Поради невремето што попладнево го зафати охридско-струшкиот регион, дојде до испад на 110 kV далекувод ТС Охрид – ТС Струга, соопштуваат од МЕПСО. Силниот ветер и обилните врнежи предизвикаа кинење на проводното јаже на далекуводот. Дефектот настана во период кога, поради редовни технички зафати за замена на оптичко јаже, плански беше исклучен и 110 kV далекуводот ХЕЦ Глобочица – ТС Струга, велат од компанијата. Како последица на тоа, ...

Интензивни средби со ЕУ најави премиерот Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите. Откако се сретнана самитот во Тиват со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц сите од своите кабинети назначиле по еден преставник за комуникација. Наместо како до сега да се среќаваат два пати годишно во јуни и декември, од сега тоа ќе се случува два пати месечно рече Мицкоски. Задоволен е од предлогот за ...

Владата е пред чекор на решение самата да го гради проектот Чебрен и Галиште. Ова денеска го кажа премиерот Христијан Мицкоски, кој смета дека оваа стратешка одлука ќе ја донесат после разговорите со раководството на ЕСМ. Вели дека се блиску до одлуката да не се бара приватен партнер, а проектот ќе биде од стратешко значење биддејќи како што рече во регионот недостигаат два резервоари со питка вода, нешто што би се реализирало со проектот. ...

Министерството за здравство, со поддршка од Светската здравствена организација, Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија и Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина, започна значајна национална иницијатива за зајакнување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во земјата. Иницијативата ја одразува заложбата на Владата за подобрување на здравствените услуги и ...

Собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија во прво читање ги поддржаа Предлог-законот за судска служба и Предлог-законот за јавнообвинителска служба, кои претставуваат дел од клучниот реформски пакет за зајакнување на независноста, професионалноста и ефикасноста на правосудството. Двата закона се подготвени во рамки на обврските утврдени во Реформската агенда и Развојната секторска ...

Ослободителна пресуда за Зоран Јованов таткото на Васил Јованов кој смртно ја прегази Фросина Кулакова пресуди Кривичниот суд. Таткото беше обвинет за „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“ затоа што на синот две години му дозволувал без возачка да управува со автомобил иако знаел дека не смее. Дејствијата за кои е обвинет родителот не се кривично дело оценува кривичниот суд. „Судот оцени дека кривична одговорност не може да се заснова ...

Расфрлани кабли, земја по импровизираниот тротоар и небезбедни услови за движење. Ваква беше сликата денеска пред градилиштето на улицата „Христо Смирненски“ во центарот на Скопје, каде што пред неколку недели пропадна дел од тротоарот и коловозот. Денеска на терен се поставуваше нова заштитна ограда за поголема безбедност, но граѓаните не се чувствуваат така. „Еве го гледате проблемов, а не е само тој проблем, една врз друга ни се зградите и ...

Поскап транспорт, храна, пијалаци. Статистика измери 4, 8 отсто инфлација во мај годинава во однос на мај лани. Цените на мало пак пораснале за 5, 6 отсто. Од документот на статистичарите може да се види дека за една година речиси се поскапело. Најмногу транспортот, за 11 отсто. Од храната пак ударот е најголем кај месото. Од лани до сега тука цените пораснале за скоро 9 проценти, потоа следи маслото, млекото, јајцата, безалкохолните ...

Собранието ќе треба да назначи повереник за доверливо советување на пратениците, по усвојувањето на новиот Кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието на РС Македонија. Повереникот ќе биде назначен од вработените во собраниската служба, стои во член 41 во предлог-Кодексот, потпишан од спикерот Африм Гаши и објавен на веб сајтот на Собранието. Пратениците може да му се обратат на повереникот и да бараат советување како да псотапат ...

Материјални докази, односно документи од Дирекцијата за заштита и спасување беа презентирани на денешното рочиште за пожарот „Пулс“ кои покажуваат дека вакви објекти како кочанската дискотека иако биле високоризични воопшто не биле во плановите за инспекциски надзор на институцијата. Од 2012 до 2016 само еднаш имало план да се спроведе надзор во угостителски објект во Кочани, но не во кабаре, клуб или дискотека. Шабан Салиу кој во тоа време ...

Производителите на житни култури, откупувачите и преработувачите на првиот состанок за определување на откупната цена на пченицата не си подадоа рака. Преговорите продолжуваат наредната недела, откако ќе се направат анализите колкави ќе бидат приносите на пченицата во регионите и во најголемите житници Пелагонија и Овче Поле. Гоце Серафимов потпретседател на Асоцијација на земјоделци не е оптимист за откупната цена на пченицата што треба да ...

На утрешната владина седница ќе се знае кој ќе биде нов претседател на Советот за македонски јазик. Вакавата одлука следи по оставката на професор Симона Груевска -Маџоска која беше на чело на Советот година и половина. Новиот претседател на Советот за македонски јазик се бира по претходна согласност на министерот за култура и туризам и министерот за образование и наука, а го назначува владата. Министерот Љутков не сакаше да ги открие ...

Студенти од ФДУ пред и во ЦК „ Марко Цепенков“ изведоа парчиња од драмските текстови на Дејан Дуковски . Беше отворена изложба од авторката Јасмина Алексова со 75 плакати од претстави, работени по текстови на Дуковски.Беа промовирани две книги со неговите драми, во издание на „ Арс Ламина“, а за творештвото на авторот, во рамките на домашната постмодерна во литературата и театарот, зборуваше уредничката на книгите Оливера Ќорвезироска. Со ...

Пратениците да покажат конструктивност и да работат за донесување на поквалитетен закон, наместо да блокираат, повика претседателот на Собранието, по најавата на партиите на Албанците во опозиција дека нема да гласаат за Законот за правична застапеност. Порача дека, блокадата нема да доведе до поквалитетен закон, туку заедничката работа. „Можеме да дебатираме, да поднесуваме амандмани, да предлагаме, да повикуваме, имаме свикано јавна дебата, ...

Трошоците за живот во мај во однос на мај лани се зголемени за 4,8%. Трошоците на мало скокнале повеќе од општата инфлација и се зголемени за 5,6%. Од бројките на статистика може да се види дека најголем скок се забележува кај транспортот од 11%. Храната поскапела за 4,5. Најголемо поскапување се забележува кај месото од речиси 9%, маслата 6,7%, безалкохолните пијалоци исто 6,7%, цените на овојшето пораснале за 4,2%. Поскапеле рестораните, ...

Тајно следење, прислушување, озвучување, правење на лажни фирми-посебни истражни мерки за борба против криминалот за која граѓаните не ја знаат цената. Игра со стечаи и пари од странство за Соравиа, имотот и зградата која ја управува и на хартија поседува Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ. И тој поднел кривична пријава. Судење за масовните палежи во велешко и обвинетиот Ѓоре Американецот стигнува до завршница. Премиерата на емисијата беше ...

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против двајца браќа на возраст од 43 и 44 години, осомничени за обид за убиство . Според обвинителството, на 6 јуни, во близина на авто плац во селото Шишево, двајцата браќа со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице, а притоа го довеле во опасност и животот на двајца други оштетени. Повод за тоа било претходен сообраќаен инцидент во кој братот на оштетениот и првоосомничениот со ...

Мвр поднесе кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Национални шуми“ за „злоупотреба на службената положба и овластување“ Пријавениот В.Г., поранешен директор на ЈП „Национални шуми“ ја злоупотребил службената положба и овластување на тој начин што во периодот од 13.02.2023 до 07.05.2024 склучил и потпишал осум договори за купопродажба на опожарена дрвна маса со шест правни лица, при што во договорите се повикал на ценовник за цени ...

Над 1 милијарда евра потрошила земјава минатата година за увоз на прехранбени производи, во исто време додека земјоделското производство од година в година се намалува. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2025 година биле извезени прехранбени производи во вредност од 564 милиони евра, додека увозот бил над 1,1 милијарди евра, односно над 560 милиони евра дефицит. Сопственикот на Прехранбената индустрија КИМ ...

Во Кочани се одржа гастрономскиот настан „Шпански денови на вкусот“, кој преку храната ги спои македонската и шпанската традиција. Во центарот на вниманието беше кочанскиот ориз – производ по кој градот е препознатлив и надвор од границите на државата. Настанот донесе вистинска фузија на вкусови и култури. Шпанските шефови подготвија три различни видови паеља – едно од најпознатите јадења во шпанската кујна, кое потекнува од Валенсија и ...

Недостигот од суровини, квалификувана работна сила и високите производствени трошоци се меѓу најголемите предизвици со кои се соочува прехранбената индустрија. Во оваа емисија носиме репортажа за тоа како една домашна компанија од Неготино успеала од мала семејна фирма, сместена во простор од само 30 квадратни метри, да прерасне во современа фабрика што извезува на регионалните пазари. Дали автоматизацијата, дигитализацијата и бизнис ...

Лишен од слобода 42 годишен косовски државјанин, кој превезувал брендирана стока без документација. Тој синоќа се обидел да помине преку граничниот премин Блаце – Скопје, кај тунелот „Блаце“, кога бил запрен и уапсен од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ. „При преглед во товарно возило „фолксваген транспортер со косовски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена поголема ...

Европската комисија ја предупреди Албанија да не презема никакви мерки што би можеле да влијаат на нејзиниот пат кон членство во Европската Унија, по протестите во земјата поради изградбата на луксузно одморалиште во заштитено подрачје, поврзано со зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Комисијата предупреди дека изградбата на одморалиштето би можела да ја доведе Албанија во конфликт со прописите на ЕУ за животна ...

Најмалку 19 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,8 степени што го погоди регионот Минданао во јужниот дел на Филипинитe. Од силината на земјотресот се урнаа згради и продавници. Силниот земјотрес се случи во 07:37 часот наутро по локално време на длабочина од околу 35 километри (21,7 милји) Денеска јавните училишта на Филипините ја започнуваа новата учебна година, а на видео на социјалните мрежи се гледаат десетици преплашени ...

Рано утрово на 60-годишна возраст почина Арсим Зеколи, македонски политички аналитичар и колумнист. Тажната вест ја објави неговиот брат, д-р Шефкет Зеколи, преку јавно соопштение на социјалните мрежи, информирајќи го семејството, пријателите и најблиските за загубата на нивниот близок. -Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денеска, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман ...

Во Основниот кривичен суд во Идризово денеска продолжува судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На рочиштето се разгледуваат нови материјални докази предложени од Обвинителството, поврзани со инспекциски надзори и теренски контроли пред несреќата. На претходните рочишта беа презентирани документи за работата на општинските и градежните инспектори, вклучувајќи извештаи, овластувања и записници од контроли. Овие ...

Македонија минатата година потрошила над 1,1 милијарда евра за увоз на храна, додека извозот изнесувал 564 милиони евра, што создава значителен трговски дефицит. Во исто време, домашното земјоделско производство бележи пад, а производството на некои култури, како доматите, е намалено за 35%. Се отвора прашањето: како дојдовме до ситуација да увезуваме храна во вакви размери и зошто младите сè помалку се занимаваат со земјоделство? АНКЕТА: ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го прекина интервјуто со водителката на емисијата „Meet the Press“ на Ен-би-си, Кристен Велкер, по жестока расправија во која таа го замоли за докази за тврдењата за наместени избори во 2020 година и наводни неправилности при броењето на гласовите во Калифорнија. Трамп го бранеше создавањето фонд од 1,8 милијарди долари за „борба против злоупотреба на моќ“, кој Министерството за правда го основа како дел ...

На годишното собрание на „European Free Alliance“ едногласно се изгласа декларација, со која се бара од Бугарија, формално да се извини за сите злосторства кои ги има нанесено врз македонското малцинство, за време на комунистичкото владеење. Ова на својот фејсбук профил го објави македонска национална политичка организација во Република Бугарија „ОМО Илинден“. На годишното собрание на „European Free Alliance“ едногласно се изгласа ...

Шест лица се повредени во напад со нож во станицата Пен во Њујорк , соопштија властите. Осомничениот е приведен по нападот, кој се случи околу 19 часот во еден од најпрометните транспортни центри во земјата. Пространиот железнички комплекс под „Медисон Сквер Гарден“ ги опслужува линиите на „Амтрак“, „Лонг Ајленд Реил Роуд“, „Њу Џерси Транзит“ и метрото во Њујорк Сити и го користат стотици илјади патници секој ден. Според градската ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
6.87
25%
1012
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
4.78
48%
1015
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
3.22
30%
1017
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
2.99
40%
1013
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
1.11
31%
1011
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
1.79
45%
1018
weather icon

Атина

36ᴼ / 34ᴼ
4.02
34%
1010
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.95
32%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
1.79
29%
1011
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
0.89
56%
1011
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
1.34
29%
1017
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 29ᴼ
4.91
100%
1010
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.7145

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Алуминиум

3.28

Калај

56.36

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Бакар

13.23

Сребро

2044.16

Злато

139576.04

Платина

56038.75

Паладиум

43628.56

Цинк

0.00