Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој е дел од ВЛЕН и коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во Владата, денеска одби да одговори на новинарските прашања на македонски јазик. На настанот по повод промоција на црвените таблички кои ќе ги издвојуваат службените возила, заедно со Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, изјава имаше и вицепремиерот Фетаи. По изјавата новинарите поставија свои прашања, а Фетаи на сите новинари им одговараше ...

По информациите на македонските медиуми дека Христијан Илиевски, своевремено познат како „крал на местенките“ во италијанската Калчо лига, бил жртва на лаги и измислици во извештаите на македонската Агенција за национална безбедност (АНБ), хрватски „Јутарњи лист“ повторно се огласи за овој интересен случај. Како што пишуваше Плусинфо, Хрватска го протерала Илиевски на 4 април 2024 година, откако тамошната Сигурносно обавештајна агенција спратила ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска потпиша Меморандум за соработка со в.д. директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов. Меморандумот за соработка има за цел да воспостави тековна соработка помеѓу двете институции за обезбедување на земјоделско земјиште во државна сопственост за вршење на земјоделска дејност од страна на стопанско-инструкторските одделенија формирани во ...

Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, во интервју за австрискиот „Клајне Цајтунг“, изјави дека првите нови членки од регионот, Црна Гора и Албанија, би можеле да се приклучат на ЕУ околу 2028 или 2029 година, додека за Србија испрати многу повнимателна порака. „Проширувањето сега има сосема нова динамика, бидејќи е приоритет на ЕУ, но и поради променетата геополитичка ситуација. Црна Гора има за цел да ги заврши преговорите до крајот на ...

Почна бербата на јаболка, а берачи нема. Јаболкопроизводителите од Преспа ги чекаат берачите од Албанија, за кои годинава ќе плаќаат дневници од 2.500 до 2.700 денари, со храна и сместување. Производителите не може сами да го наберат родот, а во државата не може да најдат работници за берба. Нашите не сакаат да работат за овие пари, а земјоделците не може да им платат повеќе од 2.700 денари, поради слабиот род и ниските откупни цени. Родот ...

Од ноќеска на полноќ горивата поскапуваат за еден денар по литар. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), бензинот еуросупер БС-95 ќе чини 76 денари за литар, бензинот еуросупер БС-98 ќе се продава за 78 денари по литар, а литар еуродизел ќе чини 69,5 денари. Екстралесното масло за домаќинство ќе се продава за 69 денари за литар. Според одлуката на РКЕ, за 1,245 денари за килограм се намалува малопродажната цена на мазутот ...

Трошоците на животот во август годинава, во однос на август лани, се зголемиле за 4.4 проценти, а цените на мало за 4.1 процент. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август годинава, во однос на јули минатата година, изнесува 0.2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Трошоците за храна во август 2025 во споредба со август 2024 година с еповисоки за 6,2 отсто. Зголемувањето на инфлацијата во август 2025 ...

Владата ги отфрли , како што велат, изнесените невистини и обиди за манипулација од страна на СДСМ и Левица околу јавната набавка за изнајмување и ракување со опрема за симултан превод и аудио и видео поддршка на настани, која според нив, се спроведувала години наназад. Во врска со најновите инсинуации и конструктивни лаги пласирани во јавниот простор од страна на СДСМ и Левица, Владата со најсилна индигнација ги отфрла изнесените невистини и ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска ја обвини Владата дека склучила договор тежок речиси милион евра за опрема што, според нив, ќе се користи за партиската кампања на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори. Јовица Јанковиќ, потпретседател на СДММ, вели дека Генералниот секретаријат на Владата, со потпис на Игор Јанушев, склучил договор за озвучување, осветлување, видеоѕидови, бина, опрема за симултан превод и техничка поддршка. ...

Во главниот град на Катар, Доха, денеска се слушнале неколку експлозии и се појавил густ чад, рекле очевидци за арапски медиуми. Еден жител на Доха за англискиот сервис на Ал Арабија рекол дека слушна најмалку пет експлозии. Според прелиминарните информации на Ал Арабија, главниот преговарач на Хамас, Калил ал-Хаја, е убиен во израелски напад во Катар. Вкупниот број на загинати или ранети во нападот сè уште не е познат. Ал-Хаја наводно е убиен ...

Срамота е после 34 години независност на Македонија ние повторно да зборуваме за опасност од инциденти на денот на изборите, порача денеска претседателот на Собранието Африм Гаши на брифинг со новинарите. – Јас немам никакви индиции, ниту до мене, како претседател на Собранието и член на Советот на безбедноста стасале информации за можни инциденти и проблеми при локалните избори – рече Гаши. Собранието на седницата в петок, на 12 септември, ќе ...

Откако Венко Филипче замина во Франција, владата падна, реагираат од ВМРО ДПМНЕ. И откако Венко Филипче отиде да лобира за Македонија очекуваме да видиме како ќе излобира, и каков повторно Француски предлог ќе донесе, откако еднаш веќе ја забетонираа државата во место со нивното лобирање. Исто така очекуваме да видиме како Венко Филипче ќе ги заштити Македонските интереси откако еднаш ги избриша.Кога Венко Филипче лобира за Македонија и ...

Собраниската комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање утре во 10 часот ќе одржи седница на чиј дневен ред е Предлогот за заклучок за вршење на надзор над работата на АНБ. Според договореното, со неа треба да претседава претседателот на Комисијата Скендер Реџепи. Ваков договор постигнале членовите на Комисијата, а за тоа го информирале и претседателот на Собранието Африм Гаши. – Самите ...

Одговорите на новинарите заменик-претседателот за добро владеење во Владата на Мицкоски, Арбен Фетаи, утрово ги даваше на албански јазик, иако новинарите го прашуваа на македонски. Тој денеска присуствуваше на промоцијата на службените воизла кои отсега ќе имаат регистарски таблички во боја, за да се спречи нивната злоупотреба, односно да бидат лесно воочливи доколку се користат во партиски цели. На настанот беа и директорот на БЈБ Александар ...

За време на Глобалниот форум на Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), кој се одржува во Намибија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари средба со извршниот директор на АФИ, Алфред Ханиг. На средбата се разговараше за напорите на Народната банка за подобрување на пристапот до финансиски услуги, зголемување на финансиската писменост и промовирање на дигиталните финансиски канали. „Финансиската вклученост е клучен ...

И актерката и режисерка Весна Петрушевска против „напливот“ на музички ѕвезди од соседството на манифестациите низ македонските градови. По Цеца во Крива Паланка кон крајот на август, изминатиот викенд во Кавадарци на „Тиквешкиот гроздобер“ настапија Марија Шерифовиќ, Наташа Беквалац, Теодора Џехверовиќ… Ова прашање крена бура од реакции во јавноста, а еве што вели Весна Бејби: – Кога ќе има избори во Србија да ги викнат на некој градски плоштад ...

Алексеј Синицин, извршниот директор на производителот на калиумова сол „К-Поташ сервис“, беше пронајден мртов во близина на Калининград. Тој е 19-тиот руски бизнисмен што почина под мистериозни околности од почетокот на руската инвазија на Украина, објави „Москва тајмс“. Најмалку 19 високи раководители и бизнисмени, многумина поврзани со руските нафтени и гасни гиганти, вклучувајќи ги „Лукоил“, „Газпром“ и „Транснефт“, починаа под сомнителни ...

Очигледен е стравот на премиерот, Христијан Мицкоски од содржината на материјалите кои треба да го докажат наводното негово следење од страна на службите, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа вели дека со вчерашната изјава премиерот потврдил дека нема никаква намера да ги декласифицира документите кои би ги докажале неговите наводи дека нелегално бил следен. „СДСМ уште еднаш прашува од каде толкав страв од објавувањето на ...

Службата за општи и заеднички работи на Владата отопочна постапка за брендирање, односно означување на сите службени возила во државата. Целта е до 29 септември, односно до почеток на кампањата за локалните избори сите службени возила и возила во сопственост на државата да бидат брендирани, односо да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја, изјави директроот на Службата за општи и заеднички ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска е во еднодневна работна посета на Франција. Во рамки на посетата, Филипче ќе одржи средба со пратеничката и потпретседателка на групата за пријателство Франција – Северна Македонија во француското Собрание, Лилиана Танги. Претседателот Филипче ќе одржи средба со шефот на Канцеларијата за соседство, проширување и одбрана при Генералниот секретаријат за европски ...

Група македонски туристи синоќа со страв се враќале од празнична посета на Истанбул. Причината е што автобусот на агенцијата „Ганиќ ексклузив“ постојано прегрева, па мораат да застануваат цело време за да има време да се излади моторот и да можат да го продолжат патувањето кон Скопје, пренесува А1он. Патничка во автобусот за А1он раскажува дека најпрво 5 часа чекале во Истанбул да тргнат, механичарите кои се обиделе да го поправат автобусот ...

„Во јавноста излезе нов скандал за криминалното владеење на СДС и ДУИ, а судско обвинителскиот систем го крие и заташкува. Судството со доверба на ниво на статистичка грешка од 2% продолжува да тоне, а Љупчо Коцевски на чело на ОЈО продолжува верно да им служи и да ги штити криминалците кои го изгласаа, СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Информациите говорат дека постои Рекет 2 и дека Основното јавното обвинителство отворило предистражна ...

Во Хрватска, по неколкугодишно функционирање, ненадејно пропадна платформата XUEX, која ветуваше лесна заработка преку криптовалути, оставајќи илјадници граѓани без дел или целосно без своите вложени средства. Платформата припаѓаше на EG Investment Group и претходно се срушила и во Србија и Албанија. XUEX функционираше така што инвеститорите добиваа два сигнала дневно преку апликацијата, а средствата им растеа со секоја потврда. Првиот бран на ...

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз покажа дека модата може да оди рака под рака со врвниот тенис на теренот. Во последното финале на Отвореното првенство на САД, Алкараз го победи Јаник Синер, но покрај неговата мајсторија на теренот, тој брзо стана тема и поради неговата облека. На сите им го привлече вниманието со неговите виолетови патики, како и со неговата маица и шорцеви кои беа во слични нијанси, па затоа не би било изненадувачки ако ...

Патниците кои планираат да ги посетат Соединетите Американски Држави наскоро ќе се соочат со повисоки трошоци бидејќи повисоките такси за визи и влез стапуваат на сила на крајот на септември. Промената ќе ги погоди посетителите од земјите-партнери, вклучувајќи го и поголемиот дел од Европа, објави Си-ен-ен. Главното зголемување на цената е за ЕСТА Главното зголемување на цената е за Електронскиот систем за авторизација на патување (ЕСТА), кој го ...

Крановите доминираат на хоризонтот на Багдад додека звукот на градежната механизација одекнува низ градот. Ирачкиот главен град доживува градежен бум. Ирак изгледа постабилен од порано, привлекувајќи странски инвестиции и преобликувајќи го главниот град. Ирачкиот премиер Мухамед ал-Судани изјави за „Економист“ дека владата има големи планови за подобрување на услугите и инфраструктурата по години војна и нестабилност. Откако неговата влада ја ...

Свети Фануриј е славен великомаченик кој се празнува на 9. септември и за кој се верува дека помага во исполнување на желбите. Се верува дека на овој ден се меси и сладок колач во чест на маченикот кој е познат како заштитник на учениците и студентите. Погачата Фануропита или Фанурија го добила името по младиот светец Фануриј кој живеел на островот Родос. Се приготвува кога имате некаква потреба, нешто изгубено или работа, стан, љубов.. му се ...

Претседателот на „Ферари“ и групацијата „Стелантис“, Џон Елкан, се согласи на една година општествено корисна работа и, заедно со својот брат и сестра, ќе платат милиони евра за да решат спор околу данокот на наследство во Италија, објавува BBC. Според италијанските обвинители, Џон Елкан и неговите браќа и сестри, Лапо и Џиневра, ќе им платат на италијанските власти 183 милиони евра. Неговиот адвокат нагласи дека договорот не претставува ...

Попладне во Битола, по пауза од 31 година, повторно ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар на кој ќе настапат младинските репрезентации на Македонија и Италија. Општина Битола и Фудбалската федерација на Македонија професионално и во зададените рокови го реновираа стадионот „Петар Милошевски“ за играње меѓународен натпревар од високо ниво, а потврда добија и од специјална инспекција на УЕФА која додели лиценца за фудбалски натпревари на ...

В петок, 12 септември 2025 година, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, ќе одржи состанок со ланците маркети, на кој ќе треба да се разговара каква форма на кампања ќе биде реализирана преку малопродажбата со цел засилена продажба на производите на Макпрогрес Виница, креатор на серија докажани и потврдено квалитетни брендови (Винчини, Сончева Долина, Натура, Дониа, Фантазиа) како и голем дел од производите кои се произведуваат под ...

weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
4.12
82%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
91%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.73
92%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
96%
1017
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.12
90%
1008
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1011
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1011
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
83%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
94%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
100%
1006
weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1013
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Паладиум

46361.38

Калај

40.49

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Бакар

10.96

Злато

134976.58

Никел

473258.99

Платина

52864.82

Цинк

3.22

Кобалт

58.42

Сребро

1876.20