Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Синоќа во 22.30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишен од слобода е И.М.(32) од Охрид. Тој, управувајќи патнички автомобил „Ренџ Ровер“ со чешки национални ознаки, не го сопрел возилото по даден знак од полициската патрола туку избегал и по дополнително преземени активности, бил застанат. Притоа, полициските службеници во возилото го забележале С.П.(44) од Охрид кој веднаш проголтал опаковка со наркотична материја по што, му се ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на реформите во енергетскиот сектор и воспоставување современа регулаторна рамка. По речиси 19 години примена на Правилникот за квалитет на течните горива, стапи во сила новата Уредба за квалитет на течните горива, со која се воспоставуваат прецизни стандарди за квалитет на течните горива, поголема сигурност за потрошувачите, фер услови за компаниите и ...
Заедничките гранични контроли One Stop денес веќе функционираат на граничните премини со Србија и Косово, а со потпишувањето на договорот со Република Албанија го заокружуваме процесот на воспоставување на овој современ систем со сите наши соседи кои не се дел од Шенген зоната. Со имплементацијата на One Stop системот, граѓаните добиваат едно застанување, една гранична контрола и значително пократко време на чекање, а државите добиваат ...
Задолжителна дозвола за организирање подарувања (giveaway), надоместок за нивно приредување, јавно објавување на правилата и резултатите, како и јасно утврдени рокови и услови за организирање, се дел од новините што ги воведува новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри, кој почнува да се применува од 14 јули. Целта на новото законско решение со кое за прв пат се воспоставува регулирана рамка за приредување на подарувања (giveaway), е да ...
Поголема количина разновидна наркотична дрога е пронајдена при полициска акција спроведена во напуштени подрумски простории во скопската населба Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи. Акцијата била реализирана на 8 јули од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно преземени оперативни мерки. При претресот биле пронајдени бела грутчеста материја, халуциногени печурки, кеса со поголема ...
Американската војска во средата соопшти дека извршила нови напади врз Иран со цел да го обезбеди слободното пловење низ Ормускиот Теснец, по што Техеран возврати со напади врз Кувајт и Бахреин. Новата ескалација дополнително ги загрозува дипломатските напори за ставање крај на војната. Новите напади, за кои САД соопштија дека се одговор на нападот од вторникот врз три товарни бродови што пловеле низ теснецот, се случија само неколку часа ...
Општина Карпош во соработка со полициските служби вечерва ја спроведе превентивната акција „Соседски патроли“, чија цел е унапредување на јавната безбедност и подигнување на свеста кај младите за одговорно однесување. Во акцијата учествуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, командирот на Полициската станица Карпош, Стефан Тасевски, инспектори за малолетничка деликвенција, униформирани полициски службеници, како и родители. ...
Бројот на починати од ебола во тековната епидемија во Демократска Република Конго достигна 600, а пријавени се и сомнителни случаи во уште една провинција, соопштија денеска здравствените власти. Според најновиот извештај на конгоанската влада, во епидемијата, која беше прогласена на 15 мај, досега се регистрирани 1.759 заразени лица во источните провинции Итури, Северен Киву и Јужен Киву, пренесе Ројтерс. Сепак, вкупниот број на случаи во ...
Корисниците на Google Maps наскоро ќе добијат поажурен и подетален приказ на Македонија, откако Google најави обемно обновување на снимките за Street View низ целата земја. Проектот ќе опфати околу 13.000 километри патна мрежа, со нови панорамски фотографии од градови, населби, туристички места и природни знаменитости. Обновувањето ќе ги опфати Скопје, Охрид, Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Штип, Велес, Струга, Струмица и повеќе други ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку објава на социјалните мрежи се осврна на резултатите од Самитот на НАТО во Анкара, оценувајќи дека донесените одлуки дополнително ќе ја зајакнат Алијансата и ќе придонесат за унапредување на колективната безбедност. „Пораката е јасна: НАТО испорачува резултати. Ја потврдивме заедничката определба за поголеми инвестиции во одбраната, понатамошно јакнење на ...
Овен Денес ќе бидете полни со енергија и подготвени за нови предизвици. На работното место ќе се појави можност да ги покажете вашите способности. Во љубовта, искрен разговор ќе ги расчисти сите недоразбирања. Бик Фокусирајте се на финансиските обврски и избегнувајте импулсивни трошоци. Некој близок ќе ви даде корисен совет. Вечерта е идеална за одмор и дружење со семејството. Близнаци Вашата комуникативност ќе ви донесе нови контакти и ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во деловиод котлината со појава на пороен ...
Велика Британија се подготвува за еден од најдолгите топлински бранови од 1976 година, а во Англија во сила се портокалови и жолти предупредувања поради високите температури, соопшти денеска Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија (UKHSA). Температурите оваа недела во делови од јужна Англија би можеле да достигнат 36 степени Целзиусови, наведува Агенцијата, пренесе Би-Би-Си. Подрачјата на Мидлендс, источна и јужна Англија се ...
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси во неделата свечено го отвори земјоделскиот проект во пустината наречен „Нова Делта“, чија цел е одгледување пченица на мелиорирано земјиште и отворање повеќе од два милиони работни места. Настанот го одбележа и почетокот на овогодишната жетва на пченица на новите парцели западно од делтата на Нил. Владата го претставува проектот како најголем потфат за мелиорација на земјиште во историјата на ...
Европскиот парламент го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски поради неговата одлука да именува армиска единица по партизанска група од 1940-тите години која извршила масакр врз Полјаци. Во резолуцијата усвоена денеска, пратениците во ЕУ наведоа дека потегот на Зеленски покажал „непочитување кон полските чувства и тага“ и ги поткопал „соседските односи“. Текстот беше усвоен со 460 гласа „за“, 136 „против“ и 59 „воздржани“, ...
Очекуваните американски напади врз Иран започнаа. Централната команда на САД (CENTCOM) издаде соопштение на социјалните мрежи во кое се вели дека операцијата се спроведува по налог на претседателот Доналд Трамп. Во соопштението се додава дека целта на нападите е „понатамошно деградирање на способноста на Иран да ја загрози слободата на пловидба низ Ормутскиот теснец“. Нападите следеа по извештаите на иранските медиуми за експлозии на југот од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник го предупреди Иран дека САД се подготвуваат за уште една ноќ воздушни напади – само неколку часа откако изјави дека прекинот на огнот е завршен откако Иранците нападнаа американски воени објекти во Персискиот Залив. Трамп ги повтори своите претходни закани дека САД ќе ја нападнат иранската цивилна инфраструктура, електраните и постројките за десалинизација, како и ќе го заземат островот ...
Мета изјави дека може да се соочи со казни во вкупен износ од дури 1,4 милијарди долари ако го изгуби спорот во кој четири американски држави го обвинуваат технолошкиот гигант за придонес кон кризата со менталното здравје кај тинејџерите. Тоа е речиси целата пазарна вредност на компанијата. Мета изјави дека до проценката дошла врз основа на тоа како главните обвинители во Калифорнија, Колорадо, Кентаки и Њу Џерси ги пресметале потенцијалните ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека имал добар состанок со американскиот претседател Доналд Трамп, на кој, како што истакна, била нагласена потребата од зајакнување на украинската противвоздушна одбрана (ПВО) поради интензивираните руски напади. – Претседателот Трамп и јас разговаравме за некои идеи кои би можеле да ги засилат нашите позиции и да го приближат мирот – напиша Зеленски на Х по состанокот одржан на ...
СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не се стреми кон реформи во Изборниот законик, туку кон „изборна кражба“ и манипулација со околу 200 илјади гласови од дијаспората. Од опозициската партија изјавија дека реформската агенда се користи како алиби и дека ќе го бранат гласот на граѓаните од злоупотреби и манипулации. „Ја укина техничката Влада на сила и без консензус. Откако не му пројде моделот за електронско гласање на дијаспората, се обиде да ...
На 07.07.2026 во 22:25 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Ј.Ј.(40) од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека со закани во два наврати од 18-годишна девојка од Пробиштип изнудил да му даде пари. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 07.07.2026 во 22:25 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип ...
Мотото „Посилна Европа – посилно НАТО“ значи проширена и обединета Европа, а таква Европа е најсилна. Ваква порака испрати претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова пред официјалниот почеток на НАТО самитот. Нагласи дека вистинската сила произлегува од почитувањето на принципите, вредностите и демократијата. „Денеска би дакала да кажам дека мотото „Посилна Европа – посилно НАТО“ според мене значи дека проширена, проширена и ...
Коалицијата „Менуваме“ изразува загриженост дека средствата предвидени со ребалансот на Буџетот нема да бидат доволни за социјалната заштита до крајот на годината. Тие посочуваат дека, иако Министерството за финансии обезбедило дополнителни 1,5 милијарди денари, според нивната анализа недостигаат околу 3 милијарди денари, а исплатите на социјалната помош веќе доцнат за корисниците. „Во втората точка се наведува дека ќе бидат додадени 150 ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на 36. Самит на НАТО, којшто се одржува во Анкара. Таа истакна дека шефовите на држави и влади на Самитот испратиле силна порака за единство, солидарност и заедничка одговорност на сојузниците во справување со глобалните безбедносни предизвици. Според неа, земјите-членки покажале јасна подготвеност да го преземат својот дел од товарот во обезбедувањето на заедничката безбедност ...
Образовната инфраструктура во Македонија се модернизира забрзано и со голема поддршка од Европската Унија и Германската развојна банка – KFW. Заедно креиравме финансиска рамка од 86 милиони евра со кои ќе реализираме 16 капитални инвестиции – ќе се реконструираат 9 државни студентски домови и 7 ресурсни центри за деца и младинци со посебни образовни потреби. Ова денес го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, ...
Јасни пораки од еврокомесарката за проширување Марта Кос дека Македонија е земја која бележи сериозен напредок во реформите и затоа е во групата земји кандидати кои добиваат повеќе средства од Планот за раст. Таа истакна дека како полноправна членка земјава ќе добива многу повеќе средства, дека Македонија има место во Европската унија, но не заборави да порача дека за тоа е потребно усвојување на уставните измени. Сепак го отфрли она што ...
Македонска берза официјално започна нов проект за подготовка на домашните компании за финансирање преку пазарот на капитал, со поддршка од Европската банка за обнова и развој. До десет компании ќе добијат професионална проценка на нивната подготвеност за издавање акции или обврзници, како и специјализирана обука за раководителите. Директорот на Берзата, Иван Штериев, изјави дека компаниите не треба да се потпираат само на банкарските кредити, ...
Министерството за финансии соопшти дека префрлило 148,6 милиони денари, односно нови 2,4 милиони евра, кон Развојната банка, наменети за поддршка на инвестициите на домашните компании. Со овој трансфер, според Министерството, вкупниот износ на средства пласирани во домашната економија за реализација на инвестиции достигна 14,5 милијарди денари, или 235,8 милиони евра. Од Министерството информираат дека вкупниот буџет за поддршка на домашните ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос по средбата со премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во земјава има охрабрувачки напредок во реформата агенда и со тоа Македонија се наоѓа меѓу најдобрите земји во исполнување на обврските. Во однос на евроинтегративниот процес таа не заборави да спомене дека треба да се исполни обврската за донесување на уставните измени. Воедно го повтори и ставот во однос на тоа дека ниту една земја не може да ...
Комисијата за финансирање и буџет во Собранието ја продолжи расправата по амандманите за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година. Во текот на првиот ден беа разгледани десетици предлози со кои се бараат дополнителни средства за Министерството за односи меѓу заедниците, зголемување на платите за вработените во Министерството за одбрана и припадниците на Армијата, како и дополнителни средства за општините и изградба на воени објекти. ...