Еден од денешните натпревар е дуелот меѓу Белгија и Иран што се игра во Лос Анџелес. Но, за репрезентацијата на Иран и нивниот стручен штаб проблемите се секојдневие. Атмосферата во таборот на Иран е позитивна, а стручниот штаб се обидува екипата да ја избори следната фаза. Но, Иран се соочува со логистички проблеми, кои не се вообичаени за другите учесници на Мундијалот. Според американските медиуми на иранскиот тим нема да му биде дозволено ...

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека првичните разговори во рамки на коалицијата за реконструкција на Владата се конструктивни и најави дека неделава тие ќе продолжат, а очекува во текот на викендот и да завршат. Во првите разговори преовладува конструктивен амбиент. Во текот на оваа недела повторно ќе имаме средби, јас очекувам тоа да бидат завршни, а во текот на викендот да се формализира сето тоа и со имиња, и со останати специфики – ...

Додека германската репрезентација се бори за светскиот трон на теренот, беснее вистинско незадоволство. Главна тема во таборот на „панцерите“ одеднаш не е ниту тактиката ниту играчите, туку атрактивната Лена Вурценбергер девојка на селекторот Јулијан Нагелсман која сериозно го нарушува потребниот мир и предизвикува тивок бунт во националниот тим. Сè започна за време на подготовките во Франкфурт, кога Лена го следеше тренингот од балконот во ...

Возиња e херојот на Зеленортските острови, но тој беше тажен што неговата мајка не успеаа да допатува на Светското првенство поради финансиски причини и проблеми со визата. Сепак вчера неговата мајка пристигна во Мајами, а нивната прва средба беше исполнета со емоции што не можеа да се сокријат. Прегратката меѓу мајката и синот ја забележаа и камерите, создавајќи една од најемотивните сцени на турнирот – момент во кој зборуваше емоцијата. Таа ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска во Владата ќе има состанок со претставници на сите дистрибутери, трговци и маркети на кои ќе им пренесе дека очекува намалување на цените на производите, особено на основните прехранбени производи, по завршување на кризата на Блискиот Исток. Мојата порака ќе биде јасна – завршува кризата, граѓаните беа толерантни, сега е ред тие да им се оддолжат на граѓаните и веднаш да ги намалат цените на ...

Голманот на иранската фудбалска репрезентација, Алиреза Беиранванд е херој на нацијата по мечот против фаворизираната Белгија на Светското првенство. Натпреварот одигран во Лос Анџелес заврши без голови, па двата тима по две кола имаат по два бода и со тоа шанса да се пласираат во нокаут фазата. Беиранванд имаше неколку спектакуларни интервенции за време на натпреварот, а акробатската бравура во 59-тата минута, кога спречи сигурен гол, е ...

Вардар и официјално се враќа во Лигата на шампиони. ЕХФ потврди дека македонскиот првак е еден од тимовите кои доби вајлд-карта за да биде дел од најелитното европско клупско натпреварување. Вардар оваа информација ја најави со специјално видео, во кое прво Милан Лазаревски вели дека е време за одмор кој е сосема заслужен, но потоа доби повик од тренерот Иван Чупиќ, кој пак му вели дека одморот е завршен…. Edit Вардар и официјално се ...

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, штотуку изјави дека поднесува оставка од функцијата премиер и се повлекува од челото на партијата во своето вонредно обраќање до јавноста пред Даунинг стрит 10 во Лондон. Стармер вели дека поднесува оставка и од функцијата лидер на Лабуристичката партија и дека за својата одлука го известил Чарлс III. Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, штотуку изјави дека поднесува оставка од функцијата ...

Албанскиот премиер, Еди Рама, преку објава на Фејсбук се спротистави на учеството на граѓани од Косово и Македонија на протестите во Тирана, нагласувајќи дека Албанците од овие земји не можат да се сметаат за албанска дијаспора. „Албанците од Македонија не се дијаспора на Албанија на туѓа земја. Заедно со Македонците тие се државотворен народ во својата земја во соседната држава“, напиша Рама, додавајќи дека дијаспора се иселениците во ...

– Уругвај ремизираше 2:2 со Зелено’ртските Острови ноќеска во Мајами во вториот натпревар од групната фаза на Светското првенство 2026. Уругвај е непоразен во последните три натпревари на фудбалските Мундијали. Нивната последна подолга серија без пораз беше четири натпревари од 15 јуни 2018 година до 30 јуни 2018 година. Уругвај, исто така, ремизираше со Саудиска Арабија на Светското првенство 2026. Тие ја победија Гана со 2:0 на Светското ...

Египет ноќеска го победи Нов Зеланд со 3:1 во натпревар од второто коло по групи на Светското фудбалско првенство 2026. Оваа победа е прва за Египет на Светските првенства. Претходно имаа три нерешени резултати и пет порази. Исто така, тоа беше првпат Египет да губи на полувреме во натпревар од Светското првенство. Египет со четири бода од два натпревари е лидер во групата Г, Иран и Белгија имаат по два бода, последен е Нов Зеланд со еден ...

Градинка за кучиња, насловена „Шепа“ е отворена во трговски центар во Шангај, каде на кучињата им се нудат внимателно организирани дневни активности, наместо строга дресура или ограничувања според возраста. Установата нуди игри, грицки, ленти за трчање и музика за кучиња, а младите сопственици трошат сè повеќе за своите миленици. Милениците пристигнуваат секој ден до 9 часот наутро во „Шепа“. Тие следат распоред што вклучува интерактивни игри ...

Левица бара Владата итно да интервенира за заштита на домашните млекопроизводители, да обезбеди целосен откуп на домашното млеко по цена над 30 денари за литар и да воспостави построги контроли врз увезеното млеко и млекото во прав од Србија, со цел да се зачува домашното производство и да се спречи негово дополнително уништување. Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, предупреди дека Македонија во моментов произведува околу 62 проценти од ...

Сточарите од Пелагонија најавуваат протест за 30 јуни ако дотогаш не им се исплатат субвенциите по грло говедо и премијата за млекото. Здружението на сточари од Пелагонија „Пелагониско поле“, ги повикува сите сточари и земјоделци кои не се задоволни од исплатата на субвенциите да им се придружат на протестот во Битола со блокада на подрачната единица на Министерството за земјоделие во центарот на градот. Револтот расте поради неисплатените ...

Авион на „Аустријан ерлајнс“ денеска слета со 154 патници на охридскиот аеродром „Свети апостол Павле“, со што беше означен почетокот на новата воздушна врска меѓу Виена и Охрид. Летовите ќе се реализираат двапати неделно, секои четврток и недела, во периодот до 18 октомври, овозможувајќи директна поврзаност на Охрид со еден од најважните европски воздухопловни центри. Министерот за транспорт, Александар Николоски, истакна дека отворањето на ...

Еден вработен куца електронска картичка за петмина колеги во исто време, додека тие воопшто не се појавуваат на работно место или пијат кафе надвор од институцијата. Ова не е сценарио од филм, туку реалност и воспоставена пракса со која со години се злоупотребувал системот во здравствената администрација, откри министерот за здравство во интервјуто за „Ноќно Студио“. Овој скандал со фиктивното присуство, кој во јавноста отвори низа реакции, е ...

Првиот летен викенд заглави на Богородица со долги колони возила кон Грција, откако утрово на граничниот премин се создаде голем метеж од патници што тргнаа на викенд, одмор или транзит кон јужниот сосед. Возилата се движат бавно, колоните се протегаат кон меѓуграничниот простор, а дел од патниците чекаат под силното летно сонце. Метежот на Богородица доаѓа веднаш по официјалниот почеток на летото, во период кога традиционално расте бројот на ...

Гледачите на „Звездите на Гранд“ од Босна и Херцеговина се жалат дека победата на Бојан Илиевски била наместена и оти постојано победувале Македонци. Публиката во БИХ смета дека требало да победи нивен кандидат и оти имале одлични пејачи. На Фејсбук страницата на телевизија „Нова“ се разви жестока дебата за шоуто. Eдни велат дека не треба да се напаѓа Бојан бидејќи имал тежок живот а дека Македонците навиваат за БИХ на Светското првенство. ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека неговата партија нема да биде алиби за одржување предвремени парламентарни избори и оцени дека тие ќе се случат само кога власта ќе се соочи со финансиски проблеми. „Нема да дадеме алиби за избори, предвремени. Избори ќе има кога ќе снема пари. Тоа е концептот на нивното владеење. Кога ќе ги дотрошат сите пари за партиски тендери. Гледате и контрадикторни изјави, сакаме предвремени, па ќе има ...

По завршувањето на првата фаза од разговорите со коалициските партнери во текот на викендот, можеме да констатираме дека средбите поминаа во конструктивна атмосфера, во духот на меѓусебна почит, партнерство и заедничка определба за понатамошно унапредување на работата на Владата, брифираат извори за „Република“. Во разговорите беа потврдени принципите кои претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, јасно ги истакна во своето ...

ДМ го повлекува од продажба производот „babylove силиконска лажица, 2 парчиња“ како мерка на претпазливост, а како што наведуваат, причината е што малите делови можат да се одвојат за време на употребата и да претставуваат опасност за децата. „Повлекувањето се однесува само на производот со сериски броеви 2521 и 2532 и GTIN број 4067796183429. View this post on Instagram A post shared by Alo Online BA (@aloonline_ba) ДМ го повлекува од ...

) – Претседателот на СДСМ енко Филипче оцени дека по две години власт на Христијан Мицкоски, целосно пропаднале клучните економски ветувања со кои ВМРО ја доби довербата од граѓаните, наведува СДСМ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. Тој нагласи дека еден од најсилните показатели за економскиот неуспех е драматичниот пад на странските инвестиции. -Наместо зголемување на странските инвестиции, тука да гледаме нови фабрики, отворање ...

Македонецот Бојан Илиевски, е победник на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2025/2026. До триумфот стигна во големото финале освојувајќи најголем број СМС гласови од публиката од целиот регион. Музичкото образование го стекнал преку основно и средно музичко училиште, а потоа студирал и на Музичката академија во Словенија. За време на натпреварувањето не ги криел тешките животни приказни што го обележале неговиот пат – ...

Германската репрезентација постигна важна победа од 2:1 против Брегот на Слоновата коска и со шест бодови веќе е пласирана како првопласирана во следната фаза. Но, триумфот со голот во последната минута е во сенка на повредата на играчот од одбраната Нико Шлотербек. Тој во финишот на првиот дел доживеа повреда и селекторот Јулијан Нагелсман на полувреме го замени откако на паузата било јасно дека нема да може да продолжи. – Нико има проблеми ...

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски информираше дека со засилена динамика продолжуваат градежните работи на автопатот Гостивар – Букојчани, делница која ќе овозможи заобиколување на планинскиот премин Стража. Според Николовски, во моментов активно се работи на пробивање на трасата, а паралелно се изведуваат и активности за поставување на столбовите на виадуктите долж трасата. „Одличен напредок во изградбата на ...

Од денеска патниците од Охрид и регионот ќе можат директно да патуваат до австриската престолнина, откако официјално започнува со работа новата авиолинија меѓу Охрид и Виена, која ќе ја опслужува авиокомпанијата „Остријан ерлајнс“. По повод пристигнувањето на првиот лет од Виена, на охридскиот аеродром ќе се одржи прес-конференција, на која ќе се обратат генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, заменик-шефот на Мисијата во ...

Летото на северната хемисфера, а со тоа и во Македонија, календарски започнува денеска, на 21 јуни, во 10 часот и 24 минути. Со настапувањето на летната краткоденица, денешниот ден е најдолг, а ноќта најкратка во годината. Овој астрономски момент означува почеток на летната сезона, кога Сонцето ја достигнува својата најсеверна положба на небото во однос на Земјата. Во истиот момент, на јужната хемисфера започнува зимата. Во наредните месеци ...

Баналните оправдувања и очајните обиди да се релативизира одлуката со која се враќаат имиња од југословенскиот период на улиците, плоштадите и мостовите во Тетово, зборуваат повеќе од која било јавна изјава на ВЛЕН, реагираат од опозициската ДУИ. „Некој може да има носталгија кон Јосип Броз Тито. Некој можеби му посветувал пофални песни и бил наградуван за тоа. Тоа е прашање на лични убедувања. Но носталгијата за Тито треба да остане во ...

Минималните трошоци на четиричлено семејство во јуни се намалени за 88 денари во однос на мај, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија кој ја изработува синдикалната минимална кошница. Според податоците на ССМ, вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни изнесува 68.654 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати 84.024 денари. За храна биле потребни 25.120 денари, а за режиски трошоци 6.379 денари. Околу 100 евра или поточно ...

Врховната заедничка воена команда на Иран соопшти дека Ормутскиот теснец е повторно затворен откако ги обвини САД и Израел за кршење на договорот за примирје, објави иранската државна новинска агенција Мехр. Ова доаѓа во време кога Израел ги продолжи нападите во јужен Либан, и покрај договорот за примирје меѓу Израел и милитантната група Хезболах, кој наводно стапи на сила вчера во 14 часот по британско време. Командата соопшти дека ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.61
39%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
0.89
47%
1011
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.12
52%
1013
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.79
37%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.66
40%
1010
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
1.26
79%
1014
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
2.24
46%
1009
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.09
49%
1010
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.38
45%
1011
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
3.13
49%
1009
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
55%
1014
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
3.98
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Родиум

278103.96

Иридиум

252383.36

Бакар

13.54

Кобалт

56.29

Платина

55652.94

Злато

137126.15

Калај

56.77

Паладиум

43435.66

Сребро

2005.37

Цинк

0.00

Алуминиум

3.27

Рутениум

53852.50