Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со групата поранешни функционери кои глумат невини и чесни, а од друга страна е Артан Груби на кого овие првите додека беше во бегство лично го натоварија за сите политички и коруптивни зла на ДУИ, се вели во денешното соопштение од ВЛЕН. Вистина е дека Артан Груби не е “обичен“ поранешен функционер, туку човекот што ги знае сите ...

Повисокото јавно обвинителство го врши надзорот над законитото постапување на јавните обвинители и Советот на јавни обвинители во оваа фаза на постапката нема надлежност да врши надзор, објави Советот на јавни обвинители на РСМ, по јавната прозивка од министерот за правда Игор Филков да свика итна седница и да го разгледа постапувањето на јавните обвинители во случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби. Советот на ЈО, во соопштение ...

Во 23-от век, на секои пет илјади години се појавува апсолутно зло што му се заканува на човештвото. Единствената одбрана е мистериозниот „петти елемент“ – совршено суштество во човечка форма по име Лилу, кое паѓа во животот на поранешниот војник и сега таксист Корбен Далас. Додека моќниот индустријалец Жан-Батист Емануел Зорг работи за темните сили, Корбен и Лилу тргнуваат во трка со времето за да ги пронајдат четирите камења што ги ...

Пред нас е авантура базирана на безвременската легенда за кралот Артур, а раскажува за несовесниот и тврдоглав внук на кралот Артур, Гавејн, кој тргнува во потрага по џиновски зелен странец наречен – Зелениот витез. На своето патување, Гавејн ќе се соочи со духови, џинови и крадци и на тој начин ќе ја докаже својата вредност пред своето семејство и кралството. Пред нас е авантура базирана на безвременската легенда за кралот Артур, а ...

Норвешка мини серија Хирургот Равн Ајкангер станува бесен кога неговите претпоставени не му дозволуваат да тестира експериментални медицински процедури на неговата сопруга која умира. Во очај, Ајкандер ја лажира нејзината смрт како очигледно самоубиство и ја носи во импровизирана клиника во напуштената метро станица Валкира. Нему му помага Леиф Лиен, кој му овозможува на Равн да остане во подземна болница каде што можат да побараат помош оние ...

Интензивен биографски портрет за една од најзначајните австриски поетеси на 20 век. Филмот го следи нејзиниот немирен дух, нејзините љубовни и творечки битки, и нејзината храброст да ги надмине границите поставени од општеството и од самата себе. Во средиштето е односот меѓу Бахман и швајцарскиот писател Макс Фриш — бурна врска исполнета со страст, инспирација, но и болка. Кога овој однос почнува да се распаѓа, Ингеборг тргнува сама на ...

Бенџамин Батон се раѓа како 80 годишен старец во Њу Орлеанс, токму по Првата светска војна и како што минува времето продолжува да станува сѐ помлад. Батон, кој како и било кој друг човек, не е во состојба да го сопре времето, а го искусува животот и својата љубов за Дејзи на чуден начин, невообичаен за остатокот од човештвото. Ова е приказна за патување низ времето, за луѓето и местата кои ги среќава Бенџамин Батон, љубовите кои ги губи и ...

Само што ја заврши Статуата на слободата, Густав Ајфел е на врвот на својата кариера. Француската влада го притиска да дизајнира нешто спектакуларно за Светскиот саем во Париз во 1889 година, но Ајфел единствено сака да го дизајнира метрото. Сè се менува на денот кога ќе ги вкрсти патиштата со својата љубов и нивната забранета врска која го инспирира да го промени хоризонтот на Париз засекогаш. Само што ја заврши Статуата на слободата, ...

Семејната авантура за целото семејство во која главните ликови се 11-годишните Анабел и Дино. Тие се убедени дека ги контактирале вонземјани, но никој не им верува. При посетата на Европската вселенска агенција, нивната авантура добива неочекуван пресврт кога случајно се лансирани во вселената. Во режија на Феликс Биндер, Историја: „Wow! Сигналот“ беше 72-секунден, теснопојасен радио бран, откриен од телескопот Big Ear на Државниот ...

Поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, треба да даде исказ пред Конгресот на САД денеска во врска со скандалот околу сексуалниот престапник Џефри Епстин. Првично, се очекува Хилари Клинтон да сведочи под заклетва денеска, пред нејзиниот сопруг и поранешен претседател Бил Клинтон да биде испрашуван утре. Според американските медиуми, тие нема да бидат испрашувани во Конгресот во Вашингтон, туку преку видео врска. Се очекува ...

Предлог-законот за високо образование предизвика бурни реакции во академската заедница, која смета дека законските измени ја намалуваат автономијата на универзитетите, особено преку формирање на универзитетски совет кој ќе ги контролира финансиите и истражувачката продуктивност. И покрај рекордните 773 милиони денари планирани за наука во 2026 година, инвестициите се многу под европскиот просек. АНКЕТА: Дали сметате дека државата инвестира ...

СВР Битола утрово информира дека е регистран нов случај на измама на возрасно лице од лажен лекар кој на 84-годишна битолчанка и одзел 9.600 евра. Од СВР Битола информираат дека вчера во 16:00 часот во СВР Битола, 84-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра. Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било ...

Иран и САД се подготвуваат за трет круг нуклеарни преговори во Женева, во обид за дипломатско решавање на тензиите во регионот. Оман посредува во разговорите, а иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, предупреди дека доколку дојде до конфликт тоа би било „разорна војна“. Оман објави дека ја добил иранската „рамка и предлози“ кои ќе ги пренесе на американската страна преку своите преговарачи. Потоа се очекуваат дополнителни ...

Во ера на изобилство на информации, но и длабока криза во информирањето, лажните вести не се само медиумски проблем, туку економски, општествен и образовен предизвик. Ова беше кажано на дебатата на тема, медиумите и социјалните мрежи, и како да се врати довербата, во организација на Францускиот институт, фондацијата Метаморфозис и Економскиот факултет во Скопје. Во ера на изобилство на информации, но и длабока криза во информирањето, ...

Денеска Јавна расправа за претставување на кандидатите кои ги исполнуваат условите по Огласот за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието. На огласот се пријавија десет кандидати, а работната група составена од Комисијата утврди дека само шестмина ги исполнуваат предвидените услови. Свои претставувања за член на Судскиот совет што го избира Собранието ќе имаат Арбер Исаку, дипломиран правник со положен правосуден испит од ...

Европската комисија најави дека ќе побара одобрение од Советот на ЕУ за отворање преговори со земјите од Западен Балкан за укинување на роамингот при патување во ЕУ. Ова се однесува на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, а целта е граѓаните и бизнисите да користат повици, пораки и мобилни податоци по домашни цени… Предлогот е дел од Планот за раст на Западен Балкан од 2023 година и е пример за постепена ...

Независните гласачи во САД значително ја намалија поддршката за претседателот Доналд Трамп, се вели во најновите анкети кои покажува дека само 25% од независните гласачи го одобруваат неговото работење, додека 66% не се согласуваат со него, што пак претставува пад од 37 процентни поени во споредба со јануари 2025 година. Портпаролот на Белата куќа, Дејвис Ингл, истакна дека Трамп „постигнал историски напредок“ и дека останува „најдоминантната ...

Во законодваниот дом на пленарна седница на дневен ред е поставување пратенички прашања. Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први поставуваат пратениците од опозициските партии. Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието Африм Гаши со новинарите. Во законодваниот дом на пленарна седница на дневен ред е ...

Претседателите на Русија, САД и Украина, Владимир Путин, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, треба да се сретнат само за да ги склучат договорите. – Можеби тука треба да се согласиме дека тројцата претседатели треба да се сретнат само ако е потребно да ги финализираат договорите, или, како што велат Американците, „зделката“. Тоа е веројатно точно – рече Песков во интервју за русата државна телевизија. Говорејќи за можноста да се организира ...

Државниот секретар Марко Рубио изјави дека САД и Кина постигнале „стратешка стабилност“ во нивните односи и се согласиле дека трговската војна ќе им наштети на двете нации. Рубио рече дека постојните мерки за контрола на извозот имаат за цел да го минимизираат ризикот од кражба на технологија од страна на Кина. Тој рече дека кина ги зголемила купувањата на американски земјоделски производи, но додаде и дека има области каде што е потребна ...

Денеска пред Комитетот за надворешни работи на ЕП, известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц, ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на државата. Во годишниот нацрт-извештај Вајц, меѓу другото, наведува дека од суштинско значење за евроинтеграцијата на државата, особено во контекст на новата геополитичка реалност, е сите политички актери, особено Владата, да даваат опипливи резултати во ...

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ е во сериозна состојба и се бори за живот поради пневмонија на двете белодробни крила поради што е згрижен во Клиничкиот центар во Белград. -Тој моментално е на механичка вентилација – вентилатор, добива сè што му е потребно, сите лекови, терапија, со тој вентилатор, што е метод на лекување, купуваме време потребно тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тешка пневмонија и ...

Руската војна во Украина влегува во петтата година? Европа без стратегија и единствен став, дали дипломатскиот притисок од Трамп е последната надеж? Крај на војната или замрзнување на конфликтот – што ќе значи тоа за европската безбедносна архитектура? Во Топ Тема дебата со Мирче Адамчевски, надворешно-политички коментатор и Ивица Боцевски, поранешен амбасадор. Топ Тема со Боби Христов часот на Телма. Руската војна во Украина влегува во ...

Швајцарската влада соопшти дека одобрила вонредна финансиска помош во износ од 50 000 франци (48.000 евра) за настраданите во пожарот во барот во Кран Монтана во текот на новогодишната вечер. Овој таканаречен солидарен придонес ќе биде доделен на секој од 115-те повредени и на семејствата на 41-едно лице кои ги загубија животите во огнената стихија, одлучи Федералниот Совет. Првичните резултати од истрагата утврдија дека пожарот во барот Ле ...

Експресно за десетина минути пратеници ги изгласаа измените на шесте закони откако тие ги минаа комисиските филтри а со кои ќе се запре автоматското зголемување на платите на избраните и именувани лица по усогласувањето со просечната плата. Со оглед на тоа што просечната плата минатата година е зголемена за 9,6 проценти, платите на над илјада министри, заменици министри, пратеници, судии обвинители, членовите на Судскиот совет и на Советот на ...

Македонија треба активно да ја следи можната понуда од Брисел за Украина, изјавија вечерва во Топ Тема надворешно-политичкиот коментатор Мирче Адамчевски и поранешниот амбасадор Ивица Боцевски, коменирајќи ги најавите за можен пакет на проширување без право на глас или делумно членство, односно сценариото за членка без право на глас, друго е она што се заговара како делумно членство, пристап до пазарот, а се друго понатаму. Еве тука да се ...

Одбивањето на жалбата на Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) од Апелациониот суд Скопје отвора сериозни прашања за заштитата на истражувачкото новинарство и слободата на изразување. ССНМ и ЗНМ порачуваат дека ваквите одлуки нема да ги обесхрабрат, туку дополнително ќе ги мотивираат да застанат зад независните медиуми и јавниот интерес. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на ...

Прскалките се вклучиле на песната „Што сака нека биде“ – огнот почнал над бината, а потоа почнал да се шири со огромна брзина. Следувал хаос стампедо и сцени од хорор филм, раскажуваа и денешните сведоци од кои двајца преживеани членови на групата ДНК. Ана Костадиновска придружен вокал која не била постојан член на групата раскажуваше дека се обидела да излезе од најблиската врата зад бината но, таа била заклучена со катанец. А на главниот ...

На 24.02.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Ќерамидница настанал пожар во куќа, сопственост на 71-годишната Т.П. од Скопје, која имала здравствени проблеми. Од Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а на местото е пронајдена почината сопственичката. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција. ...

Тензична акција во Крива Паланка за одземање на кравите кои со години шетаат слободно наоколу. Инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), полиција, но и дронови го снимаа теренот. Екипите кои излегоа да ги заловат говедата беа спречувани од сопствениците. Тие дури имаа и обид да ги истераат во планината, само за да не бидат заловени. Ова не е првпат службите да наидат на отпор. Поради попречување на акцијата, сопствениците ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
72%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
2.68
49%
1013
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
43%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
54%
1014
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.65
83%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
58%
1014
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
4.02
53%
1015
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1014
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
49%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
3.13
46%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
40%
1014
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
52%
1017
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9138

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Паладиум

48065.37

Иридиум

253540.09

Родиум

319899.93

Калај

54.78

Злато

151875.00

Кобалт

45.39

Сребро

2583.47

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Бакар

12.64

Алуминиум

3.50

Платина

66101.93