Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Во неделата наутро во Гранд Бланк Тауншип, Мичиген, се случи трагичен напад кога напаѓач со возило удрил во влезот на црквата „Исус Христос на Светците од Последните Денови“, влегол во објектот, отворил оган врз верниците, а потоа, според полицијата, ја запалил црквата. Во нападот загина едно лице, а деветмина се повредени. Напаѓачот, маж на возраст од 40 години, бил застрелан од страна на полицијата. Во моментот на нападот, во црквата имало ...
Финансиската полиција заедно со инспектори од државниот пазарен инспекторат и Бирото за метрологија во четвртокот извршиле претрес во фирма во Неготино поради сомнителни финансиски трансакции и несоодветен начин за пуштање во промет на масла и деривати, потврдиja за Телма од истражните органи. Станува збор за фирма која се наоѓа во Неготино, во објект поврзан со осомничениот Љупчо Пецов Ѓаволот каде има и складови за деривати и антикороизвни ...
На партиска конвенција, ден пред официјалниот старт на изборната кампања, СДСМ ги претстави своите кандидати за градоначалници и носители на советничките листи. Претседателот на партијата Венко Филипче во говорот ги нагласи критиките на функционирањето на актуелната власт. Тој смета дека државата и граѓаните „живеат под последиците на апсолутна власт“ која работи за себе, а граѓаните се на последно место. -Помина речиси година и пол откако ...
Со свечена литургија и присуство на голем број верници, денеска беше осветена новоизградената црква „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје. Чинот на осветување го предводеше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој порача дека храмот претставува нов сведок на вековната црквоградителска традиција на македонскиот народ. Архиепископот истакна дека храмот не e само архитектонска убавина, туку и духовен простор кој повикува на ...
Во пресрет на почетокот на официјалната изборна кампања, дел од партиите од албанскиот политички блок денеска упатија повик за коректна, демократска и достоинствена изборна трка. Од партиите нагласуваат дека фер натпреварот и почитувањето на политичките ривали се основа за стабилна демократија и израз на политичка зрелост. Тие апелираат до сите учесници во изборниот процес да се воздржат од говор на омраза и провокации, со фокус на програми и ...
Во истрагата за пожарот во Трубарево има првични сомнежи и индиции дека бил подметнат, открива КОД во своето вечерашно издание. Обвинителството и полицијата ги проверуваат тие сериозни наводи, а истрагата бара и утврдува дали при работењето на електронскиот отпад во Трубарево биле почитувани и законските прописи за ангажирање на лиценцирани експерти. Една од насоките на истрагата е и проверка на дозволите за работа на отпадот кој бил сместен во ...
Паѓа извозот и бројот на вработени во текстилната индустрија во Македонија. За една деценија бројот на вработени е преполовен и сега има околу 25.000 работници. Неколку десетици фабрики само последните мeсеци ставија клуч. Од тетстилната индустрија со став дека е потребна национална стратегија за спас на индустријата. Оваа тема е во фокусот на еконосмкиот магазин Бизнис објектив, вечерва во 20 часот. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се ...
Петмина ученици кои на големиот одмор јаделе седнвичи во сендвичара-киоск во близина на нивното средното училиште завршија во штипското Инфективно одделение. Мајката на еден од учениците, која сака да остане анонимна вели дека нејзиното дете првите симптоми ги добило неколку часа по консумирањето на храната и се сомнева во квалитетот на месото или компирите. Од Агенцијата за храна и ветеринарство денеска преку соопштение информираат по добиена ...
Најмалку четири лица загинаа, меѓу кои и едно 12-годишно девојче, а повеќе од 70 се повредени, во најновиот масовен напад на Русија врз Украина. Бомбардирањето започнало синоќа и траело до раните утрински часови. На мета на руските проектили се најдоа цивилни цели во главниот град Киев, кој ја претрпе и најголемата штета. Густи облаци црн чад се издигаа над центарот на градот, а повеќе згради беа оштетени. Според украинската воздухопловна ...
Од 20-те повикани само девет пациенти викендов биле на дополнителни прегледи на Клиниката за Пулмологија, откако пред пет дена им беше направен бесплатен скрининг. На теренските прегледи се пожалиле на печење на очите, носот и грлото, чувство на стегање во градите и отежнато дишење поради загадениот воздух. Од оние кои дошле на дополнителен преглед на Клиниката не е задржан. „На Клиниката за Пулмологија беа упатени пациенти со недоиследена ...
Повици за коректна предизборна кампања и покажување политичка култура на ден пред почетокот на кампањата за локалните избори кои треба да се одржат на 19 октомври. Вториот круг е закажан за 2 недели подоцна, односно на 2 ноември. Вообичаено е, со почетокот на кампањата, интензитетот на политичките пораки да се зголемува и реториката да се заострува. Претседателот на ДИК повикува на почитување на законите, а претседателот на Собранието на кампања ...
Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава против 28-годишниот Р.А. од Скопје, осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при претрес извршен на 4 јуни во Казнено-поправната установа „Затвор – Идризово“, затворската полиција кај пријавениот пронашла и одзела марихуана. Пронајдената дрога е ...
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот дел на Турција, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Тлото се затресе во 12:59 часот по локално време, а потресот бил на длабочина од околу девет километри. Според податоците на Турската дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Симав, кој се наоѓа во округот ...
Две железнички цистерни полни со нафта синоќа излетаа од шини на пругата Ваљево–Косјериќ, во близина на местото Ражана, пренесуваат српските медиуми. Инцидентот предизвика загриженост кај локалното население поради потенцијалната опасност од истекување гориво и еколошка штета. Според информациите на порталот „Глас западне Србија“, цистерните биле поставени на крајот од товарната композиција која се движела кон Косјериќ. Во моментот на несреќата, ...
Холандскиот ловец на дронови со мрежа ги фаќа малите беспилотни летала кои се наоѓаат на место каде не треба да бидат. По хибридниот напад во Данска кога поради дронови со часови беше прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Копенхаген, европските држави се соочуваат со проблем дека не користат средства за заштита од дронови кои се користат како хибридна закана. Холандските новинари по истражувањето објавија дека државата не е подготвена ...
Од полноќ официјално започнува 20-дневната изборна кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, со евентуален втор круг за градоначалници на 2 ноември. Овие избори се осми по ред од независноста на Македонија и четврти на кои граѓаните ќе гласаат директно за градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. Гласањето ќе се одвива на 3.480 избирачки места низ целата држава. Во 132 од нив има помалку од 10 гласачи, па ...
Во пресрет на Локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко, апелира изборната кампања да се одвива во најдобра демократска атмосфера. Тој, во интервју за МИА, потенцира дека иако е очекувано заострување на реториката за време на кампањата, таа мора да остане во рамките на законските и демократски норми. „Право на избор е граѓаните сами слободно да одлучат, а кандидатите и ...
Илјадници граѓани излегоа на улиците на Буенос Аирес, барајќи правда за 15-годишната Лара Гутиерез и 20-годишните роднини Морена Верди и Бренда дел Кастиљо, кои беа киднапирани, мачени и убиени. Ужасниот чин бил дури и пренесуван во живо на социјалните мрежи. Полицијата верува дека убиствата се дело на нарко-банда, која сакала да испрати предупредување до другите. Жртвите биле намамени во комбе со изговор дека одат на забава, но наместо тоа, ...
Обемни економски и воени санкции на Обединетите нации повторно се воведени против Иран, откако Велика Британија, Франција и Германија го активираа т.н. „snapback“ механизам, обвинувајќи ја земјата за ескалација на нуклеарната програма и негирање соработка. Санкциите стапија на сила 10 години по потпишувањето на историскиот нуклеарен договор (JCPOA) во 2015 година, кој предвидуваше ограничувања на збогатениот ураниум и нуклеарниот развој во Иран, ...
Во масовен руски воздушен напад врз Украина што траеше повеќе од 12 часа, загинаа најмалку четири лица, а над 40 се повредени, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Меѓу жртвите во Киев има и 12-годишно девојче, а тешко погодени беа и региони како Запорожје, Суми, Миколаив, Чернихив и Одеса. Зеленски ги осуди нападите како „подли“ и најави одмазда. Според него, нападот бил извршен со речиси 600 дронови и десетици ракети. Во ...
Сендвичара во Штип времено затворена откако претходно 5 лица појавиле симптоми на труење со храна откако јаделе сендвичи со пилешки стек. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека добиле пријавала од Центарот за јавно здравје Штип, за можно труење со храна во сендвичарница – киоск, по што инспекциските служби, вчера спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна. Биле земени примероци за лабораториско тестирање од ...
Основното јавно обвнителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против 37-годишник за кој постои основано сомнение дека во последните два месеца вршел изнуда на пари од жена во странство. Изнесувајќи детали за настанот, од Обвинителството наведуваат дека осомничениот телефонски и по пораки на различни апликации ја контактирал жената и ѝ упатувал сериозни закани по нејзиниот и по животот на нејзините мајка и брат доколку не му исплати сума од 15 000 ...
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации, нагласувајќи дека Русија нема намера да ја нападне Европа, но ќе одговори „одлучно“ на секоја агресија. Неговата изјава доаѓа во време на зголемени тензии со НАТО, по наводни руски нарушувања на воздушниот простор на алијансата, вклучително и инциденти над Полска и Естонија. НАТО ги нарече овие дејства провокации, додека Москва ги отфрла ...
Француската пешадија, поддржана од борбени хеликоптери и американски маринци, учествуваше во вежбата „Pikne“ во северна Естонија, дел од мултинационална воена операција предводена од НАТО. Вежбата има цел да го подобри брзото распоредување на сојузничките сили на источниот фронт на НАТО, како одговор на зголемената закана од Русија. Во саботата, француските војници вежбаа тивко и прецизно спуштање на мали единици со хеликоптери, техника која ...
Родителите на децата кои трагично ги загубија животите во пожарот во Кочани во март, поставија ултиматум до правосудните институции – рок до 3 октомври за одговори. Доколку институциите не постапат и не обезбедат конкретни информации за истрагата, родителите најавуваат дека мирните маршеви ќе бидат заменети со масовни протести и блокади низ целата држава. „Бараме правда. Доста беше молк. Ако и по 3 октомври нема ништо, излегуваме на улица – ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека наредил распоредување на трупи во Портланд, Орегон, и го овласти Министерството да користи „целосна сила“ ако биде потребно. Во објава на „Трут Соушл“, Трамп рече дека акцијата е насочена кон заштита на „војно уништениот“ Портланд и објектите на Имиграциската служба, кои, според него, се под опсада од „Антифа и други домашни терористи“. Оваа одлука предизвика нови тензии, особено откако ...
Почнува нова изборна кампања, а тоа е уште еден нов испит. Кампањата е обид да се преточат визијата и идеите во зборови, симболи и дела, што ќе стигнат практично до едно срце, им порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на кандидатите за градоначалници, кои денеска беа промовирани во Штип, на два дена пред официјалниот стар на кампањата за Локалните избори. Мотивирачки говор со неколку поенти упатени за обврските, одговорноста и ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави договор за вооружување вреден 90 милијарди долари со САД, кој вклучува и посебен аранжман за набавка на украински беспилотни летала од страна на Вашингтон. Договорот, според Зеленски, е дел од стратешкото партнерство и ќе придонесе за одржување на одбранбените капацитети на Украина. Украинскиот претседател посочи дека техничките состаноци за финализирање на деталите ќе започнат кон крајот на ...
Со враќањето на санкциите на Обединетите нации против Иран, закажано за недела на полноќ, нуклеарни експерти предупредуваат дека Техеран би можел тајно да ја обнови својата нуклеарна програма надвор од дометот на меѓународниот надзор. Тие велат дека САД мора да ја поддржат Меѓународната агенција за атомска енергија за да се избегне ризикот од скриени активности. Санкциите, кои ќе се активираат преку механизмот „СнапБек“ предвиден во нуклеарниот ...
Основното јавно обвинителство Битола отвори истрага за „Тешки дела против општата сигурност“ против четворица осомничени за експлозија на рачна бомба на улицата „Охридска“ во Битола на 12 јули. Откако вештачењето утврдило материјална штета од над 405.000 денари, делото е преквалификувано од предизвикување општа опасност во потежок облик на кривично дело. Истрагата покажала дека еден од осомничените ја активирал рачна бомба М-75, по што е ...