Вечерва ќе биде познат првиот финалист на Светското првенство 2026 година. Дуелот помеѓу Франција и Шпанија ќе го додели првиот европски финалист на овогодинешниот Мундијал. Ова е меч како што го нарекуваат „финале пред финалето“, затоа што овие две селекции, заедно со Аргентина, важеа за флавни фаворити за пласман во финалниот меч. Французите го победија Мароко со 2-0 во четвртфиналето, додека Шпанија повторно го покажа својот карактер со ...

Државниот завод за ревизија во извештајот за работењето на ЈП Комунална хигиена – Скопје за 2024 година, утврди бројни финансиски и административни неправилности. Претпријатието има околу 12 милиони евра долгови, над 2 милиони евра побарувања со неизвесна наплата, како и неевидентиран имот во вредност од околу 472 илјади евра. Исто така, во текот на минатата година преку приватни агенции биле ангажирани 354 лица, за кои биле потрошени над 3 ...

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја донесе пресудата за поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска. Таа е прогласена за виновна за две кривични дела: одавање службена тајна и компјутерски фалсификат, за што судот ѝ изрече единствена условна казна затвор од една година, која нема да се изврши доколку во следните три години не стори ново кривично дело. Поединечно, за одавање ...

Поранешниот премиер Никола Груевски е ослободен од обвинението во случајот „Талир 2“, кој се однесуваше на пречекорување на службените овластувања и противправно финансирање на изградбата на луксузното партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Ваквата одлука ја соопшти Основниот кривичен суд Скопје, од каде што директно посочија дека ослободителната пресуда е директен резултат на контроверзните измени на Кривичниот законик (КЗ) од 2023 година. ...

Русија објави видео на кое се гледа разорното влијание на тритонска бомба врз украински град. Снимката од 20 секунди, објавена во понеделник од руското Министерство за одбрана, покажува огромна експлозија и видлив бран на експлозија, проследен со облаци од црн чад во градот Орихив. На снимката може да се слушне како пилотот се фали „тешко е да се замисли цел што не би била уништена од воздушна бомба од оваа големина“. Украинските медиуми ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Осомничениот 30 – годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал таткото, ...

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка, а за две малолетнички на возраст од 15 и 14 години е поднесено барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца при Основниот суд во Куманово, бидејќи заедно учествувале во дејствија на кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 13 март годинава тие повикале девојче кое тогаш имало 13 ...

Корисниците на електрични тротинети од денес ќе мора да ги почитуваат новите правила за движење и безбедност во сообраќајот, со кои се воведуваат построги услови за управување со овие превозни средства. Со измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, минималната возраст за управување со електричен тротинет се зголемува од 14 на 18 години. Тоа значи дека само полнолетни лица ќе имаат право самостојно да управуваат со ...

Два инциденти во кои танкери биле погодени со проектили се пријавени во близина на брегот на Оман, соопшти денеска Британската поморска трговска операција (UKMTO). UKMTO во соопштение наведе дека еден танкер бил погоден во понеделникот додека пловел североисточно од Калхат, во Оман. Бродот бил погоден со неидентификуван проектил во машинскиот простор од десната страна. Два инциденти во кои танкери биле погодени со проектили се пријавени во ...

Возач со црногорско државјанство е приведен откако полицијата го затекнала како управува автомобил со брзина од 205 километри на час на автопатот А1 во Гевгелиско, каде дозволената брзина е 120 километри на час. Од СВР Струмица информираат дека на 13 јули 2026 година во 11:09 часот, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Д.Б. (36) од Црна Гора. При контрола на сообраќајот со радарска опрема, полицајците констатирале дека ...

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75mm, што потекнува од Првата светска војна и беше пронајдена под вода во Црна Река, кај мостот во село Радобор, Општина Могила. Станува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. За пронајденото убојно средство, ДЗС Битола ја прими дојавата преку единствениот повикувачки број за итни случаи ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик. Пријавените на 13.03.2026 околу 18:00 часот, повикале 14-годишно девојче да излезе од нејзиниот дом, по што ја убедиле да влезе во просторија во близина на спортскиот ...

Тетовската полиција приведе 16-годишно момче од Тетово, осомничено дека извршило тешка кражба во црквата „Св. Богородица“ во градот. Против малолетникот по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Од СВР Тетово информираат дека на 13 јули околу 23:30 часот, полициски службеници го лишиле од слобода малолетникот на Градскиот плоштад во Тетово. Според пријавеното, истиот ден околу 21:10 часот, тој влегол во црквата ...

Бројот на загинати во катастрофалниот пожар во бар во Бангкок се искачи на 30, што го прави најсмртоносниот пожар во градот во последните 17 години. Полицијата истражува можна небрежност како причина за трагедијата, а сопствениците на барот ветија соработка во истрагата. Локалните власти во вторникот потврдија дека уште три лица им подлегнале на повредите по пожарот што избувнал во раните утрински часови во понеделникот, пишува „Гардијан“. ...

Грчките служби за цивилна заштита се ставени во состојба на зголемена готовност поради многу висок ризик од избувнување и ширење шумски пожари во повеќе делови од земјата, соопшти денеска Генералниот секретаријат за цивилна заштита при Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција. Според картата за проценка на ризик од пожари за денес, во неколку региони е прогласено многу високо ниво на опасност, односно четврти степен, што ...

Два земјотреса со јачина од 5 и 4 степени според Рихтеровата скала денеска го погодија Мексико, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на посилниот земјотрес бил на длабочина од 80 километри, во јужниот дел на земјата, недалеку од брегот на Тихиот Океан. Засега нема информации за повредени лица или за причинета материјална штета. Два земјотреса со јачина од 5 и 4 степени според Рихтеровата скала денеска го ...

Овен Денот носи можности за решавање на прашања што долго време сте ги одложувале. На работното место покажете иницијатива, но избегнувајте избрзани одлуки. Во љубовта, искрен разговор ќе ги расчисти недоразбирањата. Бик Фокусирајте се на финансиските обврски и избегнувајте непотребни трошоци. Можно е да добиете интересна деловна понуда. Во емотивниот живот ве очекуваат пријатни моменти со саканата личност. Близнаци Комуникацијата ќе биде ...

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 ...

Собранието на денешната 112. седница ја изгласа реконструкцијата на Владата, при што беа избрани осум нови министри кои ќе ги преземат ресорите во извршната власт. Сите кандидати ја добија поддршката од 69 пратеници, без гласови „против“ и „воздржани“. За нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е избран Борче Серафимовски, досегашен државен секретар во Министерството. Тој е дипломиран дефендолог, магистер по меѓународни ...

Реконструкцијата на објектот на поранешното Министерство за одбрана во Струга е во завршна фаза, беше констатирано при денешниот увид што го извршија министерот за култура и туризам во заминување Зоран Љутков, градоначалникот на Струга Менди Ќура и директорот на НУ Завод и Музеј – Охрид, Горан Патчев. Станува збор за објект изграден во 1934 година, кој претставува едно од препознатливите архитектонски обележја на Струга и е заштитено културно ...

Собранието попладнево ја изгласа реконструкцијата на Владата, при што сите предложени кандидати ја добија поддршката од 69 пратеници. За ниту еден од предлозите немаше гласови „против“ или „воздржани“. За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари, додека Агон Ферати ќе раководи со Министерството за односи меѓу заедниците. Борче Серафимовски е нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, а Сашо Клековски е избран за министер ...

Популарниот американски рапер Питбул (Pitbull) влезе во историјата на фестивалот „BST Hyde Park“ во Лондон, каде што беше соборен Гинисовиот рекорд за најголемо собиранје на луѓе кои носат капи што симулираат ќелавост. Музичарот, познат и по прекарот Mr. Worldwide, инспирираше точно 22.141 обожавател пред главната сцена да го копираат неговиот препознатлив изглед – костим, очила за сонце и ќелава глава. „Кој би помислил дека Кубанец од прва ...

Вицепремиерот и министер за европски прашања, Беким Сали, учествува на официјалните активности организирани од Француската Република по повод 14 Јули – Националниот празник на Франција. Министерот Сали, како што соопштија од неговиот Кабинет, во рамки на посетата ќе учествува на состанокот на Коалицијата на волонтерите, каде што лидерите ќе разговараат за натамошната поддршка за Украина, координацијата на напорите за зајакнување на европската ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ВТА 125 турнирот во Рим уште во првото коло, откако по голема борба загуби од домашната тенисерка Дебора Киеза со 2:1 во сетови – 6:7(1), 6:3 и 6:3. Натпреварот траеше 162 минути. Дуелот беше израмнет и неизвесен, а ова беше нивниот шести меѓусебен натпревар во последните четири години. Во првиот сет двете тенисерки направија по два брејка, по што победникот беше решен во тај-брејк. ...

Шест жртви од еден од најсмртоносните пожари во Шпанија се идентификувани, соопштија властите во понеделник, додека форензичките тимови продолжуваат со напорите да користат ДНК за да идентификуваат уште шест други. Меѓу жртвите е брачен пар од Шпанија и Велика Британија, соопштија властите. Другите идентификувани жртви се Британец и Британка, Французинка и Белгиец. Сите жртви биле возрасни. Седмата идентификувана жртва е 93-годишна Британка ...

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, денеска престојуваше во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кочани, каде што се запозна со сите околности поврзани со бегството на лице од полициската станица. Според него, станува збор за сериозен инцидент што ја нарушил довербата на граѓаните во полициската служба и мора целосно да се расчисти. Јанев преку објава на Фејсбук информираше дека во Кочани пристигнал со дел од ...

Познатиот рапер Дрејк изгуби 1 милион долари откако се обложи на Конор Мекгрегор за победа во борбата за враќање во UFC. Мекгрегор се бореше со Макс Холовеј на 11 јули на UFC 329, но борбата заврши многу побрзо отколку што очекуваа и неговите обожаватели и раперот кој стави голем облог на него. Кратко пред борбата, Дрејк откри на социјалните мрежи дека се обложил на 1 милион долари за победата на Мекгрегор. Тој напиша со објавата: „МЕК СЕ ...

Три тинејџерки претепале и психички малтретирале своја 14-годишна врсничка. Според полициски извори, видеото било снимено во текот на март во напуштена куќа во еден од парковите во Куманово. Дури по четири месеци, жртвата Л.И. во понеделникот го пријавила случајот во полиција, откако било објавено бруталното видео на социјалната мрежа TikTok од страна на една од осомничените, 14-годишната М.К., која учествувала во тепањето. „Од Секторот за ...

Од Јетон Шасивари очекувам правосуден систем во кој правдата нема да биде привилегија, од Агон Ферати да го насочи во уште посилна кохезија и доверба во односите меѓу заедниците, Борче Серафимовски има обврска да ја продолжи политиката на силна поддршка на земјоделците, Сашо Клековски очекувам со нова енергија да ги продолжи реформите во здравството…. Со овие пораки кон новите министри искажани во експозето премиерот Мицкоски ги претстави ...

Претставници на ВЛЕН беа фотографирани во Тирана како пијат кафе, откако неколку дена претходно некои од нив изјавија дека биле задржани на граничниот премин на „Ќафасан“. Пратеникот на ВЛЕН, Беким Ќоку, за ТВ21 изјави дека граничните власти првично ги оставиле да чекаат, а потоа им било кажано дека сè е во ред. Ќоку ја оцени ситуацијата како неприфатлива, тврдејќи дека станува збор за „линчување“ кон одредена група граѓани од Македонија, ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.61
39%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
0.89
47%
1011
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.12
52%
1013
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.79
37%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.66
40%
1010
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
1.26
79%
1014
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
2.24
46%
1009
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.09
49%
1010
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.38
45%
1011
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
3.13
49%
1009
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
55%
1014
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
3.98
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Цинк

0.00

Калај

56.77

Иридиум

252383.36

Сребро

2005.37

Платина

55652.94

Кобалт

56.29

Паладиум

43435.66

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Бакар

13.54

Алуминиум

3.27

Злато

137126.15