Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп и премиерот на Малезија, Анвар Ибрахим, денес во Куала Лумпур потпишаа историски трговски договор што опфаќа соработка во областа на ретките метали, енергијата и индустрискиот развој. Со овој договор, Малезија се обврзува да не воведува забрани или квоти за извоз на критични минерали и ретки земји кон САД. Истовремено, Вашингтон ќе обезбеди поддршка за развој на инфраструктурата и модернизација на ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на мини митингот во Карпош, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“. Мицкоски од Карпош зборуваше како човек кој го поминал својот живот низ улиците во Карпош со карпошани и повика граѓаните на 2 ноември да гласаат за број 9 за крај на бетонизацијата, за развој и ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес се обрати од маалската средба која се одржа во општина Карпош. Мицкоски зборуваше за акутелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, навраќајќи се неколку години назад и раскажа што се случувало. „Никогаш не сум зборувал порано каде ни се разотидоа патиштата со Стевче Јакимовски кој беше дел од нашата коалиција, но мислам дека денес е добра можност да кажам некоја реченица за ...
Премиерот на Словенија, Роберт Голоб свика кризен состанок по насилната смрт на жител на Ново Место, на кој министерката за правда Андреја Катич и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар понудија оставки, а Голоб ги прифати, јавија словенечките медиуми. На седницата на Советот за национална безбедност беше донесена одлука за зголемување на присуството на полицијата во Ново Место, испраќање дополнителни сили таму од други делови на ...
Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром, најави денес нови игралишта, безбедни улици и пристапни тротоари како визија за општината. -Нашата визија за јавниот простор е да биде уреден согласно реалните потреби на граѓаните. Тоа значи безбедни улици, достапни тротоари и места за рекреација каде што сите, од најмладите до највозрасните, ќе се чувствуваат пријатно и сигурно.Предвидуваме изградба на нови, модерни и ...
Грипот веќе е тука. Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје, од почетокот на сезоната 2025/2026 се регистрирани 188 случаи на грип во земјата, што претставува зголемување од 77 проценти во споредба со истиот период минатата година и 36 проценти повеќе од просекот на последните 14 сезони. Најмногу заболени има во Гостивар, каде што досега се пријавени 79 случаи, а највисока инциденца е забележана во Македонски Брод. Институтот ...
Премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истапот на кандидатот за градоначалник од редовите на „Вреди“, Хаким Рамадани, кој повика Брвеница да биде „албанска општина“, денеска го оцени како голема грешка. – Со жалење го слушав она што го кажа Хаким Рамадани во една егзалтирана состојба. Не знам дали тоа беше специфичен момент за него, но мислам дека направи голема грешка. Пред сè, за кандидатите за градоначалници на „Вреди“, од ...
Секој успешен образовен процес почнува со мотивиран наставник. Кога учениците ќе почувствуват дека се слушнати и разбрани, почнуваат со сериозни промени кои го вклучуваат целиот образовен систем и водат кон напредок, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.Јаневска денеска учествуваше на панел дискусијата во Прилеп, заедно со наставници, стручни лица, родители и од Педагошкиот факултет од Битола на темата „Магијата е во ...
Политиките на Владата за привлекување на авиолинии на скопскиот и охридскиот аеродром ги даваат своите резултати. Единеаест нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродрoм почуваат веќе од утре. Сo зимскиот распоред на летање веќе од утре 27 октомври од Охрид ќе се лета кон Базел-исклучително важна дестинација бидејќи Охрид го отвораме не само за туристите од Швајцарија туку и за туристите од Франција и Германија, затоа што ова е ...
Во последниве денови слушаме смешни обиди за манипулација, истите луѓе кои ја водат Општина Карпош со години, сега се обидуваат да ме прикажат како дел од некакви матни приказни. Јас не ја водам Oпштината, тие ја водат. И токму таму лежи проблемот, вели Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник за општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. -Денес Карпош е заробен од истите интереси што ја претворија секоја зелена површина во градилиште, што ги ...
Заврши 40.јубилејно издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во Штип. Третата фестивалска вечер беше резервирана за безвременските песни, хитови кои беа испеани низ изминатите четири деценции на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“. Организаторот, односно градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на основачот на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ му врачи признание за животно дело. Со многу овации, емоции, солзи, ...
Словенечката јавност е потресена од брутален инцидент што се случи во Ново Место, каде што 56-годишен маж починал откако бил претепан од група Роми. Настанот, кој се случил во саботата околу 2:30 часот наутро на улицата Розманова, предизвика најостри реакции во јавноста и во политичките кругови. Според полициските информации, жртвата дошла во локален бар за да го земе својот син, кој претходно се пожалил дека му се заканува група Роми. Кога ...
Француската полиција уапси две лица осомничени за кражба на непроценливи крунски драгоцености од музејот Лувр, извршена на 18 октомври. Истрагата за „организирана кражба“ ја водат Париската бригада за сузбивање на разбојништва (BRB) и Централната канцеларија за борба против трговијата со културни добра (OCBC), објави Ле Паризијен. Осомничените, двајца мажи на возраст околу 30 години од департманот Сена-Сен-Дени, наводно биле дел од четворочлена ...
Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави проект за ревитализација на Градскиот парк, со цел да се создаде позелен, почист и поурбан простор за граѓаните. -Паркот треба да биде пријатен и релаксирачки, да дава душа и да инспирира. Сакам да создадеме место каде луѓето ќе се дружат, ќе создаваат нови спомени и ќе уживаат во среќни мигови, изјави Ѓорѓиевски. Тој нагласи дека проектот ќе се реализира во соработка со ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, даде изјава од Брвеница, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“. Мицкоски од Брвеница испрати порака дека сите кои и мислат добро и работат за иднината на Македонија имаат поддршка од него и Владата без разлика на етничката, верската и политичката определеност и повика ...
Нашите родители, нашите баби и дедовци се оние кои не израснаа, кои не доведоа во состојба да функционираме самостојно и да бидеме чинители во општеството. Тие се нашиот темел. За жал, нивниот пензионерски дом и околината околу пензионерскиот дом е во една катастрофална состојба, вели Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на општина Кичево на ВМРО-ДПМНЕ. -Како градоначалник, веднаш ќе пристапам кон решавање на овој горлив проблем и ...
Руската армија успешно ја тестираше својата нуклеарна крстосувачка ракета „Буревестник“, способна да носи нуклеарна боева глава, за која Москва тврди дека може да избегне каков било одбранбен систем, и ќе започне со распоредување на оружјето, изјави претседателот Владимир Путин. Американците ја нарекуваат ракетата „летечки Чернобил“. Рускиот генерал Валериј Герасимов, началник на Генералштабот на руските вооружени сили, му рече на Путин дека ...
Хазби Лика и Гзим Острени, поранешни припадници на ОНА (УЧК), деновиве имаа средби со Билал Касами и Изет Меџити од коалицијата Вреди, што од дел од медиумите на албански јазик во Македонија беше протолкувано како јасна порака за нивна поддршка на политиките на Вреди. „Пред вториот круг од локалните избори, албанската политичка сцена во Северна Македонија доживува силен шок. Две познати личности од поранешната ОНА Хазби Лика и Гзим Острени, беа ...
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа во Нов Белград, загинаа три лица – татко, мајка и нивното дете. Загинатите се на 42, 38 и 9 годишна возраст, соопшти полицијата. Според првичните информации, несреќата се случила кога автомобил со босански регистарски таблички, управуван од Никола Ѓ., државјанин на Босна и Херцеговина, поминал низ раскрсница на црвено светло и удрил во возилото во кое се наоѓало семејството со голема брзина. ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска најави кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на локалните избори. Тоа, како што рече, се должи на резултатот на изборите во првиот круг особено во некои скопски општини. -За мене во изминатата година и пол после таков тежок пораз лани, после интензивна работа, сега овие избори се показател за тоа како да се поставиме и како да функционираме во следниот период, затоа што ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, пристигна денес во Малезија каде што учествува на самит со азиските земји. По пристигнувањето на аеродромот, Трамп беше пречекан со свечена церемонија и традиционален настап на локални танчери. Во еден момент, американскиот претседател им се приклучи на танчерите и заигра заедно со нив, што предизвика воодушевување кај присутните и насмевки кај малезиската делегација. Видеото од настанот брзо се прошири на ...
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вчера упати благодарност до граѓаните на Чаир за поддршката и довербата што му ја укажале во првиот изборен круг. „Денот го завршуваме меѓу чаирчани – со гордост и енергија за најдоброто што доаѓа. Победата во првиот круг и огромната поддршка за вториот се јасна порака дека на Скопје не му се потребни повеќе експерименти, туку докажана работа, визија и резултати“, изјави ...
Систем за детекција на оружје базиран на вештачка интелигенција инсталиран во средно училиште во округот Балтимор погрешно идентификувал кеса со чипс како пиштол и ја известил полицијата, која потоа интервенирала со пиштол врз 16-годишен ученик. Таки Ален седел пред средното училиште Кенвуд по фудбалскиот тренинг јадејќи грицки кога се случил инцидентот, објавија американските медиуми. Само дваесет минути подоцна, тој бил опкружен од осум ...
Првата победа за екипата на Денвер во новата сезона во НБА беше „заверена“ со нов „трипл-дабл“ на нивниот најдобар играч Никола Јокиќ. Српскиот кошаркар натпреварот го заврши со 14 поени, 14 скокови и 15 асистенции, а на теренот беше 32 минути. Тој имаше и најмногу украдени топки – 3 и најмногу загубени топки-5 во својата екипа. Ова беше негов втор „трипл-дабл“ на двата први натпревара. Одлична помош Јокиќ имаше и во соиграчите бидејќи двоцифрен ...
Пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово Арменд Земај истепа случаен минувач на плоштадот во Приштина. Настанот се случил додека Земај давал изјава на плоштадот, кога граѓанин на поминување му дофрлил „лажго“ и „сите лажете“. Пратеникот возвратил, а вербалната расправија набрзо преминала во размена на тупаници, во која минувачот го извлекол подебелиот крај. Косовската полиција потврди дека инцидентот навистина се случил, а јавноста бурно ...
Во тема на денот на Сител телевизија гостуваше кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, кој одговараше на повеќе прашања поврзани со локалните избори и можните партиски поддршки во вториот круг локални избори. На прашањето дали Левица ќе го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, Александар Јовановски или ќе застане зад актуелниот градоначалник од ДУИ Фатмир Дехари, кандидатот на Левица. Мециновиќ избегна да даде конкретен ...
Православните христијани утре го празнуваат споменот на Света Петка, поточно Преподобната Параскева (Петка) Епиватска. Култот на Света Петка е широко распространет во Македонија, нејзината икона е присутна во секоја црква, во секој манастир, а во речиси секое населено место во земјава има храм, посветен на неа, но и извори, лековити води, за кои се верува дека се благословени од светителката и се наречени петочни води. Православната црква ...
Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека нема никакво истекување на линдан во поранешниот индустриски комплекс ОХИС, реагирајќи на информациите што се појавија во јавноста. Од Министерството уверуваат дека континуирано се спроведува процесот на чистење на линданот, кој претставува еден од најголемите еколошки предизвици во земјата. Во средата, на 22 октомври, во вечерните часови бил извршен вонреден инспекциски ...
Викендов стапува во сила зимскиот распоред на летови за 2025/26 година. Од Меѓународниот Аеродром Скопјe ќе има поврзување до 49 редовни дестинации што ќе ги опслужуваат 17 авиокомпании, како и 13 чартер дестинации на кои ќе сообраќа една авиокомпанија. Од Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, пак, се предвидени пет дестинации, на кои ќе сообраќаат три авиокомпании, информираа за МИА од ТАВ Македонија, концесионер на македонските аеродроми. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин сè додека не се постигне конкретен договор за мир меѓу Русија и Украина. Иако претходно се очекуваше двајцата ќе се сретнат во Будимпешта, до средбата не дојде и истата е одложена. „Морам да знам дека ќе постигнеме договор. Нема да губам време“, изјави Трамп во авионот „Ер форс“. Тој додаде дека секогаш имал одличен однос со Путин, но дека ...