зштитат од сезонскиот грип. Лекарите предупредуваат и дека има повторна појава на Корона вирусот. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма. ...

Во Македонија, во индустријата недостасуваат 40.000 луѓе. На пазарот на труд доаѓа млада и нова генерација со сосема поинаков поглед, која носи промени, а компаниите мора да се прилагодат. Забележан е недостиг на компетенции кај средниот менаџмент. Покрај платата, истражувањата велат дека не е клучна само работата, туку и условите за работа за задржување на работната сила. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да ...

Во денешното гостување во емисијата „Утринска на Телма“, меѓународниот мајстор и ФИДЕ тренер Орце Данчевски, заедно со младите шаховски надежи Софија Беловска и Дамјан Николовски, зборуваа за придобивките од шахот и претстојните предизвици. Софија, која е вицешампионка во категорија до 10 години, ја нагласи важноста на шахот за подобрување на концентрацијата и логичкото размислување. Во разговорот, тие најавија и дека се подготвуваат за ...

Од четврток пристигнува есенски студен бран кој ќе донесе облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападниот дел од земјата ќе има услови и за снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, проследен со значителен пад на дневните температури, информираaт од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во среда времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ...

Времето на сезонскиот грип започна, а луѓето секоја година мака мачат да го избегнат. Квалитетна храна, витами и посета на планина, се едни од нештата што граѓаните можат да го преземат за да се зштитат од сезонскиот грип. Лекарите предупредуваат и дека има повторна појава на Корона вирусот. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма. ...

Се зголемува бројката на средношколци кои имале симптоми на труење, откако на големиот одмор јаделе сендвичи од блиската синдвичара-киоск. Од Центарот за јавне здравје-Штип потврдуваат дека бројката на ученици кои се симптоми на труење е петнаесет. Епидемиологот во Центарот за јавне здравје Штип, Светлана Живкова изјави дека земени се примероци од инкриминиранта храна за лабораториско испитување и брисеви од работните површини, а резултатите ги ...

За време на неделна служба во црква во Мичиген вооружен маж отворил оган и ја запалил зградата, и убива четири, а рани осум лица. Полицијата која пристигнала на местото на настанот веднаш го застрелала осомничениот, соопштија властите. „Неуморно работиме на пронаоѓање на дополнителни тела. Целата црква не е расчистена, бидејќи е целосно оштетена од пожарот“, изјави началникот на полицијата на општина Гранд Бланшип, Вилијам Рење. Ким Ветер, од ...

„Форумот во Скопје обединува над 120 претставници од околу 30 земји, вклучувајќи ги и членките и партнерите на Регионалната алијанса за превенција на рак на грлото на матката во Источна Европа и Централна Азија, регионална рамка за соработка што ја оформи УНФПА во 2021 година. Очекуваме претставници од влади, јавни здравствени установи, академски институции, граѓанското општество и приватниот сектор – луѓе кои имаат моќ еднаш засекогаш да стават ...

Портретите на Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху со порака под нив „Немојте да бидите повторно измамени“ се појавија непосредно пред Амбасадата на САД, на крајбрежјето во градот Тел Авив. Изложбата е организирана од страна на „Браќа и сестри по оружје“, заедно со други активисти на семејствата на заложниците. Поставена е пред амбасадата на САД, на крајбрежјето во градот Тел Авив. Активистите и семејствата на заложниците продолжуваат да се ...

Двајца жители на скопското село Трубарево се лишени од слобода поради сомнение за кривично дело „предизвикување општа опасност“. Инцидентот се случил на 28 септември 2025 година околу 12:30 часот во парк на булевар „Февруарски поход“ во Аеродром. Вработен од Општината пријавил дека две лица палат кабли, по што на местото излегла полициска екипа од Полициската станица Аеродром и ги затекнала и привела осомничените Т.М. (23) и И.М. (26). Тие се ...

Адвокат Катерина Јовановска – како претставник на правниот тим на Левица, оствари средба со Радивоје Грујич – правен аналитичар во ОБСЕ-ОДИХР., се наведува во соопштението од Левица, што го пренесуваме интегрално. -На средбата се дискутираше за правните механизми кои Левица како политичка партија досега ги превзема во врска со контроверзното Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025 година донесено од ААВМУ, со кое ПП Левица е ...

Кина официјално го отвори највисокиот мост во светот. Мостот во кањонот Хуаџијанг се издига 625 метри над клисурата во кинеската покраина Гуиџоу. Тој е за 289 метри повисок од претходниот рекордер, вијадуктот Мијо во Франција. Според официјалните лица, мостот ќе го скрати времето на патување помеѓу двете страни на кањонот од два часа на само две минути. Станува збор за висечки мост од челични решетки со вкупна должина од 2.890 метри. Челичните ...

Ние мораме да си ги задржиме врските, да бидеме во постојана комуникација, мораме да си ја повратиме дијаспората, а тоа ќе го сториме преку набрзо формирање на советот за дијаспора, со регистар на луѓето, им порача претседателката Сиљановска – Давкова на македонските иселеници во Детроит при посетата на црквата „Света Богородица“. – Посакувам да бидеме во постојана врска, бидејќи во светот има едно семејство што се вика македонско, а знам дека ...

Албанскиот премиер Еди Рама ја отфрли можноста за територијално обединување на Косово и Албанија, оценувајќи дека „националното обединување значи само приклучување во ЕУ и ништо друго“. „Сѐ друго е само бајка,“ рече тој во интервју за емисијата „Jehona Politike“ на Клан Косова. Рама додаде дека регионалните „формули“ од 19. и 20. век немаат место денес, и дека приоритетот е европската интеграција и јакнење на меѓународните партнерства на Косово. ...

Во Србија протести и контрљ протести низ улиците синоќа. Од една страна студенти и граѓани што бараа правда и промени пред РТС и низ повеќе градови, а паралелно беа организирани контрапротести на владејачката СНС на повеќе од 200 локации. Н1 објави дека , полицијата агресивно ги потиснувала граѓаните што протетстирале во поддршка на студентите и им го блокирала пристапот, додека поддржувачите на СНС се движеле слободно низ центарот. Приведено е ...

Бројот на жртви во војната меѓу Израел и Хамас надмина 66.000 палестинци, соопшти министерството за здравство на Газа, токму пред средбата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со американскиот претседател Доналд Трамп. Нетанјаху е под силен меѓународен притисок да ја заврши војната. Клучните западни сојузници се придружија на растечкиот список на земји што ја признаваат палестинската држава и покрај израелските приговори. Европската Унија ...

Европската комисија денеска во Брисел е домаќин на „Форумот на Виенската иницијатива 2025“, чие овогодишно издание се фокусира на релевантноста на проектот на ЕУ – Унија за штедење и инвестиции, за економиите на Централна, Источна и Југоисточна Европа. Форумот, на кој е најавено учество на гувернери на централни банки, министри, високи функционери на Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Светската банка, ...

Владејачката либерално-конзервативна Партија за акција и солидарност во Молдавија го одбрани своето мнозинство. ПАС, која е на власт од 2021 година, освои 50,03 проценти од гласовите, објави изутринава изборната комисија откако беа преброени повеќе од 99,5 проценти од гласовите. Прорускиот Патриотски блок доби нешто помалку од 24,3 проценти. Покрај ПАС и Патриотскиот блок, влез во молдавскиот парламент обезбедија и прорускиот сојуз Алтернатива ...

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ ја најави следната акција денеска во 7:30 часот наутро. На раскрсницата пред мостот Близнак (кај паркот „Авионче“ во Ново Лисиче), ќе одржи прес-конференција. Од иницијативата се надеваат дека на настанот ќе се приклучат и претставници на останатите институции кои се поканети. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без ...

Претреси на десет локации извршила белгиската Федерална судска полиција и привела осум лица осомничени за вмешаност во меѓународна пирамидална шема за инвестициски измами. При претресите биле запленети компјутерска опрема, документи поврзани со шемата, одредена суми пари и луксузни предмети. Покрај осумтемина приведени, меѓу кои е и лице за кое се претпоставува дека е главен организатор на шемата, полицијата активно трага по уште неколкумина ...

Прв ден од дваесетдневната изборна кампања за Локалните избори 2025 закажани за 19 октомври. Партиите и коалициите почнуваат со официјалните изборни активности. Kампања започна на полноќ и ќе трае дваесет дена односно до 17 октомври на полноќ, по што настапува 24-часовен молк пред изборите на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи две недели подоцна на 2 ноември. Државната изборна комисија е подготвена за спроведување на изборниот ...

Најмалку три лица загинаа, а пет се повредени во масовно пукање во Сауспорт, Северна Каролина, кога напаѓач отворил оган од чамец кон толпа луѓе кај популарен крајбрежен бар. Инцидентот се случил околу 21:30 часот во близина на туристичка зона со барови и ресторани. Осомничениот, Најџел Еџ, управувал мал чамец, се доближил до брегот, пукал кон присутните и потоа побегнал. Тој е уапсен и обвинет за трикратно убиство од прв степен, петкратен обид ...

Дел од албанските политички партии денеска упатија повик за фер и коректна изборна кампања во пресрет на претстојните избори. Се очекува секој момент да започне и конвенцијата на Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ. Во текот на вечерта, и албанските опозициски партии ќе ги претстават своите кандидати пред јавноста. Настаните се одвиваат во атмосфера на повици за почитување на демократските стандарди и политичка коректност. © ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.66
73%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.47
92%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.0
95%
1016
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.68
85%
1008
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1010
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
81%
1011
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
7.2
89%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
1.03
90%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
88%
1008
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
87%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Иридиум

145787.60

Паладиум

46425.68

Злато

135056.24

Родиум

255598.44

Платина

52952.77

Никел

473339.37

Калај

40.48

Бакар

10.95

Алуминиум

2.91

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Цинк

3.23