Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Кошаркарите на Партизан ја oстварија четвртата победа во Евролигата Црно-белите стигнаа до 13-та победа многу потешко од очекуваното Во натпреварот од 33-то коло, екипата на Ѓоан Пењароха го победи Асвел во Белград со резултат 79:78 (14:24, 22:8, 23:25, 20,21). Решавачкиит поен го постигна Карлик Џонс од слободно фрлање. Кошаркарите на Партизан ја oстварија четвртата победа во Евролигата Црно-белите стигнаа до 13-та победа многу потешко од ...
Египетскиот фудбалер Мохамед Салах ќе ги напушти редовите на Ливерпул по завршувањето на оваа сезона, објави вечерва актуелниот англиски шампион. „Салах ја изрази својата желба што поскоро да им обезбеди транспарентност на своите фанови за неговата иднина од почит и благодарност кон нив, се наведува во клупското соопштение. Триесетитригодишниот египетски напаѓач ја потврди информацијата во видеопорака на социјалните мрежи. „За жал, дојде ...
Поморскиот сообраќај во Ормуската Теснина останува сериозно ограничен во екот на војната во Иран, пренесе ДПА. Според давателот на податоци „Kpler“, само три бродови со вклучен Систем за автоматска идентификација (AIS) денеска поминале низ протокот во Заливот. Портпаролот на индиското Министерство за пристаништа, превозот и водните патишта изјави дека Иран дозволил два танкери со течен природен гас (LNG) да поминат без инциденти. Претходно ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска разговараше со новинарите во Овалната соба за војната во Иран, јави Би-би-си. Медиумот забележува дека единственото прашање што не било иницирано било можното распоредување на американски трупи во Иран. Еден час пред појавувањето на Трамп, неколку новински агенции објавија дека Пентагон е близу до финализирање на наредбата за испраќање илјадници американски трупи во Иран. Но, Трамп не беше прашан ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) бара Обвинителството да отвори предмет и да го испита непостапувањето на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески за избор на вицегувернери во институцијата во законски императивниот рок. Според партијата, во овој случај постојат сериозни индиции за прекршување на законот и свесно блокирање на институционалниот процес од страна на гувернерот. „Бараме Обвинителството да утврди дали ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, најави дека на утрешната седница на Централниот одбор на СДСМ, ќе биде презентирана новата предлог-програма на партијата која содржи конкретни мерки и политики за граѓаните, како и планираните активности поврзани со претстојниот Конгрес и меѓународната соработка со сестринските партии на СДСМ. „На утрешниот Централен одбор, освен ...
Слободата на изразување не смее да биде изговор за нарушување на личниот и институционалниот интегритет – реагираат од Владата во врска со вчерашниот настан во Тетово кога министерката за образование и наука Весна Јаневска со несоодветен тон беше прашана од новинар дали овојпат со себе носи преведувач на албански јазик. Од Владата изразија сериозна загриженост, оценувајќи дека настанот отворил сериозни дилеми на основните принципи на ...
Патот на Македонија кон ЕУ предолго трае, и тоа не по македонска вина – нагласи претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ на прес-конференцијата по средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Загреб. И двајцата се согласни дека тој пат е неоправдано попречуван и оти од земјата се бараат отстапки, кои ниту се оправдани ниту се дел од Копенхашките критериуми. – Зборувавме за обидот на Македонија, Северна Македонија, како и да ...
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски во изјава за медиумите истакна дека со премиерот Христијан Мицкоски имаат заеднички став дека неопходни се институционални реформи и дека треба да се создадат услови за таквите реформи. „За воведување на уставна тужба неопходно е уставна измена. Значи, само со уставна измена може да се воведе таква надлежност на Уставниот суд, бидејќи Уставниот суд на Македонија е единствен на европско тло ...
Фудбалската репрезентација на Македонија пристигна во данската престолнина Копенхаген каде задутре игра екстремно важен бараж меч за пласман на СП. Нашите најдобри фудбалери утре ќе имаат можност да се запознаат со условите на стадионот „Паркен“, и ќе имаат два дена за аклиматизација во Данска каде температурата е за неколку степени пониска од таа во Македонија, Фудбалската репрезентација на Македонија пристигна во данската престолнина ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Загреб по средбата со хрватскиот колега Зоран Милановиќ, таа посочи дека е изненадена од најавите дека известителот Томас Вајц вторпат подготвува извештај и бара од правната служба на Советот толкување ...
Мерката за намалување на ДДВ од 18% на 10% на нафтените деривати не е задоцнета и со тоа го штитиме стандардот на граѓаните. Ова го оцени заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во гостување на ТВ 24. -Мерката за намалување на ДДВ од 18% на 10% во никој случај не е задоцнета. Ги следиме работите, а факт е дека никој, па и од академската фела не знае кога ќе заврши конфликтот. Во Министерството за финансии имаме разработено неколку ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека во последните недели е забележан значителен пораст на пријави за семејно насилство, а институциите интензивно работат на системски промени и подобрување на реакцијата кон жртвите. Тој посочи дека бројките се значајно повисоки од вообичаеното и дека јавноста треба да биде свесна дека дел од растот се должи на зголемена доверба во институциите и охрабреност на жртвите. – Ако ...
На Универзитетската клиника за очни болести во Скопје биле извршени 16 хируршки интервенции – трансплантација на рожница, односно кератопластика. Најмладиот пациент кај кого била извршена пенетрантна кератопластика е момче на 13-годишна возраст, изјави на денешната прес-конфренција директорката на Клиниката доцент д-р Наташа Шекеринов. Како што објасни д-р Шекеринов, 13-годишниот пациент бил дијагностициран на Клиниката во Скопје во одделот ...
Германското списание за автомобили, „Ауто билд“ (Auto Bild), по долгорочни, повеќегодишни тестови на возила коишто траат до 100.000 минати километри, собрале богата база на податоци со десетици модели. Некои автомобили минале и низ исклучително тешки услови на возење, па списанието ги издвои оние со најмалку дефекти. Следниве автомобили ја постигнаа највисоката оценка. Најдобар по изминати 100.000 км е „Ауди А-3 спортбек г-трон“ (Audi A3 ...
СДС и Филипче 5 дена не ја негираат соработката со Башановиќ и Милјан Шчекиќ.Или да се изразиме подиректно, Башановиќ и Милјан Шчекиќ, преку официјалниот меил на СДС, не ја демантираат соработката со СДС,велат во ВМРО-ДПМНЕ. СДС, Венко Филипче, Зоран Башановиќ и Милјан Шчекиќ молчат, а со нивниот молк само ги потврдуваат нашите тези за нивната соработка.Фалименто соопштенијата, неоснованите прес-конференции и клеветничките говори на СДС и на ...
Владата преку Министерството за транспорт и Министерството за финансии овозможува силна поддршка на Град Скопје за реализација на проектот брз автобуски превоз – БРТ, напиша на фејсбук Александар Николоски. На денешната седница на Владата, ја потврдивме подготвеноста за изградба и воспоставување на еден нов современ градски сообраќаен систем преку кој ќе ја подобриме ефикасноста и економичноста на транспортната мрежа во Градот. Проектот ...
Словенечкиот весник „Дело“ во својата анализа пишува дека во Македонија има најевтини горива. „Доколку патувате низ Балканот, застанете во Скопје и наточете гориво“ пишува весникот. Во анализата се потенцира дека владите во регионот се обидуваат да го ублажат растот на цените преку различни мерки, како намалување на акцизи и даноци, но просторот за дополнителни интервенции е ограничен. „Владите на земјите од Западен Балкан на различни начини ...
Владата не размислува за отворање на Уставот, политичките услови за тоа не се исполенти, рече денеска премиерот Христија Мицкоски, пренесе МИА. Одговорајќи на новинарски прашања по тркалезната маса „Воведување уставна жалба?“, Мицкоски рече дека Уставниот суд најверојатно веќе размислува како отприлика би изгледала архитектурата на специјалниот закон и изрази очекување дека наскоро можеби ќе има готов документ кој, како што напомена, кога ќе ...
Скопје повторно се најде во фокусот на регионалните медиуми, овојпат како најповолна дестинација за точење гориво на Балканот. Словенечкиот весник „Дело“ во својата анализа за цените на горивата во регионот јасно препорачува – возачите да издржат до македонската престолнина. „Ако одите на Балкан, издржете до Скопје и точете таму“, наведува словенечкиот медиум, посочувајќи дека Македонија нуди најниски цени на горивата во споредба со другите ...
Живееме во време на длабоки и брзи глобални промени. Време во кое економските текови, финансиските пазари и безбедносните предизвици се испреплетуваат повеќе од кога било досега. Во таков свет, улогата на централното банкарство станува уште поважна – не само како чувар на ценовната стабилност, туку и како столб на довербата, стабилноста и економската отпорност. Централните банки денес не делуваат во изолирани услови. Тие функционираат во ...
Актерката Лиса Кудроу ја отфрли можноста за ново обединување на актерската екипа од популарната серија „Пријатели“,истакнувајќи дека во моментов нема такви планови. Кудроу, која ја толкуваше улогата на Фиби Буфе во периодот од 1994 до 2004 година, заедно со своите колеги Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер, веќе се појави во специјалното издание на серијата, емитувано во 2021 година. Во интервју за Си-Би-Ес ...
Ацо Ѓукановиќ, брат на Мило кој беше уапсен за нелегално поседување оружје и муниција, во моментов нема функционален премин од неговиот стан до трезорот на банката. Преминот сега е запечатен. Контролата на Прва банка беше спроведена по полицискиот претрес на станот на Ацо Ѓукановиќ во центарот на Подгорица, кој беше спроведен на 27 февруари оваа година. По тој претрес, во медиумите се појави информација дека инспекторите откриле таен премин ...
Приоритет и најголем интерес на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува одржувањето на стандардот на граѓаните. За таа цел, со вистински и навремени мерки, спречен ценовниот шок кај горивата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Со одлука на Владата за намалување на ДДВ-то на нафтените деривати од 18 на 10% се спречи поскапување на горивата и се постигна нивната стабилизација. Додека регионот се соочува со енормни поскапувања, во Македонија бензините ...
Министерката за образование Весна Јаневска при посетата на Тетово вчера беше прашана од новинар дали со себе донела преведувач, на што одговори негативно. „Не ми треба. Не знам кому му треба преведувач за во Македонија да знае македонски јазик“, изјави Јаневска. Таа заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Тетово Билал Касами присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно ...
Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека во текот на процесот на избор немал никакви контакти со Владата, ниту со премиерот. Тој во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 на директно прашање дали бил контактиран од Владата, односно од премиерот, кусо одговори: „Не.“ Савески изјави дека и самиот бил изненаден од таквиот развој на настаните, но го оценува како знак на водење грижа за интегритетот на процесот. -Меѓу тие многумина ...
Крвава серија ликвидации, како дел од одмаздата за убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан одзеде двајца криминалци од српското подземје во 2000-та година. По убиството на Бранислав Лаиновиќ Дуги, Зоран Давидовиќ Чанда заминал на погребот во Нови Сад, не мислејќи дека тоа е неговиот последен ден. Неговите убијци никогаш не беа изведени пред лицето на правдата. Зоран Давидовиќ беше еден од најблиските соработници на Зоран Ускоковиќ Сколе. ...
Министерството за одбрана на Колумбија денеска соопшти дека воен авион од типот „Херкулес Ц-130“, од американско производство, учествувал во несреќа на југот на земјата, додека локалните медиуми наведуваат дека во леталато се наоѓале околу 110 војници. Министерот за одбрана на Колумбија, Педро Санчез, изјави дека несреќата се случила при полетување од база во колумбискиот дел на прашумата Амазонија, на границата со Перу, додека авионот ...
Европската автомобилска индустрија се подготвува за голем економски удар и големи загуби ,„пишува „Блумберг“. Според изданието, 24% од европските добавувачи на автомобили очекуваат загуби оваа година, а 76% проценуваат профит од не повеќе од 5% – ниво кое е недоволно за инвестиции и развој. Добавувачите страдаат од зголемени трошоци за енергија поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Медиумот коментира дека повеќе од 100 илјади ...
Тестаментот на Јосип Броз Тито никогаш не е пронајден, што предизвика бројни контроверзии околу наследството. Јованка Броз тврдеше дека голем дел од имотот ѝ припаѓал нејзе, додека државните списоци покажаа поинаква ситуација. Попис од 1983 година открива огромна количина накит, имот и предмети што ѝ се припишуваат. Доживотниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, не оставил тестамент, или барем никогаш не бил пронајден. Овој факт ...