Белград
10ᴼ /
10ᴼ
Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово ќе започне дистрибуцијата на 1 013 357 избирачки ливчиња за гласањето на вториот круг на Локалните избори 2025, информираат за МИА од Државната изборна комисија (ДИК). Ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Во сабота гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии. Локалните избори, според ...
Портфолиото на фармацевтската компанија „Реплек“ и оваа година предизвикува голем интерес на CPHI саемот за фармација, кој од 28-ми до 30-ти октомври се одржува во Франкфурт, Германија, под мотото „Ја обликуваме иднината на фармацијата“. CPHI саемот е собир на глобалните лидери во фармацијата и во неговите рамки се презентираат иновациите во индустријата. „Реплек“ го презентира своето производно портфолио – фармацевтски производи и козметика, а ...
Линдита Јовановска, сопругата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Кичево Александар Јовановски која по националност е Албанка, во интервју за Ора24.тв зборуваше за тоа како беше прифатен нивниот брак, како гледа на соживотот во Кичево, но и што мисли за атмосферата која е создадена во градот во пресрет на локалните избори. Од моите блиски и од блиските на мојот сопруг беше прифатено многу добро. Ние сме немале никаков ...
По вонредната седница на градскиот совет во Ново Место, словенечката влада презентираше голем број мерки за борба против криминалот и зголемување на безбедноста, вклучувајќи го и таканаречениот „Закон на Шутар“.Овој закон е именуван по 48-годишниот угостител Алеш Шутар, кој беше убиен минатиот викенд пред локален ноќен клуб додека се обидуваше да го заштити својот син од напад на група Роми. Вчера, истражниот судија во Ново Место нареди притвор ...
Повеќе од 22.000 германски граѓани официјално го промениле својот регистриран род откако минатата година стапи во сила новиот закон кој го олеснува овој чекор, покажуваат прелиминарните податоци објавени денеска. Според Законот за самоопределување, кој стапи во сила во ноември 2024 година, лицата во Германија може да го променат родовиот идентитет регистриран при раѓањето, како и нивното име, со поднесување изјава во матичното одделение. ...
Nvidia денес стана првата компанија во историјата што вреди повеќе од 5 трилиони долари (5.000 милијарди долари). Денешниот пораст на проценката е дел од поширок пораст на вредноста на технолошките компании, предизвикан од очекувањата дека Федералните резерви на САД ќе ги намалат каматните стапки за 0,25 проценти, објавува Гардијан. Пресвртницата, која Nvidia ја достигна на отворањето на берзата дојде само три месеци откако компанијата ја ...
Македонската филхармонија го одбележа својот голем јубилеј – 80 години од основањето, со свечен концерт во престижната Златна сала на Музикферајн во Виена, еден од најпознатите музички центри во светот, каде традиционално се одржува и прочуениот новогодишен концерт на Виенската филхармонија. Како солисти настапија Ана и Игор Дурловски, кои со својата извонредна интерпретација предизвикаа воодушевување кај публиката во преполната сала. Дурловски ...
По неодамнешниот успешен тест на „Буревестник“, крстосувачка ракета на нуклеарен погон со неограничен дострел, Русија сега успешно тестира уште едно нуклеарно оружје. Станува збор за нуклеарниот подводен дрон „Посејдон 2M39“. Веста за успешниот тест во вторникот ја објави рускиот претседател Владимир Путин, јавуваат руските и странските медиуми. Путин извести за тестирањето на „Посејдон“ за време на посетата на воената болница во Москва. „Вчера ...
Падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во кој загинаа многу луѓе, пред една година предизвика бунт во Србија, пишува германскиот „Берлинер Цајтунг“, прашувајќи се како се снаоѓаат луѓето во земја каде што ништо повеќе не е исто. Во анализата германскиот весник разговата со студентот Никола Малетиќ кој на 1 ноември се затекнал на железничката станица во Нови Сад. На 1 ноември 2024 година, тогашниот 19-годишник одел кон ...
Најсмртоносната полициска операција во историјата на Рио де Жанеиро уби најмалку 132 лица, според бројките објавени денес од јавна агенција, што е двојно поголем од претходно познатиот официјален број на жртви. „Според нашите најнови податоци, бројот на жртви е 132“, изјави за АФП Канцеларијата на јавниот бранител, државна агенција во Рио која обезбедува правна помош на најранливите. Гувернерот на Рио, Клаудио Кастро, изјави дека официјалниот ...
Во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија и одржлив развој (IFESD-14), што се одржува во Скопје, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со Јована Јоксимовиќ, помошничка министерка за рударство и енергетика на Република Србија, задолжена за меѓународна соработка и европска интеграција. Во фокусот на разговорите беше изградбата на гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија, ...
Денес во Хрватска од 10 до 16 часот, на патиштата низ целата земја се спроведува голема полициска операција на зголемена контрола на сообраќајот. Покрај целата достапна технологија, полицијата користи и дронови за следење на однесувањето на возачите од воздух, сето тоа со цел зголемување на безбедноста и намалување на бројот на сериозни несреќи, соопшти Полициската управа. За време на шестчасовната кампања, објави Полициската управа, ...
Тензично започна процесот на конституирање на новоизбраниот Совет на Град Скопје. Советниците од Демократската унија за интеграција (ДУИ) одбија да ги примат уверенијата за избор на советници, бидејќи, како што истакнаа, документите биле издадени само на македонски јазик. Според нив, со тоа се прекршува Законот за употреба на јазиците, кој предвидува сите официјални документи во институциите да бидат издадени на двата службени јазици. По ...
Поради Задушница, оваа сабота, на 1 ноември, нема да се одржи „Марш на ангелите“, соопшти на Фејсбук Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“. „Овој ден е да им запалиме свеќа, да се помолиме за нивниот вечен мир и да им оддадеме достојна почит на сите наши најмили што не се меѓу нас. Следниот марш ќе биде најавен дополнително“,се вели во соопштението на Здружението. Родителите на починатите во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани ...
Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Дисциплинскиот комесар на групата Север од третата лига донесе одлука за доживотна суспензија на фудбалерите Орхан Демири (32) и Ердин Арифи (18) од ФК Беса Слупчане, поради физички напад и обид за линч на противнички фудбалер по завршување на натпреварот Беса – Аеродром, одигран во рамки на 8. коло од третата лига Север. Домашниот терен на Беса во Слупчане се суспендира на 10 ...
Комунална Хигиена останува без директор откако довчерашниот Сабахудин Рустеми од притвор си поднесе оставка, нешто за што информира адвокатот Асмир Алиспахиќ што ги брани него и раководителот на одел за управување со отпад во претпријатието Аки Саити, откажувањето од функцијата е поради морални причини и не е поврзана со признание на вина реферираше вчера Алиспахиќ. Градоначаличката на Скопје пак Данела Арсовска со преку социјалните мрежи бара ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во дебрчкото село Волино порача дека очекува изборната трка за Локалните избори да заврши со „фантастична бројка од обезбедени 60 градоначалнички мандати“. На тоа ќе ја додадеме и бројката победи во 59 општини во советите. Тоа е резултат што не обврзува, но и мотивира да работиме уште попосветено и посилно, иако како Влада изминатите 16 месеци навистина премногу интензивно се вложивме за да ...
По пуштањето во употреба на делницата Крива Паланка – Страцин, се јави потреба од дополнителни клучки за подобра поврзаност со локалната патна мрежа. Токму затоа денеска со мојот тим од ЈПДП, заедно со пратеникот Бране Петрушевски,градоначалникот на Општина Ранковце Борче Спасовски, неговиот тим, како и актуелни советници во советот на општината бевме на терен и извршивме увид на локациите каде што ќе се градат нови две клучки, информира ...
Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, се огласи на платформата X откако Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави го отстрани неговото име, како и имињата на голем број функционери и компании од Република Српска, од списокот на санкционирани лица. Додик им се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите соработници, наведувајќи дека одлуката за укинување на санкциите е „корекција на ...
„Единствената област за плаќања во евра, СЕПА, веќе е дел од нашата реалност. Тоа не е само симбол, туку и услуга. Преку пониските трошоци, брзината и едноставниот сет информации потребен за извршување на плаќањето, граѓаните и компаниите од нашата земја веќе ги чувствуваат придобивките кога испраќаат пари или кога плаќаат снабдувачи во странство или, пак, кога примаат дознаки од странство“, порача вицегувернерката на Народната банка, Емилија ...
Милорад Додик, претседател на СНСД, Жељко Цвијановиќ, српски член на Претседателството на БиХ, и други беа отстранети од црната листа на Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии на САД (OFAC). Санкциите беа укинати и против сите други блиски соработници на Додик, вклучувајќи компании како што се ATV, Kaldera, Una TV, Agape, Prointer, Infinity Group и други. Санкциите беа укинати и против Ален Шераниќ, ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на сесијата „Дигитализација на енергетските системи – Забрзување на дејствијата преку координација и иновации“ во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој, што се одржува во Скопје. Во своето обраќање, министерот ја истакна потребата од заедничко делување и координирани напори во процесот на дигитална и енергетска трансформација. „Сите ние постигнуваме ...
Поставуваме сериозни, јавни и суштински прашања кои бараат итен и транспарентен одговор од градоначалникот на Општина Карпош во заминување Стевче Јакимовски, праша денеска Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ. Прашања кои не се само политички, туку морални, и институционални по својата природа, бидејќи се однесуваат на довербата што граѓаните ја дале, а која очигледно е злоупотребена. Како е возможно, за период од една календарска година, градоначалникот ...
Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Гоце Димовски денеска имаше работна средба со Питер ван дер Легте, извршен потпретседател на ВДЛ Груп, Аврам Стојчевски, генерален директор на компанијата ВДЛ Ван Хоол Македонија и Питер ван дер Веген, генерален менаџер на холандската компанија PWT Group BV, на која се разговараше за моменталната состојба на двете компании, како и за понатамошните планови и можности за инвестирање во рамки на зоните. Димовски, ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која учествува на осмото издание на Парискиот мировен форум, очекува дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици. -Чест е да се биде дел од отворањето на Парискиот мировен форум, којшто годинава се одржува на тема „Нови коалиции за мирот, луѓето и планетата“. Очекувам плодни дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици: мирот и безбедноста, ...
„Шанса за Центар“ го разоткри планот на Герасимовски за „Треска“ кои со своја објава ја анализираат вистината за планот на Треска. Во објавата тие наведуваат: 1. Планот кој се релизира на 30.000м2 не соодветствува со Генералниот план за градот ,па наместо 1500 жители на локацијата се овозможува да се населат повеке од 5000 жители. 2. При подготовка за градба се исечени 105 дрва кои градби со подземни нивоа не можат да се надоместат. 3. ...
Лучано Спалети ќе биде новиот тренер на Јувентус, потврдија денес бројни извори од Апенините. Спалети ќе потпише договорот до крајот на тековната сезона, а тој автоматски ќе биде продолжен до летото 2027 година доколку Јувентус обезбеди место во Лигата на шампионите. Исто така е познато дека Спалети ќе заработува 2.800.000 евра годишно, и веднаш ќе го преземе тимот. Спалети е без работа откако ја напушти клупата на италијанската репрезентација ...
Билал Касами од ВЛЕН во интервју за Алсат ја коментираше реакција на премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговата изјава за поддршка на кандидатот на НАИ во Кичево, Фатмир Дехари. -Прво не сметам дека имаше дисциплинирање, напротив, ние треба да го имаме во предвид контекстот, местото и медиумот во кој беше дадена една таква изјава и самиот контекст во кој отпосле беше пренесена како изјава што после целосно ја извади од суштинската идеја, ...
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси изрази желба да игра на Светското првенство следната година, но само под еден услов. Поранешниот играч на Барселона и Пари Сен Жермен продолжува да се истакнува во МЛС лигата, каде што постигна вкупно 31 гол и асистираше за уште 20 за Интер Мајами оваа сезона. Јасно е дека 38-годишникот нема намера да запре, иако преселбата во САД и неговите години сугерираат дека крајот е близу. Затоа, дури и Меси не се двоуми ...
Едно дете загина, а седум други се повредени, како и возачот на комбе, во тешка сообраќајна несреќа што се случи околу 3:30 часот наутро на автопатот Нови Сад-Белград, објавија регионалните медиуми во среда. Детето родено во 2009 година почина на местото на настанот од повредите здобиени во несреќата, објави Радио телевизија Србија (РТС). Седум други деца, родени помеѓу 2009 и 2012 година, се здобиле со тешки повреди и се пренесени во Детската ...