Белград
6ᴼ /
5ᴼ
Во Дојран идната година се очекува да почне изградба на Музеј на вода, најави вчера министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Идејниот проект е изработен од Заводот и музеј-Струмица. „Особено внимание оваа година е посветено на капиталниот проект за изградба на Музеј на вода, преку реконструкција на праисториска наколна населба во Дојранското Езеро. Во тек се заштитни археолошки истражувања на локалитетот Мрдаја, додека основниот проект за ...
Партиите во владејачката коалиција во Германија губат поддршка од јавноста само четири месеци по стапувањето на должност, покажува анкета што треба да ја објави денеска весникот „Билд ам Зонтаг“. Според анкетата спроведена од Институтот за истражување на јавното мислење ИНСА во септември, конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на канцеларот Фридрих Мерц изгубила еден процентен поен во однос на минатонеделниот рејтинг и сега има ...
За осум месеци затворени се десет конфекции, ова се проценките на Ангел Димитров од Организација на работодавачи. Тој посочува дека сите се во источна Македонија, а причината е намалувањето на порачките од страна на странските партнери. -Јас немам точен податок, но од она што ми го кажуваат колегите, на околу десеттина конфекции им е ставено клуч на врата. Сите се речиси од источниот дел, и тие што не затвараат ги намалуваат работниците, особено ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во изјава за Канал 5 изрази сомнеж дека серијата пожари што ја зафатија државата е дел од хибриден напад. „Според моето полициско и безбедносно искуство, невозможно е во толку краток период да настанат вакви пожари кои предизвикуваат сериозно загадување на воздухот, што потоа може да се искористи за политичко влијание,“ изјави Ангелов. Тој појасни дека разговарал и со ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова се обрати на свеченото одбележување на 80-годишнината од постоењето на Македонското лекарско друштво, што вчеравечер се одржа во Македонскиот народен театар во Скопје. Таа упати честитки по повод значајниот јубилеј и потсети дека улогата на Македонското лекарско друштво, како претходник на Медицинскиот факултет, зачетник на медицинската едукација и иницијатор и основач на Лекарската комора, е важен дел ...
Предноста на Коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ) пред конкурентската ВЛЕН/ВРЕДИ е два спрема еден, рече лидерот на крилото од партијата Алијанса за Албанците по состанокот на Централното собрание. Тој потенцира дека за доскорешните сопартијци Азир Алиу и Арбен Фетаи нема да има место. Таравари оценува дека на локалните избори коалицијата во која се ДУИ и крилото кое го предводи ќе извојуваат убедлива победа. – Убеден сум дека на ...
Состојбата апсолутно излегува од контрола, напиша претседателот на СДСМ Венко Филипче на Фејсбук, поради серијата пожари кои ја потресуваат државата и главниот град. Во изминатите денови, Македонија се соочува со еколошка и безбедносна катастрофа: „За неколку дена изгореа две фабрики, две недели власта не може да ги изгасне депониите Дрисла и Вардариште,“ предупреди Филипче, нагласувајќи дека главниот град дише канцерогени материи, а ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираше дека ја следи состојбата со пожарот во скопската населба Трубарево, општина Гази Баба. На терен во моментов е директорот на ЦУК Мухамед Али. -Во текот на денот, во 13:38 часот, преку единствениот број за итни повици 112 беше пријавен пожар во штала наменета за складирање на отпадни електрични материјали. Пожарот за кратко време предизвика густ црн чад и се прошири и на неколку околни ...
Денеска започна Светското првенство во атлетика кое се одржува во Токио, Јапонија во периодот од 13 до 21 септември 2025 година. На ова големо натпреварување ќе настапат најдобрите македонски атлетичари Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова, по претходно остварени норми преку ранкинг системот на Светска Атлетика. Прва на програмата ќе настапи Поп Арсова, утре 14 септември (недела) во дисциплината маратон со почеток од 7:30ч. по локално време, ...
По сомнежите за намерно палење на депонијата Дрисла во момнетот повикани се на разговор во СВР Скопје повеќе лица вработени во депонијата како и директорот Сами Хусеин. Пожарот во Дрисла избувна на 9 септември сè уште се третира со агресивно затрупување — отворен оган не се гледа, но чадењето продолжува и периодично го покрива Скопје зависно од правецот на ветрот. Последните изјави на Ангелов и службите се дека чадењето е делумно намалено, но ...
Пожар избувна во компанијата за преработка на отпад „Нула отпад“ во скопско Турбарево, а во негово гасење се вклучени неколку екипи од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје кои претходно интервенирале и во гаснење на пожар во стара Цементара на ул. „Горноврановска“ во Горно Лисиче, потврдија од Дирекцијата за заштита и спасување и од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје. Има голем пожар во Трубарево, зафатени се отпадни ...
За првпат во Македонија, жените и здравствените професионалци добиваат Водич кој се базирана на медицина заснована на докази кој на јасен и практичен начин дава насоки за препознавање, третман и поддршка во периодот на перименопаузата. Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО), во соработка со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, денеска на XXI Конгрес на Македонското лекарско друштво пред македонската ...
Според истражување спроведено на барање на британската банка „Барклис“, многу Германци позајмуваат пари за да ги покријат секојдневните трошоци, пренесе ДПА. Повеќе од половина од возрасните на возраст под 50 години позајмиле пари во последните две години. Повеќето се обратиле до членовите на семејството (44 отсто), а некои зеле заем од банки (40 проценти). Покрај трошоците поврзани со автомобили (27 отсто), учесниците во истражувањето рекле ...
Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија (ДИК). Во обраќањето до граѓаните, Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на заедничката борба за достоинствено, модерно, чисто и живо Скопје. Тој изрази благодарност до својата матична партија, претседателот Христијан Мицкоски и сите граѓани кои веруваат во подобра иднина за градот. „Подавам рака на сите ...
Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“, денес е главен осомничен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк. По успешното завршување на средно образование во 2021 година, Робинсон добил четиригодишна стипендија и бил сметан за примерен студент. Но, по само еден семестар ја напуштил академијата и подоцна се запишал на „Дикси Техникал Колеџ“ ...
Македонецот Симон Калајџиев кој живее и работи во Токио, главниот град на Јапонија, сподели како се управува со отпадот во местото каде што живее. Ова следи откако Скопје се соочува со повеќедневно аерозагадување од запалените депонии во околината на Скопје. – На 5 минути пешки од станот кај што живеам во Токио имаме инсинератор за отпад кој е во постојана служба и од сето собрано, селектирано ѓубре од соседството произведува струја за истото. ...
Граѓаните денес се технолошки подготвени повеќе од кога било, што е основа и обврска за поголемо дигитално учество во здравствениот систем, истакна министерот за здравство Азир Алиу на панел-дискусијата за дигитализација и нови технологии во здравството, што се одржа во рамки на 21. Конгрес на лекари во организација на Македонското лекарско друштво. – Нашата цел е едноставни и практични решенија што ќе носат директна корист за пациентите: ...
Над 700 илјади денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните преку Буџетот на државата. Димитар Апасиев, кој пред јавноста се претставува како чесен и скромен човек, земал над 700 илјади денари од касата на партијата Левица, за свои приватни потреби, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција Лицемерието на ...
По долгите анализи и испитувања кои ги правеше и она што го констатираше, ВМРО-ДПМНЕ комплетираше листи за советници и кандидати за градоначалници кои ќе настапат на следните избори, изјави денеска Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на партијата, пред седиштето на Државната изборна комисија. Како што рече, за кандидати за градоначалници ги избрале оние кои покажале добри резултати во изминатите четири години, но имаат и нови кандидати кои „се ...
Британскиот принц Хари вчера ја посети Украина каде пристигна со тим од својата фондација „Invictus Games“ за детално да ги објасни плановите на неговата добротворна организација за помош во рехабилитацијата на ранетите војници. Ова е второто патување на Хари во Украина годинава, откако во април го посети центарот за ранет воен персонал во Лавов. Хари десет години служеше во британската армија пред да ја основа фондацијата „Invictus Games“, која ...
Македонија беше меѓу 12-те земји што се воздржаа на гласањето во Генералното собрание на Обединетите нации, кое вечерта на 12 септември 2025 година со големо мнозинство ја поддржа таканаречената Њујоршка декларација за решение со две држави. Документот, изработен во јули под покровителство на Франција и Саудиска Арабија, ја осудува терористичката акција на Хамас од 7 октомври 2023 година и бара милитантната организација да биде исклучена од ...
Иако по „шокантната“ елиминација во осминафиналето на Евробаскетот 2025 селекторот на Србија, Светислав Пешиќ изјави дека нема да поднесе оставка, збогувањето, сепак, е неизбежно. Имено, во вчерашното интервју за српска „Политика“ тој откри дека ќе се пензионира и ќе му помогне на претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Србија, Небојша Човиќ, во изборот на новиот селектор на српската репрезентација. – Дојде време да се најде нов тренер кој ќе ...
Американскиот конзервативен активист Чарли Кирк беше убиен за време на јавен настап во САД, а неговата сопруга Ерика порача дека бил мета поради идеалите што ги бранел, пренесе Си-Ен-Ен. Чарли го убија затоа што проповедаше патриотизам, вера и милосрдна љубов кон Бог, рече Ерика Кирк. Таа додаде дека движењето на нејзиниот покоен сопруг ќе продолжи да живее и да се бори за вредностите што тој ги застапуваше. Кирк на 10 септември беше застрелан ...
Познатиот доктор Ненад Лазаров, алармира за опасноста од чадот предизвикан од пожарите на депониите во околината на Скопје. Алудира дека граѓаните треба да се заштитат со маски, а најсоодветн се KN95 маските. – Освен акутниот ефект од чадот, главната опасност кога ќе се запали депонија во близина на населено место е ослободувањето на диоксини, фурани и тешки метали, како што се олово и кадмиум, кои се канцерогени, мутагени и исклучително ...
Татјана Алексиќ, професорка по македонски јазик и литература во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“, секогаш е гласна за општествените проблеми. Така е и овој пат, во однос на прашањето со хигиената во Скопје. Направи, како што вели „чиста споредба“ меѓу Скопје и Белград! – Булевар „Књаз Милош“ во Белград и ул.Рузвелтова во Скопје. Чисто споредбено. Барем чиста е споредбата покрај толку валканици. И немој повторно некој да ми влезе во ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека би сакал предвремени избори да се одржат во декември 2026 година со оценка дека тоа би бил „конечен пораз“ на оние што ги бараат. Во интервју за ТВ Информер тој нагласи дека сценарио со немири како во Непал и убиството на американскиот активист Чарли Кирк било планирано да се случи и во Србија, „но успеавме да ги спасиме сите животи“. Вучиќ рече дека парламентарните избори ќе бидат ...
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија на прес-конференција ги претстави носителите на советничките листи за претстојните локални избори во скопските општини и во Градот Скопје. Најголемото внимание го привлече одлуката генерал Горанчо Котевски, поранешен началник на Генералштабот на АРМ, да ја предводи советничката листа во главниот град. Портпаролот на движењето, Никола Мемов, истакна дека изборот на носители на листи е резултат на месеци работа ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел. Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија. Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират. „22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот. ...
Сите оние кои што сакаат да се кандидираат на Локалните избори 2025 година закажани за 19 октомври, своите кандидатури за градоначалници и листите на кандидати за членови на советите во 80 општини и Градот Скопје тоа ќе можат да го направат преку своите овластени предлагачи до полноќ во просториите на Општинските изборни комисии (ОИК) и Изборната комисија на Град Скопје (ИКГС). ОИК по приемот на листата на кандидати, утврдува дали таа е ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, утрово информира дека со засилено темпо продолжуваат активностите за затрупување на делот од депонијата „Дрисла“ од кој излегува чадење, површина голема приближно колку едно фудбалско игралиште. „Отворен оган не може да се забележи, чадењето е делумно намалено, но сè уште присутно,“ изјави Ангелов од лице место. Тој појасни дека двата земјени пристапни патишта, изградени вчера ...