Струмичанец е кривично пријавен за обид за убиство на својата поранешна сопруга, откако, според полицијата, ја нападнал со остар предмет во угостителски објект во Струмица и ѝ нанел тешки телесни повреди. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 31 јули 2026 година, полициски службеници од СВР Струмица извршиле службен разговор со З.П. (37) од Струмица, постапувајќи по пријава дека околу 12:40 часот ја нападнал својата ...

Три лица од Скопје се лишени од слобода поради обид со фалсификувана документација да подигнат кредит во износ од 900.000 денари од банка во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, на 29 јули 2026 година полициски службеници од СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал ги уапсиле И.Т. (45), С.Т. (21) и П.П. (29), сите од Скопје. Тие се сомничат за сторени кривични дела „фалсификување ...

Овен Љубов: Премногу емоционално возбудување има провокативен ефект врз вашиот партнер. Дозирајте ги вашите емоции и страсти во согласност со заедничките аспирации. Работа: Во вашата желба да се докажете, ќе го направите она што другите не можат, вашата амбициозна потреба да ги надминете оние околу вас ќе преовлада. Здравје: Важно е правилно да ја насочите вашата енергија. Бик Љубов: Во друштво на блиска личност, чувствувате потреба да ...

Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен променлив ветер.Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени. Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. ...

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија поради зголемените ризици од пожари на отворен простор и шумски пожари. Кризната состојба ќе трае 30 дена и ќе стапи во сила од 1 август 2026 година, со цел навремено, координирано и ефикасно справување со пожарите, како и максимално мобилизирање на институционалните капацитети за заштита на граѓаните, нивниот имот и природните ...

ФИФА официјално одговори на острите критики од УЕФА и КОНКАКАФ во врска со новиот проект „ФИФА Форвард Ентерпрајз“ (FFE), категорично отфрлајќи ги тврдењата дека иницијативата претставува обид „фудбалот да се стави на продажба“. Во соопштение објавено на своите официјални канали, со наслов „Појаснување за предлогот во врска со ФИФА Форвард Ентерпрајз (FFE)“, светската фудбалска организација истакна дека ги разбира и ги почитува загриженостите ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ја искористи мигрантската криза во шпанската енклава Сеута за да упати остри критики кон своите политички противници, тврдејќи дека сцените од Шпанија се предупредување за тоа што би можело да ја очекува Америка доколку демократите повторно ја преземат власта. „Ужасно е. Запомнете ја таа слика. Вакви ќе бидеме за три години ако победи погрешната партија. Ако демократите дојдат на ...

Тажна вест ја потресе мароканската спортска јавност, откако младата фудбалерка Фатен Бен Омар Ел Азизи го загуби животот при обид преку морски пат да стигне до шпанската енклава Сеута. Фудбалерката на Могреб Атлетик де Тангер била меѓу стотиците луѓе кои се обиделе да го препливаат морскиот теснец од мароканскиот град Фнидек до Сеута. По спасувачката акција, нејзиното тело било пронајдено во морето, во кој загинаа уште најмалку 50-тина. ...

Италијанското Министерство за внатрешни работи донесе одлука за привремено затворање на граничните премини со Шпанија преку аеродромите и пристаништата, објави италијанската новинска агенција АНСА. Одлуката е донесена поради масовниот прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута. Засега не е соопштено колку долго ќе биде во сила мерката, ниту на кој начин ќе се спроведува во пракса. Италијанската премиерка Џорџа Мелони потврди дека владата ...

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, оствари тет-а-тет средба со премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, на која двајцата разговараа за унапредување на билатералните односи и за актуелните регионални предизвици. Како што соопшти Мицкоски преку објава на социјалните мрежи, средбата поминала во отворена и конструктивна атмосфера, при што биле разменети мислења за повеќе теми од заеднички интерес. Во фокусот на разговорите биле можностите за ...

Трета година по ред, улицата на занаетчиите во Тетово се исполни со бои, ракотворби и традиционални елементи. Околу 40 продавачи и производители од земјава и регионот ги претставија своите производи пред граѓаните, со цел да ја зачуваат долгогодишната традиција. Учесниците на саемот велат дека се задоволни од интересот на граѓаните. Некои од нив со децении се занимаваат со производство на традиционална храна, а своите производи ги пласираат и ...

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, на брифинг со новинарите ја претстави состојбата во која ја затекнал институцијата по преземањето на функцијата, најавувајќи реформи во работењето на Министерството и нов пристап во распределбата на ресурсите и грантовите. Ферати рече дека Министерството, кое претходно го раководеле Артан Груби, а потоа и Иван Стоилковиќ, со години се соочувало со недостиг од стратешка ориентација, основни ...

Владата не најави укинување на вториот пензиски столб – дециден е премиерот Христијан Мицкоски откако во јавноста се отвори дебата за евентуално префрлање на средствата од приватните пензиски фондови во државниот ПИОМ. Дебатата почна по изјавата на Мицкоски кој најави пензиска реформа и кажа дека корисниците на вториот столб може да бидат непријатно изненадени и разочарани од сумите на нивните сметки. Продолжи со Гувернерот Трајко Славески ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави темелна истрага за случајот со враќањето на пасошот на бизнисменот Борче Марковски, оценувајќи дека во постапката имало „груба манипулација“ и најавувајќи дека лично ќе го следи целиот процес. Говорејќи пред новинарите при посетата на Клиничката болница во Битола, Мицкоски изјави дека постојат сериозни разлики меѓу извештајот на надлежното Основно јавно обвинителство и записникот што бил доставен од Вишото ...

Попладнево, околу 13 часот, избувна пожар во атарот на валандовското село Удово, по што противпожарните екипи веднаш биле упатени на терен за да интервенираат. Додека траела интервенцијата, избувнал уште еден пожар на локалната депонија во близина на Валандово. Поради слабиот ветер, огнот брзо се проширил кон околната ниска вегетација, што дополнително ја отежнало состојбата. Поради стрмниот и тешко прооден терен, како и густата вегетација со ...

Најмалку 57 мигранти го загубија животот во обид нелегално да стигнат до шпанскиот град Сеута, соопшти денеска шпанското Министерство за внатрешни работи. Според првичните информации, бројот на жртвите би можел дополнително да се зголеми, бидејќи спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнати лица во морето во близина на границата. Шпанскиот весник „Ел Паис“ објави дека во тек е обемна спасувачка операција во која учествуваат два тима ...

Дирекцијата за заштита и спасување одржа демонстрациска вежба, на која беа претставени можностите на специјалните противпожарни возила, адаптирани за потребите на Службата за државна безбедност. За време на вежбата, возилата ги демонстрираа своите маневарски способности, покажувајќи дека можат да се движат по тежок терен, да совладуваат пречки и брзо да реагираат во вонредни ситуации. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче ...

Клиничката болница во Битола започна обемен процес на модернизација, во рамки на кој од 2024 до 2026 година е набавена современа медицинска опрема вредна над 30,4 милиони денари. Со ова се заменуваат апарати кои биле во употреба повеќе од две децении, а дел од нив веќе не можеле ниту да се сервисираат. Една од најзначајните набавки е новиот дигестор за Одделението за патологија, кој го заменува апаратот стар околу 55 години, поставен уште при ...

Потврдени се вкупно 13 случаи на западнонилска треска во Македонија. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба. Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството за здравство го задолжи Центарот за јавно здравје–Скопје да спроведе дополнителна терестичка, ...

Имран Фетаи кариерата ќе ја продолжи во романската Суперлига, откако Динамо Букурешт официјално ја активираше откупната клаузула од неговиот договор со Шкендија. Македонскиот вицешампион ја потврди разделбата со дефанзивецот, наведувајќи дека со исполнувањето на сите договорни обврски и завршувањето на административните процедури, фудбалерот ќе му се приклучи на новиот клуб. Од Шкендија истакнаа дека трансферот е реализиран согласно условите ...

Во врска со појавата на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на Лепенец, регистрирана на 24 јули, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) соопшти дека веднаш биле преземени вонредни инспекциски и лабораториски активности во координација со сите надлежни институции. Инспекторите извршиле вонредни надзори кај индустриските капацитети во зоната кои се под државна надлежност, при што не биле констатирани законски нерегуларности. ...

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, на брифинг со новинарите ја претстави состојбата во која ја затекнал институцијата по преземањето на функцијата, најавувајќи реформи во работењето на Министерството и нов пристап во распределбата на ресурсите и грантовите. Ферати изјави дека Министерството, со кое претходно раководеле Артан Груби, а потоа Иван Стоилковиќ, со години се соочувало со недостиг од стратешка насока, основни услови ...

Министерството за внатрешни работи денеска доби засилување со 496 нови полициски службеници, кои успешно ја завршија својата обука и официјално се приклучија на редовите на македонската полиција. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека новата генерација полицајци обуката ја завршила во обновени услови на Полициската академија. Тој најави дека од септември повторно ќе започне со работа и Средното полициско училиште „7 Мај“. ...

Педесет и тројца нови офицери денеска ги добија своите чинови на свечената церемонија што се одржа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, каде беше истакната нивната идна улога во заштитата на државата и придонесот кон колективната безбедност во рамките на НАТО. На свеченоста присуствуваше министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој порача дека Армијата останува една од најценетите институции во државата и дека современите ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2025/2026 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, за третиот мерен ...

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар бележи значително подобрување и континуиран пад на бројот на пациенти кои побарале медицинска помош. Во текот на вчерашниот ден, во Општата болница и во Здравствениот дом во Гостивар биле извршени вкупно 36 прегледи, што е за 37 помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 73 прегледи. Во моментов, во болницата се хоспитализирани четири пациенти. ...

Продолжуваат меѓусебните обвинувања на власта и опозицијата за случајот со загадената вода во Гостивар и за други случаи кои се појавија во повеќе населени места во земјава. Додека СДСМ наведува повеќе населени места и ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека во двете години владеење немаат систем и одговорност, од владејачката партија возвраќаат потсетувајќи на времето на владеењето на СДСМ, кога, според нив, институциите пријавувале бројни случаи на ...

Најавениот пораст на дневните температури, кои според метеоролозите во некои региони ќе достигнат и до 40 степени, го зголемува ризикот од појава на труење со храна, пренесува ТВ21. Високите температури претставуваат потенцијален ризик и за здравјето на животните, доколку навреме не се обезбедат доволни количини безбедна храна и вода за пиење. Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА велат дека за спречување на труење со храна ...

Јавното обвинителство отвори предмет по истражувањето на „Слободен печат“ за сомнежите дека одредени матичари вршеле венчавања во ресторани и хотели, при што примале пари во готово и ја избегнувале официјалната уплата од 10.500 денари во Буџетот. Јавниот обвинител, Ненад Савески, го потврди отворањето на предметот. Во меѓувреме, еден од матичарите споменати во извештајот е разрешен од работното место во Управата за водење на матичните книги ...

Полицијата во Куманово евидентирала случај на труење на двегодишно дете со разредувач за боја, пренесува ТВ21. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека детето е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје на понатамошно лекување. Како што соопштија од МВР; вчера околу 14:00 часот, во СВР Куманово од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово, кое се затруло со разредувач за боја. ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
90%
1028
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
0.51
83%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
94%
1032
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.14
92%
1032
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
65%
1030
weather icon

Тирана

13ᴼ / 12ᴼ
2.06
67%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
79%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.22
81%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
69%
1030
Currency

61.642

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.279

Currency

8.2491

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Злато

130856.75

Платина

49319.25