Политичката партија Левица реагираше на одлуката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да не учествува на координативната средба на опозициските партии, која Левица најави дека ќе ја иницира со цел усогласување на заеднички став во врска со измените на Изборниот законик. Од Левица со обвинување до СДСМ, дека ја одбива координацијата на опозицијата околу изборната реформа само поради сопствен интерес. -Особено е симптоматично што ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Соединетите Американски Држави „ја преземаат“ контролата врз Ормутскиот теснец, откако Иран објави дека преминот низ тој стратешки важен воден пат е затворен поради, како што изјави Техеран, непријателските активности на Соединетите Американски Држави. „Го преземаме теснецот. Тие немаат ништо“, рече Трамп во телефонски разговор во емисијата „Fox & Friends“ на Фокс њуз. Американскиот ...

На 12.07.2026 во 21:15 часот во валандовско село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 26-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој околу 17:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 51-годишен татко. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 12.07.2026 во 20:45 часот во Радовиш, полициски ...

Македонскиот туристички сектор во првите пет месеци од 2026 година бележи умерен раст, кој главно се должи на зголемениот број странски посетители, додека интересот кај домашните туристи продолжува да опаѓа. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – мај годинава вкупниот број туристи е зголемен за 2,6 проценти во споредба со истиот период лани. Притоа, бројот на домашните туристи е намален за 4,4 ...

Во текот на ноќта изгоре автомобил во скопската населба Тафталиџе, а според неофицијални информации, возилото го користел судијата Ѓоко Ристов. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен околу 02:50 часот во СВР Скопје. Пожар зафатил патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски таблички, сопственост на лицето со иницијали Ѓ.Р., на подрачјето на Општина Карпош. Како последица на пожарот, ...

Доградбите и измените направени во дискотеката „Пулс“ во Кочани во текот на 2024 година дополнително ја отежнувале можноста за брза евакуација на гостите во случај на опасност, посочи градежниот вештак Горан Марковски на денешното рочиште за трагичниот пожар во кој загинаа 63 лица. Марковски, кој е дел од тимот вештаци ангажирани за анализа на причините за пожарот, пред судот објасни дека новоизградените шанкови и галерии влијаеле врз ...

По учеството на самитот на НАТО во Турција, унгарскиот премиер Петер Маѓар одлучил уште неколку дена да остане на турскиот брег, каде што поминал време со своите синови. Маѓар на социјалните мрежи сподели видео од престојот во Анталија, на кое може да се види како вози скутер на вода, се забавува на воден тобоган и ужива на плажа. Неговото појавување во туристичко издание предизвика реакции во јавноста во Унгарија, по што премиерот одговори ...

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров од Кочани, кој се бара по наредба на Основниот суд во Кочани. Лазаров е ставен на централна и меѓународна потерница поради постоење сомнение за сторено кривично дело според член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Од МВР информираат дека потерницата е распишана по барање на Основниот суд Кочани, откако лицето претходно избега ...

Владата доби нов состав откако Собранието денеска на 112. седница ги изгласа предлозите за разрешување на дел од министрите и замениците министри, поднесени од премиерот Христијан Мицкоски. Со одлуката од функциите се разрешени министрите за правда Игор Филков, за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, за односи меѓу заедниците Игор Стоиљковиќ, за здравство Азир Алиу, за социјална политика, демографија и млади Фатмир ...

Еден од најпознатите симболи на старо Скопје, хотелот „Бристол“ во центарот на главниот град, доби нов сопственик. АД „Македонијатурист“ го продаде објектот, а според податоците од Агенцијата за катастар на недвижности, како нов сопственик е запишана компанијата ГМ Проперти. Вредноста на купопродажбата засега не е објавена. Можно е сумата да биде позната во следниот период, доколку биде објавена како информација преку Македонската берза. ГМ ...

На 12.07.2026 околу 06:45 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека починал М.А.(56) од с.Миладиновци, скопско, кој на 08.07.2026 бил донесен со тешки телесни повреди, со кои, според пријавеното, се здобил откако паднал од првиот кат од терасата од куќа. По насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција. На 12.07.2026 околу 06:45 часот во СВР Скопје од ...

Основниот граѓански суд Скопје донесе пресуда со која делумно го усвои тужбеното барање на Орце Тодоровски, утврдувајќи дека бил наклеветен со јавно изнесени невистинити тврдења поврзани со наводна набавка на 150 автобуси од Унгарија. Според пресудата, Судот оценил дека преку јавни настапи и средства за јавно информирање биле изнесени невистинити информации дека Орце Тодоровски, како поранешен генерален директор на Македонската ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,59% во однос на одлуката од 06.07.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,467%, кај дизелот ...

На 12.07.2026 во 19:35 часот на патот Тетово-Гостивар поточно пред клучка Врапчиште од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР со специјално возило пресретнувач беше измерена брзина на движење на возило од 179 км/ч каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 80 км/ч. По насоки на јавен обвинител возачот Л.М.(27) од Тетово е лишен од ...

Халкбанк, банката што посветено и постојано ја поддржува културната и музичка сцена на нашите простори, ова лето ја продолжува својата поддршка и партнерство со многубројни културни настани и иницијативи. Официјално, оваа музичка и културна програма Халкбанк ја започнува со поддршката на филмскиот фестивал Ohrid Beach Film Fest, кој ќе започне на 22 јули, а во текот на летото ќе следуваат и голем број партнерства со различни културни и ...

Реконструкцијата на владиниот состав е дел од процесот за подобрување на ефикасноста и продолжување на реформите, порача премиерот Христијан Мицкоски во Собранието, каде ги образложи предлозите за промени во Владата. Тој истакна дека принципот според кој функционира Владата е дека функциите не се трајно право, туку обврска која секојдневно треба да се оправдува со работа и резултати. „Од првиот ден кажав дека оваа Влада нема да биде влада на ...

Во текот на изминатиот викенд (11/12.07.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1426 издадени платни налози, 455 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 64 лица, од кои 11 за возење под дејство на алкохол, 27 за ...

Најмалку 27 лица загинаа во текот на ноќта во пожар што избувна во бар во Бангкок, Тајланд, додека 60 лица се хоспитализирани, од кои осум се здобиле со тешки повреди. Причината за пожарот засега не е позната и е предмет на истрага, изјави тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул, додавајќи дека е започната официјална истрага, пренесува АП. Според „Скај њуз“, пожарот избувнал во популарниот бар „Ронг Бир На Лат Фрао“, кој се наоѓа во познатата ...

Синоќа околу 23:00 часот во Скопје, на територија на ПС Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Џ.(31) од Скопје, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л. (52) од Скопје. Според пријавеното, на 12.07.2026 околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга (мајка на Б.Џ.), по што Б.Џ. му нанел убодни рани на ...

Бројот на жртви во двата земјотреса што ја погодија Венецуела на 24 јуни се искачи на 4.490, соопшти денеска претседателот на Националното собрание и раководител на штабот за привремени кампови, Хорхе Родригез. Официјалниот број на повредени останува непроменет и изнесува 16.740 лица, додека 6.462 луѓе се спасени, пренесува „Ројтерс“. Според официјалните податоци, без покрив над главата останале 17.907 лица. Бројот на жртви во двата ...

Повеќе од 390 лабораториски анализи на водата за пиење спроведени во изминатата седмица потврдија дека водата од скопскиот водовод е безбедна и ги исполнува сите законски стандарди за квалитет. Според неделниот лабораториски извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Секторот за санитарна контрола во периодот од 6 до 10 јули 2026 година извршил земање на 196 примероци за физичко-хемиска и уште 196 примероци за микробиолошка анализа на ...

Овен Денес ќе бидете полни со енергија и подготвени да преземете иницијатива. На работното место ќе добиете можност да ги покажете своите способности. Во љубовта, искрен разговор ќе ги расчисти недоразбирањата. Бик Фокусирајте се на финансиските прашања и избегнувајте непотребни трошоци. Семејството ќе ви биде најголема поддршка. Вечерта е идеална за одмор и релаксација. Близнаци Комуникацијата ќе биде вашата најсилна страна. Ќе запознаете ...

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 ...

Во голем пожар што избувна во бар во Бангкок загинаа најмалку 27 лица, потврдија официјални лица откако пожарникарите успеаја да го стават пожарот под контрола, објави NBC News. Спасувачките екипи изјавија дека биле повикани на пожарот околу полноќ. Снимките објавени на интернет од службите за итни случаи покажаа огромни пламени како излегуваат од влезот на барот во северниот тајландски главен град додека луѓето се обидуваа да избегаат, а ...

На 12.07.2026 во 02:45 часот во село во кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишија од слобода М.К.(37) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 57-годишна мајка и ѝ се заканувала. По преземени мерки било констатирано дека М.К. била под дејство на алкохол, односно ѝ биле измерени 1,02 промили алкохол во крвта. Таа била задржана во полициска станица, известен бил јавен ...

Илјадници луѓе учествуваа во тивок марш по Променада де Англе, променада во Ница, Франција, во недела наутро, со што се одбележа 10-годишнината од џихадистичкиот напад со камион во кој загинаа 86 лица, а повеќе од 400 беа повредени на 14 јули 2016 година. Повеќето од учесниците носеа бели облеки и бели рози. Толпата се собра пред Детската болница Ленвал, каде што возачот на камионот го започна своето дивеење и каде што многу од ранетите беа ...

Разорниот шумски пожар во јужна Шпанија, во кој загинаа најмалку 12 лица, престана да се шири откако пожарникарите со денови се обидуваа да го локализираат, објави во недела германската новинска агенција ДПА. Шефот на регионалната влада во Андалузија, Хуанма Морено, изјави во недела дека ситуацијата се стабилизирала. На пожарникарите им помагаат значително послабите ветрови и високата влажност. Околу 500 пожарникари, војници и други работници ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави во неделата дека предложил смена на премиерката Јулија Свириденко. Зеленски ја потврди веста на социјалната мрежа Х, заблагодарувајќи ѝ се на Свириденко за досегашната работа, пренесува Ројтерс. „Благодарен сум ѝ на Јулија за нејзината јасна, посветена и ефикасна работа како премиер и за нејзините години продуктивна служба во украинскиот тим. Ѝ понудив да го преземе водството на нова и важна ...

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска војна и ја транспортира до Армискиот полигон „Криволак“, каде што ќе биде уништена. Гранатата беше пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ – Битола, во атарот на село Меџитлија, Општина Битола, во близина на македонско-грчката граница. ...

Тирана во саботата беше епицентарот на светските музички случувања откако светски познатиот рапер Кање Вест одржа концерт кој со недели предизвикуваше огромно внимание, но и бројни контроверзи. Дека во албанската престолнина се подготвува еден од најголемите музички настани годинава беше јасно уште во попладневните часови. Низ градот сообраќаа специјални „шатл“ автобуси со натпис Kanye West кои ги превезуваа посетителите кон стадионот „Игл“ ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.61
39%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
0.89
47%
1011
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.12
52%
1013
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.79
37%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.66
40%
1010
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
1.26
79%
1014
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
2.24
46%
1009
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.09
49%
1010
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.38
45%
1011
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
3.13
49%
1009
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
55%
1014
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
3.98
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Платина

55652.94

Злато

137126.15

Бакар

13.54

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.27

Сребро

2005.37

Иридиум

252383.36

Родиум

278103.96

Паладиум

43435.66

Калај

56.77

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50