Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
„Довербата во денарот и натаму е стабилна, без значителни промени во однесувањето на депонентите“, истакна гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески во гостување во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија. „По краткотрајни реакции карактеристични за секоја неизвесност, состојбата брзо се стабилизира. Нема намалување на депозитите, напротив, тие бележат раст, што е јасен показател за довербата на граѓаните во банкарскиот систем“, ...
Прашањето за воведување на институтот „Уставна жалба“ и евентуални уставни измени е чисто политичко прашање за кое е потребен консензус од 2/3 од пратениците, смета претседателот на Собранието, Африм Гаши. Тој нагласи дека не поддржува парцијално отворање на највисокиот правен акт. „Сензитивно прашање е ова. Штом ќе се отвори Уставот, секој сака да ја постигне својата политичка цел. Тоа може да доведе до правење поголем проблем отколку ...
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со здравствените институции, привремено ја затворија кујната на операторот што го снабдува со храна комбинатот РЕК „Битола“. Одлуката доаѓа по серијата пријави за стомачни тегоби кај вработените, кои конзумирале лазања со сос. Досега се регистрирани вкупно 111 лица кои побарале лекарска помош во Инфективното одделение во Битола. Од АХВ информираат дека се ...
Бугарските институциите одлучуваат што да прават со шест волови кои ја преминале границата од Македонија во близина на ќустендилското село Ѓуешево пред неколку дена, објави Бугарското национално радио. Животните биле заловени и сместени во привремен објект за сточарство на општината, додека комисија од овластени бугарски и македонски служби одлучува што да се прави во случајот. Не се знае дали овие шест волови се дел оние гопведа шетаат ...
Уште една банка се приклучи кон шемата за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) со што се заокружи процесот на влез на целокупниот банкарски сектор од домашната економија во оваа платежна шема. Вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПА претставува значаен чекор во натамошната интеграција на домашниот платен систем во европскиот платен простор и придонесува за унапредување на ефикасноста, ...
Процесот на распределба на државните ваучери за набавка и вградување инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика, при што над половина од вкупно доделените 4.070 ваучери веќе се подигнати, соопшти Министерството за енергетика. Според податоците од меѓуопштинските центри за социјална работа, до 25 март се евидентирани 2.084 подигнати ваучери. Министерството потсетува дека списокот на граѓани кои остварија право на оваа ...
Филмот „Спајдермен: Сосема нов ден“ (Spider-Man: Brand New Day) веќе пишува историја, па така, најновиот доказ за неговата популарност говори за рекордните бројки на гледаност на неговиот трејлер. Продукцијата на „Сони“ го објави трејлерот за новата авантура на Спајдермен (вкупно 38-ми филм од суперхеројскиот бренд на „Марвел“, а четврти со Том Холанд во главната улога), на 17 март. За само четири дена, видеото достигна милијарда прегледи (на ...
Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, денеска беше именуван за нов генерален директор на британскиот јавен радиодифузен сервис Би-Би-Си. Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за Европа, Блискиот Исток и Африка, рече дека „се радува на почетокот“, опишувајќи го ...
„Во време на светски предизвици, одржливите и иновативни институции се најсигурното „сидро“ за економијата.“ Ова беше главната порака што беше испратена на Конференцијата на Народната банка, во соработка со Европскиот форум за европски пари и финансии (SUERF – The European Money and Finance Forum), на тема „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“. На настанот учествуваа ...
Добро е што Демократската унија за интеграција (ДУИ) излезе од ретро политиките на политичарите од пред неколку децении и почнаа да се интересираат за реалните теми што ги интересираат граѓаните, вели премиерот Христијан Мицкоски. Изјавата на Мицкоски се однесува на денешните наводи од ДУИ кои велат дека само од почетокот на 2026 година, ЕСМ со цел да ги покрие потребите на домаќинствата и малите потрошувачи била принудена да набавува ...
Триесет и тригодишен стружанец е уапсен во Србија под сомнение дека вчера прегазил пешак во Лесковац, по што избегал, а пешакот починал, пренесуваат српските медиуми. Несреќата, како што наведуваат дел од српските медиуми, се случила ноќеска на автопатот Врање – Лесковац, кај исклучувањето за Грделица. Според информациите, Н.К. управувал камион „волво“ кон Лесковац кога удрил во пешакот и му нанел повреди од кои човекот починал на самото ...
Во врска со непристојниот однос на новинарот Невриј Адеми кон министерката за образование и наука, Весна Јаневска, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги посочува дека медиумските работници при извршување на својата професија треба доследно да ги почитуваат професионалните новинарски стандарди и принципи. Комуникацијата помеѓу новинарите и носителите на јавни функции треба да биде коректна, достоинствена и базирана на заемна ...
Шеснаесет судови биле ажурни во 2025 година, од нив 14 основни и два апелациски во Штип и во Гостивар. Неажурни во работењето биле 18 судови: Врховниот суд, Вишот управен суд, Управниот суд, апелациските судови во Скопје и Битола и 13 основни судови, што значи дека поголем дел од судовите во земјава лани примиле повеќе предмети, отколку што решиле и со тоа го зголемиле бројот на нерешени предмети. Ова го покажуваат статиситичките податоци ...
Петар Гајдов, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје е предлог за нов директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно предлог – одлуката што беше изгласана на денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски информираше дека за избор за заменик директор на Агенцијата, Собранието ќе објави ...
Иран го разгледа предлогот на Доналд Трамп и „смета дека барањата се прекумерни“, изјавил официјален претставник цитиран од иранската државна телевизија, како што објави Скај њуз. „Иран ќе ја заврши војната во време што самиот ќе го избере и само ако се исполнети неговите услови. Иран нема да дозволи американскиот претседател Доналд Трамп да го диктира времето на крајот на војната“, рече официјален претставник, како што објави Скај њуз. Тој ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека Владата донесе Одлука за утврдување на почетокот и завршувањето на летното сметање на времето во 2026 година, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 58 од 19 март 2026 година. Летното сметање на времето почнува ноќта од сабота кон недела во 2 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред и наместо 2 часот ќе ...
Она што се очекуваше по доаѓањето на Доналд Трамп по втор пат во Белата куќа со македонската редакција на Радио Слободна Европа конечно и се остварува. Таа престанува да работи за една недела, на 31 март. Веста ја објави претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Стивен Капус. Заедно со македонскиот сервис на Радио Слободна Европа се затвора и паштунската служба, Радио Машал, наменета за корисниците во Авганистан и дел од ...
81 вработен во РЕК Битола побарал лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола поради стомачни проблеми, повраќање и температура. Според специјалистот инфектолог Хараламбос Сидиропулос, повеќето пациенти имаат лесна клиничка форма и се испратени на домашно лекување, додека едно лице е задржано за понатамошна терапија на Интерно одделение. „Во нашето одделение се јавија 81 лице со стомачни проблеми, повраќање и температура. Сите се со иста ...
Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска, судија на Апелацискиот суд, за судија на Уставниот суд. На денешната седница 10 членови на Судскиот совет гласаа „за“, еден беше против, а судијката Антоанета Димовска се иззеде од точката на дневен ред. Судиите, членови на Судскиот совет, кои ја поддржаа кандидатурата на Дика-Георгиевска, истакнаа дека таа ги исполнува сите услови за уставен судија, дека станува збор за професионалец кој има ...
Правото на слободно поставување прашања и критичко известување на новинарите е неотуѓиво и суштинско за функционирањето на едно демократско општество, но ова право подразбира и обврска за доследно почитување на професионалните и етичките стандарди, што не беше случај со последниот настан поврзан со однесувањето на новинарот Невриј Адеми на прес конференцијата на министерката за образование и наука Весна Јаневска во Тетово, случај што Советот ...
Деветмина обвинети за примање и давање мито од над 50 илјади евра, на чело со ексдиректорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев, седнаа на обвинителна клупа во Кривичниот суд на судењето за митото поврзано со ИПАРД фондовите. Џевдет Насуфи, кој јавноста го знае од времето кога беше ексминистер за правда и за локална самоуправа, е првообвинет за давање поткуп за помош од ИПАРД-програмата и ...
Во Македонија граѓаните имаат јасен став, околу 80 отсто не сакаат да се менува Уставот, но речиси 70 отсто се за членство во Европската Унија. Ова создава тешка дилема за политичарите, како да се усогласи волјата на народот со меѓународните обврски, истакна претседателката Гордана Сиљановска – Давкова на предавањето на тема „За парадоксите на македонските евроинтеграции“ на Правниот факултет во Загреб. Посочи дека историјата покажува дека ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања изјави дека во тек е реализација на 17 странски инвестиции, што треба да отворат до пет илјади нови работни места. – Веќе неколку пати најавив дека во тек се, во завршна фаза, во почетна или во некоја фаза на реализација, околу седумнаесет инвестиции што треба да креираат до пет илјади нови работни места. Што се однесува до инвестициите во енергетиката и регионалното ...
Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска беа претставени 17 нови лесни оклопни возила „страјкер“, набавени од САД како дел од договорот за опремување на македонската Армија со лесни оклопни возила. Министерот за одбрана Владо Мисајловски им заблагодари на Соединетите Американски Држави за помошта во процесот на модернизација на македонската Армија, а на премиерот за одвоениот, како што рече, историски буџет за Министерството. Посочи ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа говорејќи за работењето на Владата истакна дека се дава максимумот иако, како што рече, кај одредени поединци има дилема, ги опоменува и доколку не се коригираат ќе бидат сменети. „Ние кажувавме, состојбата е тешка. Ние не сме чудотворци да ветуваме чуда. Тоа јавно на митинзи сум го зборувал. Тој што ви ветува чуда не ја говори вистината, но дека ќе ...
Премиерот Христијан Мицкоски во телевизиско интервју најави дека ќе иницира регионална иницијатива за здружување инвестиции во енергетиката, која ќе има потенцијал од неколку милијарди евра. Мицкоски во емисијата „Заспиј ако можеш“ говореше за можноста регионот заеднички да настапува во поглед на привлекување на идните енергетски инвестиции за задоволување на доаѓачките потреби во светот. Премиерот потсети на последното свое учество во ...
Во кошаркарската Евролига вчеравечер се одиграа осум натпревари од 33.коло. Лидерот Фенербахче загуби како гостин во Белград од Макаби. Израелскиот тим му го нанесе десеттиот пораз на тимот од Истанбул. Постигнати резултати: Макаби – Фенербахче 94:89 Жалгирис – Баерн 78:71 Монако – Милано 90:85 Дубаи – Панатинаикос 104:107 Барселона – Ефес 78:71 Валенсија – Олимпијакос 85:84 Партизан – Лион 79:78 Реал Мадрид – Хапоел Тел-Авив 92:83. Колото ќе ...
Во зградата на Специјалниот суд во Белград денеска, на судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ, треба да биде сослушан нивниот син К.К., кој на 3 мај 2023 година уби девет соученици и училишен чувар, а рани шест ученици и една наставничка, во основното училиште „Владислав Рибникар“. Таа постапка е затворена за јавноста, па затоа никој официјално не објавил дека малолетникот ќе биде сослушан, но на тоа укажува фактот дека во текот на ...
– Денвер нагетс го победи Феникс санс со 125:123 рано утрово на гостински терен во натпревар од регуларната сезона на НБА-лигата. Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, го предводеше својот тим до триумфот. Србинот оствари трипл-дабл постигнувајќи 23 поени, 17 скока и 17 асистенции. Во домашниот тим, се истакна Девин Букер со 22 поени, три скока и осум асистенции. На другите натпревари играни ноќта вторник кон среда постигнати се следниве ...
Македонската фудбалска репрезентација попладнево со чартер лет отпатува за Копенхаген каде в четврток од 20:45 часот ќе се соочи со домаќинот Данска во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство 2026. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски во текот на утрешниот ден ќе го одржат официјалниот тренинг на стадионот „Паркен“, чиј капацитет, според извештаите, е целосно распродаден за натпреварот в четврток. Победникот од дуелот во ...