Белград
5ᴼ /
4ᴼ
Ајродром, ајро, ајро викаше Зоран Заев на цел глас во 2017 година и ветуваше чист воздух во Аеродром, додека Каја Шукова му беше задолжена за воздухот, рече денеска Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. – СДСМ, Заев и Шукова уште пред 7 години ветуваа почист воздух и почиста животна средина во Аеродром. Поранешната министерка за животна средина и поранешна државна секретарка во истоименото министерство, Каја Шукова, која сега е ...
„По Вардариште, пожарот на Дрисла ги докрајчи жителите на Скопје. Ова е најдобар доказ за неодговорното и неспособно управување на ВМРО-ДПМНЕ со градот. Четири години немаат никакво системско решение за управување со отпадот, додека ризикот по здравјето на скопјани расте секој ден. Наместо конкретни мерки, добивме само популизам и празни ветувања“, рече Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ. Додека градот се гуши во ...
„Македонско најдобро“ е патриотска кампања, изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарко прашање. Македонска кампања, на македонските граѓани, сите треба да купуваме македонски производи затоа што тоа навистина е најдобро. Тое е суштината на таа кампања. Да го поттикнеме макеоднското производство, преработувачката индустрија и јас сум многу среќен што главен дивгател на растот на индустриското производство, а ...
„Ако сум направил нешто компромитирачко или противзаконски, зошто нема пријава против мене?“, вели премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Дојче веле, по скандалот со тајното следење. ДВ: Колку злоупотреби од тајните служби по глава на жител може да поднесе Македонија и кога еднаш ќе им се стави крај? Вербата во последново кај граѓаните не е голема, имајќи го предвид исходот од претходните такви случаи. Верувате ли вие во разрешница на ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека само обединета Европа може да биде независна Европа, дека поголема и посилна Унија е гаранција за безбедноста на сите и дека иднината на Западен Балкан, Украина и Молдавија е во ЕУ. Во својот годишен „Говор до нацијата“ пред Европскиот парламент, таа повика на следно обединување на Европа. Кога зборуваме за независност, зборуваме за избор на нашата судбина. Тоа е она ...
Ракометарките на македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска ја стартуваат новата сезона во Лигата на шампионите. Противник им е хрватскиот шампион Загреб, екипа која долги години е учесник во најквалитетното натпреварување. Среќен сум што ќе го пречекаме Загреб со најдобриот состав. Имавме неколку повредени ракометари кои изостанаа за пријателските натпревари и Суперкупот. Сега сите сме спремни и ќе го пречекаме Загреб. Максимално сме ...
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ не испорача „историки резултати“ а наместо „горда Македонија“ коалициски партнери во Владата не го почитуваат ниту македонскиот јазик. На официјално обраќање, Вицепремиерот Арбен Фетаи, одби да одговара на македонски јазик. Со ладнокрвност порача дека „уште не бил спремен на македонски“. Тоа го кажа човек на висока функција во Владата на Мицкоски“, рече Јовица Јанковиќ, СДСМ. „А од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски молк. Нема ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денес го назначи министерот за одбрана Себастијан Лекорну за нов премиер на Франција, соопшти претседателството. Лекорну ќе го замени Франсоа Бајру, кој беше разрешен од функцијата од парламентот по само девет месеци поради плановите на неговата влада за намалување на националниот долг, објави Радио Слободна Европа. По гласањето за недоверба на Бајру, се шпекулираше дека Макрон би можел да назначи некого од ...
Брза лента за постапување по предметите на кои треба да се изврши инспекциски надзор од областа на енергетиката е целта на Меморандумот за соработка кој го потпишаа Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). „Со меморандумот за соработка се гради платформа за приоритетно постапување по предметите што се од областа на енергетиката. РКЕ и ДПИ по ...
Цените на нафтата денес пораснаа за околу еден процент, Брент на 67 долари за барел, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) над 63 долари за барел. Зголемувањето следеше по извештаите за експлозии во Доха, главниот град на Катар, по што Израел тврдеше дека високи лидери на Хамас биле цел, објави Trading Economics. Катар, клучен посредник во конфликтот меѓу Израел и Хамас, кој исто така е домаќин на претставници на таа ...
Ако не се расчисти најновиот случај со прислушкување и со следење на политички противници, што го правела АНБ во изминатите години, Македонија ќе продолжи и во иднина да се соочува со вакви злоупотреби, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш”, кој сподели загрижувачки информации за инсталации на безбедносните служби во сите сфери на општественото живеење. „Имаме работа со ...
На социјалната мрежа ТикТок овие денови кружи едно навистина ретко и вредно видео поврзано со Тоше Проески – момче чиј глас и харизма оставија неизбришлива трага, а чиј живот трагично заврши предвреме. Снимката го прикажува Тоше како младо момче, во филмска сцена во филмот „Peacemaker“ со холивудските ѕвезди Џорџ Клуни и Никол Кидман. Сцената, според достапните информации, е снимана во Лондон и се одвива во православен манастир. Во атмосфера ...
Деканот на Градежен факултет и кандидат за градоначалник на Скопје на граѓанската платформа „Независни заедно“, Горан Марковски, во интервју за порталот „Локално“ вели дека Скопје е град со хронични слабости, односно „Монти Пајтон“ метропола. Поради тоа оценува дека скопјани веќе немаат време за губење и чекање и не смеат да ја прокоцкаат понудената независност. Деканот наведува дека градењето во главниот град треба да се регулира, не да се ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија одржа трибина посветена на образованието, како еден од најважните приоритети за развој на Град Скопје и иднината на младите генерации. На трибината учествуваа потпретседателките на СДСМ, Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, Кристина Костова и Ана Чупеска. Потпретседателката Ана Чупевска потсети на досегашните резултати и вложувања во образованието и инфраструктурата. „Како локална ...
Активностите на Народната банка за намалување на надоместоците на банките за електронските плаќања заради нивна поголема достапност и користење веќе имаат видливи резултати за граѓаните и за компаниите. По интензивната комуникација и по намалувањето на трошоците за користење на Македонскиот интербанкарски платен систем – МИПС, банките ги подложија на ревизија своите тарифници намалувајќи ги надоместоците за извршување на платежните услуги, ...
Додека летото полека ѝ отстапува место на есента, многумина ги реинтерпретираат енигматските изјави на Баба Ванѓа, слепата јасновитка, со мешавина од љубопитност и страв. Иако почина во 1996 година, нејзините визии, честопати криптични и отворени за дискусија, продолжуваат да интригираат, објавува Net.hr. „Двоен оган“ За годината 2025, а особено месеците што следат по летото, нејзините визии – или поточно нивните толкувања – се особено ...
Украинска веб-страница што анализира разузнавачки податоци објави мапа на која наводно се прикажани рутите на воздушните напади што ги користела Русија синоќа, како дел од кои одредени беспилотни летала завршиле на полска територија. Според графиконот, Русите лансирале десетици дронови, а Украинците тврдат дека ова бил најмасовниот напад во последните четири месеци. „Непријателот масовно ја нападна територијата на Украина со ракети H-101, H-59 и ...
Сопругата на поранешниот премиер на Непал, Џале Нат Канале, почина откако беше жива запалена, кога нејзиниот дом беше запален за време на насилните антивладини протести во земјата. Демонстрантите убија и тројца полицајци, кои претходно се предале, а ја запалија и зградата на полициската управа. Претходно, зградата на парламентот во Непал и домовите на политичките лидери беа запалени во немирите. Стотина демонстранти против корупцијата денеска ...
Ситуацијата во Непал не се смирува. Откако демонстрантите ја запалија зградата на парламентот порано денеска, а премиерот поднесе оставка и го повлече законот за порнографија што ги забранува социјалните медиуми, демонстрантите сега ги таргетираа членовите на корумпираната влада. На социјалните мрежи се објавени неколку вознемирувачки видеа на кои се гледаат како демонстрантите провалуваат во домовите на министрите, ги тепаат, ги палат нивните ...
Јавниот преглед на информациите од Избирачкиот список за Локалните избори 2025 завршува утре на полноќ, а два дена подоцна, на 13 септември на полноќ, завршува крајниот рок за доставување на листите со кандидати за градоначалници и за советници. Изборната кампања за локалните избори, планирани за 19 октомври, ќе започне на 29 септември. Гласањето ќе се одвива во 80 општини и во Градот Скопје, на 3480 избирачки места. Граѓаните имаат можност да ...
Фудбалската репрезентација на Англија ја декласира Србија среде Белград со 5:0, во натпревар одигран во К групата, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Како стојат работите во оваа група на Англија, која има пет победи во исто толку натпревари потребна и е уште една победа за да избори место на Мундијалот наредното лето. Србија со Албанија ќе се бори за втората позција и место во баражот. Од првата до последната минута ...
Скопската противпожарна бригада со сите сили се обидува да го локализира пожарот кој вчера изби во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за да не се дозволи на огнот да тргне кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата., информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Како што додаде, постојат сомненија дека пожарот бил предизвикан намерно. „Ќе потсетам само дека летово имавме ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се чувствува „многу лошо“ поради израелскиот напад во Доха, нагласувајќи дека го смета Катар за „силен сојузник и пријател“ на Соединетите Американски Држави. „Сакам СИТЕ заложници и телата на загинатите да бидат веднаш ослободени, и оваа војна да заврши, СЕГА! По нападот, разговарав со премиерот Нетанјаху. Премиерот ми рече дека сака мир. Верувам дека овој несреќен инцидент може да послужи како ...
Полската војска рано утринава објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина. „Распоредено е оружје, а службите активно работат на лоцирање на соборените објекти“, објави Полската оперативна команда. Оттаму додадоа дека е во тек воена операција и ги повикаа жителите да останат во своите домови. Полска е членка на НАТО, трансатлантски одбранбен пакт во кој ...
Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги презентирав во 2019 година во еден ТВ дуел со Радмила Шеќеринска, каде јавно кажав дека имаме сериозни индиции за злоупотреба на безбедноснитеслужби, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата ...
Со играч помалку, но со гол повеќе, младинската фудбалска репрезентација на Италија ги совлада врсниците од Македонија со 1:0. Натпреварот беше решен во 34 минута кога по слободен удар изведен од Ндуро, левото крило Маријанучи прецизно го погоди голот на Василев. За жал македонските млади фудбалери не ја искористија можноста дури 75 минути да имаат играч повеќе на стадионот под Тумбе Кафе, ниту пак поддршката од бројната битолска публика. ...
Весникот „Стандарт“ од Бугарија како да ѝ љубомори на фудбалската репрезентација на Македонија, па нејзината „петарда“ против Лихтенштајн и враќањето на врвот на табелата во квалификациската група за Светското првенство го оценува како – срам за Бугарија?! „Уште еден срам за нас. Македонија ја предводи својата група“, е насловот на „Стандард“, кој успехот на соседот го става во корелација со катастрофалниот почеток на мундијалските квалификации ...
Хрватскиот туризам продолжува со опаѓачкиот тренд трета година по ред, а бројките се јасни. Падот за кој се зборуваше ова лето во шпицот на сезоната е потврден и со неодамна објавените официјални податоци од eVisitor на Хрватскиот туристички одбор. Бројките покажуваат пад на бројот на ноќевања на странски туристи на целиот Јадран, кој се движи од два до четири проценти во споредба со минатиот август, а во мал пад е и континенталниот туризам. ...
Германската полиција се обидува да ја потврди автентичноста на писмо во кое се презема одговорност за подметнат пожар што остави околу 50.000 домаќинства во југоисточен Берлин без електрична енергија. Според полицијата, текстот објавен денеска на левичарската платформа Indymedia наведува дека нападот бил насочен против научниот парк во населбата Адлерсхоф, каде што се наоѓаат бројни технолошки центри, како и неколку оддели на универзитетот ...
Два извори од Хамас за Ројтерс изјавиле дека функционерите на Хамас во тимот за преговори за прекин на огнот го преживеале нападот, јави Тајмс оф Израел. Израелски функционери рекоа дека нападот бил насочен кон највисоки лидери на Хамас, вклучувајќи го и Халил ал-Хаја, претседателот на Хамас во егзил од Газа и главниот преговарач. Официјален претставник на Хамас во Газа претходно изјави дека лидерите на палестинската група, кои биле цел на ...