Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Силните снежни врнежи што ја зафатија земјава во текот на ноќта предизвикаа сериозни проблеми во планинските предели, а дел од патиштата останаа тешко проодни. Особено критична е состојбата кон Галичник, каде надлежните предупредуваат дека патниот правец моментално не е безбеден за сообраќај. Од Месната заедница информираат дека поради обилниот снег патот е значително отежнат и не се препорачува движење кон селото сè додека не се расчисти. ...
Првиот и најголем приватен ИВФ-центар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ воведува нова поволност за идните родители – бесплатен пренатален неинвазивен тест (NIPT) со секое приватно ин витро. Оваа иницијатива претставува значаен чекор кон обезбедување уште посеопфатна, сигурна и современа грижа за пациентите кои се на пат кон родителство. Со вклучувањето на NIPT-тестот во пакетот за приватно ин витро, идните родители добиваат ...
Постојат соработки кои се мерат со буџети, и постојат партнерства кои се мерат со истрајност. Во годината кога СОС Детско село го одбележува својот голем „сребрен“ јубилеј, 25 години посветеност на децата – Flex Credit ја официјализираше својата четврта последователна година како нивн верен сојузник. На 25-ти март, во пресрет на новиот пролетен циклус, двете страни потпишаа договор кој е многу повеќе од формалност. Тоа е ветување дека ниту ...
Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер изрази длабока загриженост за врските меѓу Иран и Русија и улогата на Иран во глобалната економија. Зборувајќи за време на нејзиното пристигнување на самитот на министрите за надворешни работи на Г7 во Париз, Купер изјави дека Иран ѝ обезбедил беспилотни летала на Русија за војната во Украина, посочувајќи дека постои и друга поддршка што дополнително го дестабилизира регионот, објави Скај ...
Видеолотарија Касинос Австрија, во рамки на своето партнерство со Националната опера и балет, со особено задоволство ја најавува премиерата на еден од најомилените балети на сите времиња – „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски. Оваа волшебна балетска фантазија во два чина ќе биде изведена на сцената на МОБ на 28 март 2026 година со почеток во 19:30 часот, како и на 8 април од 20:00 часот. Диригент на претставата е Едуард Амбарцумјан, додека ...
Силното невреме не го погоди само Загреб, исто е и низ цела Хрватска, па затоа некои делови кон брегот се целосно затворени, објави Хрватскиот автоклуб. На брегот дува силен ветер, а движењето на одредени групи возила, камиони и трактори со полуприколки е забрането на патиштата во Горски Котар и Лика. Некои државни патишта се затворени за секаков сообраќај. Поради честите сообраќајни несреќи, ХАК ги повикува возачите да ја прилагодат брзината ...
Три лица загинаа, а уште две се повредени кога хеликоптер се урна на плажата Калалау на северниот брег на хавајскиот остров Кауаи, соопштија властите. Хеликоптерот на „Ерборн Авиејшн“ превезувал пилот и четири патници кога се урна на оддалечена плажа, популарна дестинација за тури со хеликоптер кои нудат поглед на карпите, водопадите и плажите долж брегот На Пали, до кои се пристапува претежно пеш или со брод, објави АП. Двајцата повредени ...
Најниска температура утрово е измерена од -4 степени на Попова Шапка, -1 во Лазарополе и Крушево, додека нула степени се регистрирани во Маврови Анови и Претор. Во Охрид утринската температура изнесувала 1 степен, во Битола 2, а во повеќе градови како Крива Паланка, Тетово и Прилеп биле измерени 3 степени. Во Скопје-Зајчев Рид температурата се спуштила до 4 степени, додека во Скопје-Петровец достигнала 6 степени. Најтопло утрово било во ...
Министерот за здравство, Азир Алиу се обрати на отворањето на четвртата балканска школа на педијатрите – настан кој претставува вистинска платформа за знаење, соработка и професионален развој. -Педијатријата, како една од најхуманите и најодговорни гранки на медицината, има клучна улога во градењето здрави генерации. Грижата за најмладите не е само медицинска обврска, туку и општествена одговорност од највисок приоритет. Токму затоа, ...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки ...
Македонија со пораз од Данска од 4-0 застана на патот кон посакуваниот Мундијал. И покрај тоа што со оптимизам се влезе во мечот во Копенхаген, сепак, во второто полувреме домаќините ја покажаа сета свој моќ, и на крајот дојдоа до убедлив триумф. Елиф Елмас после натпреварот кажа дека е тешко да се зборува после ваков пораз. Вели дека првите 10 минути од вториот дел биле клучни, и покрај тоа што знаеле дека токму тие се најопасните минути. ...
Тренерот на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, зборуваше по поразот од Данска, анализирајќи го натпреварот и грешките кои влијаеле на резултатот. Тој ги истакна опасностите кои ги донесоа данските крилни напаѓачи и важноста на фокусот во текот на целиот натпревар. „Честитки за противникот. Од она што најмногу се плашев тоа се оствари. Примивме голови од тие странични позиции, бековски… Не треба да губиш концентрација. Несфатливо. Не ...
Образованието и технологијата се во центарот на глобалните промени, а младите мора да бидат подготвени за предизвиците на дигиталната ера. Ова беше главната порака што ја испрати Рози Мицкоска на Глобалниот самит во Белата куќа, каде што се дискутираше за улогата на вештачката интелигенција во образованието. Во своето обраќање, таа истакна дека начинот на кој децата учат и комуницираат се менува со невидено темпо, а технологијата отвора нови ...
Македонската фудбалска репрезентација нема да игра на идното Светско првенство во САД, Мексико и Канада, откако во полуфиналниот бараж вечерва беше убедливо поразена и елиминирана од Данска со 4-0. Лошо второ полувреме имаа фудбалерите на Македонија, откако по првиот дел немаше голови, а потоа Данците брзо дојдоа до предност од 3-0, за само 10 минути. Најпрво во 49. минута Дамсгард една одбиена топка ја спроведе во голот. Следуваа два гола во ...
Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има. „Ги има само во главите на Венко Филипче, Јон Фрчковски и на оние ликови кои што им останаа во СДСМ. Предвремени парламентарни избори нема“, вели Стоилковски. Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со ...
Директорот на Аналитички центар и член на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчковски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека нема потреба да дадат поддршка на ниту еден предлог кој што е дојден од Власта. „Односот на премиерот кон таа цела постапка беше онаков да дури дел од кандидатите ги нарекуваше медиокритети. Има простор обвинителот, нека му е со среќа изборот и да се докаже, да почне од нешто од ова што секојдневно го ...
Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека изборот на новиот државен јавен обвинител е најдемократскиот чекор досега покажан од страна на една власт кон Јавното обвинителство. Како што вели, се работи за човек со чисто досие. „Избран е човек со чисто и професионално досие, почитуван од колегите, ...
Директорот на Аналитички центар и член на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчковски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека не мисли оти оваа Влада се бори против корупцијата. „Ќе објаснам низ факти, три месеци наназад зборуваме интензивно дека имаме Влада која е инволвирана во два типа на скандали. Прво една тендерска шема која што многупати ја зборуваме јавно, имате 161 тендер фирма која што во јавноста се поврзува со еден ...
ТВ21 во Копенхаген Артан Нухиу Македонија против Данска ќе настапи со формација 3-5-2, со избалансиран пристап кој има за цел сигурност во одбраната и брзи излегувања во напад. Во првата линија, главната одговорност им се доверува на двојката Лирим Ќамили и Елмин Растодер, при што Ќамили добро го познава данскиот фудбал бидејќи настапува во оваа лига. Средниот ред ќе има клучна улога во прекинувањето на акциите на Данците и во организирањето ...
Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала денес го погоди подрачјето на Никарагва, околу 25 километри западно-југозападно од главниот град Манагва, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот е регистриран околу 11:15 часот по локално време, на длабочина од 112 километри. Засега нема извештаи за евентуална материјална штета или повредени. Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата ...
Дали познавањето македонски јазик за Албанците е задолжително, ова прашање на премиерот Христијан Мицкоски му го постави пратеникот Скендер Реџепи од коалицијата Европски фронт. Тој притоа рече дека меѓу министрите било речено дека поради економската криза наводно било предложено да се укинат преведувачите на албански јазик. -Провладините медиуми заедно со владините министри во последно време отворија едно прашање дали во оваа економска криза ...
Предлог-законот за Високо образование повторно ќе се разгледува во ЕНЕР, а потоа ќе оди во владина процедура, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска. Според неа, биле земени предвид голем број забелешки, прифаќајќи промени како од технички, така и од суштински аспект. Меѓу главните промени се намалување на барањата за бројот на трудови за магистратура и докторски студии. „Примивме многу забелешки, сè што сметаме за ...
Мерката на Владата со намалување на ДДВ-то за горивата да спречи нафтениот шок да се прелее врз другите цени е недоволна и задоцнета – предупредуваат експертите. Според нив потенцијалот на оваа нафтена криза да ја зголеми инфлацијата е трипати повисок од оној во 2022 година. „Многу повеќе мерки од овие што до сега се направени. Бидејќи мое лично мислење е дека овој нафтен шок и оваа криза е многу посилна од онаа што беше во 2022 година, добро ...
Иако доби позитивна оценка од Венецијанската комисија со неколку забелешки, за предлог-законот за правична и соодветна застапеност повеќе од три месеци нема конкретни чекори за негово усвојување, а нема ниту јасен рок од Владата. Пратеникот на АА, Ријад Шаќири, вели дека процесот се одолговлекува и се карактеризира со недостиг на транспарентност, додека испраќањето во Венецијанската комисија само дополнително го одложило. „Што се однесува до ...
Апелацискиот суд ја врати на повторно одлучување во Граѓанскиот суд постапката за забрана на штрајкот во М-НАВ, инициран од синдикалците на оваа државна компанија за контрола на воздушниот сообраќај. Правните застапници на М-НАВ велат дека Независниот синдикат без легитимно право го иницирал штрајкот минатата година, без задолжителна постапка за помирување и без барање за заштита на работниот однос. Адвокатот Горан Николовски изјави дека не ...
Низа забелешки упатија земјоделците од Кичево до министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Причините за необработување на земјиштето, според земјоделците, се недостигот на основните услови како системот за наводнување и недоволното субвенционирање. „Друг проблем е што луѓето кај нас не се занимаваат со земјоделство затоа што немаме услови. Треба да се направат мали брани за да се наводнува целото поле и поради тоа луѓето не го ...
Вечерва на овој стадион во градот Копенхаген, фудбалската репрезентација на Македонија се соочува со Данска во првиот натпревар од плеј-офот за пласман на Светското првенство. Селекторот Гоце Седлоски и капитенот Енис Барди на прес-конференција изјавија дека тимот е подготвен и дека ќе дадат сè од себе за да се вратат со кренати глави во Скопје. „Знаеме каде се слабите и силните страни на Данска. Тие знаат да играат офанзивен фудбал. Се ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина сериозно ги сфаќа мировните преговори со Русија и дека дискусиите би биле поефикасни доколку се водат на ниво на национални лидери. Во своето последно интервју за Ројтерс, тој нагласи дека Киев е подготвен за такви разговори, но Москва поставува ултиматуми, пишува Украинска правда. „Украинците сериозно ги сфаќаат преговорите. Веруваме дека разговорите се неопходни – по можност на ...
Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на собраниската седница за пратенички прашања за состојбите и плановите во енергетскиот сектор, потсети на моментите во енергетскиот сектор кога новата влада ја презема извршната власт, оценувајќи ја како алармантна и катастрофална состојба, катаклизмична состојба во август, септември 2024 година, со акумулации на некои 7 до 8 проценти, јаглен на депонија во РЕК Битола од 20-30 тони доволни за еден ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против М.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,малтретирање во вршење на службата“ предвидено ...