Фудбалерите на Фламенго го победија Палмеирас со 1:0 во финалето на Копа Либертадорес и испишаа историја – тие се првиот бразилски тим со четири титули во најсилното клупско натпреварување во Јужна Америка. Искусниот дефанзивец Данило му донесе победа на тимот од Рио со гол во 67-та минута, со што го запиша своето име во историските алманаси на светскиот фудбал, станувајќи првиот играч кој двапати ја освоил Лигата на шампионите и Копа ...

Оскар Пјастри го освои спринтот на патеката „Лосаил“, во пресрет на утрешната Голема награда на Катар. Австралиецот оствари хет-трик во спринтот на оваа патека, победи и претходните две сезони. Пјатри, до победата дојде пред возачот на Мерцедес, Џорџ Расел и тимскиот колега, Ландо Норис. Апсолутно никакви возбудувања не донсе спринтот во Катар. Првите тројца ги задржаа своите позиции, напредуваше, што беше и очекуано, Макс Ферстапен од ...

Поранешниот член на караванот на Формула 1, Адриан Зутил, беше уапсен во Штутгарт. Тој беше уапсен под сомнение за учество во измама и проневера, по меѓународна операција. Германецот не ги коментираше овие наводи. Зутил се натпреваруваше во Формула 1 од 2007 до 2014 година, но не беше многу успешен, бидејќи никогаш не успеа да се искачи на подиумот. Сепак, тој го држи рекордот по бројот на стартови, вкупно 128, во кои не успеа да стигне до ...

Поранешна долгогодишна вработена во Челзи се изјасни за виновна за измама на клубот за повеќе од 200.000 фунти (околу 230.000 евра) во период од четири години. 39-годишната Клер Волш, која работеla како помошничка благајничка, ја злоупотребила својата позиција за лична корист и сега се соочува со затворска казна до 10 години. Волш се појави пред Судот за прекршоци во Вестминстер, каде што се изјасни за виновна по обвинението за измама со ...

Кристијан Пулишиќ американскит репрезентативец и херој на неодамнешната победа во дербито против Интер ќе го пропушти претстојниот првенствен натпревар против Лацио, потврди тренерот Масимилијано Алегри. На прес-конференцијата пред натпреварот, Алегри истакна дека Пулишиќ „веројатно нема да игра“, но остави мала можност за промена со оглед на тоа што остануваат уште два дена до натпреварот. Тој нагласи дека остатокот од тимот е во добра ...

Нејмар постигна гол и асистенција, а Сантос го победи Спорт Ресифе (3:0) во клучниот натпревар, во борбата за опстанок на славниот тим во бразилската Серија А. Нејмар реши да игра и покрај проблемите со повредата на коленото и препораката од лекарите да не игра. Тој беше во почетниот состав во натпреварот од 36-тото коло на бразилското првенство. Игнорирајќи го советите на лекарите, тој продолжи да тренира во текот на неделата, а неговата ...

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, изјави дека Кол Палмер е подготвен за градското дерби против Арсенал. Палмер го одигра својот последен натпревар на 20 септември против Манчестер Јунајтед, по што имаше проблеми со препоните, а минатата недела имаше несреќа кога го скрши прстот на ногата во својот дом. „Враќањето на Кол е добра вест и сите се среќни. Навивачите и неговите соиграчи се среќни, а најважно е што и Кол е среќен затоа што, на ...

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изјави дека Педри ќе се врати на теренот на натпреварот против Алавес, додека капитенот Роналд Араухо нема да игра поради стомачни проблеми. Педри го одигра својот последен натпревар на 26 октомври против Реал Мадрид, по што ја повреди левата нога, а Флик изјави дека шпанскиот фудбалер ќе игра против Алавес, но нема да биде стартер. Тренерот на Барселона додаде дека Араухо нема да може да биде во тимот. ...

Оскар Пјастри ќе го започне спринтот во Катар од првата позиција. Австралиецот, во последното излегување на патеката успеа да му го одземе првото место на Џорџ Расел од Мерцедес за 32 илјадити делови од секундата. Трет ќе стартува лидерот во генералниот палсман, Ландо Норис. Потфрли, со шесттот место, Макс Ферстапен. Пјастри ја освои пол-позицијата со најбрзиот круг 1:20.055, за „влакно“ беше побрз од Џорџ Расел. Возачот на Мерцедес ги ...

Манчестер Јунајтед наводно е подготвен да продаде дури 11 фудбалери, што Рубен Аморим ги отпишал. Изненадување е што на листата, барем така тврдат англиските медиуми, се наоѓа и еден од недопирливите, капитенот Бруно Фернадеш/ Евертон ја прекина серијата од пет натпревари без пораз на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ во понеделник вечерта. Иако Идриса Геје беше исклучен поради старт врз соиграчот Мајкл Кин, по само 13 минути игра, голот ...

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, остро го критикуваше Реал Мадрид и неговиот претседател Флорентино Перез за време на неговата посета на Андора. Лапорта одговори на неговите остри изјави на последното Генерално собрание на Реал Мадрид. Флорентино Перез ја обвини Барселона дека во последните 17 години му исплатила 8.000.000 евра на потпретседателот на судиската комисија, Хозе Марија Енрике Негреира. На собранието, кое има 1.563 ...

Иднината на Серху Гираси во Борусија Дортмунд влегува во нова, неизвесна фаза. Нови детали откриваат дека неговата откупна клаузула во летото 2026 година ќе се намали на пристапни 50 милиони евра, што е помалку од претходно споменатите 75 милиони. Со оглед на тоа што европските гиганти како Барселона, Реал Мадрид и Челзи имаат ексклузивно право да ја активираат клаузулата, битката за неговиот потпис се интензивира, а Дортмунд веќе се ...

Аргентинската Фудбалска Асоцијација (АФА) жестоко ги казни играчите и раководството на Естудијантес откако им го свртеа грбот на играчите на Росарио за време на шпалирот за шампионот. Фудбалерите на Росарио Централ неодамна беа прогласени за шампиони на Аргентина за 2025 година. АФА ги промени правилата по завршувањето на сезоната. Шампионската титула му припаѓа на тимот што освои најмногу бодови во оваа календарска година. Ова значи дека ...

Македонија имаше успешен почеток на претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година. Македонија го победи Азербејџан со 87:49. Убедливиот триумф ќе им ја зголеми самодовербата на кошаркарите, пред гостувањето во Даблин кај Република Ирска. „Ова беше заслужена победа. Морам да ја пофалам тимската хемија и енергија која постои во овие три дена. Никогаш ниту преценуваме, ниту потценуваме некого. Но мора да ги пофалам играчите дека за ...

Иран одлучи да го бојкотира извлекувањето на групите за Светското првенство во фудбал во 2026 година откако САД одбија да им издадат визи на неколку членови на нивната делегација, објави во петокот Иранската фудбалска асоцијација. Извлекувањето на групите за Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада следното лето, ќе се одржи на 5 декември во Вашингтон. „Ја информиравме ФИФА дека донесените одлуки не се поврзани со ...

Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами ја заврши сезоната поради сериозна повреда на левото колено, објави Скијачката федерација на таа земја. Гут-Бехрами се повреди минатата недела за време на тренингот за супер велеслалом на Копер Маунтин, во Соединетите Американски Држави. Таа ќе биде оперирана во текот на следната недела. 34-годишната скијачка, која има 48 победи во Светскиот куп, планираше да се пензионира на крајот од оваа олимписка ...

На фудбалерот на Наполи, Били Гилмор, му претстои пауза, единственото прашање е колку долго ќе трае, што е причина за нова грижа на тренерот Антонио Конте. Шкотскиот играч од средниот ред почувствува болка во препоните на почетокот на ноември против Комо кога го напушти теренот на крајот од првото полувреме и оттогаш не можеше да тренира со тимот. Поради ова, тој пропушти дури четири натпревари во сите натпреварувања. Уште полошо, ...

Легендарниот германски фудбалер Тони Крос го доби највисокото германско одликување – Витешкиот крст му беше врачен во Мадрид на стадионот „Бернабеу“. Поранешниот германски фудбалер и легенда на Реал Мадрид, 35-годишниот Тони Крос, го прими едно од највисоките цивилни одликувања на Сојузна Република Германија – Витешкиот крст од редот за заслуги. 🚨🚨| OFFICIAL: Toni Kroos received Germany’s prestigious Knight’s Cross of the Order of Merit ...

Тимот на Астон Мартин следната сезона ќе има нов шеф, тоа ќе биде Адриан Њуи, додека досегашниот шеф, Енди Кауел, ќе ја преземе улогата на прв човек задолжен за стратегија. Во последните недели имаше многу шпекулации дека Кристијан Хорнер би можел да се врати во Формула 1 како шеф на Астон Мартин. Се покажа дека шпекулациите не се точни, Астон Мартин ќе има нов шеф, а тоа ќе биде неговиот поранешен близок соработник заработи унапредување. ...

Неверојатни сцени на насилство го обележаа крајот на натпреварот од Купот на Боливија помеѓу Блуминг и Реал Оруро. Натпреварот заврши со општа тепачка, полициска интервенција, солзавец и дури 17 црвени картони. Хаосот следуваше по нерешениот резултат 2:2, со кој Блуминг обезбеди пласман во четвртфиналето, благодарение на победата во првиот натпревар. Прославата за пласманот во четвртфиналето на играчите на Блуминг набрзо беше прекината ...

Неверојатен натпревар, па почетокот на квалификациите за пласман на Светското првенство, во Лондон одиграа Велика Британија и Литванија. Литванците победија 88:89 и покрај тоа што на 15 секунди до крајот Британците имаа предност од седум поени (87:80). Литванија тргна во напад на 15 секунди до крајот на мечот, на девет секунди до крајот Саргиунас погоди тројка, на спротивната страна Хесон погоди едно слободно фрлање за 88:83. Експресно ...

Фудбалерите на Црвена звезда го победија ФЦСБ со 1:0 (0:0) во натпреварот од петтото коло од Лига Европа одигран на стадионот „Рајко Митиќ“. Српскиот претставник ја забележа својата втора последователна победа и стигна до седум бода, три кола пред крајот на лигашкиот дел од натпреварувањето. Победата на Црвена звезда добива на значење во борбата за пласман во нокаут фазата, особено поради фактот што беше извојувана со играч помалку. Имено, ...

Фудбалерите на Шкендија го запишаа вториот пораз во Конференциската лига. На гостувањето во Косово, Дрита ја порази Шкендија со 1:0. По втроиот пораз во Конференциската лига, Шкендија остана на четири поени и се наоѓа на 25-то место на табелата. Натпреварот не понуди некој врвен квалитет, се играше тврдо од двете страни. Пресуди голот на Манај во 20.минута. Впечаток е дека дефанзивците можеда да реагираат подобро во оваа ситуација. Шкендија ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа ги отвори претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Скопје, Македонија го совлада Азербејџан со 87:49. Македнија ја оправда улогата на фаворит и според очекувањата забележа лесна и убедлива победа. Андреј Јакимовски беше најдобар со дабл-дабл (25 поени и 11 скокови). Двоен учинок од 16 поени и 11 скока реализираше и капитенот, Војдан Стојановски, Зеќири уфрли 17 поени. ...

Фудбалерите на Лил го победија Динамо Загреб со 4:0 во петтото коло од Лигата на Европа. „Догите“, успеаја да го заборават поразот од Црвена звезда и да се вратат на победничкиот колосек во ова натпреварување. Натпреварот мина во целосна доминација на францускиот тим. Интересно е што таа ги постигна првите два гола по контранапад. Кај првиот гол, одбраната на Динамо реагираше лошо, Харалдсон го искористи подарокот, му асистираше на Кореја ...

Бурни три дена се зад црно-белиот табор. Од катастрофата во Атина, поразот од Панатинаикос, преку оставката на Жељко Обрадовиќ, па сè до големото „Не“ од Управниот одбор на Партизан и притисокот врз клубит на социјалните медиуми со едно барање – Жоц да остане тренер на тимот. Целата драма беше заокружена со голем пречек за најтрофејниот тренер на Стариот континент на аеродромот „Никола Тесла“. Обрадовиќ, по поразот од Панатинаикос, во ...

Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез, ќе биде надвор од терените во следните две недели поради повреда на листот, десната нога, објави каталонскиот клуб. 22-годишниот играч од средниот ред, европски и олимписки шампион со Шпанија, се очекува да ги пропушти следните три натпревари на каталонскиот клуб во лигата против Алавес, Атлетико Мадрид и Бетис, а неговото враќање се очекува да биде во натпреварот од Лигата на шампионите против ...

Извршниот и Управниот одбор на кошаркарскиот клуб Партизан одлучија да го поддржат трофејниот тренер, Жељко Обрадовиќ, да ја продолжи својата мисија. Српските медиуми пишуваат, дека на состанокот, по предлог на претседателот Остоја Мијаиловиќ, оставката на Жељко Обрадовиќ била едногласно одбиена и му била дадена безрезервна поддршка да остане шеф на тренерскиот штаб на црно-белиот тим. Клупските челници се согласиле дека Обрадовиќ ја има ...

По дебаклот на Ливерпул и поразот дома од ПСВ, 1:4, англиските медиуми пишуваат дека на „Енфилд“ бил одржан итен состанок на Управниот одбор на кој била решена судбината на тренерот Арне Слот. Според информациите на „Телеграф“, холандскиот стручњак сè уште ја има довербата на челниците на клубот, но таа не е безусловна. Слот добил ултиматум – мора да освои максимум девет бода во следните три натпревари. Во спротивно, соработката ќе биде ...

Себастијан Фетел, четирикратниот светски шампион во Формула 1, зборуваше со пофални зборови за Макс Ферстапен, актуелниот шампион во најбрзиотциркуз. Како и Холанѓанецот, Германецот еднаш освои четири поврзани титули за Ред Бул. Фетел нема сомнение дека Макс сигурно ќе го надмине по бројот на пехари. „Страшно е колку Макс се подобрува секоја година. Сите знаеме колку е добар, но секогаш сака повеќе. Гладен е, со огромна желба да учи“, рече ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
87%
1006
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
9.77
67%
1003
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
3.09
91%
998
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
75%
1010
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.74
95%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
97%
998
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
80%
1010
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
71%
1001
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.66
89%
1013
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.12
97%
1004
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
66%
1014
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Злато

157561.16

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.09

Платина

83354.78

Калај

48.78

Рутениум

45750.51

Сребро

2733.78

Родиум

339994.14

Паладиум

55781.55

Бакар

12.12

Цинк

3.29