Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Денеска во Софија министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски учествуваше на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), посветен на одбележувањето на 30-годишнината од оваа значајна регионална иницијатива. – Во своето обраќање нагласив дека ПСЈИЕ останува една од највредните автентични рамки за регионална соработка, создадена од регионот и водена од уверувањето дека заедничките ...
Иран започна напади врз локации во Бахреин, Кувајт и Јордан откако САД претходно започнаа воздушни напади, откако го обвинија Техеран за падот на американскиот напаѓачки хеликоптер. Борбени авиони од воздухопловните сили и морнарицата на САД ги извршија нападите во Иран, соопшти Централната команда на американската војска, насочени кон „воздушна одбрана, станици за контрола на копното и радарски локации за надзор“. Иран ги призна нападите ...
Спомениците на природата во Македонија се соочуваат со запуштеност, спорни модели на управување и недоволна институционална заштита. Случајот со Куклите од Кратово повторно го отвора прашањето дали државата ефикасно ги чува природните богатства или тие стануваат жртва на приватни интереси и негрижа. Анкета: Може ли приватен концесионер подобро да ги заштити спомениците на природата од државата? Да/Не Спомениците на природата во Македонија се ...
Пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Против лицето К.Б, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик. Осомничениот е возач на автобусот вработен во компанија која врши меѓународен патен превоз. Во ...
Порано кога ќе се сменеше звук при телефонските разговори со крчење мислевме дека така изгледа прислушувањето и дека сме мета, а кога Обвинителството или судот ќе нареди прислушкување кое се одвива преку Оперативно-техничката Агенција или скратено ОТА. Регулирано е со Закон, а треба да се внимава и да не се прекршат човековите права. Најтазе се случаите од оваа и ланската година како оној кога со употреба на таканаречените ПИМ Мерки во ...
Преку објава на социјалните мрежи пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, соопшти дека побарал увид во Меморандумот за соработка во енергетиката што министерката за енергетика, Сања Божиновска, го потпишала во Вашингтон, во април годинава. Но, како што вели наместо копија од документот, од Министерството за енергетика добил одговор со „нејасни формулации за можни ограничувања, меѓународни обврски и заштита на информации“. –Како што може да се ...
Илјадници Албанци маршираа низ главниот град Тирана против проектот за развој на туризмот поврзан со зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер. На 10-тиo по ред протест, демонстрантите држеа транспаренти и извикуваа слогани против проектот за кој екологистите велат дека би можел да го оштети уникатниот екосистем и живеалиште на заштитената област Звернец-Нарта Лагуна. Владата вели дека развојот би бил трансформативен, ...
Интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска во Законодовниот дом. Оваа интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство e поднесена од пратничката група предводена од СДСМ, кои наведуваат дека се поднесува поради сериозни сомнежи за системска корупција во ресорот, потврдена со апсења на високи функционери за примање мито и директно загрозување на ...
Kомеморативна монета од 2 евра во Бугарија, посветена на бугарската азбука, е блокирана по приговор од неидентификувана земја-членка на ЕУ, според документите што циркулираат во Советот на ЕУ, објави Новините. Монетета иако е со планиран тираж од еден милион парчиња, сега е блокирана и не може да продолжи во својата сегашна форма без целосно одобрение од институциите на ЕУ. Одлуката произлезе откако Бугарија го поднесе дизајнот на 19 мај 2026 ...
Германија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург предлагаат Европската Унија да размисли за привремено ограничување на некои права на глас на идните членки, како и за воведување посилни механизми за заштита на владеењето на правото, објавува Ројтерс. Со оглед на тоа што Црна Гора се надева дека ќе се приклучи на ЕУ во 2028 година, а Албанија, Украина и Молдавија се залагаат за напредок во нивните кандидатури за пристапување, во тек се ...
За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2025/2026 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст. За повеќе од 14 500 матуранти наставата заврши на 15 мај, а утре оние што се пријавени за државна матура ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански, турски или српски), а кандидатите за државна стручна и за државна уметничка матура ќе го полагаат на 12 јуни. Првиот дел ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа. На маргините на состанокот претседателката ќе оствари билатерални средби претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова и со в.д. претседателката на Република Косово, Албулена Хаџиу. Без конкретни очекувања е премиерот Христијан Мицкоски, од посетата на ...
Соединетите Американски Држави извршија серија воздушни напади врз ирански воени цели откако американски патролен хеликоптер беше соборен во близина на Ормутскиот Теснец. Според американската војска, цел на нападите биле системи за противвоздушна одбрана, радарски станици и контролни центри. Техеран возврати со лансирање дронови и ракети кон американски бази во регионот, при што Иран соопшти дека биле погодени цели во Бахреин и Јордан. ...
Брутален регрес во етничките права, како што тврди ДУИ или исчекор кон професионална јавна администрација, како што аргументира ВРЕДИ? Дали новиот закон за прaвична застапеност става крај на злоупотребите или на принципите на позитивна дискриминација? Како ќе се балансира балансерот? Во Топ Тема вечерва дебата со Дритон Сулејмани, заменик – министер за образование од ВРЕДИ и Арта Биљали Зендели, поранешна пратеничка на ДУИ. Гледајте Топ Тема ...
Албанскиот премиер Еди Рама најави дека ќе продолжи со големиот проект за развој на крајбрежјето поврзан со Џеред Кушнер, зет на американскиот претседател, Доналд Трамп и покрај големите протести против него. Во интервјуто за Асосијејтед Прес, Рама ги отфрли еколошките забелешки како резултат на дезинформации и рече дека проектот ја претвора Албанија од земја што некогаш била игнорирана од инвеститорите во земја „во која сакаат да дојдат ...
Заменикот министер за образование од коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, во гостувањето на емисијата „Топ Тема“ на Телма, најави дека новото законско решение за соодветна и правична застапеност конечно ќе стави крај на долгогодишните манипулации со етничката припадност при вработување во државната администрација. Според Сулејмани, клучната разлика помеѓу досегашниот дигитален механизам, познат како „балансер“, и новото решение е во тоа што ...
Во последното издание на емисијата „Топ Тема“, поранешната пратеничка од редовите на ДУИ, Арта Биљали Зендели и владиниот претставник Дритон, ги соочија ставовите за новиот предлог-закон за правична застапеност. Централниот спор се водеше околу тоа дали мерит-системот (компетентноста) целосно ќе ја потисне адекватната етничка застапеност во државната администрација. Поранешната пратеничка Биљали Зендели упати остри критики до новиот законски ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, го обвини Иран дека соборил американски хеликоптер во близина на Ормускиот теснец, додавајќи и дека е неопходно САД да одговорат на нападот. Двајцата членови на екипажот на хеликоптерот „Апачи“, кој се урна по нападот, биле спасени од американските сили. „Станува збор за двајца пилоти, и двајцата се безбедни и неповредени“, напиша претседателот на својата платформа Truth Social. „Сепак, Соединетите ...
Се до оној миг додека министерот Љутков не спомена дека причините за мојата оставка се лични, немав намера да ги споделам медиумски, затоа што тоа го сторив на начин кој мене ми прилега со допис до надлежните институции каде точно ги наведувам причините, вели професор Груевска- Маџоска, поранешната претседателка на Советот за македонски јазик. Вели дека Јавната расправа за Националната стратегија за култура и тоа што таа го содржи без никаква ...
-Дали се лутам на судиите? Не се лутам. Нека се живи и здрави. Знам дека работат под притисок, вели поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски. Ни апелационите судии не се налутија, ама на Стевче Јакимовски наместо како што наслушнал дека целиот предмет ќе биде вратен назад, правосилно му пресудија една година затвор за бесправно градење. Тој дел од обвинението се однесува на зградата односно бараката во која беше сместена општина ...
Над 100 текстилни работнички и работници од штипските конфекции Фермактекст и Европа Фешн веќе една година си ги чекаат трите неисплатени плати, придонеси, К-15 и отпремина. Се сообраа за да македонските институции реагираат и ги заштитат. Поднесени се пријави, документи, претставки до Државниот трудов инспекторат, Управата за јавни приходи, Финансиската полиција, како и Одделот за економски криминал при МВР. Некои од работниците за овие две ...
Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), остро реагира на новите предлог-закони за судска служба и јавно-обвинителска служба, кои се доставени во Собранието без согласност од овој гранков синдикат и спротивно на текстовите кои биле заеднички подготвувани со синдикатите и објавени јавно на ЕНЕР. „Џабе две и пол години работа, состаноци и усогласувања, ако на крај во Собранието се достават ...
Постепената интеграција е техничка алтернатива на застојот во проширувањето, но фрустрациите кај земјите кандидати остануваат, вели поранешниот амбасадор во НАТО Нано Ружин во емисијата „Директно“. Европската Унија се обидува да најде нов модел за проширување во услови на променета геополитичка реалност по руската агресија врз Украина, оценува поранешниот македонски амбасадор во НАТО, Нано Ружин. „Проширувањето е силна алатка на Европската ...
Полноправното членство станува сè потешко поради билатералните спорови и можноста за нови вета, оценува политичкиот аналитичар Џелал Незири во емисијата „Директно“. Според него постепената или градуална интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е прагматично решение во услови кога полноправното членство сè почесто се соочува со политички блокади. „Станува збор за градуална, односно интеграција на рати на земјите од ...
Владата на денешната седница го прифати предлогот на Министерството за култура и ја именува Веселинка Лаброска за нова претседателка на Советот за македонски јазик. Лаброска е вработена во Институтот за македонски јазик „Крсте мисирков“, дописен член е на МАНУ и члена на сегашниот состав на Советот на македонски јазик. Од Министерството за култура и туризам соопштија дека ѝ посакуваат успех на проф. Лаброска во работењето и очекува активно и ...
Денес, по кратко боледување, во Скопје почина проф. д-р Драги Данев, редовен професор во пензија на Машинскиот факултет и прв ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во самостојна Македонија (од 1990 до 1992 година). Драги Данев е роден на 21 септември 1942 година во Штип. Во 1978 година докторирал на Машинскиот факултет во Белград. На Машинскиот факултет во Скопје е избран во звањето вонреден професор истата година. Во 1984 година е ...
Уште еден обид главниот град да добие нови автобуси. Откако претходниот тендер беше поништен, Министерството за транспорт распиша нов оглас за набавка на електрични автобуси. Огласот е објавен на Електронскиот систем за јавни набавки на 28 мај, а рокот за доставување понуди истекува за 20 дена. Опозицијата тврди дека јавниот превоз во Скопје е во катастрофална состојба и побара одговори од градоначалникот на денешната седница за советнички ...
Педесет и осумгодишна жена од Србија остана бремена со тројка по ин витро оплодување во болницата „Плодност“ во Битола, со што таа е највозрасната пациентка која забременила во оваа здравствена установа. По долгогодишна борба со неплодноста, таа успеа да ја оствари желбата за мајчинство. „По пет години менопауза, со соодветна подготовка на слузницата на матката успеавме повторно да воспоставиме услови за бременост. Подготовката траеше околу ...
Поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев излегува од притвор. Кривичниот суд ја уважи жалбата и ја прифати понудената гаранцијата од 55 илјади евра. Определени му се мерки на пратепазливост, односно привремено одземање на патната исправа и забрана за преминување на државната граница. Богоев е осомничен за местење на тендер вреден над 300 илјади евра и примање на награда од 1800 евра. Освен Богоев оомничени се уште 3 лица дека ...
„Ѓоко судијата го користи овој простор“, одговорил таткото на обвинетиот апелационен судија Ѓоко Ристов по откривањето на 350 илјади евра соѕидани на вториот кат во семејната куќа во Неготино. На денешното рочиште се пуштаа видео снимки од претресите и моментот кога полицијата во кујната во ѕидот зад плочките ги пронаоѓа парите спакувани во алуминиумски фолии во банкноти од 500 и 200 евра. Полицијата кога го запрашала за содржината на фолиите ...