Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Словенечкиот арбитар Славко Винчиќ официјално стави крај на својата успешна судиска кариера, веднаш по историскиот настап на финалето од Светското првенство, каде што Шпанија по продолженија ја совлада Аргентина со минимални 1-0. Веста ја потврди Фудбалскиот сојуз на Словенија, кој му се заблагодари на искусниот судија за сè што направи во изминатите години и му посака многу успех во идниот период. По завршувањето на мундијалот, Винчиќ и ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55% во однос на одлуката од 20.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 6,229%, кај ...
Променливо облачно наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 35 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. T=33°C. ...
Бројот на граѓани кои побарале медицинска помош поради симптоми на ентероколит во Гостивар останува на пониско ниво во однос на најкритичниот период, иако во последниот ден е забележано мало зголемување. Според најновите податоци на Министерството за здравство, во текот на 26 јули 2026 година во јавните здравствени установи во Гостивар се евидентирани 127 новопрегледани пациенти кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми поврзани со ...
Со дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година се обезбедуваат дополнителни средства за забрзување на капиталните инвестиции, поддршка на земјоделството, општините и реализација на развојните приоритети на Владата, како и за непречено исполнување на законските обврски. Предложените измени се насочени кон продолжување на политиките за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии, истакна министерката за ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска на прес-конференција во ЦУК соопшти дека водата во Гостивар може да се користи како техничка вода, и истакна надеж дека наскоро ќе биде овозможена и за пиење и за подготвување на храна. Тошковски кажа дека водата повеќекратно е испитана, и дека има дозвола да се користи како техничка. „По повеќекратни испитувања, анализите покажаа овдата може да се користи како техничка вода. Истата може ...
Грчките цариници денес штрајкуваа од пет до девет часот. Иако штрајкот е завршен, се формирани големи толпи, па затоа е потребно трпение од сите во близина на граничните премини меѓу Македонија и Грција. Големи гужви утрово се забележани на трите премини Богородица (Евзони), Дојран (Дојрани) и Меџитлија (Ники). За време на четиричасовниот штрајк, границите не беа целосно затворени, но сообраќајот се одвиваше во режим на повремено поминување ...
Италијанската финансиска полиција во понеделникот објави дека запленила повеќе од 2,6 тони кокаин во Атлантскиот Океан, покрај брегот на Португалија. Проценетата улична вредност на дрогата достигнува 500 милиони евра, објави Ројтерс. Кокаинот е откриен на брз прекуокеански чамец, а четири лица на него се уапсени. Станува збор за двајца Шпанци, еден жител на Гибралтар и еден албански државјанин кој живее во Италија. Италијанската Финансиска ...
Полицијата спроведе акција во Скопје при која е пронајдена поголема количина кокаин, а едно лице е лишено од слобода поради сомнение за недозволена трговија со дрога. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска (26.07.2026), полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, во координација со припадници на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, извршиле претрес во дом и други простории кај С.Б. (23) од ...
Последните лабораториски анализи потврдуваат дека водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за употреба и ги исполнува сите пропишани стандарди за квалитет, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Според информациите од Секторот за санитарна контрола, испитувањата спроведени во текот на изминатата недела не покажале никакви отстапувања, а сите анализирани физичко-хемиски и микробиолошки параметри се во рамките на законски ...
Во магичниот амбиент на црквата „Света Софија“ во Охрид, се одржа традиционалната Австриска вечер, еден од најпрепознатливите настани во програмата на фестивалот „Охридско лето“. Како ексклузивен спонзор, Касинос Австрија Интернешанал Македонија и оваа година со гордост ја поддржа реализацијата на овој престижен музички настан. Во рамките на 66. издание на фестивалот, на 24 јули пред публиката во Охрид, настапи светски познатото пијано дуо ...
Пожарите денеска продолжуваат да се шират низ Франција, пред сѐ во регионот Жиронда, каде што огнената стихија од минатата среда досега уништила 42.000 хектари површина и принудила на евакуација околу 220.000 луѓе. Поради сериозноста на состојбата, францускиот претседател Емануел Макрон за денеска свика состанок на меѓуресорскиот кризен штаб. Во пожарите се повредени 84 пожарникари и спасувачи, соопшти синоќа префектурата на Жиронда, ...
Македонската културна сцена остана без едно од своите најпрепознатливи актерски имиња. Почина Гоце Тодоровски, доајен на македонското глумиште, кој со децении остави неизбришлива трага во театарот, филмот, телевизијата и радиото. Тажната вест ја соопшти неговата ќерка Сашенка преку објава на социјалните мрежи. „Го изгубивме, се предаде. Гоце Тодоровски почина. Фамилијата Тодоровски ја објавува најтажната вест. По голема борба го напушти овој ...
Овен Утрешниот ден ви носи многу енергија и можности за напредок. На работното место ќе можете да покажете иницијатива, а во љубовта искрен разговор ќе помогне да се решат недоразбирањата. Внимавајте да не се преоптоварите. Бик Финансиските прашања ќе бидат во преден план. Можно е да добиете добра вест поврзана со работа или дополнителен приход. Во љубовта ве очекува стабилност и пријатна атмосфера. Близнаци Ќе бидете расположени за дружење и ...
Променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 km/h), електрични празнења и изолирана појава на град. Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер, грмежи и услови за појава на град. Променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и ...
Седумдесет и пет проценти од градежните работи на надвозникот кај „Момин Поток“ се завршени. Овој сообраќаен сегмент се очекува да биде пуштен во употреба до Нова година, а по неговото завршување значително ќе се намали сообраќајниот хаос и ќе се овозможи побезбедно одвивање на сообраќајот, информираше градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, при увидот на градежните активности. „Експропријацијата сега е 100 отсто завршена, а она што е ...
Организаторите на фестивалот „Sunny Hill“ го објавија дневниот распоред за овогодинешното издание, кое ќе се одржи од 31 јули до 2 август, откривајќи ги и термините за настапите на главните музички ѕвезди. Фестивалот ќе биде отворен на 31 јули, а вечерта ќе кулминира со настапот на светската поп-ѕвезда Кејти Пери, која ќе се искачи на главната сцена околу 22:30 часот. Во текот на првата фестивалска вечер ќе настапат и Дхурата Дора, Ла Фазани ...
На 26 јули 1963 година, во 05:17 часот, Скопје беше погодено од разорен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Во катастрофата животот го загубија 1.070 лица, околу 3.000 беа повредени, а повеќе од 200.000 граѓани останаа без домови откако илјадници објекти беа урнати. Трагедијата предизвика голем бран на меѓународна солидарност. Десетици земји испратија помош за обновата на градот, а и Обединетите нации се вклучија во ...
Шпанија и натаму води тешка битка со големите шумски пожари во близина на Мадрид и во регионот Авила, каде надлежните предупредуваат дека следуваат одлучувачки часови во обидите огнената стихија целосно да се стави под контрола. Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека досегашната борба со пожарите се одвива во позитивна насока, но нагласи дека ситуацијата останува сериозна и дека претстојат неколку исклучително тешки часови. Во меѓувреме, ...
Техеран соопшти дека ги прекинал одмаздничките напади врз сојузниците на САД на Блискиот Исток, додека Вашингтон втора ноќ по ред се воздржува од напади врз Иран. Во меѓувреме, висок воен претставник во Техеран предупреди дека Иран може да ги прошири нападите низ целиот регион, навестувајќи дека јеменските бунтовници Хути, кои се поддржани од Иран, би можеле да ги засилат нападите врз бродовите што пловат низ Црвеното Море. Привременото ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска со длабока почит и пиетет се сети на жртвите од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година. Тој истакна дека иако тој трагичен ден остави неизбришлива болка, истовремено покажа дека обединетоста е клучот за надминување на најголемите предизвици. Во своето обраќање, премиерот потсети на огромната светска и домашна солидарност која го воздигна Скопје од урнатините, ...
Пожарот што ја зафати Парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според директорот на ЦУК, Мухамед Али, екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје интервенирале на терен, а состојбата во моментов се стабилизира. „Пожарот во Парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола. Центарот за управување со кризи веднаш реагираше, воспоставувајќи контакт и координација со надлежните ...
Осум лица се лишени од слобода во изминатото деноноќие на повеќе локации низ државата, откако при полициски проверки кај нив била пронајдена дрога, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во периодот од 25 до 26 јули 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје на различни локации во главниот град ги лишиле од слобода Ј.Ч. (47), А.Б. (19), Ф.Р. (27), Н.К. (19), М.О. (26), сите од Скопје, како и В.М. (35) од селото Морани, ...
Осумдесет и едногодишен жител на Градско го загубил животот во тешка несреќа што се случила во атарот на селото Уланци, откако тракторот што го управувал излетал од патот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 25 јули во СВР Велес. Несреќата се случила околу 18 часот кај местото викано „Србиново“, каде С.Л. (81) од Градско, управувајќи трактор со приколка, изгубил контрола над возилото и излетал ...
Шеснаесетгодишно момче од скопското село Кондово починало откако му се слошило за време на посета кај роднини во селото Сингелиќ, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според полициските информации, на 25 јули во 16:22 часот во СВР Скопје било пријавено од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник, кој кратко време подоцна починал. Според пријавеното, момчето било во посета кај роднини ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува во текот на утрешниот ден надлежните институции да потврдат дека водата за пиење во Гостивар повторно е технички исправна за користење, откако завршните анализи покажале позитивни резултати. Одговарајќи на новинарски прашања при увидот во градежните работи на клучката кај Момин Поток, Мицкоски рече дека екипи на ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје се ангажирани во Гостивар, каде што се ...
Силни земјотреси со јачина од 5,8 и 5,0 степени според Рихтеровата скала денеска ја погодија Алјаска, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS). Епицентарот на земјотресот со јачина од 5,8 степени бил на 99 километри југоисточно од Атка, на длабочина од 10 километри, соопшти USGS, пренесува Ројтерс. Претходно, Алјаска беше погодена и од земјотрес со јачина од 5,0 степени, чиј епицентар се наоѓал на 103 километри југоисточно од Атка, на ...
Германската влада вети дека ќе ги изведе пред лицето на правдата одговорните за смртоносниот напад што се случи во саботата вечер во близина на Парадата на гордоста во Берлин, додека полицијата побара помош од јавноста за пронаоѓање на осомничен, кој според нејзините информации е поврзан со исламистички кругови. Бело возило околу 22:00 часот по локално време влета во толпа луѓе во паркот Тиргартен, во близина на Бранденбуршката порта, ...
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Максималната темпертура ќе биде во интервал од 26 до 37 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. T=32°C. P=978hPa. U=30%. V=3m/s. UV index=8 Утре времето ќе биде променливо ...
По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска положи цвеќе пред Споменикот на жртвите, оддавајќи им почит на сите кои ги загубија животите во трагедијата од 26 јули 1963 година. По тој повод, Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук истакна дека и по повеќе од шест децении Скопје продолжува да се сеќава на жртвите од земјотресот, кој на 26 јули 1963 година, во 05:17 часот, ...