Шпанската Национална комисија за пазари и конкуренција (CNMC) соопшти дека отворила истрага против УЕФА поради сомневања дека се обидела да ја ограничи конкуренцијата во европските фудбалски натпреварувања со спротивставување на проектот Суперлига. „CNMC ја истражува УЕФА во врска со можното нарушување на конкуренцијата во организацијата на европските фудбалски натпреварувања“, се вели во соопштението на државниот орган. Постапката е покрената ...

Кошаркарите на Олимпијакос го победија Панатинаикос во „ОАКА“ Арената со 99:88 и поведоа со 2:1 во финалната плејоф серија од грчкото првенство. Тимот од Пиреја една победа го дели од титулата, а ќе има можност да дојде до неа пред своите навивачи во салата „Мир и пријателство“ за два дена. Третиот натпревар од серијата, да потсетиме, се играше во нов термин откако грчката влада ја суспендира серијата, поради инцидентите, на и вон теренот, во ...

Фото/ ffm.mk Македонија одигра 1:1 против Белгија, во Скопје, во квалификациите за пласман на Светското првенство. До бод, избраниците на Благоја Милевски дојдоа со спектакуларниот гол на Алиоски во 87.минута. Македонија одлично и се спротивстави на Белгија. На фаворитот му го препушти поседот, кој имаше и повеќе корнери и удари кон голот, но Македонија имаше повеќе зрели шанси. Впечатокот е дека Македонија можеше да ја победи Белгија. „Им ...

Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, со голема почит кон Новак Ѓоковиќ зборуваше по победата со која се обезбеди финалето на Ролан Гарос. Тенисерот број еден во светот беше подобар од српскиот ас со 3:0, по сетови 6:4, 7:5, 7:6. „Беше посебен натпревар за мене да играм во полуфиналето на Ролан Гарос против Новак, неверојатно е. Играв најдобар тенис, затоа сум среќен. Тој е вистинска инспирација за сите нас, за сите млади играчи и му ...

Италија доживеа тежок пораз во Осло во квалификациите за пласман на Светското првенство. Норвешка славеше со 3:0, со головите постигнати во првото полувреме. Норвашка во третиот меч во квалификациите ја забележа третата победа, додека Италија со пораз го стартуваше квалификацискиот циклус. Италија одигра еден од најлошите натпревари во последните неколку години, биквално беа прегазени од Норвешка во првиот дел. Ова е големо предупредување за ...

Фото/ Фото/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без победник 1:1 (0:1) во квалификациите за пласман на Светското првенство. Во рамките на Ј групата, Белгија го имаше поседот, повеќе удари кон голто на Димитиревски и повеќе корнери, но Македонија имаше повеќе зрели шанси и еден поништен гол, поради минимален офсајд. Де Кујпер го отвори резултатот во 29.минута и на тој начин сурово ги казни промашувањата на ...

Пари Сен Жермен е подготвен да го продаде Џанлуиџи Донарума и веќе ја одреди потребната отштета, интерес покажуваат Реал Мадрид, Баерн и Интер, објавува „Ла Република“. Голманот Донарума е еден од најзаслужните за историската сезона на „светците“. Клубот ја освои двојната круна во Франција и прв пат во својата историја ја освои Лигата на шампионите. Францускиот шампион бара 40 милиони евра за италијанскиот голман, чиј договор е до јуни 2026 ...

Фото/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI Белгија има минимална предност против Македонија по првите 45 минути во Скопје. Белгијците од стартото наметнаа темпо, Македонија се определи за дефанзивен пристап, но имаше големи панси да стигне до предност. Ударот на Барди, некако успеа да го обрани Селс, во во 27.минута, ударот на Елмас од 18 метри заврши со стативата, топката се одби до Алиоски кој од 7-8 метри промаши празен гол, топката заврши во стативата. ...

Италијанскиот стручњак Џан Пјеро Гасперини е назначен за тренер на Рома. Како што беше објавено, Гасперини (67) потпишал договор со челниците на „волчицата“ до јуни 2028 година. „Рома го објавува назначувањето на Гасперини за нов главен тренер на клубот. Кариерата на Гасперини е дефинирана со креативни тактики, посветеност на напорна работа и исклучителен развој на играчите. Сите во клубот веруваат дека Гасперини е вистинскиот човек за оваа ...

Ангелос Постекоглу повеќе не е тренер на Тотенхем, откако челниците на клубот решија да му врачат отказ. Постекоглу го водеше Тотенхем две години. Во сезоната што штотуку заврши, тој го предводеше тимот до трофејот во ЛигаЕвропа, а со тоа избори пласман во Лигата на шампионите. Постекоглу му го донесе на Тотенхем првиот трофеј од 2008 година, сепак, дури ни тој факт не изгледаше доволен за да ја задржи работата. Разделбата на австралискиот ...

Италијанските медиуми објавија дека Никола Милутинов би можел да го засили Армани Милано. Истите извори пренесоа детали од финансиската понуда, според која српскиот центар би станал еден од најплатените играчи во Европа. Никола Милутинов и Олимпијакос нема да преговараат по завршувањето на финалната серија во грчкото првенство. Според сознанијата на грчкиот портал „Спорт24“, деталите за соработката, која е блиску до официјализација, веќе се ...

Нико Вилијамс долго време е интересен за многу големи клубови низ Европа. Барселона, минатото лето беше заинтересирана за овој млад фудбалер, кој се премисли во последен момент и реши да остане во Билбао. Наводно Арсенал сериозно е заинтересиран, а сега во трката се вклучил и Баерн. Според германски „Билд“, шпанскиот фудбалер бил скаутиран од директорите на Баерн, Макс Еберл и Кристоф Фројнд, за време на натпреварот против Франција, во Лигата ...

Кристијан Киву, до крајот на денот треба да потпише договор со Интер, тврдат италијанските медиуми. Романецот, вчера бил во хотел во центарот на Милано, каде што имал разговор со челниците на Интер и како што стојат работите, состанокот поминал добро. Киву треба да потпише двегодишен договор овој петок, по што официјално би бил претставен како нов тренер на Интер. Тој доаѓа на тренерската позиција во клубот на местото Симоне Инзаги, кој ...

Дефанзивецот на Арсенал, Габриел, потпиша нов четиригодишен договор со клубот, објави „Скај Спортс“. Претходниот договор на Бразилецот имаше важност до јуни 2027 година. Габриел (27) му се приклучи на Арсенал од Лил во 2020 година. Тој има 210 настапи во сите натпреварувања, на кои постигнал 20 гола. „Дојдов како млад играч и по речиси пет години сум среќен што научив многу. Горд сум на себе, ова беше неверојатно патување и среќен сум што го ...

Фото/ ffm.mk Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва ќе ја пречека Белгија во квалификациите за пласман на Светското првенство, кое за 13 месеци ќе се одржува во САД, Канада и Мексико. Македонија ќе го одигра третиот натпревар во Ј групата, додека Белгија во Скопје ги отвора квалификациите за пласман на Мундијалот. Белгија не играше во март, бидејќи имаше обврски во Лигата на нации, а Македонија одигра два натпревари, победи кај ...

Младиот англиски репрезентативец Лиам Делап потпиша договор со Челзи. На „Стенфорд Бриџ“ пристигна за 30 милиони фунти, откако неговиот Ипсвич испадна од Премиер лигата. Делап ќе го носи бројот девет на грбот, број за кој навивачите на Челси сметаат дека е „проколнат“. Неколку славни имиња пред Делап ја носеа деветката во Челси, но не се прославија. Порад тоа навивачите семетаат дека овој број е „проколнат“. Ова суеверие не го обесхрабри ...

На Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе учествуваат 48 репрезентации. На 13 месеци пред почетокот на Мундијалот познати се десет учесници. Директен пласман на СП изборија домаќините САД, Канада и Мексико, а визи за светската смотра обезбедија веќе седум селекции. Актуелниот шампион Аргентина, гази во квалификациите во Јужна Америка. „Гаучосите“ пред две рунди обезбеденија место на СП. Синоќа во 15.коло победија во Чиле со 1:0, со ...

Карло Анчелоти, дебитираше на клупата на Бразил со нерешен резултат. Неговиот тим гостуваше во Еквадор, натпреварот во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство заврши без голови. Еквадор е вообичаено многу тежок домаќин за сите тимови поради големата надморска височина, но овој пат натпреварот се играше во Гвајакил, град на море, па Еквадорците немаа предност на реткиот воздух на кој се навикнати. Ѕвезди како Винисиус, ...

Кошаркарите на Индијана Пејсерс победија во Оклахома со 111:110, во првиот финален натпревар од НБА лигата. Пјесерс победија со поените на Тајрис Халибартон во последната секунда од натпреварот. Претходно МВП-то на лигата, Шеј Гилџес-Александер имаше шут за победа на 11 секунди пред крајот на 110:109, но промаши. Халибартон ја зеде топката и на 0,3 секунди пред крајот, со скок-шут постигна поени за прво водство на Пејсерс во натпреварот и за ...

Шпанија и Франција одиграа спектакуларно второ полуфинале во Лигата на нации. Финале избори Шпанија со победата 5:4 на стадионот во Штутгарт. Шпанците со два блиц крига дојдоа до водство 4:0, потоа и до 5:1, влегувањето на рајан Шерки ја раздвижи Франција, на крајот „триколорите“ немаа време да изборат продолженија. Шпанија во првото полувреме им покажа на Французите зото се европски шампиони. Откако Франција не успеа да го отвори резултатот, ...

Ливерпул ги одби напорите на Барселона да започне преговори за трансферот на Луис Дијаз. Од „Енфилд“ на Каталонците им порачаа дека „Лучо не е на продажба“. Колумбиецот пристигна во Ливерпул од Порто во јануари 2022 година и има договор до крајот на јуни 2027 година. Оваа сезона тој постигна 13 гола со седум асистенции на патот до освојување на титулата во Премиер лигата. „Многу сум среќен во Ливерпул, секогаш го велев тоа. Имав убаво ...

Првата и третата носителка на Ролан Гарос, Арина Сабаленка и Коко Гоф ќе се борат за титулата на вториот Гренд слем турнир во сезоната. Сабаленка ја победи бранителката на титулата Ига Швјонтек, а Гоф ја елиминира француската сензација, Лиос Боисон. Најдобрата во светот, Сабаленка, ја детронизира, Швјонтек за два и пол часа. Неизвесни беа првите два сета, во кои се случи фестивал на брејкови. Сабаленка го доби првиот со 7:6, а Швконтек вториот ...

Фудбалската репрезентација на Узбекистан се квалификуваше за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во Америка, Канада и Мексико. Во претпоследното коло, Узбекистан одигра 0:0 на гостински терен против Обединетите Арапски Емирати и со освоениот бод и математички обезбеди пласман. Узбекистанците се втори на табелата од Групата А на азиските квалификации со 18 бода, четири повеќе од ОАЕ, кои ќе мора да одат во плејофот. Ова ќе биде ...

Кошаркарскиот сојуз на Јамајка (КСЈ), преговара со неколку имиња од НБА за во иднина да го носат дресот на оваа држава. Некои играчи веќе се согласиле да го носат дресот на селекцијата на оваа карипска земја, тврди новинарот на „Јамајка Обзервер“ Даниел Блејк. Близнаците Амен (Хјустон) и Аусар Томпсон (Детроит) чиј татко има јамајкански корени, влегле во процес на добивање пасош од оваа земја. Покрај нив, Јамајка може да смета на Џордан Пауел ...

Сеск Фабрегас, сепак нема да стане тренер на Интер. Италијанските медиуми објавија дека газдата на Комо, Мирван Сурвасо, ги информирал челниците на Интер дека, воопшто не ја разгледувал опцијата да го пушти Фабрегас во друг клуб, ниту пак му дозволил на Шпанецот да преговара. Индонезискиот бизнисмен категорчно потврдил дека Фабрегас ќе остане во клубот следната сезона. „Директно му го соопштивме нашето одбивање на претседателот на Интер, кој ...

Челниците на Манчестер јунајтед испратиле официјална понуда за напаѓачот на Брентфорд, Брајан Мбеумо. „Скај Спортс“, објави дека Јунајтед понудил 45 милиони фунти во кешплус 10 милиони фунти бонуси. Се очекува Брентфорд да ја отфрли понудата. Клубот бара 60 милиони фунти. Разговорите се очекува да се одржат оваа недела откако Јунајтед доби индикации дека Мбеумо е заинтересиран да се пресели на Олд Трафорд. Тој постигна 20 гола во Премиер ...

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Мојзе Кин, нема да игра за Италија во квалификациските натпревари за Светското првенство 2026 против Норвешка и Молдавија поради повреда на вратот, објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Кин го напушти тренинг центарот на „Аѕурите“ и нема да му биде достапен на тренерот Лучијано Спалети за првите два квалификациски натпревари. Италија штотуку ги започнува своите квалификации за Светското ...

Италијанскиот стручњак Паоло Ваноли повеќе не е тренер на Торино, објави клубот. „Торино и тренерот Паоло Ваноли нема да продолжат заедно во следниот шампионат. Клубот сака да им се заблагодари на Ваноли и неговиот тим за посветеноста и заложбата што ја покажаа минатата сезона во „Граната“ и им посакува се најдобро во иднина“, беше објавено на веб-страницата на клубот. Ваноли ја напушти клупата на „биковите“ по само една сезона. Во својата ...

Фото/ facebook.com/rkalkaloid Ракометниот клуб Алкалоид од Скопјe е победник на ЕХФ Еврокупот, објави Европската ракометна федерација (ЕХФ). Според одлуката на ЕХФ, реваншот од финалето е регистриран со службен резултат 10:0 за Алкалоид, по одлуката на грчки АЕК да не излезе на теренот, во дуелот што требаше да се оигра на 25. мај во Скопјe. Алкалоид го доби првиот натпревар во Атина со 29:25, со што го освои трофејот со две победи во ...

Победниците на последните две изданија на Лигата на нации, Шпанија и Франција во Штутгарт ќе го одиграа второто полуфинале, по што ќе биде познта противникот на Португалија во финалето. Португалците синоќа ја победија Германија со 2.1. Дуелот помеѓу Шпанија и Франција ќе биде реприза на финалето од сезоната 2020/2021 и полуфиналето на ЕУРО 2024. Шпанија стигна до полуфиналето по драматичната победа над Холандија во четвртфиналето. По ...

weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
6.17
81%
1016
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
1017
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
71%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.1
91%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
1017
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.12
88%
1008
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1010
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1011
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.13
83%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
0.89
93%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
100%
1006
weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1013
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Рутениум

29192.88

Никел

473258.99

Калај

40.49

Бакар

10.96

Платина

52864.82

Цинк

3.22

Родиум

255598.44

Паладиум

46361.38

Сребро

1876.20

Иридиум

145787.60

Злато

134976.58

Алуминиум

2.91