Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Најмалку 12.000 дополнителни смртни случаи се регистрирани во десетина европски земји за време на екстремниот топлотен бран во јуни, покажуваат податоците собрани од националните статистики. Бројката е привремена и се очекува дополнително да се зголеми со пристигнувањето на нови информации. Според анализата објавена од агенцијата Франс прес, во периодот од 22 до 28 јуни, кога топлотниот бран го достигна својот врв во повеќе европски земји, ...
Европа се соочува со нов бран разорни шумски пожари, а пожарникарските екипи во Франција, Шпанија и Обединетото Кралство се борат со огнените стихии кои зафатија големи површини. Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека неговата земја се соочува со најголемите шумски пожари од Втората светска војна. При посетата на пожарникарите кои се обидуваат да ги стават под контрола пожарите во познатата шума Фонтенбло, јужно од Париз, ...
Украинскиот парламент го поддржа предлогот на новиот украински премиер Сергеј Корецки за именување на нов состав на Владата, јавуваат украинските медиуми. Одлуката ја поддржаа 264 пратеници, пренесува „Укринформ“. Од претходниот владин состав на функциите остануваат првиот вицепремиер и министер за енергетика Денис Шмихаљ, вицепремиерката за хуманитарна политика и министерка за култура Татјана Бережна, министерот за млади и спорт Матвиј ...
Измина рокот за донесување на Изборниот законик во Собранието кој беше дел од обврските на Реформската агенда, а со тоа Македонија изгуби и 4,2 милиони евра, пари од Европската унија. Партиите во изминатиот период не успеаја да постигнат консензус за ова прашање, а најмногу од се полемики предизвика дали е потребно воведување гласање на дијаспората. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ, Левица и ДУИИ се причината зошто не се донесе Изборниот ...
Воената соработка меѓу Македонија и Германија влегува во нова фаза по посетата на Скопје, на началникот на германските вооружени сили, генерал Карстен Бројер. Двете страни го потврдија стратешкото партнерство во рамките на НАТО, со фокус на безбедноста, модернизацијата на Армијата и развојот на воените капацитети. Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, истакна дека партнерството со Германија донело конкретни ...
Изјавата на амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, дека во евиденциите на ЕУ проектот за канализација од Зајас до Кичево фигурира како завршен во 2024 година, предизвика реакција од ВЛЕН. Владејачката албанска партија бара истрага од обвинителството за, како што велат, изгубените милиони. „Бараме Јавното обвинителство и Финансиската полиција да ја прошират истрагата до крај и тесно да соработуваат со европските институции. Ова е ...
Претставници на институциите пристигнаа на свеченото одбележување на почетокот на изградбата на Саат-кулата во Тетово. Околу 200.000 евра се обезбедени од Општина Коња, Турција, додека преостанатите средства треба да ги обезбеди Министерството за култура и туризам на Македонија. Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, изјави дека ова е првата фаза од проектот – копање на темелите на местото каде што се наоѓала Саат-кулата. Министерот за ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, е задоволен од сработеното за надминување на проблемите со престојот на македонските професионални возачи во Шенген-зоната и нагласува дека преку процесот што државата самостојно го води, преку билатерални преговори, веќе им се издаваат долгорочни работни визи. „Веќе се договоривме со Швајцарија, со Хрватска, со Романија, во завршна фаза сме на договорот со Словенија, со Австрија и ...
Инфлацијата останува под контрола и во моментов нема потреба од нови мерки за интервенција на пазарот, вели министерот за економија Бесар Дурмиши, додавајќи дека институциите постојано ја следат состојбата во соработка со Државниот пазарен инспекторат. Тој предупреди дека доколку се евидентираат девијантни однесувања или неоправдани зголемувања на цените, институциите ќе интервенираат со соодветни мерки. „Во исто време, од Државниот пазарен ...
Учесниците на петтиот Самит Украина – Југоисточна Европа, што се одржа во Киев, усвоија заедничка декларација со која ја потврдија поддршката за Украина и повторно ја осудија руската воена агресија. Киевската декларација беше потпишана од Украина и уште девет партнерски држави. Во документот се нагласува поддршката за суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, како и потребата од почитување на меѓународното право. ...
Синоќа во СВР Скопје, маж од скопско пријави дека во временскиот период од 12.11.2024 до 12.01.2025 од едно машко лице бил измамен за сума од околу 28.700 евра. Според пријавеното, пријавителот во занаетчиски дуќан во Скопје го запознал лицето, кое му се претставило како службеник во државна институција и му кажало дека преку свои пријатели може да му помогне на пријавителот да го врати претходно запленетиот златен накит, но за тоа морал да ...
Новинарот Драган Павловиќ – Латас е ослободен од обвиненијата во случајот „Тотал“, откако јавниот обвинител се повлече од обвинението. Со оваа одлука, Кривичниот суд го одби обвинението и предметот е конечно затворен. Од Кривичниот суд информираа дека предметот, отворен во 2017 година од поранешното Специјално јавно обвинителство, а подоцна преземен од Основното јавно обвинителство Скопје, неколкупати бил вратен на повторно судење поради ...
Шест лица добија обвиненија поради измами со брзи кредити, соопшти Јавното обвнителство. Тие со умисла извршилe повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи притоа ист траен однос воспоставен помеѓу нив заради извршување на делото, исти прилики за користење на електронска апликација и други слични околности како што е невработеноста на лицата кои дале особен придонес за сторување ...
Судијата на Уставниот суд, Гоце Наумовски, ја поднесе својата оставка до Собранието. Од Собранието за ТВ21 изјавија дека ја добиле оставката, дека е архивирана, но дека сè уште не е доставена до претседателот на Собранието, Африм Гаши. Уставниот суд објави дека досега не добил официјална информација од судијата за оставката. Портпаролот на Судот објави дека Наумовски отсуствувал од денешната седница, додека официјална потврда не е добиена ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува за воведување на авансна такса од 100.000 долари за аплицирање на зелена карта. Стејт департментот го разгледува предлогот како дел од напорите на администрацијата на Доналд Трамп за ограничување на имиграцијата од странци со пониски приходи. „Волстрит журнал“ повикувајќи се на извори запознаени со плановите, објави дека мерката вклучува наметнување на големи депозити за ...
Денес, украинскиот парламент гласаше за новиот премиер Сергеј Корецки, поранешен директор на државната енергетска компанија „Нафтогас“, како дел од големата реконструкција на владата иницирана од претседателот Володимир Зеленски. Зеленски го предложи Корецки, истакнувајќи го неговото искуство во енергетскиот сектор и оценувајќи дека тој е најдобриот избор да ѝ помогне на Украина да се подготви за уште една воена зима. 289 пратеници гласаа за ...
Денеска времето низ земјава ќе биде облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме. Тоа ќе се случува во крајните источни и западни делови од земјата. Во Скопје сончево и топло, а поладне во делови од скопската котлина услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер. Максималната ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов денеска присуствуваше на постројувањето на доброволните пожарникари, и најави дека во оваа сезона државата е подготвена во справување со пожарите како никогаш до сега. Повеќе од 250 доброволни пожарникари се пријавиле за да се справат со огнената стихија во текот на ова лето. Во изминатите денови имаше неколку активни пожари, поради кои беа активирани и ер-тракторите. „Што се ...
Мобилен тим од Одделението за оперативни работи спречи обид за криумчарење на две илјади парчиња вијали со медицински раствор „Гадонанс“, кои косовски државјанин, возач на товарно моторно возило, сакал да ги криумчари криејќи ги во кабината на возилото. Со оваа акција Царинската управа јасно ги покажува своите напори кон заштита на здравјето на граѓаните, спречувајќи небезбедни медицински препарати да стигнат до нив. Вијалите се запленети, а ...
Косовски државјанин е уапсен синоќа на ГП Блаце. Додека се вршело царинска контрола врз неговото возило, осомничениот го стартувал возилото и го влечел цариникот неколку метри, по што се дал во бегство кон Скопје. Подоцна бил уапсен, а кај него биле пронајдени дрога, нож, и признал дека фрлил вреќа со пиштоли. „На 15.07.2026 околу 22:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на ул. „Јадранска ...
Две лица осомничени за подметнување пожар во шумата Фонтенбло се обвинети и се задржани во притвор, додека пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарите, а францускиот претседател Емануел Макрон денес треба да ја посети погодената област. Првиот осомничен е 18-годишен пожарникар-доброволец кој, според обвинителството, првично признал дека ги запалил гранките, користејќи запалка и бензин, но подоцна го повлекол признанието, објави „BFM ...
На пистата во касарната „Гоце Делчев“ во општина Аеродром, се одржа постројување на доброволните пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во Македонија. Со постројувањето беше утврдена реалната бројка на доброволни пожарникари кои се подготвени организирано да учествуваат во гаснењето на летните пожари на отворен простор како дел од Тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување. Пред доброволните ...
Иран во четвртокот предупреди дека ќе ја уништи регионалната инфраструктура доколку САД ја нападнат иранската инфраструктура, објави новинската агенција Фарс. Ебрахим Золфагари, портпарол на иранската Централна команда „Хатам ал-Анбија“, изјави: „Уништете ја инфраструктурата, ние ќе ја уништиме целата преостаната инфраструктура во регионот“. Тој, исто така, предупреди дека Техеран „под никакви околности нема да им дозволи на САД, како ...
Пред претседателската канцеларија во Киев започна протест во поддршка на министерот за одбрана Михаил Федоров. Неколку стотици луѓе се собраа на плоштадот Франко за да го изразат своето противење на неговото разрешување, пишува Украинска правда. Демонстрантите носат транспаренти со следниве натписи: „Федоров е министер за одбрана“, „Зошто?“, „Не го допирајте она што функционира“, „Рацете тргнете од Федоров“, „Вратете го Федоров“ и „Власта сè ...
Од почетокот на месец јули 2026 година на територијата на Република Северна Македонија потврдени се вкупно 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози. Болеста е потврдена во одгледувалишта во населеното место Саса, општина Македонска Каменица, село Соколарци, општина Чешиново – Облешево, село Бигла, општина Делчево, села Малино и Косевица, општина Свети Николе и село Сопот, општина Куманово. Притоа, вкупниот број на жаришта на ...
САД испукаа ракети кон танкер за нафта во Ормутскиот теснец како дел од блокадата на иранските пристаништа, додека пристигнуваа извештаи за напади врз Техеран, први во најновиот бран конфликти. Американската војска потврди во четврток наутро дека онеспособила празен танкер со ракети „Хелфаер“ откако екипажот игнорирал повеќекратни предупредувања, во услови на ескалација што се заканува да се претвори во отворена војна, пишува „Гардијан“. ...
Овен Денот ви носи многу енергија и желба за нови предизвици. На работното место ќе добиете можност да ги покажете вашите способности, а во љубовта искрен разговор ќе ги расчисти недоразбирањата. Внимавајте на импулсивните одлуки. Бик Фокусирајте се на финансиските прашања и избегнувајте непотребни трошоци. Можно е да добиете интересна понуда поврзана со работа. Во љубовта ве очекува мирен и пријатен ден исполнет со внимание. Близнаци Вашата ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а ...
Летечките такси, кои долго време беа дел од научнофантастичните филмови и технолошките визии за иднината, сè побрзо стануваат реалност. Демонстративните летови во Њујорк, Дубаи, Јапонија, Кина и Јужна Кореја покажуваат дека новата форма на урбана мобилност е сè поблиску до комерцијална примена. За време на неодамнешната демонстрација во Њујорк, електрично летало полета од Менхетен и за околу седум минути пристигна до Меѓународниот аеродром ...
АРГЕНТИНА е во финалето на Светското првенство. Во драматично полуфинале во Атланта, тие ја победија Англија со 2-1 по голем пресврт во финалето. Англија водеше со голот на Ентони Гордон во 55-тата минута, но Аргентина го доби дуелот за титулата светски шампион со головите на Енцо Фернандез во 86-тата минута и Лаутаро Мартинез во втората минута од судиското продолжение. Легендарниот Лионел Меси регистрираше две асистенции. Аргентина ќе се ...