Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
На 01.04.2026 во 14:10 часот во СВР Велес, 60-годишен велешанец пријави дека бил измамен за сума од 12.400 денари од едно лице кое го запознал во декември 2025 година во Велес и кој се претставил како полициски инспектор во Скопје. Според пријавеното, лицето побарало од него на договорено место во Велес да преземе пакет со брендирана облека од друго лице, за кое кажал дека е негов колега инспектор од Неготино, и за пакетот да даде 200 евра, ...
Времето утре и во сабота ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Во сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (наместа над 70 km/h), информира УХМР. Од недела до средината на новата седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и значително потопло, со температури до 25 степени. Времето утре и во сабота ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со ...
Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителката функција и тоа само неколку дена откако Советот на јавни обвинители не и даде поддршка за нејзината претставка за напад врз нејзиниот интегритет. Веднаш потоа новиот јавен обвинител Ненад Савески и ги одзеде надлежностите за двата случаи Талир кои се во завршна фаза, а се однесуваат на имотот и финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Во своето обраќање на социјалните мрежи Ристоска наведе дека поради овие ...
Од СДСМ обвинуваат дека новиот јавен обвинител Савески работи по нарачка на премиерот Мицкоски, кој од говорница му задава задачи на обвинителот. „Прво со случаите поврзани со Мијалков и бомбите, а сега и со одземањето на предметите за имотот на ВМРО-ОКГ. Случаите познати како „Талир1“ и „Талир 2“ за нелегално партиско богатење, незаконски стекнат имот, незаконска бела палата на ВМРО-ОКГ. Значи ова е чекор кон спас на криминалниот имот на ...
На 01.04.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 12:40 часот за време на редовната прошетка, осудениците Е.А.(32) и Ш.И.(35), од една страна и С.М.(26) од друга страна, со тврди предмети си размениле удари, а потоа Е.А. со остар предмет му нанел повреда на С.М., на кој му била укажана помош во амбулантното одделение, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се ...
Во подводен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што утрово ја погопди Индонезија, се урнаа згради во северните делови на земјата, најмалку едно лице загина, а беше предизвикано и мало цунами. Силни потреси што траеле од 10 до 20 секунди биле почувствувани во Битунг во покраината Северен Сулавеси, како и во градот Тернате во соседната покраина Северен Малуку, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи. Овие провинции се граничат со ...
Министерството за одбрана денеска го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на македонската Армија. Општите услови (да се македонски државјани, да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност), посебните услови (да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници), како и сите останати детали се ...
Училиштето уште на почетокот на учебната година било информирано за семејно насилство во домот на шестгодишната Катја, сведочеше нејзината класна наставничка на денешното рочиште во Основен кривичен суд Скопје. Таа пред судот детално го опиша однесувањето на девојчето, контактите со нејзината мајка Ивана и таткото Стојанче, како и настаните што му претходеле на трагичниот 2 март, кога мајката и ќерката го загубија животот по скок од стан во ...
Близу 20 милиони евра досега се вратени кон 119 компании, кои во текот на 2023 година уплатија средства во Буџетот согласно Законот за данок на солидарност. Министерсвото за финансии согласно утврдениот модел, од минатата недела започна со исплата на првиот дел од уплатените средства во Буџетот и досега се вратени вкупно 1,219 милијарди денари. Компаниите во текот на 2023 година уплатија во Буџетот 3 милијарди денари согласно усвоеното ...
Јавниот обвинител на Македонија, Ненад Савески, изрази жалење за одлуката на обвинителката Ленче Ристоска да поднесе оставка, посочувајќи дека за нејзиниот чекор бил информиран преку СМС порака по поднесувањето на оставката, додека причините ги дознал од медиумите. Савески истакна дека со нејзиното заминување Јавното обвинителство на Република Северна Македонија останува без обвинител од кого очекувал значаен придонес, особено имајќи го ...
Светот моментално се наоѓа во „мрачен час“ од историјата, изјави денес папата Лав XIV, за време на мисата за мир во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан. Папата рече дека „во светот кој е растргнат помеѓу силите што го уништуваат, има нов народ, кој не е жртва, туку сведоци“, пренесува Анса. „Во овој мрачен час од историјата, Бог со задоволство нè повика да го шириме мирисот Христов таму каде што владее смрдеата на смртта. Да го обновиме ...
Основното јавно обвинителство Скопје, во координација со Министерството за внатрешни работи, презема дејствија во рамки на акција поврзана со детска порнографија. Од ОЈО Скопје информираат дека се обезбедени наредби за претреси, а полицијата постапува со цел прибирање и обезбедување докази во предметот. Надлежните институции најавуваат дека по завршување на активностите ќе следуваат повеќе информации за случајот. Основното јавно ...
Еден маж загина, а десетици домови се поплавени во невремето што ја погоди Грција вчера. Грчките власти го пронашле телото на маж во приморскиот центар Неа Макри, 35 км североисточно од Атина, изјави во четвртокот претставник на противпожарната служба за Ројтерс. Тој веројатно бил однесен од ненадејна поплава додека се обидувал да премине поплавена улица и бил заробен под автомобил, објавија локалните медиуми. Противпожарната служба соопшти ...
За период од неполни две години, од септември 2024 до март 2026 година, пензиите се зголемени за вкупно 7.000 денари месечно, што претставува линеарно покачување од 36 проценти, изјави директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов. Според Мемов, во истиот период минималната пензија е зголемена за 61,75 проценти, додека просечната пензија бележи раст од речиси 40 проценти. Тој истакна дека станува збор за најголемо ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани дека Соединетите Американски Држави би можеле да го напуштат НАТО поради одбивањето на европските членки да испратат бродови за деблокирање на Ормутскиот теснец во близина на Иран. Иако Трамп често донесува одлуки без одобрение од Конгресот, експертите предупредуваат дека не е јасно дали претседателот може еднострано да ги повлече САД од 77-годишната алијанса. Уставот на САД му дава на ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во гостување во утринската емисија „Македонија наутро“ на МРТВ вели дека не ги прифаќа нападите дека Законот за високо образование има престроги критериуми, а притоа како што рече нема ниту еден универзитет во државата кој што е во првите 2500 најдобри на Шангајската листа. „Сакам да верувам дека образованието создава таков кадар. Но не можам а да не споменам, еве да речеме нешто кое што се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се обрати до нацијата. Во 20-минутниот говор, тој рече дека Иран е уништен и најави уште пожестоки напади доколку Техеран не се согласи со договорот. Трамп го искористи своето прво обраќање до нацијата од почетокот на војната во Иран за да ги оправда трошоците што конфликтот им ги наметнува на Америка и на светот, инсистирајќи дека неговиот крај е близу. Тој рече дека Иран е десеткуван и дека тешкиот дел ...
Во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци што претставува намалување на 68.2% во споредба со месец февруари, најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од ...
Судбината на китот заглавен во плитките води на брегот на Северното Море со денови ја преокупира германската јавност. Китот е заглавен, ослободен и повторно заглавен. Надежите за негово преживување сега се избледени, јавува ДПА. Тимовите експерти кои се обидуваат да го спасат грбавиот кит од почетокот на минатата недела ја прекинаа својата операција во среда, јавува ДПА. Исцрпеното животно било оставено да умре на мир, изјави Тил Бакхаус, ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Париз, Франција, оствари средба со министерот делегиран за Европа, Бенџамин Адад. На средбата стана збор за натамошно унапредување на билатералните односи, продлабочување на политичкиот дијалог и зајакнување на соработката на владино ниво, со посебен фокус на економската соработка. Министерот Муцунски нагласи дека европската интеграција е ...
НАСА ја започна мисијата „Артемис II“ во четврток, првиот човечки лет до Месечината по повеќе од половина век, испраќајќи четири астронаути од Флорида на 10-дневно патување околу Месечината. Ракетата „Space Launch System“ (SLS) што ја носеше капсулата „Орион“ полета од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, носејќи екипаж од тројца американски астронаути и еден Канаѓанец: Рид Вајзман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен. Мисијата ќе ...
Претседателката на српскиот парламент и функционерка на Српската напредна партија, Ана Брнабиќ, изјави дека социјалниот дијалог ќе започне утре и дека српскиот претседател Александар Вучиќ ќе им подаде рака на сите. „Кога зборуваме за недостаток на дијалог, не зборуваме за тоа дека Александар Вучиќ не сака дијалог. Оние кои постојано проповедаат дијалог, всушност постојано го отфрлаат“, изјави Брнабиќ за РТС, додавајќи дека е доста уверена ...
Утрово минусни температури има само на Попова Шапка каде се измерени -1 степен. Следуваат 1 Mаврови Анови, 2 Kрушево, Лазарополе, 4 Претор, 5 Охрид, Берово, 6 Крива Паланка, Битола, Прилеп, 7 Тетово, 8 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Штип, Виница, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, 9 Гевгелија. Најмногу дожд имало во Маврови Анови дури 40 l/m2, а тука се и 35 l/m2 Попова Шапка, 17 Битола, 13 Kрушево, 8 Демир Капија, ...
На 01.04.2026 полициски службеници го приведоа С.Р. (45), вработен во Секторот за општи и заеднички работи на МВР. При вршење на физичка регулација на сообраќајот на крстосницата од ул. „Јордан Мијалков“ со ул. „Димче Мирчев“ во Скопје, полициски службеник од СВР Скопје запрел патничко возило „мерцедес“, управувано од С.Р., кој се движел во спротивна насока и воедно претекнувал колона на возила. Откако му бил побаран документ за ...
Овен Денес вашиот фокус е на финансиската стабилност и долгорочните инвестиции. Не се предавајте на импулсивни купувања. Енергијата на денот го поддржува стратешкото планирање. Вечерта носи неочекувана најава што ќе ги промени вашите планови за претстојниот викенд. Бик Вашата природна тврдоглавост денес ви оди во прилог, особено во професионалната сфера. Комуникацијата со авторитетни личности тече непречено и отвора врати за идни партнерства. ...
Oблачно со пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m²), на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, ...
Иранскиот претседател Масуд Песекијан го отфрли прикажувањето на неговата земја како закана за безбедноста, велејќи дека тоа не е во согласност со историската реалност. Тој ги искажа своите ставови во писмо до Американците, кое го пренесе иранската државна телевизија Прес ТВ, објави Ал Џезира. „Иран, по самото име, карактер и идентитет, е една од најстарите континуирани цивилизации во човечката историја“, напиша Песекијан. „Во својата модерна ...
Небото над грчкиот остров Крит беше обвиено во портокалова нијанса во среда откако слој прашина се упати од африканскиот континент. Грчкиот остров Крит беше покриен со дебел слој задушлива сахарска прашина, претворајќи го небото во морничаво црвено-портокалова боја, додека силни ветрови и торнадо го погодија регионот, принудувајќи некои летови да бидат пренасочени. Следеше сообраќаен хаос бидејќи густата африканска прашина ја намали ...
Висок функционер на Светска банка изјави дека организацијата е „крајно загрижена“ за влијанието на војната во Иран врз инфлацијата, работните места и безбедноста на храната. Според него, Светска банка веќе разговара со земјите-членки за решавање на итни потреби во кризата, пишува АФП. Изјавите на извршниот директор Пашал Донохо дојдоа откако Светска банка објави ново партнерство со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Меѓународната агенција ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 12 возеле без возачка дозвола, од кои четири во Тетово, меѓу кои и еден малолетник и двајца во Гостивар. Исто така, по едно лице во Скопје, Велес, Штип, Свети Николе, Делчево и Битола возеле без дозвола. По еден возач во Кочани и Струга управувале возило под дејство на алкохол, а по еден ...