Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД нема брзо да го следат Израел во признавањето на независноста на Сомалиленд, наведувајќи дека прашањето сè уште треба да се „проучи детално“. „Сè е во фаза на разгледување. Ќе го проучиме. Јас проучувам многу работи и секогаш донесувам одлични одлуки, а тие се покажуваат како правилни“, нагласи Трамп за Њујорк пост. Трамп, исто така, рече дека не е убеден од потегот со кој Израел ...

Сомалија побара од Израел да го повлече признавањето на отцепениот регион Сомалиленд, осудувајќи го потегот како чин на „агресија што никогаш нема да се толерира“. Али Омар, државниот министер за надворешни работи на Сомалија, во саботата за Ал Џезира изјави дека владата ќе ги искористи сите расположливи дипломатски средства за да го оспори она што го опиша како чин на „државна агресија“ и мешање на Израел во внатрешните работи на земјата. ...

Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, преку видео-конференциска врска им се обрати на македонските мировници. Во присуство на нивните семејства, таа на припадниците на Армијата, кои се на работни задачи во Косово, Босна и Херцеговина, Либан, Латвија, Романија, Бугарија и во Германија, им се заблагодари за успешното извршување на тешките задачи и гордото ...

Вулканот Етна на островот Сицилија вчера покажа обновени знаци на активност, исфрлајќи блескав материјал и мали количини пепел од својот североисточен кратер, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV). Пладот од ерупцијата беше разнесен кон североисток од ветровите, а помали врнежи од пепел беа регистрирани во крајбрежниот град Таормина и во Пијано Провенцана, област каде што се наоѓаат скијачки центри, ...

Израел е првата земја што официјално ја призна Сомалиленд како „независна и суверена држава“. Со ова Израел стана првата земја што официјално призна територија отцепена од Сомалија како независна држава. Сомалиленд прогласи независност од Сомалија во 1991 година. Како што објави „Ynetnews“, Нетанјаху објави дека Израел официјално ја признава Република Сомалиленд, а неговиот кабинет објави дека Нетанјаху и претседателот на Сомалиленд потпишале ...

Четворица планинари загинаа откако беа однесени од лавина во централна Грција, соопштија спасувачките служби. Несреќата се случила во планините Вардусија во регионот Фокис, објави весникот „Катимерини“, повикувајќи се на спасувачките служби. Тројцата мажи првично беа пријавени како исчезнати во четврток вечерта откако тргнале од селото Атанасиос Дијакос за да се искачат на планината Коракас, која се наоѓа на околу 2.500 метри надморска ...

Зимската бура што донесе обилни снежни врнежи откажа стотици летови во Њујорк и низ североисточниот дел на САД. Според FlightAware, кој го следи воздушниот сообраќај во воздушниот простор на САД, во петокот беа откажани 1.659 летови низ целата земја – речиси 10 пати повеќе од претходниот ден. Предупредувањето за зимска бура остана на сила за регионот до сабота попладне. На некои локации се предвидуваше и замрзнат дожд. Бурата го погоди Њујорк ...

Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска (27 декември), во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, преку видеоконференциска врска им ги честитаа претстојните празници на припадниците на Армијата ангажирани во мировни мисии и операции во странство, упатувајќи им желби за добро ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави дека Дедо Мраз пристигнал на плоштадот Македонија со полни раце подароци. Како што вели, новогодишната бајка започнала. „Денес, со насмевки, радост и многу изненадувања, се дружевме со најмладите и заедно ја почувствувавме вистинската празнична магија. Дедо Мраз пристигна со полни раце подароци и внесе топлина и радост во срцата на сите дечиња. Ви благодарам што ...

Претседателката Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година. Лауреати на Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година се авторите Искра Лековска и Владимир Лековски од архитектонското студио „Лелелеле“, за проектот Православен храм – црква „Св. Рамноапостоли цар Константин и царица Елена“ во Скопје. Таа ...

Територијалната противпожарна единица од Кавадарци денеска интервенираше при извлекување на безживотно тело на жител од градот, кој трагично го загубил животот по пад од карпа висока околу 150 метри, при лов. Како што информираат од ТППЕ Кавадарци, по добиеното барање за помош веднаш била организирана интервенција со пет пожарникари, кои на терен излегле со специјализирана опрема за работа на височина, односно алпинистичка опрема. Во ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против еден 46-годишник за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 382 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Воедно обвинителството предложи во текот на постапката тој да биде обезбеден со мерка притвор. На 21 декември по полноќ, управувајќи автомобил Фолксваген, обвинетиот не запрел на даден знак од полициски службеници. ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва во 03 часот и 18 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 105 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.2. Според досегашните податоци ...

Овен Месечината е во вашиот знак, пумпајќи ве со огромна доза на адреналин, но чувствувате отпор од планетите во вашиот кариерен сектор. Денес, светот се чини дека се движи премногу бавно за ваш вкус. Наместо да се судирате со затворени врати, искористете ја моќната енергија на Марс за да ги отфрлите најтешките задачи од вашата листа. Навечер, тензијата ќе се намали ако сте биле физички активни. Бик Оваа сабота е време за стратешко ...

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарјето засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 8 степени. Следува период на стабилно и студено ...

Во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, заменик-министерот за економија Марјан Ристески и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов истакнаа јасни пораки за појавата на т.н. „плата во плико“. Ристески порача дека исплатата на плата во плико претставува кривично дело и ги повика граѓаните и работниците да ги пријавуваат ваквите случаи, нагласувајќи дека Владата нема да штити ниту еден работодавач што го прекршува ...

Вечерашното издание на емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21 послужи како платформа за дебата за иднината на минималната плата во државата. Во дискусијата учествуваа заменик-министерот за економија Марјан Ристески, синдикалците Слободан Трендафилов и Благоја Ралповски, како и Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи. Учесниците потсетија на патот на Законот за минимална плата, кој од неговото донесување во 2011 година, претрпе клучни измени ...

Во дебатата на ТВ21, претседателот на Собранието на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров, изнесе контроверзни ставови околу минималната плата и потрошувачката кошница, нагласувајќи дека човечките потреби се „релативна работа“. Димитров направи споредба меѓу работниците и пензионерите, посочувајќи дека и оние со најниски примања успеваат да преживеат. Според него, сумата од 24.400 денари ретко кој ја зема како чист износ бидејќи во ...

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, во гостувањето во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 порача дека дебатата за минимална плата од 500 евра е веќе надмината и дека треба да се отвори сериозна дискусија за износ од 600 до 700 евра. „Се бориме за зголемување на минималната плата и гледам дека постои одредено расположение за тоа. Како ССМ ова го правиме од почетокот на годината и сме подготвени и на протести и ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, даде целосна поддршка на заклучоците на Советот за справување со аерозагадувањето и најави итна средба со премиерот и заменик-министерката за животна средина. Ѓорѓиевски смета дека Цементарница Усје не е единствен проблем, туку дека сите индустриски погони како тие во Железара, фабриките за кабли и одредени отпади мора постепено да се изместат од централното градско подрачје. Инспекциите веќе ...

ТВ21 имаше увид во драфт-планот за тоа како се предвидува коалицијата ВЛЕН да се трансформира во единствена политичка партија со име Демократска унија на Албанците ВЛЕН, која ќе биде регистрирана како политичка организација во Централниот регистар на Република Северна Македонија. Според документот, ова име веќе постои како правна опција и се предвидува или основање на нова партија со тоа име, или промена на името на една од постојните партии ...

Заменик-министерот за економија Марјан Ристески, во гостувањето во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, истакна дека приоритет на Владата е стабилизирање и подобрување на економската состојба, како основа за раст на платите и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Одговарајќи на прашањето зошто минималната плата не била ставена како посебна точка на дневен ред на Економско-социјалниот совет, Ристески нагласи дека Советот секогаш имал ...

Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи, гостувајќи во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, изјави дека во Македонија постојат сектори кои имаат економски капацитет веднаш да ја зголемат минималната плата, но предупреди дека ваквата мерка би била проблематична за дејностите каде што просечната плата е под 600 евра. Според Димитров, токму кај посилните и поконкурентни сектори нема пречки за раст на најниските примања, поради што тој ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретне со својот американски колега Доналд Трамп во Флорида во недела за да разговараат за територијалните прашања, што е главна пречка во мировните преговори, додека мировниот план од 20 точки и договорот за гаранција за безбедност се приближуваат кон финализирање. Објавувајќи го договорот, Зеленски рече дека „многу работи може да се одлучат пред Нова Година“, додека Вашингтон продолжува со ...

По претходна пријава од граѓанин за сторено кривично дело „изнуда“ од полицискиот службеник Х.З.(48) во Одделението за криминалистички работи Гази Баба, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презеде соодветни мерки и активности за расчистување на случајот. Имено, граѓанинот пријави дека Х.З. заедно со други лица во повеќе наврати му барале 20.000 евра, пари кои ...

Осум лица загинаа, а 21 се повредени во експлозија во џамија во сирискиот град Хомс. Експлозијата се случила за време на петочната молитва во џамијата Имам Али ибн Аби Талиб во населбата Вади ал-Дахаб, објави АП. Извор од безбедносните структури на земјата изјави за сириската новинска агенција САНА дека првичните истраги покажале дека експлозивите детонирале во џамијата. Властите трагаат по сторителите на нападот, а околу џамијата е поставен ...

Наградата на осмото издание „Гран при – Best of the Best“ за 2025 година ја освои пејачката Бесјана Касами, позната под уметничкото име Биг Мама. Оваа награда од културно-уметничкиот спектакл што го организира Телевизија 21, Биг Мама ја нарече најубавиот подарок за оваа година. „За крајот на годината ова може да биде најубавиот подарок и најголемата мотивација што може да му се даде на еден уметник, затоа сум многу благодарна“, истакна ...

Поранешни работници во земјите од Блискиот Исток како цивилен персонал, кои служеле во американските бази за време на војните во Ирак и Авганистан, протестираа пред Управата за јавни приходи во Куманово. Тие потпишаа петиција со која го оспоруваат данокот што УЈП им го пресметала за 2020 година, врз основа на нивните приходи од неколку стотици илјади долари. „Не бегаме од даноци, но нема да прифатиме неправда и уцени од УЈП, по пет години да ...

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски во годишното обраќање до јавноста на крајот од 2025 година, упати јасен и недвосмислен апел до Собранието и Судскиот совет итно да постапат и да се изберат нови уставни судии, предупредувајќи дека Судот работи во услови на намален број на судии, и покрај зголемениот обем и чувствителност на предметите. Тој оцени дека Уставниот суд ја заокружува 2025 година како ефикасна и транспарентна ...

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија, по извршениот надзор ги донесе следните заклучоци: Врз основа на целокупната медицинска документација, исказите на медицинскиот персонал и обдукцискиот наод, Комисијата за стручен надзор заклучи дека се работи за предвремено новороденче, со тешка конатална инфекција, респираторен дистрес и нарушена белодробна функција поради незрелото белодробие и ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1002
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
79%
1001
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
90%
1002
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
100%
1000
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.79
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
1002
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
74%
1004
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
82%
1003
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1003
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
98%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
95%
1001
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
3.6
90%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

67162.91

Сребро

2460.50

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.03

Бакар

11.69

Паладиум

546.56

Злато

159231.39

Цинк

3.25

Иридиум

221848.72

Калај

46.91

Рутениум

45750.51