Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Екипа на Територијалната противпожарна единица во Велес вчера извадила безживотно тело од водите на Вардар кај село Уланци во општина Градско, по дојава што ја примиле попладнето, во 14:30 часот. Трупот е предаден на надлежните служби. Информацијата ја потврди Цветанка Богоевска, јавна обвинителка на ОЈО Велес, која што информира дека биле преземени истражни мерки, меѓу кои и за утврдување на идентитетот на трупот со обдукција во Институтот ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поднесе официјално барање за помилување до претседателот на Израел, додека сè уште му трае долгогодишниот корупциски процес. Од неговиот кабинет соопштија дека документите веќе се предадени до правниот оддел на претседателската канцеларија, каде барањето било оценето како „исклучително“ и со „значајни импликации. Нетанјаху е првиот актуелен израелски премиер кој се соочува со судење, обвинет за измама, ...
Бројот на загинати од разорните поплави и лизгања на земјиштето во Индонезија се искачи на најмалку 442 лица, а стотици луѓе се водат како исчезнати. Поплавите беа предизвикани од редок циклонски систем – тропската бура Сенјар – кој го погоди островот Суматра и остави илјадници жители отсечени без храна, вода и медицинска помош. Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до најпогодените области, каде цели заедници останаа под вода, а домови ...
Дел од пензионерите денеска ќе протестираат пред Уставниот Суд. Незадоволни се што судот поведе постапка за оценување на уставноста на линеарното покачување на пензиите. Сепак, ваквата иницијатива не е поддржана од сите пензионери. Tие велат дека ќе ја чекаат одлуката на судот, додека нема одлука, не гледаат причина да се протестира и затоа денеска нема да одат пред Уставен. Од судот пак објаснија дека двете зголемувања од по 2.500 денари ...
Oд денеска камерите на „Сејф Сити“ ве снимаат. Министерството за внатрешни работи стартува со системот „безбеден град, безбедна држава “, кој автоматски ќе регистрира сообраќајни прекршоци и ќе ги казнува прекршителите. До Нова Година е предвиден пробен период. Возачите ќе добиваат само предупредувања, без изрекување казни. Од јануари системот влегува во целосна примена. Секој сопственик на возило чие прекршување ќе биде документирано, ќе ...
Триесет и осум пријави за новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА во Македонија се пристигнати оваа година, заклучно со 27 ноември, според податоците што ги објави Институтот за јавно здравје во извештајот објавен по повод 1 декември, Светски ден за борба против СИДА. ИЈЗ нагласува дека ова претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители. За споредба, инциденцата во земјите на ЕУ/ЕЕА во 2024 била 5,3/100.000 жители. Бројот на случаи во 2025 година е ...
Битолскиот Камерен Оркестар настапи во симфониски состав, и со моќен и раскошен звук ја исполни салата со енергија и емоција, со својата цветна симфонија ( Flowers Symphony) придружена со три врвни сопрани. Програмата вклучуваше безвременски италијански канцони и оперски бисери – меѓу нив легендарните „Time to Say Goodbye“, „’O Sole Mio“, незаборавниот „Flower Duet“ и уште многу други дела кои ги воодушевуваат луѓето ширум светот. View this ...
Родители на едно од петтите одделенија во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае најавија дека утре нема да ги пуштат децата во училиште додека не излезат заклучоците од вонредната седница на советот на родители закажана за утре. Тие бараат од раководството на училиштето да се утврди причината и изворот на заразата. Бараат потврда дека е направена дезинфекција по утврдувањето на причинителот на заразата. Повторна контрола од институтот за јавно ...
Јавното обвинителство соопшти дека основното обвинителство од Кавадарци до надлежниот суд поднело обвинение против три лица за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик, додека првообвинетиот од нив се товари и за продолжено дело– Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г. Според обвинителството, првообвинетиот подолг временски период на својот личен профил на ...
Магијата е во знаењето, но нема магична формула како да се направи квалитетно образование. Потребна е максимално вложување од сите вклучени страни. Факултетите да продуцираат квалитетен наставен кадар, наставниците да бидат компетентни за својата работа, а родителите да се подготвени да соработуваат за најдобри резултати на децата. Но, универзитетската професорка Ана Рингачева смета дека честопати има прекин на комуникацијата токму во таа ...
Се повлекува водата од дворовите и подрумите на жителите од селата Чешиново, Облешево, Спанчево и Чифлик, каде што вчера од надојдените води на Кочанска река и на каналот за наводнување беа поплавени. Голем дел од мештаните имаат свои бунари за вода за пиење, но поради мешање на атмосферската вода и канализацијата не можат да ја користат и затоа во овој момент за населението му е потребна питка вода за пиење. Градоначалникот на Чешиново ...
Повеќе предмети за верификација, односно за баждарење на мерни инструменти, биле криени во фиоки во бирото за метрологија поради што државата не го наплаќала својот дел од таксите, открива КОД во вечерашното издание. Новиот директор на бирото Седад Рушани, потврдува дека таков случај имало во минатото, а тој сега ја централизирал работата и чека ревизија да утврди колку предмети не се наплатени. Во КОД вечерва и информации за мобилната ...
Пратеникот Илир Демири од Алијансата за Албанците продолжува со работа како независен пратеник во законодавниот дом. Одлуката за независно делување следува неполни две недели откако лидерот на партиското крило, Села, објави дека го напушта политичкиот блок „Европски фронт“, предводен од ДУИ. Од кабинетот на спикерот Гаши вчера известија дека Демири испратил официјален допис за своето делување. Како резултат на ова, неговото име веќе е ...
Девет милиони евра од тендери за фирма основана пред една година со двајца вработени. СДСМ ја обвинува владејачката ВМРО – ДПМНЕ дека преку фирмата „Дигитал оне“ испумпува пари од Буџетот од Владата демантираат и тврдат дека се е според законот. Според опозициската СДСМ, Генералниот секретаријат на Владата е најчест клиент на оваа фирма и најавуваат дека ќе продолжат да објавуваат сомнителни и коруптивни информации и аспекти поврзани со оваа ...
На три члена на судскиот совет мандатот им завршува во декември и јануари, два огласи се во тек a за пополнување на третото испразнето место – предлог до собранието ќе треба да даде претседателката на државата. Но, од летоска празно стои уште едно место, на Милјазим Мустафа, за кое предлог треба да даде Силјановска – Давкова. Тогаш таа најави дека ќе го чека новиот закон за судски совет кој има појасни критериуми за истакнат правник. 5 месеци ...
Во претпоследната недела од ноември регистрирани се 91 случај на грип или заболувања слични на грип. Според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, бројката е пониска за 22 проценти во однос на претходната недела, но речиси 45 проценти повисока споредено со истиот период лани. Најмногу заболени има во Гостивар 35 случаи, а по него следат Тетово, Штип и Струмица со по 11 пријавени. Во Куманово, Прилеп, Скопје и другите градови ...
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, побара од претседателот на државата помилување во судскиот процес против него за корупција. Од канцеларијата на Нетанјаху потврдија дека Нетанјаху го поднел барањето до правната канцеларија на Претседателот, од каде се оценува дека станува збор за „икслучително ретко барање“ со „значајни последици.“ Нетанјаху е единствениот премиер во историјата на Израел кој додека ја вршел функцијата се соочил со ...
СДСМ денеска на прес конференција обвини дека новоформирана фирма со двајца вработени добила тендери со владини и државни институции вредни девет милиони евра и тоа сите во периодот од мај-ноември годинава. Од опозициската партија обвинија дека станува збор за фирма без историја, без искуство, без портфолио, која била регистрирана за трговија со информатичка и комуникациска опрема. На денешната прес-конференција, генераниот секретар на СДСМ ...
Собраниските служби известија дека пратеникот Илир Демири го напушти политичкиот блок „Европски фронт“ и од сега ќе делува како независен пратеник. Демири во текот на денот, за своето парламентарно делување го информирал претседателот на Собранието, Африм Гаши. Демири беше министер за здравство на крајот на мандатот на владата на СДСМ и ДУИ, како претставник на крилото на Зијадин Села во Алијансата за Албанците. На ланските избори го доби ...
Критичен период за Украинската држава. Додека руските проектили и дронови безмилосно ги уништуваат енергетската мрежа и бројни станбени објекти во државата а расте и меѓународниот притисок, предводен од САД за прифаќање на мировниот план, Украина ја тресе и голем внатрешен корупциски скандал кој допира до највисоките функционери. Повеќе од 600 000 луѓе во поширокиот регион на Киев се денеска без електрична енергија по жестокото руско ...
Една недела по сторијата на Телма, ни една институција не реагираше и не го посети домот на Живка Велјановска и семејството кои и понатаму живеат без дневна природна светлина поради различни решенија на институциите, кои прво не му дадоа, па му одобрија на соседот да прави нов објект. Таа воедно е револтирана што второто, одобрено барање на соседот за градење има добиено правосилност од Општина и покрај тоа што таа повела спор пред Управен ...
Поплавени дворови, подруми, ниви со неожнеан ориз и посеани житни култури е сликата во селата во Општина Чешиново-Облешево, откако се излеа Кочанска река. Најкритично е во селата Облешево, Спанчево, Чешиново и Чифлик. Дворовите во долниот дел на селото Облешево се поплавени, а куќите се со влага. Осумдесет годишната Маре Атанасова со гумени чизми и со гребула во раката се движи низ поплавениот двор. Вели не е прв пат да ги поплавува Кочанска ...
Со наративот кон судството и обвинителството власта прави дефокус од реформите а односот и зборовите се недолични и несоодветни, смета претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Според него во секоја професија или институција има луге кои се однесуваат несоодветно но тоа не е слика за мнозинството. Приоритет треба да се реформи за поголема доверба во правосудството вели Филипче „Мнозинството на луѓе бара систем бара реформи, прогрес и преку тоа ...
Се зголемува бројот на ученици од скопското училиште Димо Хаџи Димов заболени од „норовирус“-от. Речиси сите примероци на биолошки материјал кои родители на заболените деца, дел од нив и хоспитализирани, ги испратиле во ИЈЗ покажале присуство на вирусот. „Од добиените на биолошки материјал кои ги имаме примено во ИЈЗ од деца кои јавиле симптоми, 6 се позитивни на Норовирус. Во резултатите од мостри од храна и од работни површини од ...
Пензионерите најавуваат протести пред Уставен среде дилемите – што ќе биде со линеарното зголемување на пензиите, откако судот одлучи по сопствена иницијатива да преиспитува дали зголемувањето од вкупно две илјади денари е во согласност со Уставот. Пензионерите во септември на картичка добија илјадарка плус, а во март наредната година треба да има ново линеарно усогласување за илјада денари – пари од кои нема да се откажат, велат тие на ...
Оливер Спасовски останува координатор на пратеничката група на СДСМ, потврди лидерот на опозициската партија, Венко Филипче. Прашан за неодамнешната изјава на Спасовски дека понудил оставка од функцијата координатор на пратеничката група на СДСМ, Филипче рече дека тоа се случило меѓу двата изборни круга, а причина била техничко недоразбирање, кое во меѓувреме било расчистено. Ја разбирам неговата реакција во однос на тоа прашање поради тоа ...
За речиси една година во државата се регистрирани 38 нови случаи на заразени со Хив и сида. Иако Македонија е под европскиот просек, бројките носат сериозно предупредување. Инциденцата е 2,1 на 100.000 жители, но значително пониска од европскиот просек од 5,3, каде бројките растат побрзо. Од новодијагностицираните пациенти 37 се мажи, а само еден случај е жена. „Просечната возраст на новите случаи е 35 години, а е во опсег од 23 до 64 години. ...
Илјадници авиони од моделот А320 на „Ербас“ се приземјени ширум светот, откако производителот утврди дека интензивната сончева радијација може да го наруши работењето на софтверот на компјутерите во леталата за контрола на летот. Заради ово проблем веќе се откажани голем број летови на глобално ниво. Според информациите, зафатени се околу 6.000 авиони – половина од целата светска флота на „Ербас“. Освен најпродаваниот модел А320, ваков ...
Комисијата за тортура на Обединетите нации соопшти дека постојат докази дека Израел користи „де факто“ државна политика на организирана и широко распространета тортура. Комисијата редовно ги анализира извештаите за сите земји кои ја имаат потпишано конвенцијата против тортура, повикувајќи се на сведоштва на владите на тие земји, но и групите за човекови права во нив. Во текот на анализата на Израел, било утврдено дека Палестинските, но и ...
Магистралниот пат Куманово–Крива Паланка од 8 часот и 30 минути утринава е целосно затворен за сообраќај поради сообраќајна незгода што се случила утрово. Од полицијата апелираат возачите да користат алтернативни патни правци и да возат внимателно. Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на патот и утврдување на причините за несреќата. Засега нема дополнителни информации за каков вид сообраќајна несреќа точно станува збор а се ...