Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Мирисот на печени костени на улиците за многумина е асоцијација на есен. Може да се јадат варени, печени или како пире, и се одличен избор за оние кои се алергични на глутен. Освен што уживаат во вкусот, јадењето костени всушност ќе ве заштити од сезонски респираторни инфекции бидејќи ова овошје е богато со влакна, минерали и витамини. Како и другите јаткасти плодови, костените исто така содржат масти, но во многу помала количина, па сигурно ...
Мајката на Стефан Хрка, Дијана Хрка го продолжува штрајкот со глад. Нејзиниот син почина при падот на натстрешницата во Нови Сад. Хрка веќе осми ден штрајкува со глад во близина на српскиот Парламент, престојувајќи во шатор на улица и спиејќи на палети, бидејќи кога го започнала штрајкот, не ѝ дозволиле да се приближи до Домот на Народното собрание, каде што планирала да престојува. Тоа подрачје го обезбедува полицијата, а поддржувачите на ...
Привршуваат подготовките за стартот на откупот на тутунот, кој законски почнува од 15 ноември и трае до 28 февруари наредната година. Според Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија, останува 10-те откупувачи кои треба да преземат околу 22 000 тони тутун да ги верификуваат мострите, да ги истакнат на 17 ноември, и од 18 ноември да ги отворат вратите на откупните пунктови во земјава. – Од понеделник почнуваат да се ...
Екипата на Вардар се врати на првото место на табелата по денешниот триумф во 13. коло против Тиквеш со 3:1. „Црвено-црните“ поведоа со голот првенец за Ворен Чимбембе во 19. минута, а во финишот на првиот дел (45. минута) гостите од Кавадарци изедначија од пенал стрелец беше Иван Ивановски. Победникот беше решен во завршницата на натпреварот. По неколку нереализирани шанси Едиз Спахиу ја затресе мрежата на гостите во 81. минута, а конечните ...
Македонскиот доктор Иво Бошкоски од Универзитетската Клиника Џемели во Рим и неговиот тим се добитници на грант од Eвропскиот истражувачки совет (ЕРЦ), објави Експрес.мк ERC е механизам на Европската комисија со кој се поддржуваат високонаучни и иновативни проекти за извонредност. Проектот доделен на Масимилијано Папи и Иво Бошкоски кој се нарекува Multiprobe, се фокусира на хибриден ендоскопски уред за дијагноза и терапија и за неговиот ...
Понекогаш универзумот како да стои, а потоа, од никаде, ја менува насоката и почнува да ги составува работите точно онака како што сте сакале. Следната недела носи токму таков пресврт, оној што ја брише сивилото од изминатите неколку дена и ја отвора вратата кон нешто свежо, полесно и поисполнето. За два хороскопски знака, енергијата станува сосема поинаква: можностите што ги чекале конечно пристигнуваат, а животот враќа насмевка и надеж. ...
Скопје чисто, како што му доликува! Акцијата „72 часа” се одвива одлично, посочи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -Вклучени се повеќе од 2500 луѓе кои го чистат градот, над 100 возила оперираат низ Скопје. Сакам да апелирам до нашиот народ да се однесува одговорно кон животната средина. Несовесното одложување на отпад нема да се толерира – ќе биде казнето, рече Ѓорѓиевски. Тој информираше дека има и казни за несовесно ...
Данило Божовиќ од карате клубот Макпетрол, освои златен медал на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Риека. На ова натпреварување во Хрватска учествуваат балкански држави со 1.390 пријавени спортисти. Во финалната борба до 84 килограми за натпреварувачи на возраст У-21 Данило Божовиќ беше подобар од Реџеп Рушити и извојува победа со резултат 3-2. До освојувањето на првото место, членот на скопски „Макпетрол“ ги ...
Руски крипто милионер загина во ужасна сообраќајна несреќа во Москва. Неговото луксузно Ламборџини се запали откако се преврте на автопат. Алексеј Долгих (36) возел тројца пријатели во неговото Ламборџини Урус вредно речиси 375.000 евра со брзина од 145 км/ч кога ја изгубил контролата и удрил во заштитна ограда. Автомобилот се кренал во воздух и се превртел на покривот околу 1:30 часот наутро, пред да падне на патот и да се запали во ужасна ...
Германија се соочува со најтешкиот недостиг на квалификувана работна сила во последните неколку децении, покажува новата студија на Германскиот економски институт (IW) од Келн. Според анализата, во текот на 2024 година повеќе од 260.000 работни места во десетте најзагрозени сектори не можеле да се пополнат со соодветно обучени работници. Најголема криза е забележана во здравствените установи, каде што недостасуваат околу 46.000 вработени, ...
Големиот корупциски скандал во ИПАРД Агенцијата добива пошироки размери, рече на прес-конференција Александар Димитриевски, Комисија за земјоделство на СДСМ. Освен што е загрозена помошта од 128 милиони евра од ЕУ, денеска откриваме и информации кои се доставени до нас за директни врски со највисоките структури во Министерството за земјоделство. Меѓу петтемина осомничени во овој случај се наоѓа и Јасмина Костадинова. Таа е поранешна посебна ...
Џиновски бранови однесоа десетина луѓе во морето кај Тенерифе, вклучувајќи многу туристи, при што три лица загинаа, а 15 се повредени, соопштија регионалните власти на шпанскиот туристички остров, пренесе ДПА. Весникот „Диарио де Ависос“ денеска објави дека три лица загинале вчера „трагичен ден“ покрај брегот на Тенерифе. Една од жртвите била 79-годишна холандска државјанка, според медиумските извештаи. Властите ја потврдиле нејзината ...
Во периодот април – јуни годинава се запишани 2 876 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 551.537.664 евра и 8.319.220.917 денари, покажува Извештајот за работата на Агенцијата за катастар на недвижност за вториот квартал годинава. Од април до јуни годинава во Центарот за катастар на недвижности Скопје се впишани 1 522 хипотеки во вредност од 289.526.966 евра и 4.999.018.379 денари, а во 29-те одделенија на катастарот низ државава 1 ...
Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да си ги нарачаат учебниците. Оваа година „прогледав низ прсти“, следната година нема да прогледуваме низ прсти затоа што има систем, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска која повторно, одговарајќи на новинарски прашања во врска со недостигот на учебници во некои училишта, порача дека директорите треба да го ...
Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат дека од вкупната сума од 10 944 793 денари еден милион се за данок на државата, а останатите се еднакво распределени на 137 лица во износ од по 71 900 денари. Средствата што се распоредени се донирани од компании, здруженија, групни акции и хуманитарни настани организирани во земјата и во ...
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава, при спроведена вонредна контрола кај оператор со храна, запленија и нештетно уништија приближно 37 тони храна, јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини, без декларации и на кои рокот на употреба им бил истечен од една до две години. За сторениот прекршок на операторот, изречена му е мерка времена забрана за работа и глоба, како и наредба за ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски синоќа на неговиот официјален фејсбук-профил објави нови фотографии од акцијата за чистење на централното подрачје на главниот град, плоштадот „Македонија“ и кејот на реката Вардар, што ја започна веднаш по преземањето на функцијата. -Нашето убаво Скопје! Чисто и достоинствено!, напиша Ѓоргиевски на Фејсбук. Акцијата за чистење Ѓорѓиевски ја почна вечерта по примопредавањето на функцијата од ...
По освојувањето на титулата на АТП 250 турнирот во Атина српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Торино. Причина е повреда. На местото на Ѓоковиќ во една од групите ќе биде токму неговиот ривал од вчерашното финале во Атина, Италијанецот Лоренцо Мусети. Турнирот во Торино почнува денеска. – Се радував на настапот во Торино, но по финалето во Атина мора да истакнам дека поради повреда нема да можам да играм на ...
СДС е на стаклени нозе и само продолжува да тоне. Јавноста беше сведок на историскиот дебакл на СДС на локалните избори годинава, каде партијата освои само 6 општини, 126.000 гласови и околу 230 советници, а покрај ова ги изгуби и своите некогашни бастиони, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Претседателот на СДС, Венко Филипче, постојано најавуваше реформи во структурите на партијата. Но ваквите негови изјави, затоа што предолго само се најавуваат, а не ...
По бурните реакции во Србија околу одлуката на изборот за Мис Универзум 2025 да ја претставува девојка со монголско и руско потекло, Јелена Егоровa реши да проговори и да ја сподели својата порака со јавноста. Јелена Егоровa, родена во Јакутија во 1997 година, објави порака на својот инстаграм-профил, каде што се претстави со лентата на која пишува „Србија“. „Почестена сум што ја претставувам Србија, земја која ме пречека со раширени раце. ...
Светски познатиот научник Џејмс Вотсон, кој ја делеше Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1962 година за помош во откривањето на структурата на ДНК, почина на 97-годишна возраст. Смртта на Вотсон беше потврдена синоќа од лабораторијата „Колд Спринг Харбор“, каде што работеше со децении. Во 2007 година се пензионираше од престижната лабораторија во државата Њујорк откако даде расистички коментари, пренесе ДПА. Вотсон, заедно со ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека до вторник претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво, најавува УХМР. Најавените поројни и пообилни врнежи за денеска ќе бидат проследени со засилен ветер и ...
По бројните извештаи за проблематичната продукција, студиото „Лајонсгејт“ го објави првиот трејлер за биографскиот филм „Мајкл“, кој го режира Антоан Фукуа и го следи животот на кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон.Трејлерот започнува со сцена во студио каде Џексон снима со Квинси Џонс (го игра Кендрик Семпсон), кој вели: „Знам дека долго го чекавте ова. Песните се снимени, подготвени се. Да почнеме од почеток.“ Следуваат кадри од детството ...
Членовите на Управниот одбор и Надзорниот одбор на ГД Гранит АД Скопје се стекнаа со акции од издавачот на хартии од вредност друштвото ГД Гранит АД Скопје. Од компанијата информираат дека: – Андреа Серафимовски – член на Управен одбор се стекна со 630 обични акции – Катерина Ѓердовска – член на Управен одбор се стекна со 320 обични акции – Виолета Божиноска – член на Надзорен одбор се стекна со 1.000 обични акции. Претходно од компанијата ...
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој загина при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, и денес, седми ден по ред, го продолжува својот штрајк со глад. Таа утрово се причести во Црквата Свети Марко во Белград, изјавувајќи дека „сè е во Божји раце“. Поддршка ѝ пружи и Милован Миливојевиќ, таткото на младиот човек кој загина во фабриката „Наменска“ во Лучани. „Дојдов со срце да ја поддржам Дијана, а гледам дека има и ...
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и советникот на претседателот на Комората за економски развој и инфраструктура, д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, во Кавадарци остварија работна средба и воедно му го честитаа новиот мандат на градоначалникот д-р Митко Јанчев. На средбата претседателот Азески подвлече дека, Стопанската комора на Македонија со градоначалникот Јанчев во претходните негови мандати како и пред да ...
На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), што се одржа денеска се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца почесни членови. МАНУ соопшти дека за нејзини редовни членови се избрани дописните членови Изет Зеќири и Блажо Боев. За дописни членови се избрани проф. д-р Гордана Лажетиќ во Одделението за општествени науки, проф. д-р Мирко ...
Пратеничката Имерлије Салиу објави дека премиер на Албанците во Македонија наскоро ќе биде Беким Сали, кој се очекува да стане прв вицепремиер во Владата на Христијан Мицкоски. -Господинот, Беким Сали за кратко ќе биде премиер на Албанците во Северна Македонија. Премиерот на земјава, Христијан Мицоски на прашање за Сали кој треба да дојде на местото на Изет Меџити , истакна дека има добро мислење за него „Јас кажав дека го познавам Беким Сали ...
Попладнево во Кочани нов „Марш на ангелите“, на семејствата и роднините на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“. – Ова не е протест, туку мирен марш за правично судење, за да потсетиме дека зад секој „број“ стои име, живот, семејство и болка. Нашата порака е едноставна, но длабока – за нашите деца, за вистинска правда, за Македонија со совест, велат родителите. Потенцираат дека сакаат да покажат дека ова општество не молчи пред ...
Случајот со земањето мито од страна на директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој е јасен показател дека законите важат подеднакво за сите сегашни и поранешни функционери и затоа апелирам овој случај да се истражи до крај, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Во однос на обвинувањата од опозициската СДСМ дека поради овој случај, во ризик се доведени средствата од ...