Активен и понатаму останува пожарот во Кавадарци, во подрачјето меѓу селата Раец, Ќесендре и Дреново, каде што гори шума со нискостеблеста вегетација и ниска тревна покривка. Во меѓувреме, изгаснати се пожарите кај локалитетот Теќе, на улицата „Дебарска“ во Прилеп, каде што горела депонија, пожарот меѓу селата Шемшово и Сиричино во Општина Теарце каде што горел отпад, како и пожарите кај селата Глуво и Мирковци во Општина Чучер Сандево, каде ...

Финансиската полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против едно физичко лице и една компанија, под сомнение за даночно затајување и фалсификување деловни книги. Според истрагата, сопственикот и управител на компанијата, М.Д., во периодот од 2021 до 2024 година, се сомничи дека вршел фиктивни сметководствени евиденции со цел да присвои приходи од продажба на нафта и нафтени деривати, избегнувајќи плаќање ...

Епидемиолошката состојба во Гостивар и понатаму се следи од здравствените институции, додека надлежните соопштуваат дека бројот на прегледи е во опаѓање, пренесува ТВ21. Според Министерството за здравство, на 3 август биле регистрирани 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 случаи за преглед. Во меѓувреме, најновите анализи потврдуваат дека бактеријата Pseudomonas aeruginosa и понатаму е ...

Топ ченел објави дека Министерството за внатрешни работи во Албанија прогласило двајца државјани на Македонија за „персона нон грата“, наводно поради сомнителни активности против албанската држава. Како што објавија извори на новинарката на „Топ ченел“, Анила Хоџа, двајца граѓани од Северна Македонија се прогласени за непожелни, против кои постојат докази за активности штетни за албанската држава. Извори ѝ кажале на Анила Хоџа дека одлуката е ...

Според најновите податоци од Евростат, мерено според куповната моќ, вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули 2026 година е повисока во споредба со седум земји членки на ЕУ, таа е повисока од сите земји од Западен Балкан и од Турција, напиша на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески на неговиот профил на мрежата Икс. „Чекајте малку — нели ова го кажав уште во јуни минатата година? На јавниот линч за говорење на ...

Политичкиот аналитичар Ваљон Бела реагираше по информациите дека е прогласен за непожелна личност од страна на Владата на Албанија. Во јавна изјава, Бела ја оцени одлуката како политички мотивирана и истакна дека една административна одлука, според него, не може да ја наруши неговата историја и придонес, пренесува ТВ21. Тој побара транспарентност и јавно образложение за донесената одлука, наведувајќи дека жртвите и неговиот национален ...

По информациите за присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa, продолжуваат меѓусебните обвинувања на опозицијата и власта за случајот со загадувањето на водата во Гостивар. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ бараат лидерот на опозицијата Филипче да не се однесува како народот да има колективна амнезија и да каже зошто не реагирал за водата во Гостивар кога бил министер, додека опозициската СДСМ бара кривична одговорност од премиерот Христијан ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на просечните малопродажни цени на нафтените деривати за 1,24 отсто во однос на претходната одлука од 27 јули. Новите цени ќе важат од 5 август 2026 година од 00:01 часот. Според одлуката на РКЕ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по 91 денар за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 93 денари за литар. Цените на двата бензина се намалуваат за 2 денари по литар. Еуродизелот ќе ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека нема намера да поднесе оставка, отфрлајќи ги шпекулациите за неговата политичка иднина кои се појавија во изминатите недели. Во видео објавено од неколку ирански новински агенции, Пезешкијан порача дека доколку некогаш одлучи да ја напушти функцијата, тоа ќе го соопшти официјално. „Засега, ќе стојам цврсто“, изјави иранскиот претседател. Тој истовремено ги отфрли и тврдењата за наводен раскол ...

Поради високите температури што се предупредуваат до 7 август, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот, кога ризикот од изложување на сонце е најголем. „Ако температурата на воздухот се приближи или надмине нормалната телесна температура од околу 36,7°C, способноста на телото да се лади е ослабена. Исто така, кога релативната ...

Благодарение на летната промотивна кампања „Секој ден нов милионер“, секојдневно се создаваа нови причини за славење и незаборавни моменти за играчите ширум Македонија. Кампањата уште еднаш потврди дека возбудата на ВЛТ терминалите носи големи добивки и нови милионерски приказни. Во периодот од 8 јуни до 31 јули 2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати неверојатни 124.213.765 денари за ВЛТ џекпот добивки, или повеќе од два милиони ...

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид забележа историски резултати во јули, со најголем број патници и летови во својата историја, велат од ТАВ Македонија. Во текот на месецот охридскиот аеродром опслужил 52.544 патници, што е раст од 41,21 отсто во однос на јули минатата година. Биле реализирани 443 летови, односно 34,65 отсто повеќе во споредба со истиот период во 2025 година. На 26 јули бил поставен дневен рекорд со 2.988 патници, додека ...

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Италија во вторникот наутро. Потресот бил регистриран во 10:15 часот по локално време, а епицентарот се наоѓал околу 18 километри северозападно од Ливорно и девет километри југозападно од Пиза, на длабочина од околу девет километри. Поради релативно малата длабочина, земјотресот бил почувствуван во поширокиот регион на Тоскана. Засега нема информации за причинета ...

Министрите за внатрешни работи на Европската Унија одржуваат вонреден состанок по кризата во шпанската енклава Сеута, откако минатата недела околу 60.000 луѓе илегално влегоа на шпанска територија. Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка се соочува со критики од повеќе европски земји поради начинот на кој владата во Мадрид се справи со миграцискиот бран. Тој ќе биде првиот говорник на состанокот, каде што се очекува да ...

Грчките пожарникари и натаму се борат со големиот шумски пожар што петти ден по ред беснее во близина на Атина, додека поширокиот регион на главниот град и островот Евија остануваат под речиси максимален ризик од нови огнени стихии. Намалувањето на јачината на ветровите им овозможи на противпожарните служби повторно да ги активираат авионите за гаснење. Според заменик-портпаролот на противпожарната служба, Јанис Артопиос, повеќе од 30 авиони ...

На граничниот премин Табановце, чекањето за влез во Македонија е околу 30 минути, додека на ГП Богородица, чекањето за излез од земјата е околу еден час , соопшти АМСМ. На другите гранични премини од македонска страна, повеќе нема долги чекања за влез или излез од земјата, велат од АМСМ. Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива без пречки и по суви коловози, додека интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е ...

Основното јавно обвинителство Куманово обезбеди мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово, која е осомничена за спречување службени лица во вршење службени дејствија и за узурпација на локалитетот „Куклица“. Според Обвинителството, осомничената подолг период незаконски го узурпирала локалитетот „Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик на природата. Таа, без правен основ, им наплаќала влезници на посетителите, се расправала со нив и ...

Пожарот во кавадаречкиот регион, кој ги мобилизираше надлежните служби во текот на изминатите денови, и натаму е активен, иако неговиот интензитет е значително намален. Пожарникарите работеа непрекинато во текот на целата ноќ, а од утринава во 6:00 часот продолжија со интервенциите на два правци за да спречат повторно ширење на огнот, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. На правецот од селото Дреново ...

♈ Овен Денес ќе почувствувате наплив на креативна енергија што ве турка напред. Ако одложувавте важен проект или разговор, сега е време да преземете иницијатива. Во љубовта ве очекуваат пријатни изненадувања, под услов да бидете отворени и искрени. ♉ Бик Вашиот фокус денес е на домашните и семејните односи. Ќе почувствувате потреба да внесете повеќе хармонија во вашиот простор или да ги решите несогласувањата што траат веќе некое време. На ...

Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер.Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната ...

Американскиот претседател Доналд Трамп упати нови остри пораки кон Иран, предупредувајќи дека Техеран има „последна шанса“ да постигне договор со САД пред, како што рече, да се соочи со „обезглавување“. „Мислам дека можеби ќе можеме да постигнеме нешто, но сакам да им дадам уште една последна шанса пред да бидат обезглавени“, изјави Трамп пред новинарите, повторувајќи ја заканата за можен голем воен напад врз Иран. Тој истакна дека ...

До 22:00 часот вечерва на територијата на Македонија се евидентирани седум активни пожари, информираа надлежните служби. Во Прилеп има пожар кај депонијата „Тризла Теке“ и се шири во три правци – кон Маркови Кули, кон преслапот кај црквата „Богородица“ и кон локалитетот Три Багреми. Активен пожар има и во Општина Охрид, кај депонијата во Буково, како и во Општина Крушево, во атарот на селото Јакреново, каде гори ниска вегетација. Во Општина ...

Денеска пожарот кој изби во близина на Тиквешкото езеро во Кавадарци, се влоши, па се гасеше со два ер-трактори, и по еден хеликоптер на АРМ и на МВР. Меѓутоа ЦУК известува дека вечерва биле пријавени уште два нови пожари. „Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев пријави два нови пожари кај Камен дол, во близина на Каменоломот Градба промет, гори нискостеблеста шума и трева, вториот помеѓу селата Цирково и Манастирец, со можност за ...

Со доаѓањето на иселениците е зголемено и количеството отпад во Тетово! На терен се гледаат преполни канти кои шират непријатна миризба, додека нивното собирање, како што изгледа, се врши со задоцнување. Граѓаните бараат итна реакција и поголемо присуство на екипите на терен. „Сега температурите се над 30 степени Целзиусови. На нив треба да им работи фирмата 24 часа дневно, треба да работи. Како се плаќа за обврските? 50% ги плаќаат овие ...

Четворица жители на селото Добри Дол, општина Врапчиште, се осомничени дека предизвикале општа опасност откако на свадбена прослава пукале со огнено оружје. По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „Предизвикување општа опасност“ од член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, рече дека пожарот во Кавадаречко се влошува, и дека е предизвикан злонамерно, односно дека од пет локации веднаш „Пожарот кој што беше активен во Кавадарци, денеска се реактивираше и тоа со голема силина, почна да се движи кон тешко пристапен терен во близина на Тиквешкото Езеро со што со дејство почнаа две ер-трактори, а ќе им се придружат еден полициски и еден армиски ...

Центарот за социјална работа презеде мерки за здгрижување на жена и нејзините три деца од Сингелиќ, по случај третиран со сомнежи за семејно насилство. Официјалниот документ обезбеден од ТВ21 покажува дека, по разгледувањето на случајот, Центарот за социјална работа му предложил на Судот донесување на заштитни мерки. Основниот граѓански суд во Скопје го прифатил барањето и донел мерки против Семи Кадри, кои ќе важат 12 месеци. „Основниот ...

Стотици мигранти поставија камп на плажа во шпанската енклава Сеута во Северна Африка во понеделник, додека локалните власти се борат да се справат со илјадниците луѓе кои сè уште се заглавени на малата територија по масовниот бран гранични преминувања минатата недела. Шпанија проценува дека околу 69.500 мигранти се вратиле во Мароко во последните четири дена, што е поголема од првичната проценка од околу 50.000 луѓе кои пристигнаа во Сеута ...

22 милиони евра ќе чини изградбата на новата болница во Кичево. Според најавата на Владата, објектот ќе се гради на влезот на градот покрај магистралниот пат, во близина на касарната. Но, по долгата историја со недовршената болница, прашањето е дали граѓаните на Кичево сè уште веруваат во едно ново ветување. АНКЕТА: „Какво ново, 30 години се гради, какво ново, 100 влади се сменија.“ „Веруваме дека ќе се изгради, таму е подобро, попространо.“ ...

Швајцарски геолог и локален рудар беа убиени во четврток во Централноафриканската Република, северно од главниот град Бангуи, според соопштението на локалното јавно обвинителство во понеделник, објави АП. Лука Маџини и рударот биле киднапирани од неидентификувани мажи навечер, а подоцна убиени, според Фредерик Пуну, геолог кој работел заедно со Маџини кога тој бил киднапиран. „Токму додека си заминуваше, падна во рацете на напаѓачите“, рече ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.0
92%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
79%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.92
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.68
66%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
67%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.3
80%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34