Пронајдена е пушка за која се претпоставува дека е на атентаторот на активистот Чарли Кирк, изјави денеска специјалниот агент на американското Федерално истражно биро (ФБИ) од канцеларијата во Солт Лејк Сити, Роберт Колс. Тој додаде дека покрај пушката пронајдени се и обувки, отпечаток од дланка и прсти, како и отпечаток на подлактница. – Имаме слика на осомничениот, посочи Колс. ФБИ сè уште бара повеќе информации за напаѓачот на Кирк, а ...

Во доцните попладневни часови, околу 15:15 часот, државниот Инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор поради пожар кој избувна на поранешната депонија за комунален отпад „Дрисла“, по пријава од Полициската станица Гази Баба. На лице место се врши гаснење на опожарениот дел со сопствена механизација и средства на ЈП „Дрисла“, како и со повеќе противпожарни возила и возила на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорката на САД во Македонија, г-ѓа Ангела Агелер. За време на пријателската средба се дискутираше за техничка и научна соработка за заштита на Охридското Езеро, природно и културно богатство кое е заедничко за Македонија и Албанија. Целта на соработката е подобрување на квалитетот на водата, управување со ...

Правниот застапник на вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење Арбен Фетаи денеска во Јавното обвинителство во Скопје поднесе тужба за клевета и нарушување на угледот против членот на ДУИ, Ќамил Ковачи. Тужбата, како што информира Кабинетот на вицепремиерот Фетаи, се однесува на лагите и клеветите што Ковачки ги ширел на социјалните мрежи, монтирајќи изјави кои вицепремиерот Арбен Фетаи никогаш не ги кажал. – Целта е да се оцрни ...

„Ако мислите на ова што се случува на депониите и палењето на истите, можам да кажам дека после успешно завршената сезона на пожари, споредено со другите држави во регионот, каде што имаше жртви, големи населени места беа евакуирани, имаше голема штета во имотот, ние такви случаи немавме, поради добрата организација и навременото постапување“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Македонија одговарајќи на новинарско ...

После денешната посета, тоа што може да го заклучам е дека јавното обвинителство треба да се „издига на клоци“. Ценам дека имаме класични прекршувања на Законите и злоупотреби за кои досега морало да има обвинение, објави Драган Ковачки пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Мора да се расчисти со филм-мејкерите на чело со нивните наредбодавци. Холивуд може вода да носи! Не смее да има застарување на предметите под плаштот на класифицираност на постапки, а не ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со амбасадорката на Јапонија во Република Македонија, Нејзината Екселенција Кавахара Сецуко. На средбата беа разменети мислења за актуелните економски движења во светот, предизвиците со кои се соочуваат централните банки при зголемена неизвесност, како и искуствата од спроведувањето на монетарната политика и одржувањето на финансиската стабилност. Посебен акцент беше ставен на ...

Потпретседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, течно зборува четири странски јазици, а македонскиот се уште го учи оти се иселил од државава на шест години. Вака премиерот Христијан Мицкоски денес го оправда Фетаи кој во вторникот на новинарско прашање поставено на македонски јазик одговори на албански и кажа дека „уште не е спремен на македонски“. Јас имам исклучително квалитетна комуникација со потпретседателот на Влада ...

-Гледаме голем прогрес во реконструкцијата на ГОБ „8 Септември“, ова е проект кој што го работиме во рамките на концесијата која што ја има добиено ТАВ за двата аеродроми, скопскиот и охридскиот аеродром. Дел од средствата се користат за општествено корисни проекти и 12 милиони евра ќе бидат потрошени за целосна реконструкција на хируршкиот блок, на блокот за Патологија, на блокот за биохемија и исто така целосно опремување по најмодери ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на ГОБ „8 Септември“ каде што е во тек реконструкцијата и адаптацијата на болницата. Очекувам дека до крајот на годината ќе биде и првата хируршка интервенција отпочната и успешно завршена од ова што можам како динамика да го видам којашто се случува овдека, така што јас би сакал да спомнам уште еден факт што не го кажа директорот, можеби затоа што е скромен, а тоа е фактот дека од стотици ...

Жалам што вчера премиерот изјави дека нема да се интервенира во цените на производите, вклучувајќи ги и основните прехранбени продукти,“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на брифинг со новинарите. Филипче потенцираше дека ова е потврда за она што СДСМ го алармира веќе цела година – дека Владата нема никаква намера да ги заштити граѓаните, ниту да балансира меѓу интересите на големите трговски синџири и потребите на обичниот народ. ...

Заев, Шукова и СДСМ, уште во 2020 година ветуваа решавање на Вардариште, кое беше дел од програмата на работата на тогашната власт, обвини денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. – Во програмата насловена како „Можеме” за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ, Заев и Шукова ветија итна ремидијација на Вардариште. На страна 228, од истоимената програма СДСМ, Заев и Шукова, ветуваа цитирам „Ќе помогнеме за итна ремидијација на поголем ...

Агенцијата за електронски комуникации објави дека заврши постапката по јавниот тендер за доделување радиофрекфенции за трет мрежен оператор во државава, на кој што единствен понудувач е „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“. По одлуката за завршување на постапката директорот на АЕК, по завршување на Локалните избори закажани за 19. следниот месец, треба да донесе одлука за избор на најповолен понудувач. По јавното отворање на ...

Со голема тага ја споделуваме веста дека нашиот европски бизон кој имаше 17 години утрово угина, соопштија од Зоолошката градина Скопје. Животниот век на овие животни е од 14 до 20 години. Како што велат во нивната Фејсбук објава, овој величествен и редок претставник на европската дива фауна од 2011 година беше еден од најимпресивните жители на скопската зоолошка градина. „Пред околу година и половина кај него беше дијагностицирана пневмонија, ...

На депонијата Дрисла се уште има чадење, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов кој појасни дека депониите тешко се гаснат со вода бидејќи внатре се одвиваат хемиски и биолошки процеси кои предизвикуваат појава на запиливи гасови. На терен, како што рече Ангелов, дејствува ер-трактор кој со посебна пена ќе се обиде да ја ублажи состојбата. Во однос на чадот, Ангелов уверува дека тој е помал во однос на вчерашниот ден и очекува во ...

Девизните резерви на крајот на август 2025 година изнесувале 4,754 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 84,5 милиони евра, соопшти Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,6%), по што следуваат монетарното злато (13,6%) и валутите и депозитите (11,7%). Девизните резерви се средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од ...

Професор д-р Марија Срцева е избрана за претседателка на Здравствениот совет, советодавно тело на министерот за здравство. Согласно Законот за здравствена заштита, Советот е составен од девет члена, едминентни професори, доктори на науки во различни специјалности, од кои дел се и меѓународно признаени експерти со импресивни биографии и стручни трудови. Првата конститутвна седница на Здравствениот совет се одржа на 10 септември, на која ...

Врвен приоритет ќе биде пуштањето во употреба на подземниот булевар Македонија, под Лимак, и изградбата на трите кружни текови на излезот и влезот на оваа клучна сообраќајница за главниот град, вели Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје, во интервјуто за „Нова Македонија“. Скопје, вели меѓудругото Ѓорѓиевски, може да престане да биде симбол на пренатрупаност и хаос и да стане функционален, организиран и модерен главен град, во кој ...

Ниту дождот кој денеска паѓа во Скопје не може да го изгаси пожарот на депонијата Дрисла. Тоа најдобро покажува колку е сериозна состојбата и колку е неконтролирано горењето отпад кое со денови го труе воздухот што го дишат жителите на Скопје, вели кандидатката за градоначалничка на Скопје, од редовите на СДСМ, Каја Шукова. „Во изминативе 4 години власта на ВМРО-ДПНЕ несоодветно го третира отпадот на Дрсила, и тоа е причина зошо се случуваат ...

Хрватска влегува во една од најобемните промени во својата законска рамка во градежништвото и просторното планирање во последната деценија. Се менуваат законите за градење и за просторно планирање кои треба да ја олеснат изградбата, но многу позначајно е тоа што се планира нелегалното градење да стане кривично дело. За тоа се планирани измени на Кривичниот законик, кои, според хрватските медиуми ќе се случат следната година. Досега само ...

Воено-индустрискиот комплекс, олигарсите на владејачката класа на Украина, никој друг нема корист од војната. Ова го изјави пред шест месеци десничарскиот активист, познат поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп, извршниот директор на Turning Point USA (TPUSA) Чарли Кирк, кој беше убиен вчера во Јута. Видеото се појави на социјалните мрежи по инцидентот на Универзитетот во Јута Вели. Корисниците се обидуваат да најдат мотив за ...

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, повторно излегува со празни ветувања. „СДС, Заев и Шукова уште пред 7 години ветуваа здрава животна средина и чист воздух. Заев урлаше од Аеродром и ветуваше чист воздух, а имаа можност и не направија ништо“, велат од партијата. Тие додаваат дека Шукова, како поранешна министерка и долгогодишен државен секретар во Министерството за животна средина, „20 ...

Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу, синоќа ја промовираше својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари. „Стојам тука пред вас исполнет со гордост и благодарност. Шуто Оризари е единствената општина во светот водена од ромската заедница, место каде секој камен шепоти приказни за нашата историја, култура и непокорен дух. Денес заеднички носиме одлука за нашата иднина, за чесно и одговорно управување со ...

Американците денес ја одбележуваат годишнината од најпознатиот терористички напад во историјата, оној врз Светскиот трговски центар во Њујорк и Пентагон во Вашингтон, извршен од членови на Ал-Каеда со помош на киднапирани патнички авиони. Овој датум се посветува секоја година на сеќавањето на трагедијата од 11 септември 2001 година, која ги потресе не само Соединетите Американски Држави, туку и остатокот од светот. Историчарите се согласуваат ...

Докторката Биљана Ѓуроска, која професионално работи како хомеопат, сподели кратка инфомативна објава за последиците од хронична изложеност на чад од депонии со оглед дека главниот град Скопје, изминатиот период се соочува со аерозагадување предизвикано од пожари на депонии. – Пред сѐ нема безбедно ниво на изложеност на PM2.5 честичките, секое ниво и време на изложеност претставува ризик, а децата се особено ранлива група, вели на почетокот на ...

Системот за влез/излез на ЕУ започнува со постепена примена од 12 октомври. Ова е мерка што се презема за зајакнување на безбедноста на сите влезни точки на ЕУ. Ќе биде постепена, но и ќе го олесни процесот на влез во ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот Михалис Рокас. Во пракса, како што појасни Рокас, тоа значи дека граѓани од трети земји ќе треба еднаш да се регистрираат со фингерпринт и фотографии, но откако ова еднаш ќе се направи, следниот ...

Американската вселенска агенција НАСА објави дека роверот „Персеверанс“, активен на Марс, открил потенцијални докази за древен микробен живот на планетата. На прес-конференција, НАСА објави дека роверот минатата година зел примерок од античко суво речно корито во кратерот Језеро и дека по детална анализа е откриено дека содржи потенцијални „биолошки потписи“. Потенцијален био-потпис е супстанца или структура што може да има биолошко потекло, но ...

Дождот засега не помогна многу во гаснењето на пожарот во депонијата Дрисла, што се чувствува во воздухот во Скопје. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека секојдневно се истурале тони вода, но чадењето продолжувало. Вчера властите прибегнаа и кон затрупување на опожарените делови, но депонијата продолжи да гори и утрово. Ангелов најави дека во 12.00 часот ќе одржи прес конференција на која детално ќе ...

Во Скопје, Тетово, Штип и Битола се бележи пораст на цените за изнајмување на станови, особено во централните градски подрачја. Во некои делови на Скопје годинава цените пораснале за 10 до 15 проценти, информираат во изјава за МИА од Групацијата на агенции на недвижности при Стопанската комора на Северна Македонија. Побарувачката за недвижности, како што посочуваат, останува стабилна, особено во урбаните центри како Скопје, Штип, Битола и Охрид, ...

Чарли Кирк, 31-годишен конзервативен активист и медиумска личност, беше застрелан во вратот додека зборуваше на митинг на Универзитетот Јута Вали во среда. Настанот се одржа на отворена сцена, каде што се собраа најмалку 1.000 луѓе за да го слушнат говорот на Кирк. Според универзитетот, Кирк бил застрелан околу 12:10 часот по локално време, околу 20 минути откако почнал да зборува на кампусот, кој се наоѓа околу 40 милји (65 километри) јужно од ...

weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
5.66
82%
1016
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
71%
1015
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.18
91%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.65
96%
1016
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
89%
1008
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
87%
1010
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1011
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.13
84%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.79
94%
1016
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
100%
1007
weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1013
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Злато

134976.58

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Никел

473258.99

Кобалт

58.42

Родиум

255598.44

Паладиум

46361.38

Бакар

10.96

Калај

40.49

Платина

52864.82

Алуминиум

2.91

Сребро

1876.20