Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои и понатаму се на терен во обид целосно да го локализираат пожарот, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Според информациите од Општина Валандово, пожарот во моментов се држи под контрола, но неговото ...
Македонија ќе биде надлежна да ја води истрагата во врска со инцидентот на авионот на „Рајанер“, кој леташе од Солун до Меминген (Германија), но откако влезе во македонскиот воздушен простор, се врати на аеродромот во вториот по големина грчки град. Еден патник беше во животна опасност откако бил вшмукан по скршеното стакло. Патникот бил српски државјанин, а вистинска драма се случувала бидејќи неговата сопруга наводно го држела за нозете да ...
Фудбалскиот свет е во шок по веста за смртта на 25-годишниот фудбалер на репрезентацијата на Јужна Африка, Џејдем Адамс. Засега не се наведени причините за смртта. Адамс неодамна играше за селекцијата на Јужна Африка на актуелното Светското првенство, каде што ја претставуваше својата земја на најголемата фудбалска сцена. Деталите за неговата смрт сè уште не се познати, а семејството побара приватност во овој тежок момент. Порталот „Сокер ...
Министерството за внатрешни работи информираше дека при изведување на градежни работи во објект на територијата на општината Гази Баба, работник паднал и го загубил животот. „На 10.07.2026 околу 14:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба при изведување на градежни работи на објект во изградба паднал од висина И.И.(52) од Куманово. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Излезено е на ...
Го извадил знамето пред општинската зграда во Прилеп, и го запалил. 43-годишен државјанин на Словенија е приведен во полицијата, а против него ќе следува соодветна пријава, соопштија од полицијата. „На 11.06.2026 во 01:05 часот полициски службеници од ОВР Прилеп пред општинската зграда во Прилеп го лишија од слобода П.Ј.(43) од Р.Словенија бидејќи истиот го извадил знамето на општина Прилеп и го запалил. По документирање на настанот ќе ...
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека Македонија е најнапредна земја во спроведување на реформите. Тој кажа дека чувствува одговорност исклучиво пред граѓаните, кои ја даваат поддршката на владините политики и испорачување на она што еветено. „Ние сме најпредната држава во регионот во спроведување на реформи. Промена на Уставот и прифаќање на она што го прифати минатата Влада, според мене, не е реформа. Ставот наш е јасен и прецизен. ...
САД воведоа нови санкции врз Иран, насочени кон главниот финансиер на новиот врховен водач на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, како и кон уште 13 други лица. Санкциите доаѓаат откако Иран продолжи со нападите врз танкери во Ормутскиот теснец. Мерките се насочени и кон иранскиот банкар и бизнисмен Али Ансари, со седиште во Дубаи, како и кон неколку компании и менувачници кои, според САД, помогнале во префрлање средства до санкционирани ирански ...
Поднесена е измена на Законот за заштита од пушење, која моментално е во собраниска процедура, со која се бара пушењето да биде дозволено само во приватни клубови. Министерот за здравство во заминување, Азир Алиу, очекува законот да биде одобрен во следните две недели и веднаш потоа да стапи на сила. Според амандманот, приватен клуб се смета за законски регистриран правен субјект кој користи затворени простории со ограничен пристап, наменети ...
Конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски во судскиот предмет „Плацеви на Водно“, ќе се продаваат на лицитации закажани на 29. јули во 9, 11 и 13 часот, објави Агенцијата за управување со одземен имот. Според огласот, сите станови кои се на иста адреса на Водно, имаат 200, 199 и 155 кавдарти. Сите имаат големи тераси, а во едниот има и џакузи. Почетната цена за првиот стан е 52,3 милиони денари, или 850.000 евра. Вториот е ...
Државјанин на Турција возел над 200 километри на час на автопатот „Пријателство“ во гевгелиско, при што бил лижен од слобода од страна на полицијата. Турчинот управувал возило со германски регистарски ознаки со брзина од 203 километри на час, каде што брзината била ограничена на 120 километри на час. Бил веднаш исклучен од сообраќај, и против него била поднесена соодветна пријава. „На 10.07.2026 во 15:00 часот на автопатот „Пријателство“ кај ...
Овен Денес ќе имате многу енергија и желба да ги завршите обврските што подолго време ги одложувате. На работното место е можен интересен разговор што ќе отвори нови можности. Во љубовта, искреноста ќе донесе подобро разбирање. Бик Фокусирајте се на финансиските прашања и избегнувајте непотребни трошоци. Денот е поволен за средување на личните планови. Во приватниот живот ве очекува пријатен момент со блиска личност. Близнаци Ќе бидете ...
Цените на нафтата денеска забележаа пад, но и понатаму се на пат да остварат значителен неделен раст, откако обновените тензии меѓу САД и Иран ги зголемија ризиците од можни нарушувања во снабдувањето. Референтната сурова нафта брент се тргуваше по цена од околу 75,5 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI достигна околу 71,2 долари за барел, објави „Трејдинг економикс“. Пазарите внимателно го следат развојот на ситуацијата по ...
Кинеските провинции Џеџијанг и Фуџијен го подигнаа нивото на подготвеност за одбрана од тајфуни на втор степен поради приближувањето на деветтиот тајфун оваа година, наречен Бави, чиј удар се очекува на југоисточниот брег на Кина, соопштија денеска локалните власти. Според податоците на Метеоролошката опсерваторија на Џеџијанг, тајфунот Бави денеска во 11 часот по локално време се наоѓал над морето, на околу 1.016 километри југоисточно од ...
Во рамките на истражната постапка што ја води предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а која се однесува на организирана криминална група инволвирана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, во текот на вчерашниот ден беа реализирани претреси на пет локации во Скопје, меѓу нив и на две здравствени установи. При тоа, се приведени ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз, Мунир Колашинац, во пресрет на Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Како што објави Гаши на својот фејсбук-профил, на средбата било истакнато дека сеќавањето на жртвите, подигнувањето на свеста и солидарноста претставуваат обврска за градење општество во кое мирот, еднаквоста и човечкото достоинство ќе останат трајни ...
Во Канцеларијата на Европската Унија во Северна Македонија проектот за канализациската мрежа од Зајас до Кичево се води како завршен во 2024 година, изјави амбасадорот на ЕУ во земјава, Михалис Рокас, за време на неговата посета на оваа општина. Без да навлегува во детали, тој рече дека треба да се одржи технички состанок за да се утврди дали постои можност за рефинансирање на проектот. „Треба да се одржи технички состанок за да видиме како ...
Предлог-законот против пушењето веќе е во собраниска процедура, во второ читање, а за него се поднесени осум амандмани. Министерот за здравство во заминување, Азир Алиу, очекува законот да стапи во сила во рок од две до три недели. „Формиравме експертска група која ќе ги разгледа амандманите и ќе даде мислење за нив. Новиот министер треба да ги достави следната недела, за законот да ја помине таа фаза и да биде ставен на гласање на пленарна ...
Во понеделник на два дена пред истекот на дополнителниот рок за донесување на Изборниот законик, најавено е дека Левица ќе иницира средба. Како што е познато владејачките партии на средбата на координаторите која се одржа во вторникот им предложиja на опозиционерите да постигнат договор за новото решение, вклучително и за гласањето на дијаспората и дека тие ќе прифатат се што ќе предложат. Денеска тие повторно со повик да се усогласат и да ја ...
Министерот за транспорт Александар Николоски најавува брз напредок во патната и железничката инфраструктура. При увидот на работите на еден локален пат во Тетово, тој вети дека следната година ќе бидат готови првите километри од автопатот Тетово-Гостивар, проект кој, според него, целосно треба да заврши до 2028 година. „Имаме добар напредок во изградбата на автопатот Тетово-Гостивар. Ова е автопат кој го започна оваа влада. Сите прашања ...
Со жестоки критики меѓу пратениците од опозицијата и власта продолжи амандманската расправа за ребалансот на буџетот. Поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ. Опозицијата бараше повеќе пари за локални инфраструктурни проекти, брани, патишта, водоснабдителни системи,жичарници, социјални станови,кои не беа прифатени од власта. -Со овој амандман бараме да се обезбедат средства во износ од ...
Геноцидот во Сребреница претставува еден од најголемите неуспеси што оставил траен и темен белег врз човештвото, порача претседателот на Собранието, Африм Гаши во своето обраќање. Тој нагласи дека геноцидот не започнува со звукот на оружјето, туку со рамнодушноста кон насилството, додавајќи дека токму затоа улогата на институциите е од суштинско значење. -Тука сме затоа што геноцидот не започнува со звукот на оружјето. Тој започнува многу ...
Министерството за образование и наука подготвува значајни измени на Законот за студентски стандард со кои ќе се воведат построги критериуми за сместување во студентските домови, како и санкции за студентите кои ќе го прекршуваат куќниот ред. Една од клучните новини е воведувањето максимална старосна граница од 30 години за аплицирање за сместување. Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека анализите покажале оти дел од ...
Посмртните останки на десет жртви од геноцидот во Сребреница во 1995 година пристигнаа во Меморијалниот центар во Поточари, каде што ќе бидат погребани на 11 јули, односно утре, на денот кога светот им оддава почит на жртвите. Меѓу жртвите е и Муриз Бараковиќ, кој имал 22 години кога бил убиен. Неговата сопруга Везира изјави дека со него се разделила за време на војната, а подоцна дознала дека бил ликвидиран. Најмладата жртва што ќе биде ...
Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот судија за деца поднесе барање да се поведе подготвителна постапка против две 14-годишни девојчиња за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За еден 15-годишник се бара подготвителна постапка за помагање при ...
Полицијата информираше за трагичен настан кој се случил синоќа во Гостивар. Имено, 14-годишно девојче од Кавадарци, било донесено во болницата без знаци на живот. Споед пријавеното, претходно девојчето паднало од лулашка во парк во Гостивар. „На 09.07.2026 во 20:20 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар. Според ...
Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал во содејство со Секторот за меѓународна полициска соработка учествуваше во меѓународната операција „FIRSTLIGHT 2026“ за сузбивање на онлајн измами и перење пари координирана од Интерпол, која се реализираше во периодот од 15.01.-30.04.2026. Во операцијата учествуваа надлежни институции од 97 држави и територии, со заедничка цел откривање и сузбивање на измами со модус ...
Првите километри од автопатот Тетово-Гостивар ќе бидат завршени во рок од една година, што според моменталната динамика се очекува целосно да биде завршено во 2028 година. Работиме и на железничко поврзување како продолжение на активностите од проектот „Градски воз“ , објави денес вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. „Изградбата на автопатот Тетово-Гостивар напредува добро. Ова е автопат што го иницираше оваа Влада. ...
Албанската полиција го објави завршувањето на меѓународната операција со кодно име „Бес“, за време на која во Драч беа уапсени двајца државјани барани од властите на Македонија за тешки кривични дела, објави ТВ21. Според соопштението на државната полиција, уапсените се М.Џ., 26 години, роден во Скопје, и С.Н., 34 години, роден во Норвешка. „За овие граѓани, ИНТЕРПОЛ издаде меѓународни потерници за: убиство, повреда, нелегално поседување ...
Авион на авиокомпанијата „Рајанер“, кој сообраќал на линијата Солун – Минхен, денеска безбедно слета назад на аеродромот „Македонија“ во Солун, откако за време на летот бил регистриран сериозен дефект на еден од моторите. Според достапните информации, пилотите го забележале проблемот додека авионот се наоѓал над територијата на Македонија и, од безбедносни причини, донеле одлука да го прекинат летот и да се вратат на аеродромот од каде што ...
Израел ја предупреди американската влада дека Иран наводно планира атентат врз претседателот Доналд Трамп, објавија во четврток Си-Ен-Ен и Волстрит џурнал, повикувајќи се на неименувани извори. Според извештаите, иранското раководство неодамна составило план, чии детали сè уште не се познати. Американската администрација често добиваше слични предупредувања во последните недели, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски функционер. ...