Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на промоцијата на новиот тркачки болид на македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе. Мицкоски преку објава на социјалните мрежи истакна дека му било чест да биде дел од овој посебен момент и да даде поддршка на, како што го нарече, еден од најголемите амбасадори на македонскиот автомобилизам. „Му посакувам многу здравје, безбедни трки, уште повеќе победи и трофеи, а ...
Осум лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која утрово се случила на магистралниот пат Битола–Прилеп, на излезот од Битола кон Прилеп. Повредените патници се пренесени во Клиничката болница во Битола, каде им е укажана медицинска помош. Директорката на болницата, Ненси Лозанче, информираше дека еден од пациентите е подложен на операција, додека останатите се во стабилна состојба. Од повредените, двајца пациенти се згрижени на ...
Уште еден убав пример на хуманост и солидарност од македонската дијаспора беше реализиран денес во Струга. Ќендрим Кала, кој работи во Општина Урдорф во Швајцарија и е доброволен пожарникар во противпожарната единица на оваа општина, донираше 41 комплет професионална заштитна опрема отпорна на пожар за Територијалната противпожарна единица – Струга. Со овој гест, Кала покажа голема поддршка и солидарност кон своите колеги пожарникари во ...
Во хотел во Охрид утрово е пронајдена почината 53-годишна државјанка на Република Белорусија. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 5 август 2026 година во 07:45 часот во СВР Охрид. Смртта на жената, идентификувана со иницијали И.Т., ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. По насоки на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција, по што ќе треба да се ...
Товарниот сообраќај на австрискиот дел од реката Дунав е речиси целосно прекинат поради екстремно ниското ниво на водата, соопшти австриското Министерство за иновации, мобилност и инфраструктура. „Товарниот превоз практично е запрен, додека сообраќајот на речните крстосувачи е значително ограничен“, се наведува во соопштението на Министерството. Поради сушата и нискиот водостој, на делови од Дунав каде што нема хидраулични конструкции нивото ...
Македонија внимателно ја следи состојбата со енергетските ресурси во регионот и Европа, но домашниот електроенергетски систем во моментов останува стабилен и подготвен за снабдување на граѓаните и стопанството. Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информираат дека состојбата со акумулациите е стабилна, со вкупна исполнетост од околу 70 проценти, што овозможува сигурно управување со хидропотенцијалот. Заедно со АД ...
Севернокорејска ракетна единица почна да се распоредува во западна Русија и би можела да биде опремена со 120 балистички ракети и шест лансери за напади врз Украина, изјави функционер во украинската воена разузнавачка агенција, пренесува Ројтерс. Украина има многу недостаток од висококвалитетна воздушна одбрана, а Русија се обиде да го искористи тоа со користење на повеќе балистички ракети, кои се особено тешки за соборување. Русија истрела ...
Царинската управа во јули годинава оствари историски највисока месечна наплата на приходи, со вкупно собрани 14,14 милијарди денари. Остварениот резултат е за 1,5 милијарди денари, односно 11,8 проценти повеќе во споредба со истиот месец минатата година. Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, истакна дека рекордната наплата е потврда дека реформите и системот што се гради во изминатиот период даваат конкретни резултати. „Најважно ...
Најмалку 17 лица се убиени, а 51 се повредени во третиот голем руски напад врз Киев и околината во изминатата недела. Во текот на ноќта, ракети и беспилотни летала предизвикаа пожари во станбени згради, магацини и индустриски објекти низ целиот главен град и регионот, пишува „Киев пост“. Државната служба за вонредни состојби (СЕС) и градоначалникот Виталиј Кличко објавија дека 14 лица се убиени, а 27 се повредени во регионот на Киев. Во ...
Во изминатите 24 часа во Македонија биле регистрирани вкупно 22 пожари на отворен простор, а сите се успешно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) во утринскиот извештај до 07:30 часот. Според ЦУК, во моментов нема активни пожари, ниту пожари кои се ставени под контрола, што значи дека сите регистрирани интервенции се целосно завршени. Пожари биле изгаснати на повеќе локации низ државата, меѓу кои во општините Чучер ...
♈ Овен Денот ви носи нова енергија и желба за промени. На работното место ќе имате можност да ги покажете своите способности. Во љубовта, искрен разговор ќе ги расчисти недоразбирањата. Внимавајте да не се пренапрегнете. ♉ Бик Фокусирајте се на финансиските прашања и избегнувајте непотребни трошоци. Некој близок ќе ви даде корисен совет. Вечерта е идеална за одмор и време поминато со семејството. ♊ Близнаци Комуникацијата ќе биде вашето ...
Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец.Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени. Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои ...
Катар соопшти дека е постигнат значителен напредок во дипломатските напори за намалување на тензиите меѓу САД и Иран, што придонесе цената на нафтата на светските берзи да се намали за повеќе од четири проценти. Сепак, официјален Техеран ги демантираше тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека директните разговори меѓу двете земји веќе започнале. И покрај оптимистичките сигнали, Ормутскиот Теснец и натаму останува речиси ...
Црногорската полиција соопшти дека за време на изминатиот викенд на граничните премини бил регистриран рекорден меѓународен патнички сообраќај, при што во земјата влегле повеќе лица отколку што Црна Гора има жители. Во периодот од 31 јули до 2 август 2026 година, преку граничните премини биле евидентирани 632.766 патници и 146.147 моторни возила. Најголема фреквенција е забележана на граничните премини Добраково со 80.694 патници, Дебели ...
Нафтената дамка предизвикана од истекување од танкер кој веќе неколку недели е насукан во близина на брегот на Оман драматично се проширила, покажуваат сателитските снимки анализирани од еколошки експерти. Според организацијата „Гринпис Германија“, најновите снимки укажуваат дека загадувањето сега зафаќа околу 150 квадратни километри, што е значително повеќе во споредба со претходната проценка од околу 20 квадратни километри пред само една ...
Лишени од слобода двајца косовски државјани за сторено кривично дело ,,фалсификување пари,, пронајдени околу 230.000 евра На 03.08.2026 во Скопје, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, лишени се од слобода Ф.Р.(30) и Т.Т.(44), двајцата државјани на Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“ по член 268 од Кривичниот законик. Имено, при ...
Околу 70 илјади мигранти кои влегоа во шпанската енклава Сеута се вратени или го напуштиле територијата, додека бројот на жртви од масовната криза на границата меѓу Мароко и Шпанија достигна 75 лица, соопштија шпанските власти. Според шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка, од околу 72 илјади лица кои преминале во Сеута за време на невидениот миграциски бран, приближно 70 илјади се вратиле во Мароко. Тој изјави дека ...
Ултравиолетовиот (УВ) индекс е показател за дневното ниво на сончево зрачење и открива колкав е ризикот од изгореници на кожата, но и од развој на рак на кожа. Експертите советуваат секојдневно да се проверува УВ индексот, да се користи крема со заштитен фактор и да се избегнува изложување на сонце во периодот кога зрачењето е најсилно. Што значат вредностите на УВ индексот? УВ индексот е развиен во Канада во 1992 година како едноставна скала ...
Водата во Гостивар и понатаму останува контаминирана, покажуваат најновите анализи објавени од Главниот кризен штаб. На седницата одржана во вторник попладне, ова тело констатираше дека е забранета водата за пиење и готвење што доаѓа од градскиот водоводен систем, но истата може да се користи за технички потреби. До следното известување овие рестриктивни мерки остануваат во сила. Во меѓувреме, снабдувањето со вода за пиење се врши преку ...
Во изминатите 24 часа на Клиниката за инфективни болести е примен и 76-годишен пациент, за кој постои сомневање дека е заразен со вирусот западнонилска треска. Со овој нов случај, бројот на пациенти кои се третираат како клинички сомнителни случаи достигна седум, додека кај десет пациенти веќе е потврдена западнонилската треска. Тројца од нив се во критична состојба, хоспитализирани на одделот за интензивна нега и поставени на механичка ...
Додека Европа бележи високи тропски температури, во исто време, но на другиот крај од планетата, силен поларен бран донесе снежни врнежи на ниски надморски височини низ Нов Зеланд, што предизвика затворање патишта и училишта, како и нарушување на траектниот сообраќај, додека властите ги повикаа граѓаните да избегнуваат непотребни патувања. Полицијата ги повика жителите на јужниот град Данидин да не патуваат освен ако тоа не е неопходно, ...
Во градот Газа денеска се одржа масовен погреб за 112 Палестинци, чии тела беа пронајдени речиси три години откако при израелски напад беше уништен станбен блок. Неколку стотици луѓе се собраа на церемонија каде што телата, завиткани во палестински знамиња, беа положени во редови во близина на уништените згради, а потоа беа однесени на блиските гробишта. При израелски напад на 22 ноември 2023 година врз населбата Сабра во градот Газа беа ...
На ден 04.08.2026 година, до 18:00 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, 4 се под контрола, а 9 се изгаснати. Активен пожар: Општина Ѓорче Петров: Стопански Двор (сува трева и грмушки). Пожари под контрола: Општина Кавадарци: с. Раец – с. Ќесендре – с. Дреново (нискостеблеста шума и ниска вегетација); Општина Крива Паланка: с. Мождивњак, м.в. Острец (шума); Општина Тетово: ...
Прашање: Што мислите за ова? „Што да се каже за ова? На што личи? Треба да се одржува. Не може еднаш да се направи и потоа да трае засекогаш.“ Веќе подолго време состојбата на плоштадот на влезот во Старата скопска чаршија останува иста. Искршените и оштетени плочки не само што го нарушуваат изгледот на овој историски простор, туку и го отежнуваат движењето на граѓаните. „Се наоѓаме во Старата скопска чаршија, една од најфреквентните локации ...
Повеќе од 400 гранати и други неексплодирани убојни средства од Втората светска војна се пронајдени во селото Ле Порж, во југозападниот дел на Франција, откако жителите се вратија во своите домови по катастрофалните пожари што ја зафатија областа минатиот месец. Акцијата за нивно отстранување ја спроведоа специјалисти на Цивилната заштита, откако веднаш по гаснењето на пожарите жителите и локалните власти слушнале серија експлозии во ...
Албанија прогласи за непожелни лица двајца државјани на Македонија, Ваљон Бела и Бекир Халими, објави Top Channel. Според албанскиот медиум, одлуката е донесена од Министерството за внатрешни работи по предлог на Антитерористичката единица во Државната полиција. Извори блиски до Top Channel информираат дека албанските власти обезбедиле податоци кои ги поврзуваат двете лица со активности за кои постои сомневање дека се на штета на безбедноста ...
Пожарот кој ги зафати полињата во селото Теарце опожари големи површини со ниви и земјоделски култури. Според пожарникарите и општината, главна причина се сомнева дека е човечкиот фактор. Територијалната противпожарна единица интервенирала околу 5 до 6 часа со сите расположливи капацитети. „Приближно 5 или 6 часа интервениравме на овој терен со сите капацитети што ги има станицата во Теарце и Тетово, односно сите бевме вклучени тука. Исто ...
Историски температурен рекорд беше поставен во Австрија откако мерната станица Виена-Штамерсдорф измери 40,8 °C во 14:40 часот, кратко откако се искачи на 41,0 °C. Ова е највисоката температура регистрирана во земјата откако започнаа метеоролошките мерења, објавија австриските медиуми. 🚨 ALLZEITREKORD 🚨 40.8 °C in Wien-Stammersdorf, so heiß war es in Österreich noch nie seit Beginn der Wetteraufzeichnungen. Der bisherige Rekord von 40.5°C ...
Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека се спроведуваат истраги за трета локација на можна масовна гробница, додека на две локации во Зубин Поток властите потврдија пронаоѓање на човечки посмртни останки, за кои се сомнева дека им припаѓаат на жртви од последната војна во Косово. Според соопштението, во текот на истрагата биле проверени повеќе локации. Во селото Јабука, во општина Зубин Поток, биле пронајдени посмртни останки, кои ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека во текот на наредните два дена 456 онколошки пациенти кои аплицирале за еднократна финансиска помош ќе ги добијат средствата на своите сметки. Според него, вкупно 1.200 пациенти поднеле барање за оваа поддршка. Нивната документација е во фаза на разгледување, а исплатата за сите апликанти се очекува да заврши во текот на следната недела. „Утре и во текот на наредниот ден, 456 ...