По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 8 физички и 1 правно лице за злоупотреби поврзани со постапки за јавни набавки во РЕК Битола. Во текот на 2023 година, петмина од обвинетите, како службени лица – директори и раководители на подружници во РЕК Битола, вклучувајќи го и директорот на комбинатот, вршеле продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член ...

47 лица загинаа, а 115 се повредени во пожар што избувна на новогодишната ноќ во бар во познатиот скијачки центар Кран-Монтана во југозападна Швајцарија. Пожарот во барот „Ле Констелејшн“ избувнал во 1:30 часот наутро. Властите потврдија дека во барот имало луѓе од различни националности. Главниот регионален обвинител истакна дека властите го третираат случајот како пожар и дека е исклучена можноста за напад. Италијанското Министерство за ...

Овен Вашата енергија денес е насочена кон вашиот социјален круг и новите познанства. Бидете внимателни со вашите зборови, бидејќи Месечината во Близнаци може да ве направи повеќе саркастични отколку што е потребно. Вечерта, внесете мир во вашиот дом со тоа што ќе го исклучите телефонот и ќе се посветите на вашето семејство или на омилено хоби кое ви олеснува. Бик Финансиските прашања доаѓаат до израз овој петок. Ќе имате можност да го ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во западните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната ќе биде од интервал од -4 до 6 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и студено со умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -11, а максималната ќе достигне до ...

Светот е згрозен од новите детали за катастрофалниот пожар во барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана, каде според италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, бројот на загинати се искачи на 47 лица. Швајцарскиот претседател Ги Пармелин ја опиша несреќата како една од најтешките трагедии во историјата на земјата. Снимките кои кружат на социјалните мрежи прикажуваат драматични сцени каде околу 200 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја пречека 2026 година со гламурозна забава во неговиот клуб Мар-а-Лаго во Палм Бич, каде што свежо насликан портрет на Исус Христос беше продаден на аукција за 2,75 милиони долари. Трамп рече дека неговата новогодишна желба е „мир на Земјата“. Портретот го наслика во живо на сцената уметницата Ванеса Хорабуена, за која Трамп рече дека е „една од најголемите уметници во светот“. „За мене, таа е една од ...

Првото новороденче во 2026 година во Кавадарци е женско. Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев оствари посета, при што освен искрени честитки, беа врачени и пригодни подароци за бебето и мајката. До семејството беа упатени најтопли желби за добро здравје, љубов, спокојство и среќно детство, а новата година нека донесе уште многу убави моменти и радосни вести. Добредојде за најмалата жителка на Кавадарци и честитки до родителите! ...

Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана. Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на ...

Денеска во велешката Општа болница во точно 11:51 часот се роди првото бебе. Се работи за женско бебе по име Мила. Тешка е 2,700 грама и долга 50 сантиметри. Ова е втора ќерка на 31-годишната Клементина Штерјовска. Попладнево, мајката и бебето ги посети градоначалникот Марко Колев кој на мајката и врачи пригодни подароци и штедна книшка со 15 илјади денари. Денеска во велешката Општа болница во точно 11:51 часот се роди првото бебе. Се ...

Македонската амбасада во Швајцарија отвори итен телефонски број за македонските државјани по трагичниот пожар што се случи во Кран-Монтана. Од Амбасадата информираат дека внимателно ја следат состојбата и се во целосна подготвеност да им пружат неопходна помош на граѓаните на Република Северна Македонија кои би можеле да бидат засегнати од несреќата. „Во случај на потреба од асистенција, македонските државјани може да се обратат на итниот ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со ...

Најмалку 22 лица кои претрпеле сериозни повреди во пожарот се на возраст меѓу 16 и 26 години, покажуваат извештаите. Според директорката на Универзитетската болница во Лозана, Клер Шарме, која разговараше со швајцарскиот дневен весник „24 оури“, повредените биле однесени со хеликоптер во болницата. Тоа е еден од само двата медицински центри во Швајцарија специјализирани за лекување на тешки изгореници, заедно со Универзитетската болница во ...

Дел од тешко повредените лица во смртоносниот пожар што избувна во новогодишната ноќ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана најверојатно ќе бидат префрлени на лекување во соседни земји, поради ограничените капацитети за третман на тешки изгореници во Швајцарија. Ова го изјави претседателот на регионалната влада на кантонот Вале, Матијас Рејнард. Претседателот на Швајцарскиот федерален совет, Ги Пармелен, изјави дека во наредните денови ...

Маж кој бил сведок на катастрофален пожар во бар во швајцарскиот скијачки центар Кранс-Монтана, изјавил за Скај њуз дека видел панични гости како се газат едни преку други додека се обидувале да избегаат од преполниот простор. Самуел Рап бил во ресторан во близина на Ле Констелашн кога избувнал пожарот околу 1:30 часот по локално време. Тој ја опишал сцената како „ужасна“. Околу 100 луѓе биле повредени во пожарот, за кој се стравува дека ...

Како што покажуваат претходните извештаи, ситуацијата останува нејасна додека трае истрагата за пожарот. Ова за Скај ТГ24 го потврди италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани. „Се чини дека станува збор за трагедија предизвикана од пожар, некаков вид експлозија, можеби петарда фрлена за време на новогодишните прослави“, рече Тајани. Тој додаде дека италијанскиот амбасадор е на пат кон местото на трагедијата и дека конзулатот ...

Жена која ја поминала ноќта во болница во Сион со нејзината мајка раскажала за еден локален весник како било кога жртвите од пожарот во барот почнале да пристигнуваат во болницата. Според неа, медицинска сестра им наредила на сите во чекалната да ја напуштат просторијата штом повредените почнале да пристигнуваат. Таа за „Ле Нувелист“ изјавила дека медицинската сестра ги замолила сите присутни да се вратат следниот ден бидејќи по експлозијата ...

Бурна новогодишна ноќ и полни раце работа за докторите на скопските клиники, каква што немале во последните години. Граѓани, но и многу малолетници претерале со алкохол и завршиле на Токсикологија. Имало поголем број повредени од оружје, тепачки, од пиротехника, од соообраќајки. На клиниките во Државната болница тројца пациенти се во животозагрозувачка состојба, по пад од голема височина. Критична е состојбата на двегодишно дете кое било ...

Дваесет и две годишен турски државјанин со нож е убиен за време на новогодишната ноќ пред угостителски објект во Старата Скопска чаршија. Осомничениот е во бегство и по него се трага. Покрај убиениот турски државјанин, во инцидентот е тешко повредено уште едно лице. „Со остар нож се предизвикани и убиството и тешката телесна повреда. Имаме осомничено лице. Во интерес на истрагата не можам да отворам повеќе детали. Моментално лицето е во ...

Веќе шест месеци Македонија е без Народен правобранител, откако во јули 2025-та заврши мандатот на Насер Зибери. Најверојатно на 12-ти јануари ќе биде закажана седницата за избор на нов народен правобранител, а со оглед на тоа дека е потребно и гласање со Бадентерово мнозинство, треба да се убеди и ДУИ да гласа. Засега нема закажана никаква средба, но во наредните денови можно е Мицкоски да разговара и со Али Ахмети за ова, со цел надминување ...

Црквата Вонделкерк, стара 154 години, во Амстердам, Холандија, беше целосно изгорена во пожар на новогодишната ноќ, но никој не беше повреден, објавија холандските медиуми. Властите рано утрово соопштија дека црквата е целосно изгорена. Пожарникарите сè уште се борат со пожарот што избувна кратко по полноќ за време на новогодишните прослави. Пожарот предизвика уривање на делови од кулата и покривот, што доведе до евакуации и прекин на ...

Новата 2026 година во неколку градови низ Македонија започна со убави вести – раѓање на првите новороденчиња, симбол на нов почеток и надеж. Во Клиничката болница во Штип, првото бебе родено во новата година е женско. Малата Петра, тешка 3.550 грама и долга 50 сантиметри, се родила точно на полноќ и е прва рожба на 40-годишната Марија Јанкова-Петрова од Штип. Мајката изјави дека се чувствува добро и упати пофалби за целиот медицински ...

Премиерот Христијан Мицкоски од Кавадарци порача дека државата забрзано работи на реформската агенда, со цел до април Македонија да стане најуспешна меѓу земјите од Западен Балкан. Според него, најголемиот дел од предвидените чекори, кои требаше да се исполнат до крајот на декември, се веќе завршени. „Мислам дека она што заостануваше, а беше влезено во овој грејс период од една година до јуни 2025, односно 8 или 10 од тие 12 чекори се веќе ...

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека е задоволен од досегашната имплементација на проектот „Безбеден град“. Како што вели, потврда се и бројките за нула загубени човечки животи во сообраќајни незгоди во декември годинава во однос на истиот период лани. „Морам да кажам дека ако се спореди декември 2025 со декември 2024 година ќе дојдеме до еден параметар кој нас не прави задоволни и среќни бидејќи во Скопје во декември 2024 година поради ...

Десетици лица го загубија животот, а околу 100 други се повредени, поголемиот дел од нив тешко, по пожар што избувна во бар во Швајцарските Алпи за време на прославата на Новата година. Хеликоптери и амбулантни возила итно беа испратени на местото на настанот за да им помогнат на жртвите, меѓу кои и туристи од различни земји, соопштија официјални лица. Се наведува дека многу од повредените имаат тешки изгореници и дека одделенијата за ...

Претседателката Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата, на Командата за обука и доктрини ѝ врачи едиција на книги од различни области, кои, како што истакна „ќе го потенцира критичкиот поглед кон она што се случува во светот и со тоа војниците ќе станат посилни, учени и толерантни луѓе.“ Оваа едиција на книги се наменети за збогатување и унапредување на книжевниот фонд на Централната воена библиотека во Скопје, која е составен дел од оваа ...

На Клиниката за гинекологија и акушерство првото новороденче во 2026 година е девојче, а во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир, првите новороденчиња во 2026 година се близначиња – девојчиња. По тој повод, министерот за здравство Азир Алиу денес ја реализираше традиционалната новогодишна посета во двете установи, придружуван од Фатмир Лимани – министер за социјална политика, демографија и млади, Орце ...

Скопје во две болници, доби две првородени деца во 2026 година. Едно девојче точно на полноќ, со царски рез дојде на свет во Државна болница, а две девојчиња, близначки, исто така со царски рез се родија во Гинекологија Чаир. И двете локации беа добра можност за дупло сликање на политичарите и за можноста за дупли подароци кои ги врачија. Секако, дуплиот настан беше можност тие што не дадоа изјава на едното место, да кажат прикладен збор – ...

Денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари работна посета на Општина Кавадарци во која направи увид на повеќе инфраструктурни проекти од исклучително значење за Кавадарци и регионот како градежни активности на изградба на мост преку реката Луда Мара, пуштање во употреба на реконструираното регулирано речно корито од мост Видео Смилевски до Северен булевар, увид во градежни активности на фекален колектор Опитно поле и увид во ...

Сопругата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Рози Мицкоска, денес ги посети мајките родилки во ГАК и Гинекологија Чаир, таа ги даруваше првороденчињата кои се родија неколку минути по полноќ. Во посетата на новороденчињата таа беше заедно со градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, министерот за здравство Азир Алиу, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, а во Чаир и со градоначалникот Изет Меџити. Сопругата ...

На 01.01.2026 во 01:11 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред угостителски објект во Стара скопска чаршија“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка, при што две лица се здобиле со повреди од остар предмет. Полициски службеници излегле на местото и со повреди од остар предмет се пронајдени А.М.Д.(22) од Турција, кај кого во 01:30 часот лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, и Ч.Е.(23) од Турција, кој е пренесен во ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
93%
1001
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
78%
1000
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
89%
1001
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
83%
1000
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.16
97%
1002
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
97%
1001
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
78%
1003
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
82%
1002
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1001
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
95%
1000
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
2.57
69%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.03

Бакар

11.69

Иридиум

221848.72

Паладиум

546.56

Платина

67162.91

Кобалт

64.04

Калај

46.91

Злато

159231.39

Родиум

336779.07

Цинк

3.25

Рутениум

45750.51

Сребро

2460.50