Елисејската палата синоќа потврди дека претседателот Емануел Макрон ќе именува нов премиер „во наредните денови“. Тој ќе го наследи Франсоа Бајру, откако повеќе од 350 пратеници изгласаа недоверба кон него и француската влада. Франсоа Бајру беше сменет со гласање недоверба по само девет месеци на функцијата, со што неговата малцинска влада беше соборена и Франција е турната во нова политичка криза. Бајру, (74), ќе му ја предаде својата оставка ...

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во Атина, соопшти Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) ја процени јачината на 5,2 степени. Земјотресот се случил околу 30 минути по полноќ по локално време, а епицентарот бил во морето 45 километри североисточно од грчката престолнина и 4 километри од брегот ...

Нова студија открива дека јапонската традиционална исхрана не само што го подобрува физичкиот изглед, туку го намалува ризикот од хронични болести. Традиционалната јапонска кујна, позната како „вашоку“, се базира на зеленчук, морски алги, тофу, печурки, мисо супа, зелен чај и масна риба, како и ограничено консумирање црвено месо и преработена храна. Новата студија заснована на исхраната, кај повеќе од 12.000 работоспособни Јапонци во текот на ...

Еден од спомениците-симболи на борбата на македонскиот народ за сопствена држава пропаѓа и скапува под вода. При посилен дожд, подот на споменикот „Илинден“ во Крушево е покриен со вода, витражите се оштетени, подот распукан, а рамките на прозорците се кородирани. Водата стигнува и до гробот на претседателот на Крушевската република, Никола Карев, објави Дојче веле. Надлежните од Завод и музеј Прилеп велат дека нема пари за санација на објектот, ...

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, за време на предавањето во Централниот воен клуб во Софија, изјави дека Русија и тероризмот се најдиректните и долгорочни закани за безбедноста на Алијансата и нејзините партнери. Таа потсети на неодамнешниот руски напад врз цивилна инфраструктура во Украина со 800 дронови и нагласи дека тоа е доказ оти Москва не е заинтересирана за мир. Според неа, приоритетите на НАТО остануваат јасни – ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе тргне од самиот старт на патот кон следното Европско првенство кое ќе се одржи во 2029 година. За пласман на континенталниот собир нашата селекција ќе треба да мине три квалификациски филтри, а веќе е позната претквалификациската група. Македонија доби релативно лесни ривали и ќе игра во единствената група која брои четири репрезентации, а останатите две имаат по три. Нашата селекција ќе игра против ...

Премиерот Христијан Мицкоски со двајцата синови замина во Будимпешта, за денеска да го гледаат фудбалскиот меч Унгарија-Португалија за квалификации за Светското првенство во 2026. Како што објави на официјалниот инстаграм профил, Мицкоски ќе мине 2 дена во Будимешта за натпреварот, на покана од унгарскиот премиер Виктор Орбан. Премиерот вели дека ќе се врати на 10 септември и ќе учествува на настан на градоначалникот на Гази Баба Бобан ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија и САД можат да имаат заеднички економски интереси, вклучувајќи го производството на течен природен гас, соработката на Арктикот, како и во Вселената. Обраќајќи се пред студенти и наставници на Московскиот државен институт за меѓународни односи (МГИМО), Лавров рече дека Русија сака порамноправна соработка со Вашингтон и дека САД покажуваат сличен интерес. Тој оцени ...

Шпанскиот премиер Педро Санчес денеска објави девет мерки против Израел, вклучително и ембарго за оружје, насочени кон „запирање на геноцидот“ што земјата го спроведува во Палестина. „Едно е да ја браниш својата земја, а друго е да бомбардираш болници и да изгладнуваш деца“, рече Санчес во говорот од зградата на владата во Мадрид. „Не станува збор за одбрана, па дури ни за напад, туку за истребување на народ кој не може да се одбрани. Тука се ...

Денешниот самит на групата БРИКС беше посветен на актуелната геоекономска ситуација, објави Кремљ по виртуелниот состанок. Бразил свика видеоконференција за да разговара за трговската политика на американскиот претседател Доналд Трамп. „На самитот, лидерите на БРИКС разговараа за соработка во трговијата, економијата и другите сфери, земајќи ја предвид актуелната состојба во глобалната економија“, се вели во соопштението од Москва. Бразилскиот ...

Премиерот на Косово во технички мандат Албин Курти изјави дека во наредните четири години ќе бидат издвоени повеќе од една милијарда евра за косовските безбедносни сили (КБС). Курти, кој вчера беше единогласно избран од членовите на Генералниот совет на Движењето Самоопределување за мандатар за формирање на новата влада, во својот денешен говор зборуваше за аспектот на безбедноста, при што најави и развој на беспилотни летала „Made in Kosovo“. ...

Семејството и блиските пријатели требаше да се соберат на приватен погреб во понеделник за Џорџо Армани, легендарниот италијански моден дизајнер кој почина минатата недела на 91-годишна возраст. Армани ќе биде погребан покрај неговите родители и постариот брат во семејна капела во Ривалта, село на околу 100 км југоисточно од Милано и во близина на градот каде што е роден, Пјаченца. „Ќе се збогуваме со него како семејство, а потоа ќе продолжиме ...

Полицијата во Непал употребила гумени куршуми, солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите во главниот град Катманду. Народот излезе на улица барајќи владата да ја укине забраната на социјалните мрежи и да се справи со корупцијата. Во немирите, загинале најмалку 10 луѓе, а 87 се повредени, јавува полицијата. Од петокот, не се достапни повеќе социјални мрежи како Facebook, YouTube и X (поранешен Twitter), откако владата блокирала 26 ...

Во новата 2025/2026 учебна година, што во Албанија почна денеска, за првпат во ученичка клупа, во општина Пустец, седнаа девет првачиња. – Споредено со минатата учебна година имаме едно прваче повеќе. Од девет колку што се оваа учебна година, пет се во деветолетката во Пустец, останатите во другите населени места. Во предучилишното образование, вклучително и гимназијата, оваа учебна година имаме вкупно 115 ученици, изјави за МИА, градоначалникот ...

Годишнината од прогласувањето на независноста на Македонија е секогаш повод да рефлектираме за тоа како беше, како е и како треба да биде, се наведува во обраќањето на претседателот на ДУИ Али Ахмети по повод Денота на независноста – 8 Септември, што МИА го објавува интегрално. Уставот од 1974 година беше изменет во 1989 еднострано, со што Албанците беа лишени од државотворниот статус и овој момент претставува застојна пресвртница во земјата. ...

Амбасадата на Соединетите Американски Држави преку објава на Фејсбук упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на државава. – Честит ден на независноста! Urime Dita e Pavarësise! Оваа година е особено значајна бидејќи одбележуваме и 30 години дипломатски односи меѓу нашите земји. Во текот на три децении, изградивме силно партнерство – работејќи заедно во дипломатијата, безбедноста, образованието, културата и друго, се посочува ...

Со освојувањето на трофејот на Грен слем турнирот УС опен шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изби на првата позиција на АТП ранг-листата, додека финалистот Јаник Синер падна за едно место и сега е втор. Александар Зверев остана на третата позиција, а најголем скок во ТОП 10 има Новак Ѓоковиќ, кој се проби три позиции и сега е на четвртото место. Тејлор Фриц е петти со пад за едно место, а Бен Шелтон остана на шестото место. Џек Дрејпер има пад за ...

Според проф. д-р Драган Ѓеоргиев, директор на Институтот за национална историја во Скопје, под чија редакција Државниот архив на Македонија објави дел од ексклузивните турски документи за аферата Мис Стон, грабнувањето на американската протестантска мисионерка во 1901 година претставува еден од најсмелите потфати во историјата на македонското револуционерно движење. Оваа шестмесечна афера, всушност прва ’киднаперска криза‘ со која се соочиле ...

Стресот на работа може да се појави од различни причини. Роковите и постојаната конкуренција вршат притисок за завршување на задачите на време, додека работните места со голема одговорност, каде што животите на луѓето, па дури и вашиот, се во опасност, природно го зголемуваат нивото на стрес. Изложеноста на опасни работни услови или постојаното внимание на јавноста става дополнителни оптоварувања, а чувството дека не ви се верува и дека немате ...

Поддржувачите на турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) доцна синоќа се обидоа да ги пробијат полициските барикади во Истанбул, објави БТА. Порано оваа недела, судот го разреши окружното раководство на партијата поради наводни нерегуларности во нејзините избори, објави ДПА, повикувајќи се на турскиот јавен радиодифузер Халк. И покрај забраната од страна на властите, ЦХП протестираше за да го спречи привременото раководство ...

Денес започнува со работа “Mакедонска држава”,најголемата дигитална библиотека за македонското историско наследство. Платформата стартува со повеќе од 300 поставени примероци на електронски книги, историски документи и истражувања кои опфаќаат повеќе од 150 години македонска историја, култура и поезија. Зад платформата стои група млади ентузијасти и љубители на македонското културно наследство, кои во изминатиот период вложија многу труд за да ...

Сите државни институции и јавни правни лица ќе имаат обврска најдоцна до 15 септември 2025 година да ги заменат регистарските таблици на службените возила со нови таблици во боја. Одлуката ја донесе Владата, на крајот на јули, по иницијатива на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски. За утре е закажана прес-конференција, на која ќе присуствуваат директорот на СОЗР, Ивица Томовски, Министерот за внатрешни работи, Панче ...

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓоргиевски, информира дека е постигнат договор со основачот на „EXIT“ фестивалот, г-дин Душан Ковачевиќ, од следната година Скопје да биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации. „Убеден сум дека бренд како „EXIT“ значително ќе го зголеми квалитетот на забавниот живот и културната понуда на Скопје и Македонија. Тоа ќе ја стави нашата метропола на мапата на топ дестинации за ...

Европската комесарка за проширување Марта Кос во објава на Икс упати честитка до македонските граѓани по повод Денот на независноста. Цврсто го поддржувам вашиот пат за приклучување кон нашата Унија. Ние сме со вас на секој чекор од тој пат, наведе Кос во честитката. Претходно, честитки по повод, како што наведе, Националниот ден, упати и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, посочувајќи дека ЕУ останува посветена на европскиот пат ...

Денес мора да донесеме одлука – да не ја оставиме татковината да згаснува тивко, туку со сите сили да ги вратиме надежта, радоста и детската насмевка во секој дом. Но, истовремено мора да внесеме и надеж. Владата ова прашање го гледа како прашање на иднината на нацијата и затоа го поставува како еден од највисоките национални приоритети, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски на денешната централна свеченост на која беа одбележани 34 години од ...

Најмалку пет лица загинаа денеска во вооружен напад на автобуска постојка во Ерусалим, соопштија медицинските служби, пренесува ДПА. Израелската итна медицинска служба „Маген Давид Адом“ јави дека четворица загинале на самото место во северен Ерусалим, додека уште една жена починала во болница од здобиените повреди. Уште 12 лица се пренесени во болница, од кои седум се во тешка состојба. Полицијата соопшти дека „двајца терористи пристигнале со ...

Имаме одлично силна градежна активност насекаде низ државата. Го пуштивме во сообраќај и вториот дел од автопатот Кичево-Охрид, во должина од 17 км на потегот од Климештани до Охрид, со силна динамика работиме и на изградба на автопатите од Тетово до Гостивар и од Гостивар до Букојчани. Очекувам првиот дел од автопатот од Прилеп до Битола да го пуштиме во сообраќај веќе следната година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска упати честитки по повод Денот на македонската независност. По повод националниот ден на Македонија, упатувам срдечни честитки до нејзиниот народ и власти, наведе Кошта во објава на Икс. Тој во честитката додава дека Европската унија останува посветена на нашата заедничка иднина и на европскиот пат на земјата. On the occasion of the national day of North Macedonia 🇲🇰, I extend heartfelt ...

Двајца Грци се уапсени, а во случајот се вклучени уште четири лица, откако по пошта им стигнала пратка од Канада – дрвен сандак со 62 килограми суров канабис со цел понатамошна трговија, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека во магацин на фирма во областа Атика, поширокиот регион на Атина, полицајци од Потсекторот за борба против дрога го откриле дрвениот сандак во кој се наоѓале 120 пакувања со необработен ...

Не е прашање дали ќе се декласифицираат материјалите, вистинското прашање е како да ги спречиме злоупотребите и повеќе тоа да не се повтори. Тоа ќе се случи само кога ќе има одговорност. А одговорност мора да има, порача премиерот Христијан Мицкоски во неговото денешно обраќање на свеченоста по повод Денот на независноста. Повикувањето да се декласифицира документацијата за прислушкувањето, Мицкоски го гледа како страв и паника на оние кои ...

weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
4.12
82%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
91%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.73
92%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
96%
1017
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.12
90%
1008
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1011
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1011
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
83%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
94%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
100%
1006
weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1013
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Паладиум

46361.38

Злато

134976.58

Калај

40.49

Алуминиум

2.91

Родиум

255598.44

Сребро

1876.20

Платина

52864.82

Цинк

3.22

Никел

473258.99

Кобалт

58.42