Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Аеродромите во Скопје и во Охрид, продолжуваат да бележат силен раст на патничкиот сообраќај во првата половина од 2026 година. Во периодот од јануари до јуни, двата македонски аеродроми со кои концесионира ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Групацијата, опслужија вкупно 1.955.648 патници, што претставува раст од 28% во однос на истиот период минатата година. Во истиот период беа реализирани 13.167 летови од двата ...
Најмалку 11 луѓе загинаа во пожар во Шпанија, кој локалните медиуми го опишаа како „најразорниот пожар досега“ што ја погодил Андалузија. Првичните истраги покажуваат дека причина за пожарот е паднат далновод. Претседателот на регионалната влада, Хуан Мануел Морено, изјави дека бројот на жртви може да достигне 12, додека се чека потврда за откривање на уште едно тело. Тој исто така истакна дека 19 луѓе сè уште се водат како исчезнати. ...
Еден од најсилните натпревари на Светското првенство во 2026 година се одржува вечерва во Лос Анџелес, каде Шпанија и Белгија ќе се соочат во четвртфиналето за место меѓу четирите најдобри репрезентации на турнирот. Натпреварот започнува во 21:00 часот (UTC), а победникот ќе се пласира во полуфиналето, каде што ќе се соочи со Франција која синоќа беше подобра од Мароко. За поразениот тим Светското првенство во 2026 година ќе биде завршено. ...
Централната команда на американската војска (CENTCOM) го повтори американскиот став дека Ормутскиот теснец е меѓународен воден пат што Иран нема право да го контролира. Командата објави „проверка на фактите“ доцна во четвртокот во врска со иранските тврдења за овој клучен воден пат. „Иранските медиуми тврдат дека преминот низ Ормутскио теснец е дозволен само преку патиштата одредени од Иран. ВИСТИНА: Иран не го контролира Ормутскиот теснец. ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека биле уапсени две лица поради тоа што кај нива била пронајдена дрога и пари. „На 09.07.2026 во 22:20 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода П.Ј.(38) и Д.Р.(28), двајцата од Скопје, затоа што при извршен претрес во домот на П.Ј., на подрачјето на Кисела Вода, по претходно добиена судска наредба, каде бил затекнат и Д.Р., биле пронајдени ...
Министерството за Финансии ги објави новите законски решенија за условите за основање и работење на давателите на финански лизинг. Од таму објавуваат дека новите измени ќе донесат поголема транспарентност, посилна заштита на корисниците и поефикасен надзор. „Поголема транспарентност, посилна заштита на корисниците, поефикасен надзор и модернизирана регулаторна рамка усогласена со европските стандарди се клучните новини што ги носат измените ...
Град Скопје информираше дека понеделник (13. јули) ќе започна дезинсекција на земјиште против размножување на комарци во Скопскиот регион. Согласно најавите, дезинсекцијата ќе се одвива од 13-ти до 16-ти јули, секоја вечер од 22:00 часот, до 03:00 часот следниот ден. „Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 13.07.2026 година (понеделник), ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето ...
Светот доби речиси еден милион нови милионери во 2025 година, што е еквивалентно на над 2.680 луѓе дневно, или речиси двајца секоја минута. Голем дел од овој раст надвор од САД беше во Европа, при што Источна Европа го забележа најбрзиот процент на раст, додека Обединетото Кралство, Франција и Шпанија заостануваат зад САД во однос на вкупниот број нови милионери, објавува „Еуроњуз“. Според тековниот девизен курс, еден милион долари вреди ...
Овен Љубов: Обидете се да ја разберете нечија „емоционална слабост“ или недостаток на храброст да одговори на вашите потреби. Бидете трпеливи. Работа: Ве очекуваат разни проблеми во комуникацијата со колегите. Некој се обидува да ве убеди во своите добри намери. Здравје: Важно е да се постигне внатрешна рамнотежа. Бик Љубов: Нема причина да се судирате со вашата сакана личност, оставете ги работите да си одат по својот тек. Работа: Изгледате ...
Сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. Во Скопје, сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени. Сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Прв полуфиналист на Мундијалот е селекцијата на Франција, која во четвртфиналниот меч во Бостон, ја совлада селекцијата на Мароко со 2-0, и така стана првата репрезентација која се пласираше меѓу најдобрите четири селекции. Французите доминираа од почетокот до крајот на мечот, а можеа да го решат мечот и по првиот дел, откако имаа промашен пенал и уште најмалку три добри прилики. Мбапе изведе пенал, но Боно одбрани и ги остави Мароканците во ...
28 луѓе загинаа денес во пожар во фабрика за чевли во југоисточна Кина. Пожарот избувнал напладне по локално време на првиот кат од петкатна бетонска зграда, во која се наоѓале работилница и магацин, во градот Џинџијанг, во покраината Фуџијан. Причината за пожарот засега е непозната. Во времето кога избувнал пожарот, во зградата имало 237 работници, како и двајца посетители. Властите извлекоа 213 лица од пламенот, од кои двајца беа прогласени ...
Палестинскиот претседател Махмуд Абас распиша парламентарни избори за 28 ноември, први по повеќе од 20 години, но нивното одржување е сè уште неизвесно. Абас го одреди датумот со декрет и ги повика Палестинците на Западниот Брег , Источен Ерусалим и Појасот Газа да гласаат. На последните парламентарни избори , одржани на 25 јануари 2006 година, исламистичкото движење Хамас освои мнозинство, со 74 од вкупно 132 места во Палестинскиот ...
Пакистанските морнарички екипи за пребарување и спасување се бореа со немирно море во четврток, додека потрагата по петте членови на екипажот кои исчезнаа откако нивниот товарен авион се урна во Арапското Море влезе во својот втор ден, соопштија официјални лица. Остатоците од авионот беа пронајдени во среда, но немаше трага од исчезнатите членови на екипажот, објави АП . Авионот, управуван од приватниот превозник К2 Ервејс, пријавил дефект на ...
Струга без решение за стационар за бездомни кучиња, откако Општинскиот совет не успеа да го реши овој проблем. На седницата на Советот беше поставена точката за гласање на концесијата за стационар за бездомни кучиња, која две седници по ред не беше изгласана. Градоначалникот на Општина Струга за ова ги обвини советниците од НАИ и независната листа на Мерко. „Во Советот на Струга не беше изгласана точката од дневниот ред за стационарот за ...
Лекот за пациентите со астма и хронична опструктивна белодробна болест, беклометазон, формотерол, или со бренд името „Фостер“, од август ќе биде достапен без дополнително плаќање, само со партиципација од 280 денари. За ова информираше директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој соопшти дека за првпат ривароксабанот се воведува на позитивната листа на лекови, додека партиципацијата за пациентите ќе се намали од околу ...
Неполна недела останува до дополнителниот грејс период од ЕУ за изгласување на Изборниот законик и со тоа исполнување на 10-те реформи, но се чини нема никакви изгледи за надминување на несогласувањата околу законските измени. Од власта деновиве беше даден предлог опозицијата да се договори за измените на Изборниот законик вклучително и гласањето на дијаспората, а тие ќе прифатат се`, но како што вели и премиерот Христијан Мицкоски, досега ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со генералниот секретар на Интерпол, Валдеци Уркиза, за време на официјалната посета на Македонија ја посетија Полициската академија во Идризово, каде што им се обратија на кадетите и на претставниците на институцијата. Уркиза истакна дека Полициската академија, од ноември 2025 година, е дел од Глобалната академска мрежа на Интерпол, во која се вклучени само 28 полициски институции во ...
Албанските власти не ги спречиле тројцата функционери на ВЛЕН вчера да влезат во Република Албанија, туку пречката се однесувала само на четврто лице кое било со нив. Ова е појаснувањето што го даде генералниот директор на Државната полиција на Албанија, Скендер Хита, во врска со вчерашниот случај со Беким Ќоку, Аднан Азизи и Хасим Муртезани. „Вчера на граничниот премин Ќафасан се појавија четворица државјани со намера да ја преминат ...
СДСМ ја обвини Владата дека ги довела во заблуда граѓаните со тврдењата за економскиот раст, повикувајќи се на проекциите на Меѓународниот монетарен фонд, според кои економијата на Македонија се очекува просечно да расте за 3% во следните пет години. Според опозицијата, земјата ќе има побавно темпо на економски раст во споредба со државите од регионот, а се посочуваат и падот на странските инвестиции, намалувањето на индустриското ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против З.Р. полициски службеник од Полициска станица за граничен надзор Чашка поради постоење основи на сомнение за ...
Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Битола порача дека Владата ќе продолжи да се фокусира на реализација на проекти што директно ги подобруваат условите за живот на граѓаните, истакнувајќи дека инфраструктурните инвестиции остануваат еден од главните приоритети. За време на увидот во реконструкцијата на објект што ќе стане дел од подрачното основно училиште „Коле Канински“ во населбата Буковски Ливади, Мицкоски рече дека и ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 9 јули 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и ...
На 08.07.2026 во 01:20 часот во Полициското одделение Групчин, Д.Ф.(51) од с.Добарце, тетовско пријави дека од патничко возило „цитроен“ во движење е фрлена рачна бомба кон неговиот угостителски објект, лоциран покрај локалниот пат во селото. Од експлозијата е предизвикана материјална штета, а со повреди се здобиле Е.А.(57) од с.Чифлик, тетовско и Г.Ф.(60) од с.Добарце, кои биле во кругот на ресторанот. Повредените веднаш биле префрлени во ...
Скопјани во наредните денови ќе имаат можност да почувствуваат намалување на бројот на комарци, откако Град Скопје најави нова акција за дезинсекција на целата територија на градот. Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе започне во понеделник, 13 јули 2026 година, и ќе трае до 16 јули. Прскањето ќе се врши во ноќните часови, од 22 часот навечер до 03 часот по полноќ. Од Град Скопје информираат дека акцијата има за цел ...
Вчера во 18:15 часот на патот Гостивар–Тетово, на клучката кај с.Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Б.С.(32) од с.Глумово, скопско. При контрола на патниот сообраќај и мерење со радар, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки, било констатирано дека го управувал ...
Железничката обиколница околу Скопје ќе овозможи побрз и поефикасен карго транспорт на Коридорот 10, но и ќе придонесе за намалување на загадувањето во главниот град, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој посочи дека со реконструкцијата на обиколницата товарните возови повеќе нема да мора да минуваат низ централното градско подрачје, што ќе донесе повеќекратни придобивки – пократко време на ...
Еден од најголемите музички фестивали во регионот, Sunny Hill Festival, оваа година ќе се одржи од 31 јули до 2 август во Приштина, носејќи три дена светски музички имиња и програма која секоја година привлекува илјадници посетители од околу 60 земји. Овогодинешното издание носи една од највпечатливите програми досега, предводена од Katy Perry, Martin Garrix и Lewis Capaldi. На фестивалот ќе настапат и Adam Port & Rampa од Keinemusik, ...
Сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина до 40 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Од МВР информираат дека синоќа во 20:00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на излез од државата, полициски службеници го привеле Ч.А.(40) од Р.Албанија, затоа што при гранична контрола и претрес на товарно возило „волво“ со албански национални ознаки, кое тој го управувал, во кабината на влекачот, биле пронајдени и одземени 24 пакувања со марихуана. Известен бил јавен обвинител, а Ч.А. е задржан во полициска станица за понатамошна ...