Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик. По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување докази. Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за Загрозување на ...

Во новото продолжение на документарецот „Рекет’ Бојан Јовановски раскажува за односот што го имал со поранешните градоначалници од СДСМ, Петре Шилегов и Стефан Богоев. Конкретно тие му ветувале владина помош за телевизијата ако тој ги подржи да станат први луѓе на Карпош и Град Скопје. Јас сум човекот што што по мое лобирање Стефан Богоев беше предлог на СДСМ за градоначаник на Карпош.Шилегов ми се јави и ми вели- ќе го поддржам Богоев за Карпош ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека смета оти проблемот со сметот во главниот град ќе има разврска, која што, како што рече ќе биде многу интересна. Мицкоски ова го посочи одговарајќи на новинарско прашање дали добил конкретни предлози од институциите во врска со решавањето на сметот во главниот град или пак ги чека активностите на Обвинителството, кое минатата недела започна постапка и дејствија за обезбедување докази за евентуално ...

Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус го раскина денеска договорот со тренерот Игор Тудор, ден по поразот од Лацио со 0-1 во рамки на 8. коло во Серија А. До назначување на нов шеф на стручниот штаб, тимот привремено ќе го води тренерот на вториот тим, Масимо Брамбиља. Клубот му се заблагодарува на Игор Тудор и на целиот негов персонал за професионализмот и посветеноста што ги покажаа во изминатите месеци и им посакува многу успех во ...

Важно е да разговараме за квалитетот на нашето високо образование, но и да преземаме конкретни активности за негово континуирано подобрување, усогласување со европските стандарди и приближување кон реалните потреби на пазарот на труд и општеството во целина, рече министерката за образование, Весна Јаневска, во обраќањето на Првиот годишен форум за квалитет во високото образование, што го организираше Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во ...

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ). Од 28.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите објавени на одредени портали за наводна коалиција со Рамиз Мерко, изјави: Тоа се портали кои, претпоставувам, се финансирани од еден ист центар, којшто сега е разочаран бидејќи Рамиз Мерко не ги поддржува ДУИ во вториот круг. Претпоставувам сега за да најдат противтежа, како да направат сензација за да ја потонат таа вест, вадат во ...

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека не треба да стравуваме од енергетска криза со недостиг на гас во државава по санкците од САД и ЕУ кон Русија, бидејќи, како што изјави денеска, Владата е подготвена и работи тоа да не се случи. На новинарско прашање Мицкоски потенцираше дека и при неодамнешните ремонтни активности на гасоводот не останавме без гас, односно топланите работеа. Не, нема да има, подготвени сме, ние ова одамна го ...

На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во ГОБ „8 Септември“ во Скопје наскоро ќе биде во функција хипербарна комора за лекување на пациенти со хронични рани, дијабетично стопало, изгореници, но и спортисти. Новата услуга е овозможена како проектна активност на болницата со донација од компанијата „Зегин“. Услугата најчесто ќе ја користат пациентите со хронични рани, кои тешко заздравуваат, дијабетично стопало, изгореници, но исто така ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Тој изврши увид на нова апаратура која беше поставена на одделот за физикална терапија и рехабилитација. Одговарајќи на новинарско прашање по изјава на Претседателот на СДСМ Венко Филипче за тоа како работи Владата, премиерот даде свое видување. Венко Филипче е сеуште претседател на најголемата опозициска партија во Македонија. Тој е нормално така да ја ...

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев, во гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител ТВ се осврна на вториот круг од локалните избори, истакнувајќи дека Движењето ЗНАМ влегува во вториот круг со силна поддршка во Куманово и Центар, се наведува во соопштението од Движењето ЗНАМ, што МИА го пренесува интегрално. „Нашиот претседател и актуелен градоначалник на Куманово, господинот Максим Димитриевски, реализираше над 800 ...

Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон достигна нов најнизок рекорд од 16 проценти, објави BFMTV, повикувајќи се на новата анкета на институтот ИФОП, нарачана од весникот „Журнал де Диманш“. Со ваквите резултати Макрон се приближува до рејтингот на непопуларност на неговиот претходник Франсоа Оланд, кој во еден момент беше 13 проценти. Анкетата покажува дека премиерот Себастијан Лакорни ужива доверба од 38 проценти од ...

Новите пет авионски линии на „Виз ер“ – Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел почнуваат од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, денеска, 27 октомври и утре, 28 октомври, соопштуваат од ТАВ Македонија. „Многу сум среќен што денеска, на почетокот на зимската сезона, пет нови авиолинии почнуваат од двата аеродроми, во Скопје и Охрид. Секако со поддршка на Владата и благодарение на посветеноста на ‘Виз ер’. ...

„Македонијо имаш на што да се радуваш и со што да се гордееш! Македонската химна се пееше на цел глас. Емотивно е мал збор, испишавме историја“ – напишаа од танцовото студио Eureka. Македонските танчари од стуриото Eureka Dance Company станаа светски шампиони во танц, на првенството што се одржа во Љубљана, Словенија. На второто место исто така беше танцова група од Македонија, па кога застанаа на подиумот, двете екипи го обоија во црвено-жолта ...

Претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи, вчера изјави дека убедливата победа на неговата партија на изборите претставува пресвртница и вети дека ќе спроведе реформи за кои неговата влада сè уште верува дека се потребни. „Денес поминуваме низ пресвртница“, рече Милеи по резултатите, додавајќи дека гласачите покажале желба неповратно да го променат патот напред за втората најголема економија во Јужна Америка. Ги покани гувернерите на разговор Тој ...

Жителите на подгоричката населба Забјело се собраа синоќа на протест откако група турски државјани нападнаа и избодоа еден нивен сограѓанин претходната ноќ. Во исто време, црногорската полиција спроведе рации и приведе 45 турски државјани. Полицијата досега идентификуваше и приведе двајца турски државјани кои се поврзани со синоќешното ранување на жителот на Подгорица, М.Ј. со ладно оружје. Како што објавија медиумите во Подгорица, група турски ...

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, на предизборен настан во општината ги повика граѓаните во вториот круг на локалните избори масовно да излезат на гласање и да го заокружат бројот 9, како што рече, за историска победа и развој на општина Карпош. Лукровски истакна дека следува историска победа на ВМРО-ДПМНЕ и најави дека „ќе завршат старите практики, кои биле штетни за карпошани“. – Време е ...

Македонскиот олимписки вицешампион Дејан Георгиевски силниот турнир Г1 во Романија го заврши со освоено второ место. Тој на овој турнир успеа да стигне до потребни бодови кои у се потребни за норма за ЛОИ во Лос Анџелес 2028 година. Во првото коло Георгиевски беше слободен, додека во четвртфиналето оствари победа над Унгарецот Марсел Хотак, а потоа во полуфиналето го совлада и Тудор Карагеа од Романија. Во финалето поуспешен од Георгиевски беше ...

Градоначалникот на Куманово и кандидат за нов мандат – Максим Димитриевски најави нов голем капитален објект – изградба на детска градинка во населбата Зелен Рид. Со која ќе се излезе во пресрет на потребите на жителите на оваа населба, но и пошироко. На локација за која во минатото биле издвојувани големи износи на финансии како отштета за поранешните сопственици на земјиштето. „Дојде време денес да се обезбедат средства со кои ќе се изгради ...

Москва беше цел на десетици дронови синоќа, потврди градоначалникот Сергеј Собјанин, кој информираше за ситуацијата во текот на целата ноќ. Според него, руските сили собориле 34 украински дронови што летале кон главниот град, објави „Киев Индепендент“. Руското Министерство за одбрана подоцна соопшти дека вкупно 193 дронови биле пресретнати во текот на ноќта, вклучувајќи 40 над Московската област. Министерството потврди дека 34 од леталата биле ...

Три години предметот за смртта на родилката Маја Кадиева од Дојран и нејзиното штотуку родено бебе чекал ред за да дојде на разгледување во Апелација Скопје пред судијата Ѓоко Ристов, објави порталот „Сакам да кажам“ (СДК). Обвинети беа гинеколозите Венци Чалков и Дончо Москов од Струмица за кривичното дело Тешки дела против здравјето на луѓето. Кадиева почина на 22 октомври 2015 година во Општата болница во Гевгелија. Обвинет беше и ...

Партиите имаат уште пет дена за претставување на кандидатите за градоначалници и членови на советите во општините за обезбедување поддршка во вториот круг на локалните избори. Се очекуваат и одлуки за коалициите за гласањето в недела на 2 ноември. Изборните тимови на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вчера беа во Брвеница каде лидерот Христијан Мицкоски, меѓу останатото, реториката на кандидатот за градоначалник од коалицијата „Вреди“, Хаќим Рамадани ја ...

Ландо Норис ја растури конкуренцијата и ја освои Големата награда на Мексико, кој во претпоследниот крууг за момент на прекина виртуелното возило за безбедност. Со оваа победа Норис ја презеде лидерската позиција во генералниот пласман, има бод повеќе од тимскиот колега Оскар Пјастри кој финишираше на петтото место. Викендот во Мексико ја донесе една од највозбудливите трки оваа сезона и прва победа на Мекларен по четири трки и прва победа за ...

Света Петка е една од најпочитуваните светици не само меѓу православните христијани, туку и меѓу припадниците на сите други вери. Таа е особено позната како заштитничка на жените, сиромашните и болните. Оваа светица носела неопислива сила во себе што ја пренесувала на сите други луѓе, и продолжила да го прави тоа дури и по нејзиното упокојување. Се верува дека таа имала дар на исцелување и пророштво, поради што стекнала голема почит меѓу ...

Грабежот на векот се случи во Лувр, а се сомнева дека зад сето тоа стои познатата банда од Балканот Пинк Пантери. Според првите проценки, крадците украле вредни предмети во вредност од вртоглави 88 милиони евра! Криминалци преправени како градежни работници на кран со корпа влегле во музејот, а потоа извршиле грабеж! Осомничените се уште се во бегство, а се стравува дека уникатните предмети ќе бидат стопени и уништени пред крадците да можат да ...

Принцот Вилијам и принцот Хари не се во добри односи веќе неколку години. Односите меѓу принцот Вилијам и принцот Хари отсекогаш биле проткаени со длабока братска наклонетост, но и тензии, а од моментот кога Хари се повлече од кралските должности во 2020 година, јазот меѓу нив стана подлабок. Иако помладиот принц сега живее илјадници милји оддалечен, во Калифорнија, САД, физичката дистанца не е единствената бариера меѓу нив двајца. Според извор, ...

Екипата на Реал Мадрид славеше во дербито на 10.коло на Ла Лига и на домашен терен ја совлада Барселона со 2:1 во 261.то „Ел Класико“. Со овој триумф „кралскиот клуб“ ја прекина серијата на големиот ривал, кој минатата сезона ги доби сите четири меѓусебни натпревари. Дербито почна со досудениот пенал за Реал Мадрид, но по прегледувањето на ВАР снимката судијата го поништи пеналот. Неколку минути подоцна радост на Сантијаго Бернабе, но голот на ...

Здружението на ловци „Стогово” – Дебар предупредува на, како што наведува, загрижувачка појава во градот и населените места, каде сè почесто диви животни како мечки, диви свињи, волци и лисици се приближуваат до населените места но и влегуваат во нив. Оваа појава, посочуваат, претставува зголемена опасност за граѓаните и жителите во руралните подрачја, но и во градот. – Овој феномен најчесто се случува во есенскиот период, кога дивите животни – ...

Денешниот ден (недела 26 октомври) во нашата Република Македонија помина во знакот на променливо и врнежливо време на повеќе места во нашата Македонија. Најмногу дожд до 16 часот попладнево наврна на Попова Шапка и тоа 47 литри дожд на метар квадратен. Од градовите пак најмногу дожд наврна во Тетово и тоа 28 литри на метар квадратен до 16 часот попладнево. Токму ова количество на врнежи е измерено на мерните станици на УХМР. Ноќва и утре ...

Во нашата кампања, ниту еден кандидат не користел говор на омраза, туку зборувал за патишта, училишта, водовод, економски развој, за реалните проблеми на луѓето, тврдат од ВЛЕН, откако од Левица обвинија дека кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од оваа коалиција, Хаќим Рамадани, дава изјави што предизвикуваат етнички тензии и шират национал-шовинизам. Настапот на Рамадани го оцени како грешка и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
6.69
67%
1013
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
91%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
78%
1012
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
8.67
83%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
1.79
90%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
87%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1005
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
10.8
87%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.24
95%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1008
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Родиум

255598.44

Иридиум

145787.60

Никел

473339.37

Злато

135056.24

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Бакар

10.95

Паладиум

46425.68

Калај

40.48

Платина

52952.77

Сребро

1878.05

Цинк

3.23