Советот на јавни обвинители на денешната седница избра четворица обвинители за организиран криминал: Александар Маркоски, Енѓелуше Кадриу-Леши, Ана Гоговска-Јакимовска и Ана Стојковиќ-Димитровска. Советот на јавни обвинители денеска не избра шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје гласаше, но не избра Виш јавен обвинител на Скопје, по повлекувањето од функцијата на Мустафа Хајрулахи. За местото беа пријавени: обвинителката Фатиме Фетаи, ...

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека реакциите на дел од грчките медиуми по употребата на терминот „Македонија“ во говор на првата дама на САД, Меланија Трамп, се очекувани и не претставуваат изненадување. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски истакна дека вакви реакции постоеле и ќе постојат, нагласувајќи дека државата треба да настапува достоинствено и самоуверено кога станува збор за националниот идентитет. Воедно, премиерот ги ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари работна средба со проектантите на БРТ (Bus Rapid Transit) системот, на која детално беа презентирани решенијата, намената и техничките аспекти на проектот. На средбата се разговараше за трасите, начинот на функционирање, како и за придобивките што овој систем ќе ги донесе за градот и граѓаните. По средбата, градоначалникот најави воведување на брз, модерен и целосно еколошки автобуски ...

Од 29 и 30 март „Визер“ воведува три нови авиолинии – до Милано, Неапол и Будимпешта. Мрежата на авиолинии на скопскиот аеродром се проширува со вкупно шест нови дестинации, а на охридскиот со четири. Летниот распоред на летови од двата македонски аеродрома управувани од „ТАВ Македонија“ почнува престојниов викенд – в недела, 29 март, и со него ќе има вкупно 10 нови дестинации – шест нови авиолинии од Меѓународниот аеродром „Скопје“: Неапол, ...

Започна новата сезона во МЛБ безбол лигата. За оние кои се обложуваат „Пресинг ТВ“ ви ги претставува главните фаворити оваа долга сезона. . Торонто Аутсајдер во плејофот во очите на многумина, Торонто ја освои Американската лига Исток пред да ги елиминира Јенкис и Маринерс и да стигне до Светската серија. Серијата со Доџерс ќе остане запаметена како едно од најголемите финалиња во серијата на сите времиња. Промашената одбрана на Џеф Хофман и ...

Во Белград продолжи судењето на родителите на Коста Кецмановиќ за убиството на своите соученици. Во судницата десето одговараше на прашањето на психолози и адвокати за односот што го имал со родителите и дали тие го предизвикале неговото однесување. Јас сум психопат, и татко ми така ме викаше. Кога така ме нарече почнав да истражувам и се пронајдов. Мислам дека е предност да бидеш ладен и без емоции рекол Коста во судница, пренесе „Информер“. ...

На денешното отворање на настанот под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“, во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Студентската организација на ЕПП и фондацијата Конрад Аденауер, се обрати претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој истакна дека Унијата на млади сили повторно докажува дека е меѓународно етаблирана организација која Република Македонија и Скопје ги прави епицентар на младинските ...

Силната бура сè уште предизвикува големи штети низ цела Хрватска. Пожарникарите и службите за итни случаи од вчера попладне работат континуирано на отстранување на дрвјата од патиштата, делови од автопатот се затворени, а силните ветрови го оштетија Загреб, а на сила се бројни предупредувања за граѓаните, објавува N1 Загреб. Поради опасните временски услови и бурните ветрови во Хрватска, наставата не се одржува во основните и средните ...

„Centre for migration London“ направи истражување за сексуалните напади врз жени во Лондон и од која националност доаѓаат насилниците. Истажувањето е направено на 10.000 жители и од бројките се гледа дека најголел дел од напаѓачите се од Афганистан, дури 74 посто, на второ место се оние од Еритреја, а трети се Алжирците. На шесто место се Албанците со 35 посто а Бугарите 14-ти со 20 проценти од сексуални напаѓачи. Британските власти со годни ...

Македонската фудбалска репрезентација со поразот од 4:0 од Данска во Копенхаген синоќа го заврши настапот во баражот за Светското првенство 2026. Во своето деби селекторот Гоце Седлоски имаше непријатно искуство, особено што по првиот дел резултатот беше 0:0, а на стартот на вториот дел за десет минути Данска постигна три гола. – Се распаднавме. Првиот гол на противникот создаде хаос. Имавме големи проблеми со Густав Исаксен и Микел Дамсгард. ...

Ужас. Тоа може да се каже за вчерашниот настап на македонската репрезентација на бараж мечот против Данска( 4-0). Ова беше еден од најслабите настапи на нашиот тим ,заедно со дебаклот против Англија или Велс. И овој е на тоа ниво. Неславно деби на селекторот Гоце Седлоски. Новиот тим беше со неколку измени, но костурот горе-долу ист. Македонија одигра очајно и само чудо нѐ спаси да не примиме гол уште во првото полувреме. Премногу повлечено, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека трилатерален состанок со американскиот и рускиот претседател е клучен за постигнување мировен договор со Москва. Во интервју за Ројтерс, Зеленски посочи дека токму ваква средба може да помогне во решавање на преостанатите прашања околу територијата и безбедносните гаранции за Украина. Тој предупреди дека Русија смета на намалување на американската поддршка за Киев, особено во случај на ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е тешко да се предвидат последиците од конфликтот на Блискиот Исток, но дека нивното потенцијално влијание веќе се споредува со последиците од пандемијата на Ковид 19. Според него, конфликтот предизвикува значителна штета на меѓународната логистика, производството и синџирите на снабдување, а во исто време ги става компаниите во секторите за јаглеводороди, метали и ѓубрива под сериозен притисок. ...

Судот повторно го оцени како незаконски штрајкот на Синдикатот на контролори на летање (ССКЛ) што требаше да се одржи во октомври лани, а е поднесена и кривична пријава против претседателот на синдикатот Александар Тасевски за злоупотреба на службената должност, соопшти на денешната прес-конференција правниот застапник на Македонска навигација (М-НАВ), адвокатот Горан Николовски. – Штрајкот е забранет поради три основи, односно барањето за ...

Силна промена на времето ја зафати Хрватска, каде што циклон се наоѓа над Јадранското Море, донесувајќи облачно време низ целата земја, дожд, снег и грмотевици, додека врнежите се зголемуваат во внатрешноста. Во Горски Котар и дел од северозападната внатрешност, паѓа снег со силен ветер. Сообраќајот е отежнат низ целата земја поради влажни и лизгави патишта, а поголемо количество вода се задржува на одредени делови. Снежната покривка расте. ...

Првата дама на САД, Меланија Трамп, се појави рамо до рамо со хуманоиден робот на глобалниот технолошки самит во Белата куќа, привлекувајќи големо внимание кај присутните. Настанот, кој се одржа во Вашингтон, собра претставници од десетици земји и водечки технолошки компании, а во еден момент роботот, развиен од технолошка компанија од Силициумската Долина, заедно со првата дама прошета по црвениот тепих пред гостите. При пристигнувањето, ...

Повеќе пати го кажувам тоа, а ќе го кажам и сега, нема полоша работа за една држава и за една нација од тоа да имаме луѓе кои што управуваат со институциите без разлика на кое ниво, а се нечии заложници, односно би рекол затруени, инфицирани од криминал и корупција, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Македонија на денешната седница за пратенички прашања. Премиерот Мицкоски апелираше до граѓаните да пријават секаков ...

Почитувањето на професионалните стандарди е неопходно во комуникацијата со медиумите – реагираат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) во врска со последниот јавен настап на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, конкретно на неговата комуникација со новинар од Канал 5. Од АВМУ посочуваат дека новинарските прашања, како составен дел од демократскиот процес, не смеат да се третираат како напад, а новинарите не ...

Грчката амбасада во Вашингтон презела формални мерки по говорот на Меланија Трамп во кој таа ја нарече Република Северна Македонија едноставно „Македонија“. Интервенцијата била објаснета како корективна мерка наменета да се почитуваат правните стандарди од Преспанскиот договор од 2018 година. Оваа дипломатска интервенција го одразува големото внимание на Атина кон случувањата во Вашингтон, нагласувајќи дека квалификаторот „Северна“ во името ...

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на собраниската седница за пратенички прашања за состојбите и плановите во енергетскиот сектор, потсети на моментите во енергетскиот сектор кога новата влада ја презема извршната власт, оценувајќи ја како алармантна и катастрофална состојба, катаклизмична состојба во август, септември 2024 година, со акумулации на некои 7 до 8 проценти, јаглен на депонија во РЕК Битола од 20-30 тони доволни за еден ...

Во април платите на здравствените работници ќе се зголемат меѓу 5 и 7 проценти, а Владата веќе ја зголеми капитацијата за матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите – истакна премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратеничко прашање во Собранието. Тој соопшти и дека по подолг временски период, на позитивната листа се додадени нови лекови, а почнати се и постапки за сериозни инфраструктурни вложувања во здравството. Мицкоски нагласи ...

Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска на денешната седница за пратенички прашања упати прашање до министерот за внатрешни работи, во кое побара одговор за постапувањето на институциите и утврдувањето на одговорноста на службените лица по серијата случаи на семејно насилство. Во обраќањето, Лукаревска посочи дека долга е листата на семејни насилства и порача дека одговорност мора да има: „По трагичниот настан во Тафталиџе, по ужасниот крај на ...

И во услови на епска, историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат, го плаќаме солидарниот данок и имаме 3,5 проценти реален раст кога во Европа е речиси еден отсто. И покрај сите предизвици, се справуваме и, наместо коленичење, испраќаме порака на стабилност, сигурност и помагаме – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница. Одговорајќи на пратеничко прашање, ...

Одржувањето на високиот крвен притисок под контрола вклучува низа дневни навики како што се намалување на внесот на сол, квалитетен сон, физичка активност и земање препишани лекови. Кардиологот д-р Тарик Шах Сајед објаснува дека крвниот притисок е „вистинскиот притисок во артериите што ја носат крвта од срцето до телото“. Тој додава дека систолниот притисок е притисокот кога срцето пумпа крв, додека дијастолниот притисок е притисокот по тоа ...

Атинскиот клуб Олимпијакос в недела ќе го пречека ГРК Охрид во првиот натпревар од четвртфиналната фаза на ЕХФ Европскиот куп, а билетите за ракометниот натпревар по цена од 5, 10 и 15 евра веќе се пуштени во продажба, јави дописничката на МИА од Атина. Четвртфиналето ќе се одигра во спортската сала „Јанис Котакис“ во населбата Илиуполи, што машкиот ракометен тим на Олимпијакос, од сезоната 2022/23, ја користи за натпреварите на домашен ...

Данска е противникот на македонскиот фудбалски тим во првиот бараж дуел за пласман на Светското првенство 2026. Секоја репрезентација има за цел да избори пласман на Мундијалот, а во европската зона се 12 селекции, кои ќе се борат за четирите преостанати места. Селекторот Данска, Брајан Ример во пресрет на вечерашниот дуел истакна: – Да успееме да се квалификуваме тоа би било голема работа за нас. Ние (Данска) сме мала земја. Имаме ...

Група албански навивачи биле приведени во Полска додека пееле и скандирале „О колку е убаво да се биде Албанец“ во пресрет на фудбалскиот натпревар меѓу Полска и Албанија. Видео кое се споделува на социјалните мрежи покажува весела навивачка атмосфера на улица, при што навивачите гласно пеат и скандираат, по што реагирала полицијата. Според информациите, тие биле однесени во полициска станица, задржани кратко време и предупредени да не прават ...

Видео од гостувањето на Андреј Жерновски кај Ландов се шири на социјалните мрежи, откако во разговорот се отвора едно, на прв поглед, едноставно прашање – што значи НАТО. Сепак, одговорот не беше баш толку едноставен. Во видеото може да се забележи момент во кој Жерновски се обидува да објасни, но не сугурен во одговорот, кој, со оглед на новото кадровско решение во неговата партија, треба да го знае. Тоа веднаш предизвика низа коментари и ...

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф обидувајќи се да се стави себеси над полицијата и законот. Имено, во 17:45 чaсот во кругот на ПС-Крива Паланка, додека униформиран полициски службеник го обезбедувал ПМВ „Рено Каптур”, кое по наредба на ЈО претходно било одземено в/в чл.297-а став 2 од КЗ, сторено од Милан Митовски (брат на градоначалникот на Крива Паланка), дошол Сашко Митовски (градоначалник на ...

Официјален јазик на целата држава е македонскиот и неговото кирилско писмо – изјави премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница одговарајќи на пратеничко прашање од Скендер Реџепи од Европскиот фронт за употребата на јазиците и правичната застапеност. На денешната седница посветена на пратенички прашања Реџепи побара од премиерот да објасни, како што рече, „зошто Владата во време на економска и политичка криза секојдневно отвора ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
55%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
49%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
6.69
45%
1016
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.0
68%
1013
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
0.51
93%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 16ᴼ
1.34
57%
1016
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1017
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
52%
1015
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
3.6
77%
1010
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
71%
1017
Currency

61.635

Currency

52.4626

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Калај

50.03

Сребро

2840.84

Бакар

12.06

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.57

Платина

64172.89

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Цинк

3.35

Злато

166450.52

Паладиум

48883.97

Рутениум

51376.89